Dobromir Rusev написа
Виж мнение
Македонското културно наследство во Битола претставено како бугарско
"Утрински весник", бро¼ 2201, 06. 10. 2006
Во Каталогот е подметнат извадок од плочата на £ован Владислав каде што пишува „самодржец бугарски"
Како Македонец и писател не можам да се помирам со тоа од мене неко¼ да прави Бугарин или од Битола - бугарски град, вели Панде Мано¼лов
БИТОЛА - Каталогот за проектот „Сигналитика" во Битола, ко¼ неодамна беше промовиран со поддршка на француската амбасада и Министерството за култура на Република Македони¼а, предизвика реакции во ¼авноста, биде¼и македонското културно наследство се обиде да го претстави како бугарско. Писателот Панде Мано¼лов, член на Советот на општина Битола од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека во каталогот на насловната страница е подметнат извадок од плочата на £ован Владислав, каде што пишува „самодржец бугарски" што, според него, е голема навреда за македонскиот народ. Згора на ова, во текстот никаде не се спомнува Република Македони¼а. „Со старословенски букви неиздвоени како зборови на кра¼от од реченицата стои зборот бугарски. Ова е срам за Битола, биде¼и е подметнато кукавичино ¼а¼це, можеби тоа не е дело на при¼ателска Франци¼а и на¼веро¼атно го сторил неко¼ наш што ¼а правел брошурата. Како Македонец и како писател никако не можам да се помирам со тоа од мене неко¼ да прави Бугарин или од космополитска Битола - бугарски град", вели то¼.
За ова подметнуваœе или ненамерна грешка советникот побара од општинарите како поддржувачи на проектот да ¼а расчистат дилемата, но градоначалникот Талевски, иако лично присуствуваше на свеченото промовираœе на „Сигналитика", за ко¼ специ¼ално во Битола допатува и францускиот амбасадор во зем¼ава, Доминик Бижон Баре, не ¼а согледал заблудата. „Првпат слушам за ова и е се обидам да го расчистам случа¼от", рече Талевски.
Координаторот на работната група за проектот во Битола почесниот конзул на Република Франци¼а во ово¼ град, Калиопа Криваши¼а-Стилинови, вели дека ова е несреен избор на букви за¼мени од стара плоча што ¼а има во Заводот и музе¼ Битола. „Отпечативме 1.500 примероци и веднаш ги стопиравме, така што сите нерегуларности е бидат исправени", рече почесниот француски конзул. Меƒутоа, факт е дека пред да биде увиден „пропустот", каталогот „Сигналитика" на промоци¼ата на проектот беше поделен меƒу битолчани.
Инаку, од податоците во брошурата очигледно е дека таа е правена во тесен круг на при¼атели и роднини, така што комп¼утерската обработка е дело на Владимир Петков, син на Радмила Петкова, експерт за средновековна Битола, ко¼а е дел од работната група, а еден од архитектите е и Валентина Криваши¼а, роднина на почесниот конзул Криваши¼а-Стилинови. Во рамките на „Сигналитика" на Широк Сокак беа поставени седум табли и два ¼арбола со цел да им се помогне на туристите и сите оние добронамерници подобро да ги лоцираат знаменитостите во градот. Фрагментите од текстот на плочата на наследникот на македонскиот цар Самуил, £ован Владислав, отсекогаш предизвикуваат полемика во научните кругови, при што бугарската наука го прифаа како по¼довна основа за докажуваœе на бугарскиот карактер на Македони¼а.
Връзка.
Comment