PDA

Виж пълната версия : Archаeological news from Macedonia



Страници : [1] 2 3

terrarossa
19-09-2008, 15:47
На една от македонските банкноти е изобразена златна маска, подобна на тази на Терес, открита близо до Охрид (с. Требинче?). Има поне още 3 погребения(тракийски) на войни със запазено снаряжение на територията на FYROM (във връзка с последните открития на Д. Агре) .

Имате ли още данни по въпроса?

terrarossa
19-09-2008, 16:01
Информацията за археологически открития в съседните страни е твърде оскъдна или изобщо я няма.

batbayan
19-09-2008, 22:08
Имам няколко статии за археологическите находки в Македония, но не знам къде да ги постна ? В тази тема ли да го направя или има друга тема ? Ще може ли линк към нея ?

dibo
19-09-2008, 22:56
Слагай ги засега тук. Впоследствие може да преместим темата в Античност, където и е мястото.

batbayan
20-09-2008, 00:23
Копирам статиите и давам линк към тях, зашото някъде има и снимки:

Откриена уште една погребна кочија во штипско
петок, 19 септември 2008


Се претпоставува дека четвороколката датира од првиот или вториот век од нашата ера


Археолозите од штипскиот и струмичкиот музеј во близина на селото Конче открија остатоци од погребна кочија, јави телевизијата А1.

- Станува збор за четвороколка, но се додека не завршат ископувањата не можеме да потврдиме дали ова било гробница на великодостојник – изјавил археологот Трајче Нацев.

Тој претпоставувал дека наодот датира од првиот или вториот век од нашата ера.

- Нашата кочија е од понов датум од погребната кочија пронајдена во Делчево и е во подобра состојба - додал Нацев.

Погребната кочија е пронајдена случајно откако археолозите решиле да го истражат пошироко реонот од локалитетот „Манастириште“ каде сега работат на друга могила, која била цел на неуспешни обиди на дивите копачи.

Ова е шеста погребна кочија откриена во Македонија.


http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=16833



Пронајдено копје за пробивање штит од 11 век
понеделник, 15 септември 2008


Под Јени Џамија во Битола на длабочина од 4,5 метри, пронајдено е копје за пробивање штит, кое датира од 11 или 12 век


Стручна екипа од археолози предводени од Гордана Филиповска Лазаровска појасниле дека се работи за железно копје долго 27 сантиметри со специјална обработка на врвот кое служело за пробивање на штитови.

Археолозите сметаат дека ова копје е употребено во 11 или 12 век за време на нападот и освојувањето на една од трите цркви кои биле лоцирани во центарот на сегашна Битола.

Овој прв пронајдок во Битола, наскоро ќе се конзервира и ќе биде достапен за јавноста.

Археолозите откриле и ретка раритетна икона која со помош на синџирче или врвца се носи на градите. На едната страна се ликовите на Свети Ѓорѓи и Свети Теодор, а на другата страна се ликовите Свети Никола и Свети Василиј.

Археолошките истражувања под Јени Џамија во Битола ќе продолжат напролет со поставување на нова сонда.



http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=16575



Откриена некропола на Александар Македонски кај Пела
петок, 12 септември 2008



Раководителот на археолошкиот тим, кој веќе осум години работи на таа локација, изјавил дека откритието е од непроценливо историско значење, бидејќи помага во расветлување на македонската култура во ахајскиот период

Поголемо количество накит, оружје и грнчарски работи пронашле археолозите во една некропола во близина на Пела, на севeрот од Грција, родното место на Александар Македонски, соопшти грчкото Министерството за култура.

При ископувањето пронајдени се 43 гробници од периодот 650-279 п.н.е., кои даваат увид во раниот развој на Македонското Кралство, кое во времето на Александар се протегало до Индија.

Меѓу најинтересните откритија се гробовите на 20 војници од ахајскиот период (580-460 п.н.е), се вели во соопштението.
Одделни војници се погребани со бронзен шлем и железен меч и нож.

Очите и устата им се покриени со златна фолија, украсена со цртежи на лавови и други животни, симболи на кралската моќ.

Раководителот на археолошкиот тим, кој веќе осум години работи на таа локација, изјавил дека откритието е од непроценливо историско значење, бидејќи помага во расветлување на македонската култура во ахајскиот период.

Во некрополата се пронајдени и остатоци од 11 жени од ахајскиот период со златен и бронзен накит.

Девет гробови датираат од доцниот класичен или раниот хелинистички период, односно од времето на смртта на Александар Македонски во 323 п.н.е.


http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=16390

batbayan
20-09-2008, 00:27
Пронајдена статуа на Марко Аурелиј во Турција
вторник, 26 август 2008




Некои делови од статуата се ископани во древниот град Сагаласос, а главата, десната рака и долните делови од нозе се откриени високо во планините на југот од Турција


Делови од огромна, совршено изрезбарена мермерна скулптура што го претставува римскиот цар Марко Аурелиј се пронајдени во Турција, јави ББС.

Некои делови од статуата се ископани во древниот град Сагаласос. Главата од статуата, десната рака и долните делови од нозе се откриени високо во планините на југот од Турција.

Марко Аурелија вледеал од 161-та до 180-та година од новата ера и е запаметен како писател и еден од најважните философи на стоицизмот.

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=15368


Градот на конзулите Ќе обновува споменици од царската историЈа

Во Битола ќе се гради дворец на Гаврил Радомир


Дворецот ќе биде поставен на место од кое се гледа како на
дланка цела Пелагонија

Катедралната црква „Успение на Богородица“, во која во 1014 година бил крунисан македонскиот цар Гаврил Радомир, синот и престолонаследник на Самуил, како и неговата царска резиденција на Битолското кале ќе бидат повторно подигнати. Битолскиот градоначалник, Владимир Талески побара од археолозите и од конзерваторите на Заводот и музеј да изработат главен проект и вети дека дел од објектите кои на градот ќе му го вратат атрибутот градски ќе биде финансиран од Општината. Експертите посочуваат дека се работи за единствен објект од тоа време по својата квадратна основа со впишан крст и со централниот тип на градба, кои датираат од 13 век, а во Битола ги имало три века порано.

