Страница 33 от общо 33 ПървиПърви ... 23282930313233
Показване резултати 801 до 810 от общо 810

Тема: Archаeological news from Macedonia

  1. #801
    ветеран
    Регистриран
    Feb 2007
    Мнения
    1,277
    Штипскиот Завод музеј ќе врши ископувања на локалитетот Боров Дол

    Штипскиот Завод Музеј и рудникот Бучим денеска се договорија за конзерваторски и археолошки акитивности на локалитетот Врчва, кој се наоѓа во земјиштето кое е под концесија на рудникот за рудното наоѓалиште Боров Дол.

    Тоа е еден локалитет од римски период, станува збор за рударска населба, која е откриена на овој дел при истражувањата кои беа работени во првата етапа, и сега фактички ќе треба да се доистражи тој локалитет, да се документира и соодветно да се валоризира, изјави Зоран Читкушев, дир. на Завод Музеј – Штип.
    На ископувањата ќе работат околу 20 археолози и 80 физички работници, истражувањата се очекува да започнат за дваесетина дена, а се планирани да траат 180 дена.

    Концесијата за Боров Дол е доделена минатата година, а дозволата за експлоатација на бакарна руда е условена со дозвола за археолошките активности на локалитетот Врчва.

    За рудникот Бучим почитувањето на рокот за истражувањата е особено важен.

    Се договоривме со директорот дека за нас е важен факторот време, затоа што тоа го бара и инвеститорот, треба да го искористиме летниот период и очекуваме дека роковите од договорот ќе бидат запазени и дека севкупно, на овој начин ќе има корист и Министерството за култура и Република Македонија во целина, кажа Николајчо Николов, дир. на Рудник Бучим.
    Ова е прв археолошки локалитет лоциран на територијата на три општини – Штип, Радовиш и Конче. Истражувањето ќе чини 11,2 милиони денари, а целокупниот рок за завршување на работите е 7 месеци.

    Видео

    http://www.televizijastar.com/2017/0...F%D1%83%D0%B2/
    ДАЛЕКУ ОД СЛОБОДАТА
    И НЕРАЗДЕЛЕНИ ОД НЕА
    ОВДЕ ПАДНАА 40 ХЕРОИ
    НА ИЛИНДЕН

    Паметна плоча, Крушево,
    ИЛИНДЕН 1953

  2. #802
    ветеран
    Регистриран
    Feb 2007
    Мнения
    1,277
    Едукативен настан за ученици во Археолошкиот музеј по повод Денот на музеите 18 Мај

    Археолошкиот музеј на Република Македонија трета година се
    вклучува во одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите 18 Мај. Музејот утре од 13
    часот ќе организира настан за најмладите, насловен „Запознавање со археологијата". Гости
    во музејот ќе бидат ученици од прво одделение од скопското основно училиште ООУ „Коле
    Неделковски".
    * Оваа година акцентот го ставивме на најмладите кои ќе имаат можност да стекнат знаење за
    археологијата, археолошките локалитети и артефакти пронајдени на денешната територија
    на Република Македонија. Нашата цел е уште од најрана возраст да се развие свеста кај нив
    за посета на вакви институции, а ние преку игра да се обидеме да им ги пренесеме основните
    информации за богатото културно наследство. Се надеваме дека во иднина најмладите ќе
    бидат нашите најчести посетители. Ним им останува да го негуваат културното наследство, а
    на нас е да им пренесеме дека тоа е всушност непроценливо. Да не заборавиме дека тие се
    нашата рефлексија, соопшти Археолошкиот музеј.
    Интернационалниот ден на музеите традиционално се одбележува на 18 мај од 1977 година,
    со цел да се подигне свеста за важноста на музеите и културното наследство во развојот на
    едно општество.
    Темата која оваа година ја зададе Меѓународниот совет на музеите (ICOM) и која важи за сите
    земји за 2017 година е „Музеите и спорните истории – кажувајќи го неискажливото во музеите“

    http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSi.../288/133699942
    ДАЛЕКУ ОД СЛОБОДАТА
    И НЕРАЗДЕЛЕНИ ОД НЕА
    ОВДЕ ПАДНАА 40 ХЕРОИ
    НА ИЛИНДЕН

    Паметна плоча, Крушево,
    ИЛИНДЕН 1953

  3. #803
    ветеран
    Регистриран
    Feb 2007
    Мнения
    1,277
    АРХЕОЛОЗИТЕ ЌЕ ГИ ИСТРАЖУВААТ РИМСКИТЕ ОСТАТОЦИ НА ВРЧВА ПРЕД ДА ДОЈДАТ РУДАРИТЕ

    Истражувањата ќе ги спроведат 20-ина стручњаци и 80 работници. Екипата целиот период ќе биде сместена на
    овој терен, вели Зоран Читкушев, директор на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Штип
    Весна И. Илиевска
    Археолозите за две недели ќе почнат да ја истражуваат рударската населба Врчва од римско време, во Штипско. Шест месеци дваесетина археолози, конзерватори, документатори и други стручни лица, заедно со 80 работници
    ќе живеат на теренот што се протега во три општини - Kонче, Штип и Радовиш. Врчва, пак, се наоѓа во срцето на
    рудното наоѓалиште „Боров Дол“, за кое рудникот „Бучим“ од Радовиш доби концесија да го експлоатира. Засега
    единствена пречка за тоа се остатоците од римската населба, кои прво мора да ги истражат археолозите и да
    оценат дека земјиштето може да им се отстапи на рударите. Археолошко-конзерваторските истражувања на
    локалитетот ќе ги финансира токму „Бучим“ со 180 илјади евра. Истражувањата ќе ги спроведува Заводот за
    заштита на спомениците на културата и музеј од Штип. Проектите се направени, договорите - потпишани, се чека
    единствено дозволата за истражувања од Управата за заштита на културното наследство.
    Населба под Ежов Рид
    Според Зоран Читкушев, директорот на штипскиот Завод и музеј, археолошките истражувања на Врчва ќе траат
    180 дена.
    - Истражувањата ќе ги спроведат 20-ина стручњаци и 80 работници. Екипата ќе биде цел период сместена на овој
    терен. Рудникот „Бучим“ со 11,2 милиони денари ќе го покрие истражувањето на локалитетот. Ако истражувањата
    се одвиваат според планираното, на почетокот на идната година ќе може да почне со експлоатација на бакарна
    руда на наоѓалиштето „Боров Дол“ - вели Читкушев.
    Заменик-директорот на „Бучим“, Николајчо Николов вели дека концесијата за експлоатација ја добиле лани.
    Решиле да работат токму на таа локација бидејќи истражувањата потврдиле дека има повеќе од 50 милиони тони
    рудни резерви, кои би се експлоатирале најмалку десет години.
    - Не можевме да почнеме веднаш со работа бидејќи треба детаљно да се истражи археолошкиот локалитет Врчва,
    кој е во самото срце на концесискиот простор - вели Николов.
    Археологот д-р Трајче Нацев и д-р Драган Веселинов од штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ го опишуваат
    локалитетот во трудот „Неутврдени доцноантички населени места во Брегалничкиот Басен“. Тие велат дека Врчва
    е доцноантичка населба сместена на 2 километра североисточно од селото Долни Балван.
    - Нејзината местоположба е во подножјето на северниот крај на сртот Ежов Рид и зафаќа површина од 5-6 хектари.
    Во доцноантичкиот период на територијата на Брегалничкиот Басен бројот на населени места се зголемил како
    резултат на помирниот тривековен период. Меѓу нив се и неутврдените села и градови. Според застапеноста во
    регионот, тие доминирале во однос на останатите типови населени места - пишуваат тие во трудот.
    Евидентирана во 2011 година
    Според нив, карактеристично за неутврдените села и градови била и нивната временска егзистенција. Повеќето од
    нив се појавиле во доцноантичкиот период и во тој период завршило нивното постоење. Но, имало и такви што
    датирале уште од неолитско, бронзено, железно, македонско или римско време. Покрај тоа, некои од неутврдените
    населени места со живот продолжиле и во средниот и во новиот век.
    - Сето тоа го потврдува големото значење и важност на овој вид населби за животот во Брегалничкиот Басен во
    доцноантичкиот период и воопшто низ историјата - велат истражувачите.