- Црквата била подигната уште во 10 век во чест на победата на Самуил над моќниот византиски император Василие. Ридот до скоро се викаше Кира Марица што значи господарка Марија. Во тоа време пошироко на Балканот, катедралните цркви се посветувале на Успението на Богородица - вели археологот Гордана Филиповска-Лазаровска. Во истата црква, која била епископско седиште на тогашната патријаршија, на 10 октомври 1014 година, месец дена по смртта на Самуил, за македонски цар бил крунисан неговиот син Гаврил. Од објектот денес се зачувани само темелите и делови од ѕидовите. Според остатоците се работи за градба поголема од црквата на Плаошник со димензии 23 на 19,5 метри. Објектот бил во рамките на средновековната населба, поставен на високо место од кое се гледа цела Пелагонија како на дланка. Во негова близина има остатоци од резиденцијата на царот. Надолу низ ридот се простирала цивилната населба, која зафаќала делови од сегашните градски населби на левата страна од реката Драгор со најголем број сончеви часови во Битола.

- На теренот има околен ѕид, утврден, направен од дрво, а под него ров ископан дури и до три метри како заштита. Се претпоставува дека тогашните дворци биле направени од дрво зашто кога Василие ја нападнал резиденцијата на Гаврил 1014 година историчарот Јован Скилица запишал дека успеале да ги запалат само дворците, но не да го освојат и градот - додава Филиповска-Лазаровска. Се' уште не се знае каде е гробот на македонскиот цар, за што археолозите сметаат дека се потребни се' опсежни истражувања.

- Сепак, на општинското знаме или на грбот слободно може да се постави круна затоа што ова некогаш бил царски град - вели Зоран Алтипармаков, виш конзерватор. И покрај ваквите сознанија, во изминатите години државата издвојувала малку средства за доистражување на Битолското кале. Сега за историското наследство кое може да стане културна атракција се заинтересира градоначалникот Талевски.Со децении се форсираше само еден дел од историјата на градот. Сега со главен проект ќе аплицираме до повеќе фондации, до Министерството за култура , а во првата фаза јас ќе бидам покровител. Се надевам дека за скоро време црквата и дворецот ќе ја добијат првобитната форма - вели Талевски.

За доистражување на средновековна Битола пари ќе донираат и повеќе стопанственици и фирми од градот.



http://dnevnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=4C9147486273504EBF1A4A828B308500&arc=1



Утре ще постна още статии !

batbayan
20-09-2008, 19:29
Откриени теракотни икони на Виничкото кале



Околу 170 фрагменти од теракотни икони се откриени на археолошкиот локалитет Кале кај Виница. Неколку од нив се целосно зачувани, а други може и да се реконструираат, соопштија вчера археолозите што неколку месеци го истражуваат локалитетот, под раководство на Цоне Крстевски, археолог од Музејот на Македонија. Екипата вчера ја посети Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.

- На две од иконите се познаваат ликовите на архангел Михаил и на коњаник. Со ова се збогатува колекцијата на теракотните икони, кои потекнуваат од 4 до 6 век, кои првпат беа откриени пред дваесетина години - изјави Кузман.Со истражувањата, што ги финансира Владата со 5,5 милиони денари, археолозите откриле културни хоризонти што се протегале од енеолитот (бакарното време) до 12 век. Откриени се големи површини од локалитетот, бедеми, кружни кули. Кузман вели дека ова е најголема археолошка акција на Виничкото кале досега.



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=08DC7B5F7211FD47A733F9D60787CA34


Погребна кочија откриена во Конче



Погребна ритуална кочија, според првите процени датирана во раноримскиот период, околу 1 и 2 век, пронајдоа завчера археолозите истражувајќи го локалитетот Манастир кај село Габревци, општина Конче. Истражувањата, надлежност на археолозите од Заводот и музеј од Штип, почнаа пред десетина дена. Ова е шеста ритуална кочија откриена на територијата на Македонија. Во неа бил погребан голем великодостојник. Тие биле погребувани во големи гробници, со кочијата, коњите и со стражарите, кои прво ги труеле. Великодостојникот бил ставан во централниот дел на гробницата, а неговите стражари и коњите во ходникот.



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=AE47799BDA292E438A0C2D6F901ED665

batbayan
20-09-2008, 20:05
АРХЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА НА СКОПСКАТА ТВРДИНА

Откопани првите фрески на Кале

Сочувани се боите, на еден дел има слој и од постар живопис, а веројатно биле насликани во 13 и 14 век, вели Бранислав Ристески од Институтот за старословенска култура


Делови од фрескоживопис, првично датиран во 13 или 14 век, пронајдоа археолозите на скопското Кале. Тие веднаш се однесени на конзервација во лабораторијата на Музејот на Македонија. Темели од црква се' уште не се лоцирани, но научниците веќе имаат индиции каде би можел да се наоѓа првиот средновековен христијански храм. Сосема е отворена јужната влезна порта на градот, која „гледа“ кон зградата на Македонската опера и балет. Речиси сите археолози распоредени на тврдината ги истражуваат слоевите од средновековниот период. Најстариот лоциран слој засега е во бакарното време (среден енеолит), временски определен околу 2.600 и 2.500 година пред новата ера.

Скопското Кале е претворено во вистинско градилиште. Околу 200 археолози, архитекти, историчари на уметност, студенти по археологија, работници, поделени во екипи, ги симнуваат слоевите земја, фотографираат, документираат и продолжуваат надолу, во постарите тајни на минатото.

Археологот Драги Митревски, раководител на истражувањата на тврдината, вели дека не е изненаден од „ситуациите“ што ги нуди земјата.

- Пронајдовме делови од фрески и малтер. Тоа и го очекувавме, зашто според историските извори на локалитетот имало цркви. Но, се' уште не сме ги нашле темелите. Веќе сме во средниот век. Од бедемот излезе јужната порта. Тоа е убав објект, репрезентативен за конзервација - објаснува Митревски.

Досега пронашле околу 300 монети, главно византиски. Пронаоѓаат и јами. „Има движен материјал, ама малку архитектура“, вели Митревски.

Фрескосликарството е пронајдено на ѕид во секторот со кој раководат археолозите Бранислав Ристески од Институтот за старословенска култура од Прилеп и Љубинка Џидрова од Музејот на Македонија.

- Фреските ги пронајдовме недопрени. Има и поголеми парчиња. Сочувани се боите, на еден дел има слој и од постар живопис. Веројатно се од 13 и 14 век. Пронајдовме и камен-бигор, карактеристичен за горни делови од црква. Но, се' уште не сме пронашле темели од храм. Имаме индиции каде приближно се наоѓа, но тие делови се' уште се затрупани и допрва треба да ги истражиме - објаснува Ристески.

Според историските извори, на скопското Кале во средновековниот период се наоѓале катедралната црква „Богородица Троеручица“, двете цркви на семејството Апокавк, „Св. Никола“ и „Св. Богородица“ и црквата „Св. Богородица“ на монахот Ксенофон.



Близу до местото на кое е пронајден живописот, целосно е откриена една триаголна кула, која во минатото го бранела градот од освојувачите и била дел од големиот киклопски ѕид, целиот обложен со масивни камени блокови.

- Ги „фативме“ основните стратиграфски слоеви. Бедемот е вкопан во слојот на енеолитската населба - вели Џидрова.

Праисторискиот слој во секторот го истражува Александар Миткоски од прилепскиот Завод и музеј. Тој ископува објект составен од две простории. Во едната од нив има питос - голем керамички сад вкопан во земја, во кој веројатно жителите на населбата чувале храна. Миткоски вели дека под тој лоцирал уште два слоја, стотина години постари.

Меѓу најинтересните истражувачки пунктови е јужниот бедем, свртен кон мостовите на реката Вардар, стоковната куќа „Мост“ и зградата на Македонската телевизија. Археолозите се наоѓаат во средниот век, поточно во 12 и 13 век. Марјан Јованов од Институтот за археологија при Филозофскиот факултет во Скопје издвојува база од средновековен столб и камени палети од олтарна преграда, секундарно вргадени во бедемот.

- Тоа укажува дека тука постоел репрезентативен објект од сакрален карактер. Има индиции во околината да се наоѓа средновековна црква. Бедемот, пак, ни дава стратиграфска слика за локалитетот. Сега ископуваме работилници за обработка на бронза. Во погорните слоеви пронајдовме некропола. Имаше 11 гроба. Според прстенче кое потекнува од 12 или 13 век го определивме времето кога биле погребани луѓето - вели Јованов.

На дното, вклештен во ѕидот е скелет на покојник од некрополата. Изгледа како на плеќи да ги држи слоевите земја што ги донело новото време.

Археолошките истражувања ќе траат до крајот на летото. Проектот го финансира Владата со 2 милиона евра. За годинава се одвоени 950.000 евра, од кои околу 500.000 евра ќе бидат искористени за археолошките истржувања. Целта на проектот е да се истржат, санираат, конзервираат, реставрираат и презентираат бедемите и кулите на југозападниот дел од тврдината.





Славе Македонски умрел на 50 години со здрави заби

Врз скелетот, за кој археолозите сметаат дека е стар 9.000 години, ќе биде извршена ДНК-анализа во Велика Британија



Скелетот што беше пронајден на археолошкиот локалитет Грнчарица, кај штипското село Крупиште, бил маж на возраст од 45 до 50 години. Тоа го покажала антрополошката анализа на скелетот, која ја изврши д-р Фаница Велјановска во антрополошкото одделение на Музејот на Македонија. Ова вчера беше соопштено на прес-конференција во Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј од Штип. Според извештајот, скелетот бил оштетен, но остатоците биле доволни за да се направи антрополошка анализа. Анализата утврдила кај покојникот патолошки траги од артритис и анемија, кои не се невообичаени за неговата возраст, а имал само еден кариозен и еден изваден заб. Скелетот на праисторискиот човек беше пронајден во средината на март годинава, во локалитетот Грнчарица, покрај реката Брегалница. Според првичниот увид на археолозите, населбата и скелетот биле стари околу 9.000 години и биле од периодот на раниот неолит, со што и населбата и покојникот биле досега најстарите откриени во Македонија и пошироко, на што имаше забелешки за преурането датирање. Се работи за ретко откритие, за најстар човечки скелет и за најстара населба досега откриени во Македонија и пошироко. Досега никој од нас не изјавил дека човекот од Грнчарица е најстар на Балканот. Затоа и не се согласуваме со некои забелешки на археологот-праисторичар Драгиша Здравковски. Тој не бил на локалитетот и не го видел скелетот, па не е во ред од далечина да суди. Првично, скелетот го лоциравме во периодот на раниот неолит, односно дека потекнува некаде околу 7.000 години пред новата ера. Врз основа на тоа што го видовме во населбата, лично сметам дека понатамошните анализи ќе покажат оти скелетот е постар и потекнува од мезолитот, преоден период помеѓу палеолитот и неолитот, односно временски да се лоцира помеѓу 10.000 и 7.000 години пр.н.е. - рече раководителот на проектот, м-р Трајче Нацев.