    Нацев со своја екипа го истражуваше регионот и кон крајот на 2011 година, кога излегоа првите културни остатоци
    од древната рударска населба. Тогаш се потврдија претпоставките на археолозите дека Врчва заедно со Kаменот и
    Падарница имаат остатоци од римско време. Тогаш Нацев најави дека се работи за рударска населба каде што
    луѓето живееле од 2 до 6 век.

    http://www.dnevnik.mk/?ItemID=B2DFEC...1F61E941AA58FA
    ДАЛЕКУ ОД СЛОБОДАТА
    И НЕРАЗДЕЛЕНИ ОД НЕА
    ОВДЕ ПАДНАА 40 ХЕРОИ
    НА ИЛИНДЕН

    Паметна плоча, Крушево,
    ИЛИНДЕН 1953

  4. #804
    ветеран
    Регистриран
    Feb 2007
    Мнения
    1,277
    Промовирана капитална монографија за Хераклеја Линкестис

    Едно од најзначајните археолошки наоѓалишта во Македонија, античкиот град Хераклеа Линкесис во последната деценија беше изложен на најинтензивни археолошки и други, стручни и научни истражувања и културно- историска валоризација.

    Едно од најзначајните археолошки наоѓалишта во Македонија, античкиот град Хераклеа Линкесис во последната деценија беше изложен на најинтензивни археолошки и други, стручни и научни истражувања и културно- историска валоризација. За периодот од седум години, од 2008 до 2014 година, носителите на најзначајните проекти, битолските археолози Аница Ѓоргиевска и Енгин Насух ја систематизираа целокупната истражувачка документација, создавајќи капитална двојазична монографија, што е голем момент за македонското културно наследство, беше речено на денешната промоција во битолскиот Завод и музеј.
    -Се работи за голем момент за Република Македонија, а станува збор за еден од најголемите антички градови кај нас, градот Хераклеја Линкестис. Долги години, овој град немаше некој посебен третман, со тоа што, во последните десет години Владата даде 35 милиони денари и колегите, би рекол, врвни специјалци во археологијата од Битола, го сторија на некој начин невозможното- рече професор д-р Виктор Лилчиќ, директор на Дирекцијата за културно наследство на Република Македонија.
    Авторите, ја посочија тимската работа во која беа вклучени над 400 општи работници и 40 стручни лица од разни профили.
    - Цели седум години систематски се истражуваше локалитетот Хераклеја. Кога еден археолог – истражувач го прави тоа, првото што треба да го направи е да собере целосна документација за тоа што го истражува- рече археологот Аница Ѓоргиевска, еден од авторите.- Истражувањата во Хераклеја Линкестис продлжуваат и оваа година, а се надевам и во следните. Така да, сите овие резултати што ги покажавме, во иднина само ќе се надградуваат- рече нејзиниот колега и коавтор Енгин Насух Насух.
    Бидејќи Хераклеа Линкестис е голем антички град, остануваат уште многу археолошки и други истражувања, а моментно се работи на театарскиот плоштад. Од друга страна, расте и обемот на туристичката валоризација, со голем број на домашни и странски посетители.

    http://setaliste.com.mk/vesti/binfo/...2%D1%80%D0%B0/
    ДАЛЕКУ ОД СЛОБОДАТА
    И НЕРАЗДЕЛЕНИ ОД НЕА
    ОВДЕ ПАДНАА 40 ХЕРОИ
    НА ИЛИНДЕН

    Паметна плоча, Крушево,
    ИЛИНДЕН 1953

  5. #805
    ветеран
    Регистриран
    Feb 2007
    Мнения
    1,277
    Истражувања на локалитетот Градиште кај селото Младо Нагоричане

    Продолжија истражувањата на локалитетот Градиште кај селото Младо Нагоричане кои ги спроведуваат стручни лица од Институтот за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет од Скопје, а во соработка со археолозите од НУ Музеј Куманово.