Скелетот Ќе се анализира во Велика Британија

Тој најави дека наскоро врз скелетот на Славе Македонски, како што археолозите го нарекоа покојникот, ќе биде извршена ДНК-анализа, најверојатно во Велика Британија. Се очекува ДНК-анализата прецизно да покаже кога било извршено погребувањето и колку точно се стари и од кој период потекнуваат покојникот и населбата. Вчера беа презентирани и резултатите од досега завршените заштитни истражувања на 13 археолошки локалитети покрај кои ќе поминува цевководот на хидромелиоративниот систем „Злетовица“. При досегашните ископувања биле откриени четири основи на куќи од неолитот, енеолитот, бронзеното и од железното време, како и две многу ретки печки за керамика. Биле пронајдени вкупно околу 1.200 предмети: кремени орудија, мелници, секири, предмети од коски, железни орудија, керамика, фигурини монети ... Дури пет од тринаесетте локалитети потекнувале од предисторискиот период, што, според археолозите, е доказ оти брегалничкиот басен во тој период бил многу густо населен. Кај реката Злетовица биле пронајдени траги дури и од палеолит, по кои дополнително ќе се истражува. Археолозите деновиве продолжија со нови ископувања по трасата на цевководот за ХМС „Злетовица“ во Светиниколско.

terrarossa
20-09-2008, 22:23
batbayan, благодаря много за изчерпателната информация!

Виждала съм около Пела поне 4-5 тракийски могили, неизследвани; поне за едно съм съгласна с македонската позиция: Александър Македонски не е ахеец, (а трак).

batbayan
21-09-2008, 11:37
ЕКСКЛУЗИВНИ НАОДИ НА ВИНИЧКО КАЛЕ
Пробивот на Словените на теракотни икони
Сто и педесет фрагменти од теракотни икони со потекло од 4-6 век, на кои има претстави од воени битки, се меѓу ексклузивните наоди од тримесечните археолошки ископувања на локалитетот Виничко кале во Виница. Теракотите се од иста група, со прочуени винички теракотни икони кои се археолошка реткост, бидејќи припаѓаат на една од четирите колекции од овој тип во светот. Новооткриените теракоти ги поседуваат типичните белези за овие артефакти - религиозните мотиви - а нивен уникатен белег се приказите на историски сцени. - На иконите има претстави на воини и коњанички фигури кои, најверојатно, претставуваат сцени од битките на словенското племе Склавинии со Византијците. На една од нив е прикажан и коњаник во галоп - вели археологот Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство. На теракотните икони пронајдени на Виничко кале во минатите археолошки кампањи доминираат религиозни мотиви од ранохристијанската иконографија, како старозаветни сцени и слики на животни, риби и на школки. На локалитетот е ископана и некропола со 120 гроба, кои датираат од времето пред нашата ера до четвртиот век, како и пагански храм, кој исто така временски е лоциран во 4 век. Пронајдени се и остатоци од капители во јонски и дорски стил, што, според Кузман, упатува на фактот дека тука можеби постоел ранохристијански центар. Цоне Крстевски, археолог и кустос-советник на Музеј на Македонија, кој е задолжен за овие ископувања, вели дека, освен теракотните икони, новина од последните ископувања на Виничко кале се и големиот број движни наоди од повеќе историски периоди. - Многубројни се наодите од енеолитот, период кој годинава е препознаен на Виничко кале, потоа од бронзено време, од хеленистичкиот период, па се до 12 век, кои покажуваат дека овој локалитет континуирано бил населен во текот на 22 века - вели Крстевски. Меѓу пронајдените артефакти е и парче керамика со претстава на македонското, дванаесеткрако сонце, кое датира од 5-6 век, односно од времето на доцната антика. - На истиот период (5-6век) му припаѓаат и многубројните остатоци од македонска сива керамика, што наведува на помисла дека таа можеби се изработувала тука, а потоа се извезувала надвор од Виничко кале - велат истражувачите. На самиот влез на локалитетот е пронајдена римска камена плоча, која, според Крстевски, засега не може да се дешифрира, но се претпоставува дека припаѓа на некој владетел. - Остатоците од ископувањата на Калето покажуваат дека тука имало живеалишта. Тоа го потврдува пронајдениот сакрален објект со бања со калдариум во мошне зачувана состојба, како и цистерната за вода во ширина од 5 метри, а во должина од 8 метри, која се претпоставува дека потекнува од 5 век - додава Крстевски. Првите ископувања на Виничко кале се спроведени во 1977 година, кога биле пронајдени две теракотни икони. Систематски ископувања на локалитетот првпат се реализирани во 1986 година. По 23 години, ова е втора толку обемна археолошка кампања на локалитетот. Кузман најавува ископување во Виничко и во наредната година, а во план е и изградба на Музеј на теракотни икони, кој ќе се наоѓа во центарот на Виница.

Saratok
21-09-2008, 13:50
batbayan, благодаря много за изчерпателната информация!

Виждала съм около Пела поне 4-5 тракийски могили, неизследвани; поне за едно съм съгласна с македонската позиция: Александър Македонски не е ахеец, (а трак).


А кой твърди, че е ахеец?
Мак'едоните /така смятам, че е правилно да се изписват:happy:/, по всяка вероятност са трако-илирийски племена. Изписах името така защото между реките Стримон и Нестус, в съседство със сатрите живели едоните . Нещо друго, което се пропуска в анализа за Мак'едоните. Освен племето около Пела е описано и поне още едно македонско царство на запад от първато и съседно на илирите. Царят се казвал Арабей. По повод това, дали могат да бъдат наречени траки : една неудобна истина за гърците се крие в самите текстове на Тукидид - когато Брасид навлиза с войските си в тези земи , походът е определен като "походът в Тракия".
Тази тема няма край. Но май не е лошо истината около мак'едоните да се поразнищи.

Guy de Mont Ferrand
21-09-2008, 16:35
Но май не е лошо истината около мак'едоните да се поразнищи
http://forum.boinaslava.net/showthread.php?t=10277

tonev
21-09-2008, 17:02
ми изрежи глупостите и премести тези мнения там. :beer2:

batbayan
23-09-2008, 10:38
Се копа и на локалитетот Свети Петнаесет


Покрај ископувањата кај тврдината Цареви кули, струмичките археолози работат и на локалитетот "Св. Петнаесет". Таму, меѓу остатоците од ранохристијанската базилика од 4. век, се пронајдени нови гробиници и артефакти.
- Исто така, во континуитет продолжија и конзерваторските работи на локалитетот "Римска терма" во Бања Банско каде што покрај постојниот е откриен уште еден бањски комплекс, потоа бронзени статуетки и мермерна статуа на богот Меркур, постаменти за скулптури, богата керамичка збирка, како и уникатен мозаик кој датира од крајот на третиот или од почетокот на четвртиот век, изјави Славица Тасева, директор на Националната установа Завод - Музеј во Струмица.

Остатоците од мозаикот, по кој струмичките археолози трагаат подолго време, само го потврдија огромното културно и историско значење на овој објект од доцниот римски период. Со заокружувањето на повеќегодишните конзерваторско-реставраторски работи на овој локалитет целосно ќе биде дефиниран и оформен првобитниот изглед на таа римска терма.

batbayan
23-09-2008, 10:54
НА БРЕГОТ НА КАСПИСКОТО ЕЗЕРО

Откриена древна еврејска престолнина

Во старите хроники градот се споменува под името Итил и се верува дека бил мултиетничка населба чии остатоци се верувало дека биле потопени


Тврдината била во триаголна форма, изградена од непечени тули, а во неа имало многу куќи

Руските археолози откриле одамна изгубена престолнина на хазарското кралство во јужна Русија, јавува Асошиетед прес. Ова е големо откритие. Сега можеме да ја разјасниме една од најголемите мистерии од тој период: како навистина живееле Хазарите. Многу малку знаеме за нив, за нивните обичаи, погребни ритуали и култура - вели организаторот на експедицијата, Дмитриј Василев од Астраханскиот државен универзитет, по враќањето од ископините во близина на селото Самосделк на брегот на Каспиското Езеро.Станува збор за главен град на Хазарите, полуномадски народ што го прифатил јудаизмот како службена религија во периодот меѓу 8 и 10 век, кога ги покориле владетелите на древна Русија. Во својот процут хазарската држава контролирала поголем дел од денешна јужна Русија, западен Казахстан, источна Украина, Азербејџан и голем дел од севернокавкаските региони.

Во старите хроники градот се споменува под името Итил, но Василев вели дека тоа име најверојатно ја означувало реката Волга, на чии брегови бил изграден градот, или подрачјето околу нејзината делта. Итил наводно бил мултиетнички град чии остатоци никогаш не биле пронајдени и за кој се верувало дека бил потопен од Каспиското Езеро. Археолозите истражуваат во регионот на Самосделк во изминатите девет години, но дури сега собрале доволно докази што ја поткрепуваат нивната теза, вклучувајќи ги и остатоците од древна тврдина од непечени тули.

- Во тврдината пронајдовме колиби слични на јуртите, кои се типични за хазарските градови. Тврдината била во триаголна форма и изградена од непечени тули. Тоа е уште еден доказ дека не станува збор за обичен град - велат тие.Во ископувањата летово учествувале 10 универзитетски археолози и 50 студенти, а проектот е делумно финансиран од Еврејскиот универзитет во Москва и од рускиот Еврејски конгрес.

gladiator
23-09-2008, 20:08
до колкото помня Требениште го определяха като някаква колония на население, с не туземен произход- Не се палете но определено не са траки! Подобни неща има при Синдос, в Боспор , а и на други места.
Не ми се спори, да не осквернявам костите на покойника, но първата маска от Светицата си е много съмнителна, до колко е тракийска и доколко въобше е!!!!

Thorn
24-09-2008, 12:24
http://www.tracianvalley.hit.bg/images/maskata1.jpg

В какъв смисъл съмнителна? Фалшификат? Можеха да го направят и без да хабят толкова злато.

gladiator
24-09-2008, 22:13
не е много златото, хайде да не издребняваме
две вероятности-или е фалш, или се легализират находки със съмнителетн произход

танкиста от Харков
25-09-2008, 12:02
Още приживе, Китов го атакуваха, че популяризира намерени от иманяри и др. съмнителни разкопвачи, находки от района на Гърция или Македония!?! Доколко тези твърдения са фантастика и опит да се злепостави Китов, не мога да преценя.
Но около него винаги имаше някакви разправии и скандали с колегите му. Спомнете си, че му бяха забранили да копае цяла година! Дали от завист или от странности в характера му, но така си беше!
Лека му пръст!!!

batbayan
25-09-2008, 17:29
НА СЕЛЕЧКА ПЛАНИНА СЕ БАРА АНТИЧКА МАКЕДОНСКА ПРЕСТОЛНИНА
Грците ја одбиваат споредбата на Пелагонија со Пела
Грчките археолози не сакаат да соработуваат со македонските колеги на споредувањето на артефактите од гробниците на античките македонски кралеви од Пела и оние, слични на нив, откриени неодамна на локалитетот Бонче во Пелагонија, под планината Селечка. Сличностите меѓу гробниците на двата локалитети упатуваат на идејата дека веројатно во Пелагонија се наоѓа загубената античка македонска престолнина - градот Пелагонија - по кој се трага повеќе од 150 години. Во ваква ситуација, според домашните археолози, соработката со грчките стручњаци е логичен чекор. - Археолозите во Грција веќе ги објавија споредбите на коридорите на двете гробници, во Пела и во Пелагонија, во едно од научните списанија во нивната земја. Иако грчките колеги се генерално расположени за соработка, актуелната политика во нивната земја ги спречува во тоа - вели археологот Виктор Лилчиќ, раководител на истражувањата во Бонче. Во досегашните истражувачки работи на локалитетот Бонче во минатото е пронајдена цела некропола чии артефакти биле опљачкани уште во римско време.
Во годинешните открија на овој локалитет, пак, на кој периодично се ископува од далечната 1936 година, е пронајдена гробница од 4 век пр.н.е., која според начинот на обработка на каменот и според архитектонскиот стил личи на една од гробниците во Пела, една од четирите антички македонски престолнини која денес се наоѓа во северна Грција. - Очекувавме да ја најдеме фасадата на гробницата, според која полесно ќе утврдевме дали се работи за некропола на кралевите од античкиот град Пелагонија. Но, наидовме на коридорот кој водел до влезот на гробницата. Станува збор за две и полметарски кружни камени блокови со прецизно изделкани орнаменти. Најверојатно тоа е влез во гробница на владетел, но се уште не знаеме за кого станува збор - забележува Лилчиќ. Гробницата се наоѓа два километри под врвот Висока на планината Селечка, каде што се претпоставува дека се наоѓала престолнината на Пелагонците. Во минатото, на врвот Висока е откриена монументална камена порта за кој Лилчиќ смета дека е влезот на древномакедонскиот град Пелагонија. Поради непристапноста на теренот на планината Селечка, овој локалитет е константно запоставуван. Археологот Лилчиќ вели дека изградбата на пат до локалитетот ќе ја интензивира истражувачката работа и побргу ќе ги донесе одговорите. Тезата дека археолозите се блиску до лоцирањето на една од македонските антички престолнини ја подгрева и фактот што на истиот локалитет пред две години беа откриени три штита со сонцето од Вергина, заштитниот знак на македонските кралеви. Моментално парчињата од штитовите се наоѓаат во охридскиот музеј, во кој се реставрираат. Според историските податоци, во 4 век пр.н.е. Пелагонците имале крал, чие име се уште е непознато, кој добил почесна титула откако им помогнал на Атињаните во нивните воени походи. Во 2 век пр.н.е. Римјаните го поделиле македонското кралство на четири дела: Пела, Амфиполис, Тесалоника (кои денес се наоѓаат во Грција) и Пелагонија. Историјата вели дека во тој период Пелагонија бил главен центар на Македонија.