    Од музејот истакнаа дека истражувањата се реализираат со поддршка на Владата и Министерството за култура. Археолозите под водство на проф.д-р Марјан Јованов се во почетна фаза на истражување и се концентрираат на поширокиот простор околу репрезентативниот објект, палата пронајдена во претходните истражувања.

    – Интенцијата е да се види што се случувало во околината под палатата, ако се знае дека на највисокиот врв се живеело елитно. Не знаеме што се случувало долу, па затоа се врши сондирање подолу од пронајдениот репрезентативен објект кој работно е наречен палата, изјави директорот на НУ Музеј Куманово, Дејан Ѓорѓиевски.

    Тој посочи дека археолозите во изминатите истражувања на овој локалитет пронашле остатоци од луксузна архитектура, градби во чии рамки биле вградувани јонски столбови од локално производство, локален камен од кој што се произведени, за што доказ се пронајдените делови од столбовите. Откриени биле ѕидови премачкани со малтер со фреско декорација, што сведочи за високото културно и цивилизациско ниво на кое што се наоѓал овој безимен град на локалитетот Градиште.

    – Локалитетот е важен за македонската археологија, затоа што веројатно претставува најсеверната точка до каде што се констатирани медитеранските, хеленските, грчки елементи на културата и додека не се откри Градиште, никој не претпоставуваше дека на овој дел од Македонија се живеело толку цивилизирано во палати со столбови кои што се во стилот со оние кои се наоѓаат во егејска Македонија, во Грција, рече Ѓорѓиевски.

    Предвидено е истражувањата да траат до 15 јуни годинава, по што ќе следи обработка на материјалот и документирање. Повеќеслојното наоѓалиште археолозите го истражуваат четири години по ред и досега откриени се делови од градби, меѓу кои значајни се остатоците од градбата кои најверојатно припаѓале на луксузна резиденција или палата, која датира од 4 век п.н.е.

    Пронајдена е и богата декоративна камена пластика и капители од јонски столбови. Локалитетот Градиште во Младо Нагоричане прв пат е откриен пред околу 30 години, а уште при самото прибирање на површинскиот материјал, увидено е дека станува збор за богата населба лоцирана на левиот брег на Пчиња, која егзистирала во периодот на енеолитот, железното време, раната антика и хеленизмот.

    http://vistina.mk/?p=500899
    ДАЛЕКУ ОД СЛОБОДАТА
    И НЕРАЗДЕЛЕНИ ОД НЕА
    ОВДЕ ПАДНАА 40 ХЕРОИ
    НА ИЛИНДЕН

    Паметна плоча, Крушево,
    ИЛИНДЕН 1953

  6. #806
    ветеран
    Регистриран
    Feb 2007
    Мнения
    1,277
    Откриена палеолитска станица во Овче Поле

    Во плодните овчеполски ниви, кај селото Мустафино откриена првата палеолитска станица во Македонија. На археолошкиот локалитет Узун мери,археолозите од штипскиот универзитет открија камени орудја изработени од неандерталци.

    Во плодните овчеполски ниви, кај селото Мустафино откриена првата палеолитска станица во Македонија. На археолошкиот локалитет Узун мери,археолозите од штипскиот универзитет открија камени орудја изработени од неандерталци.Се претпоставува дека тоа се и првите луге,ловци кои живееле на овие територии..

    Карактеристично за овчеполската палеолитска станица е тоа што е од отворен тип,наспроти сите останати на Балканот кои се во пештери.

    Се претпоставува дека во близина на делчевското село Град може да постои уште една ваква палеолитска станица. До крајот на август се очекува локалитетот Узун мери да го посетат археолози од Италија кои треба да ја утврдат точната временската рамка за постоењето на камените орудја изработени од рацете на неандерталци
    Инаку овој археолошки локалитет се наога на дел од земјиштето каде што треба да биде изграден карго аеродром.