batbayan
27-09-2008, 17:07
АРХЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА НА КРАЛСКАТА ГРОБНИЦА КАЈ БОНЧЕ

Откриени елементи слични на гробниците во Кутлеш


Археолозите откриле дека ѕидот што ја обвиткувал гробницата бил разграден во антиката

Уште во античко време била ограбена и разградена монументалната кралска гробница од 4 век пред новата ера, откриена лани во подножјето на СелеЛка планина, меѓу прилепските села Крушевица и Бонче. Археолозите викендов ја завршуваат втората етапа истражувања на прстенестата гробница (единствена од таков вид во земјава) во која почивал кралски достоинственик.Научниците од катедрата за археолозите при Филозофскиот факултет во Скопје и Заводот за заштита на спомениците и Музеј од Прилеп цел месец ја истражуваа импресивната градба.

Археолозите работеа на северниот дел од прстенот. Откриле дека ѕидот кој прстенесто ја обвиткувал гробницата бил разграден уште во антиката. Материјалот бил искористен за други намени. Задниот дел од ѕидот е зачуван само во основата (само првиот, од трите реда камени блокови). Истражувачите досега откриле околу 70 отсто од ѕидот. Тие претпоставуваат дека сосема ја опкружувал гробницата.

- Кругот има дијаметар од 32 метри во основата. Лани првпат откривме кружен прстен, кој и' даде сосема поинаква димензија на гробницата. Составен е од три реда камења, кружно поставени. Висок е околу 1,5 метар. Над прстенот била поставена тумбата, могилата. Годинава ја истраживме гробната комора, која била долга 5,5 метри, а широка околу 3,3 метри. Сосема ја отворивме. Била ѕидана од фино делкан бигор. Горниот дел е уништен. Комората е зачувана 2 метра во висина и била поставена на измазнета карпа - вели археологот д-р Антонио Јакимовски, од Филозофскиот факултет.Местото првпат го истражувал Никола Вулиќ, во 1936 година. Тој не дал поконкретни информации за гробницата.Археолозите досега пронашле шест детски правоаголни гроба. Поставени се околу прстенот на гробницата. Еден од гробовите е вметнат во прстенот, на местото на еден од камените блокови што бил изваден.

- Гробовите се од доцноантичко време и се доказ дека гробницата била ограбена и разградена уште во антиката - вели Јакимовски.

Кралската гробница се состои од надворешен пат наречен дромос, долг 15 метри, кој е всечен во карпа. Води во засведен тунел, долг 11,5 метри. Следува комората долга 5,5 метри, која се наоѓа во центарот на прстенот. Во гробовите се откриени две обетки, перла од стаклена паста и многу керамички фрагменти од доцната антика, околу 5 и 6 век.

- Има и фрагменти од раноантичка керамика, околу 5 и 4 век пред новата ера, периодот во кој претпоставуваме дека била изградена гробницата. Од тоа време скоро ништо не останало. Се надевавме дека барем во комората ќе најдеме предмет според кој сигурно ќе го одредевме времето. Но, гробницата била ограбувана 25 века, внатре немаше ништо - вели Јакимовски.Североисточно од влезот во засведениот дел од дромосот и залепен до ѕидот, археолозите откриле голема структура на фино делкани блокови и остатоци за кои претспоставуваме дека се од хероон (местото од каде почнувала процесијата, комеморацијата за покојникот).

- Такви елементи има на гробниците во Кутлеш. Ова е само претпоставка што ќе ја утврдиме в година. Очекуваме тогаш гробницата сосема да ја откриеме за да се состави приказната. Ако ја презентираме убаво верувам дека ќе биде еден од најубавите објекти во Македонија. Ваква гробница во тоа време била многу скапа работа. Можела да му припаѓа само на екстремно богат човек, на крал - вели Јакимовски.Истражувањата се одвиваа во рамките на проектот „Висока и Старо Бонче“ со кој раководи професорот Виктор Лилчиќ, од Филозофскиот факултет во Скопје, а го финансира Министерството за култура.

batbayan
05-10-2008, 11:43
Култура
За доистражување на кралската гробница кај Бонче треба пат



Автор: Ка.М.

Кралска гробница, опкружена со прстен од камени монолитни блокови, стари над 2.500 години, лоцирана меѓу селата Бонче и Подмол, Прилепско, истражија екипата археолози од Институтот за археологија при Филозофскиот факултет во годинашните ископувања.

Ископувањата, кои се дел од проектот за истражување на кралската престолнина Високо, според д-р Антонио Јакимовски, кој ги предводеше ископувањата, дале возбудливи резултати - антички гробови со скелети, кои дополнително ќе се испитуваат.

- Кралската гробница е од отворен драмос, издлабен во карпа, со засебен покриен драмос и комора. Опкружена е со камени монолитни блокови со дијаметар од 32 метри. Гробницата е од големо значење, бидејќи е единствена со таква архитектура во Македонија и пошироко - вели Јакимовски.

Според него, камените блокови тешки над два тона, биле редени без врзно ткиво, односно без малтер и биле изградени уште пред 2.500 години.

- Тоа е она што е интересно за нас и ни говори дека се работи за уникатна гробница. Ретко се среќаваат такви блокови на пошироките простори, а уште поретко е да не се уништени и да се зачувани во целост како овде – вели Јакимовски.

Истражувањата на кралската гробница беа само дел од ископувањата што треба да продолжат на врвот Високо, над селото Бонче, каде што се претпоставува дека се наоѓа кралската престолнина на Пелагонија. Меѓутоа годинашните истражувања на врвот се под знак прашалник заради непристапниот терен.

- Доколку се оспособи пат, ќе продолжиме со истражувањата на Високо, а ако не ќе работиме на конзервација на пронајдените артефакти – вели раководителот на проектот д-р Виктор Лилчиќ.

Министерството за култура за истражувањата на овој значаен локалитет годинава одобри 500 илјади денари.


http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=199&ArticleID=8441

batbayan
09-10-2008, 11:53
ЗНАЧАЈНИ ОТКРИТИЈА ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО НА СТАРИОТ ГРАД

Црква откриена на штипски Исар
Кулата на јужниот бедем на средновековниот град-тврдина се наоѓа под антенскиот столб на Македонската телевизија, па археолозите ќе имаат големи маки при истражувањето


Средновековната тврдина на централното возвишение над Штип, Исар, ќе се осветли за да се гледа од сите делови на градот

Стара црква, внатрешна кула за која досега не се знаело, јужната одбранбена кула на тврдината, керамика од доцноантичкиот до раноосманлискиот период и влез во тврдината открија археолозите истражувајќи го средновековниот град-тврдина Исар кај Штип. Пронајдено е ретко оружје: стрели, железни стрели и разни видови ѓулиња, меѓу кои и за катапулти со кои луѓето ја бранеле тврдината.

Археолошките истражувања на Исар, како дел од средновековниот град Штип, почнаа во средината на август. За оваа акција Владата одвои 3 милиони денари. Првата фаза од истражувањата ќе трае до декември. Археолозите напролет ќе продолжат со ископувањата.

Целта е да се дооткријат неистражените делови на тврдината. Потоа ќе биде изработен проект за реконструкција и конзервација, по што средновековната тврдина што се протега на 16.600 квадратни метри на централното возвишение над Штип, Исар, ќе се осветли за да се гледа од сите делови на градот.

ИЗГРАДЕН ВРЗ АНТИЧКИОТ АСТИБО

На истражувањата работат 10 археолози и 70 работници.

- Резултатите од првите два месеца од истражувањето ги надминаа нашите очекувања. Веќе ги откривме трасите на сите ѕидови, со кои од сите четири страни била опколена тврдината. За централната внатрешна кула не знаевме дека постои. Таа, всушност, ја делела тврдината на два дела. Не знаевме ни дека под тврдината има црква. Според првичниот увид, таа веројатно е изградена веднаш по освојувањето на тврдината од османлиите.

Но, ќе продолжиме со истражувањата и на црквата и на гробовите околу неа, па наскоро попрецизно ќе го утврдиме периодот на нејзината изградба. Пронајденото ретко оружје и керамиката од пред османлискиот, но и од доцноантичкиот период потврдуваат за континуитетот на цивилизациите на овој простор кај средновековниот град Штип, изграден врз темелите на античкиот Астибо и на византискиот Скипион - вели раководителот на проектот, Звонко Белдедовски, археолог во Заводот и музеј во Штип.

Интересно е што кулата на јужниот одбранбен бедем на градот-тврдина е откриена точно под антенскиот столб на Македонската телевизија, па археолозите ќе имаат сериозни проблеми во истражувањето. На Исарот има и други антенски столбови, кои ќе мора да се дислоцираат, ако градот-тврдина ја добие планираната функција и изглед.

ОТКРИЕН ТАЕН ТУНЕЛ

Во втората фаза од истражувањето ќе се вршат ископувања на другите делови од утврдениот град, кои ќе бидат многу полесни, бидејќи поголемиот дел од работата е завршен. Археолозите ќе го лоцираат и дооткријат тунелот што води од речното корито на Брегалница кај Ново Село до врвот на тврдината. Според легендите и записите на патописецот Евлија Челебија, османлиите околу 1385 година, по долга опсада, успеале преку тој тунел да го освојат градот. Наводно тогаш Турците случајно виделе како од тунелот излегуваат патки, но и неколку бранители на градот. Го искористиле тоа за да го освојат градот. Во 1986 година, при изградбата на градскиот колектор, градежната механизација открила дел од тунелот.

По досегашните, археолозите се надеваат и на нови откритија во и околу средината на Исарот. Ако работите се одвиваат според планот и ако се обезбедат дополнителни средства за реконструкцијата и конзервацијата, средновековниот Штип ќе блесне над денешниот до крајот на 2011 година.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C22A0377D1690B479FF57338F1272202