    Видео

    http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=121345#.WUKy2uvyjIU
    ДАЛЕКУ ОД СЛОБОДАТА
    И НЕРАЗДЕЛЕНИ ОД НЕА
    ОВДЕ ПАДНАА 40 ХЕРОИ
    НА ИЛИНДЕН

    Паметна плоча, Крушево,
    ИЛИНДЕН 1953

  7. #807
    ветеран
    Регистриран
    Feb 2007
    Мнения
    1,277
    Откриена нова локација на локалитетот „Стакина чешма“ во Валандово

    Видео

    https://www.youtube.com/watch?v=jJ-Q...ature=youtu.be
    ДАЛЕКУ ОД СЛОБОДАТА
    И НЕРАЗДЕЛЕНИ ОД НЕА
    ОВДЕ ПАДНАА 40 ХЕРОИ
    НА ИЛИНДЕН

    Паметна плоча, Крушево,
    ИЛИНДЕН 1953

  8. #808
    ветеран
    Регистриран
    Feb 2007
    Мнения
    1,277
    Мермерна скулптура на Афродита откриена на Виничко кале

    Една од главните цели на проектот поврзани со заштитата на цистерната оваа година е нејзино оградување со ограда од поцврст материјал, изјави Јулијана Иванова, директор на музејот "Теракота", установа која во мај почна со реализација на овој проект.

    Група археолози и студенти кои работат на проектот "Расчистување и доистражување на објектот цистерна" на археолошкиот локалитет Виничко кале открија мермерна скулптура која според првичните проценки е божицата Афродита со Ерос во рацете.

    "Интересен предмет кој го пронајдовме на подното ниво на цистерната е мермерна скулптура во седечка положба, најверојатно се работи за Афродита, која седи на карпа и со левата рака се потпира на карпата. Не успеавме да ги најдеме телото и главата од скулптурата. Покрај тоа откривме и доста ќерамика која во следниот период ќе биде научно обработена и се разбира конзервирана и изложена во витрините на музејот "Теракота".

    Една од главните цели на проектот поврзани со заштитата на цистерната оваа година е нејзино оградување со ограда од поцврст материјал, изјави Јулијана Иванова, директор на музејот "Теракота", установа која во мај почна со реализација на овој проект.

    Конзервација и покривање на цистерната, посочи таа, би биле последователни фази од проектот за кој треба да се изготви проект во соработка со Национален конзерваторски центар кој е надлежен за недвижното културно наследство на територијата на општина Виница.

    Проектот е финансиран од Министерството за култура.

    http://vecer.mk/kultura/mermerna-sku...-vinichko-kale
    ДАЛЕКУ ОД СЛОБОДАТА
    И НЕРАЗДЕЛЕНИ ОД НЕА
    ОВДЕ ПАДНАА 40 ХЕРОИ
    НА ИЛИНДЕН

    Паметна плоча, Крушево,
    ИЛИНДЕН 1953

  9. #809
    ветеран
    Регистриран
    Feb 2007
    Мнения
    1,277
    Продолжуваат археолошките ископувања на локалитетот „Врбјачка Чука“

    По минатогодишните извонредни археолошки откритија во локалитетот “Врбјанска Чука”, научниот тим, составен од врвни домашни и странски археолози, годинава ги продолжува ископувањата каде лани беа откриени исклучителни податоци за архитектурата и материјалната култура на неолитските земјоделски заедници, со целосна реконструкција на: нивната исхрана, животинскиот свет и природната околина, како и времето во кое тие живееле.

    Според Центарот за истражување на Предисторијата, “Врбјанска Чука” била специфична неолитска населба која имала клучна улога во појавата на земјоделството во северниот дел на Пелагонија. Проектот е резултат на меѓународната соработка меѓу Универзитетот на Јужна Бохемија, Институтот “Биосенс”, Швајцарската национална фондација за наука, Министертсвото за култура на РМ и на општина Кривогаштани.

    Видео

    http://sitel.com.mk/prodolzhuvaat-ar...rbjachka-chuka
    ДАЛЕКУ ОД СЛОБОДАТА
    И НЕРАЗДЕЛЕНИ ОД НЕА
    ОВДЕ ПАДНАА 40 ХЕРОИ
    НА ИЛИНДЕН

    Паметна плоча, Крушево,
    ИЛИНДЕН 1953

  10. #810
    ветеран
    Регистриран
    Feb 2007
    Мнения
    1,277
    Hа Стибера откриен придружен објект на храмот на божицата Тихе

    Покрај храмот, придружниот објект и работилницата, од римскиот царски период на градот Стибера, откриени се уште и комплексот на гимназионот позициониран под нив и еден жртвеник од отворен тип во подножјето на соседното возвишување Бакарно Гумно, веднаш до селото Чепигово

    Завршија годинашните ископувања на Стибера кај прилепското село Чепигово. Дваесет работни дена со 300.000 денари обезбедени од Управата за заштита на културното наследство се истражуваше просторот до храмот на божицата Тихе, заштитничка на градот. Се откри објект во кој најверојатно се одвивале обредни процесии, кои им претходеле на главните дејства во самиот храм.
    - Во централниот дел на објектот имало платформа оформена од мермерни подни плочи и оградни блокови - парапети со бунар со култна намена, со иста длабочина од три метри како и бунарот во храмот. Средствата со кои се располагаше овозможија само делумно откривање на градбата, така што истражувањата во иднина ќе ја потврдат нашата претпоставка за нејзината намена. Поврзана со оваа градба е и работилницата за изработка на теракотни претстави на божества, откриена претходните години, што значи дека и таа била во служба на храмот - вели археологот Душко Темелкоски, раководител на истражувањата.

    Покрај храмот, придружниот објект и работилницата, од римскиот царски период на градот Стибера, откриени се уште и комплексот на гимназионот позициониран под нив и еден жртвеник од отворен тип во подножјето на соседното возвишување Бакарно Гумно, веднаш до селото Чепигово.
    - Од периодот по зенитот, кој градот го достигнал од првиот до третиот век, датира светилиштето со божество со птичје лице, единствено на Балканот. Во античките митологии во медитеранскиот круг познато божество со птичје лице е единствено египетскиот бог Хорус, но тој е прикажуван со човечки екстремитети. За разлика од него, божеството од Стибера е со канџи на рацете и на нозете. Доколку е тоа претстава на некое локално автохтоно божество, тогаш претставува раритетно и мошне значајно откритие - додава археологот.

    Стибера е формирана за време на владеењето на македонските кралеви. Од пишани антички извори се дознава дека за време на Втората македонско-римска војна, римските легии доаѓаат во градот да се снабдат со житарки, додека за време на третата војна, последниот македонски крал Персеј токму во Стибера го стационирал својот воен штаб и оттука тргнал во поход против соседните Пенести во градот Ускана, денешно Кичево, а кои биле сојузници на Римјаните.
    - Од овој доцномакедонски период, оваа година на Стибера откривме остатоци од неколку градби, најверојатно со култна намена, на истиот простор каде што е позициониран подоцнежниот римскодобен храм на божицата Тихе, што значи континуитет на егзистирање на просторот како култен - истакнува Темелкоски, посочувајќи дека ископувањата на Стибера се дел од капиталните проекти за истражувања локалитети во Македонија.

    http://novamakedonija.com.mk/NewsDet...6-771aedee9e2f
    ДАЛЕКУ ОД СЛОБОДАТА
    И НЕРАЗДЕЛЕНИ ОД НЕА
    ОВДЕ ПАДНАА 40 ХЕРОИ
    НА ИЛИНДЕН

    Паметна плоча, Крушево,
    ИЛИНДЕН 1953

Страница 33 от общо 33 ПървиПърви ... 23282930313233

Информация за темата

Users Browsing this Thread

В момента има 1 потребители, разглеждащи тази тема. (0 потребители и 1 гости)

Правила за писане

  • Не можете да пускате нови теми
  • Не можете да отговаряте
  • Не можете да добавяте приложения
  • Не можете да редактиране своите мнения.
  •