batbayan
13-10-2008, 15:59
ЕДИНСТВЕНИОТ НАШ ОСТРОВ - 40-ГОДИШНА АРХЕОЛОШКА ЗАГАТКА
Голем Град сублимира историја од 24 века
Единствениот остров кој се наоѓа на територијата на нашата држава, Голем Град на Преспанско Езеро, крие 24 века живот, почнувајќи од почетокот на првиот милениум пр.н е., па се до средниот век и заради тоа веќе четириесетина години е привлечна загатка за археолозите. Археологот Вера Битракова- Грозданова, која речиси половина век е посветена на истражувањата на Голем Град, вели дека секоја археолошка кампања носи нови материјални докази кои придонесуваат за расветлување на оваа археолошка енигма. - Секој зафат на Голем Град открива нов момент од човековата историја. И сиве овие години, во текот на дваесетина кампањи, е откриен сосема мал дел. Како да им нема крај на археолошките богатства што ги крие островот - вели Битракова- Грозданова. Според неа, истражувањата на Голем Град се најдолготрајните ископувања на една населба-село, каква што е Град, во нашата земја. -Токму поради цивилизацискиот карактер на островот, кој не се развил во поголем градски центар, таму не може да се очекуваат наоди како во големите градски центри како Скупи или Стоби. Сепак, островот има своја естетика и вредност токму поради големиот број материјални докази од сите културни слоеви. Голем Град може слободно да се нарече хрестоматија на археологијата - вели Битракова- Грозданова. Островот Голем Град се наоѓа во Преспанско Езеро и зафаќа површина од 18 хектари, во должина 600 м, а во ширина 360 м. Овој остров го привлекува вниманието на истражувачите и поради близината на островот Аил, кој се наоѓа на грчка територија, а кој е познат како седиште на цар Самоил и на која тој ја изградил катедралната црква посветена на свети Ахил. Битракова- Грозданова смета дека до големи откритија се доаѓа само по долги истражувања. А неодамнешните зафати на ова мало парче земја открија уште една куќа од римскиот период, со што сега има вкупно 5 куќи, но и една средновековна црква за која постојат индикации дека е од Самуилово време. - Во текот на истражувањата кај средновековната црква „Св. Петар“, под неа се наиде на темели на една постара црква која можеби одговора на времето на цар Самуил. Оваа црква е попространа и поголема од „Свети Петар“. Можеби е изградена како пандан на „Св. Ахил“ по желба на месното население во Самуилово време кое посакувало црква со големи димензии - вели Битракова- Грозданова. Поинтензивни траги од организирано живеење во населби се среќаваат во раноантичкиот период (4 век пр.н.е.) во кој биле изградени одбранбени ѕидови на јужната страна на островот, некропола од Филипово време во која има многу богати прилози од накит од злато, сребро, оружје на воини, но и монети од македонските кралеви. Од хелинистичкиот период датираат, пак, повеќе откриени куќи. Од римскиот период, од 4 век, кога населбата заживеала, има исто така многу траги. Откриен е голем станбен дел, 5 куќи, но и цистерна која е вградена во карпа, а е градена по системот на римското градителство со хидрауличен малтер. Со прифаќањето на христијанската религија, на островот се градат и ранохристијански, а подоцна и средновековни цркви. Досега на овој простор се откриени 7 цркви - 3 ранохристијански и 4 средновековни. - Во средновековието населбата не е обновена. Во тоа време, островот бил свето место, таму се одвивал монашки живот и интензивно се граделе цркви. Од тој период се „Св. Петар“, која е целосно зачувана и „Св. Димитрија“ и „Св. Никола“ која е вградена во цистерната, а од кои денес постојат само темелите. Сите се фрескоживописани во14 век, а можеби изградени малку порано - додава Битракова- Грозданова.

Градежна техника со традиција од дваесетина века


На Голем Град има остатоци од неколку куќи од хелинистичкиот период. Тие се градени од фоја, ендемски вид бор, кој расте на островот и чии гранки лесно се преплетувале околу колци од смрека, а потоа ѕидовите се обложувале со глина измешана со слама.
Интересен е податокот што истиот систем на градење се применувал во преспанските села Коњско и Стење се до 20 век.
- Оваа техника на градење е зачувана речиси до 50-тите години на минатиот век, до кога се живеело во ваков вид куќи - вели Битракова- Грозданова.
Во куќите од хелинистичкиот период е најден богат археолошки материјал, како релјефни луксузни чаши и други садови, но и монети на македонските владетели.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1523&ArticleID=100232

batbayan
14-10-2008, 13:32
ОТКОПАН СОЛИДЕН МАТЕРИЈАЛ

Конзервацијата на скопското Кале е втор дел од проектот за откривање на локалитетот, прогласен за споменик на културата. Таму археолозите интензивно истражуваа минатата година. Тогаш имаше величествени резултати. Археолозите открија дека скопската тврдина имала најубави бедеми на Балканот во 10 век, во времето на царот Самуил. Тие открија добар дел од одбранбените ѕидови изградени од камен и тула. Фасадата личи на најубавите средновековни цркви. Според пронајдената колекција оловни пломби, една од најбогатите збирки пронајдени досега, научниците докажаа дека Скопје бил еден од најразвиените градови на Балканот.

Археологот Драги Митревски, раководител на истражувањата на тврдината, вели дека пломбите се материјал со историско значење кој покажува дека на локалитетот била сместена администрација. Тој тврди дека Кале бил значаен градски, административен и културен центар на овој дел од Балканот. Најстара фаза на живот на Калето е праисторијата, а најмладата - катастрофалниот земјотрес во Скопје, во 1963 година. Една од позначајните работи беше откривањето на средновековна црква од 13 и 14 век.

ИНФО-Нема остатоци од илирската култура

Здруженија на Албанците во земјава инсистираа во истражувањата на скопското Кале да бидат вклучени Албанци од Косово и од Албанија, стравувајќи дека домашните научници ќе ги скријат евенуалните пронајдоци со илирски карактеристики.Во едногодишните истражувања археолозите на скопско Кале не открија никакви остатоци од илирската култура.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=03EF4E03066A154884AD4779DFB3C4F5

batbayan
15-10-2008, 11:43
НЕГРИЖАЗАМАКЕДОНСКИТЕ ДРЕВНИ ГРАДОВИ

Низ античка Персеида пасат кози

Ридот над битолско Црнобуки, кој крие голем број артефакти за македонската историја, иако прогласен за заштитена зона, наместо за наоѓалиште, денес служи за паша на стоката


Куќите во Црнобуки се вистинска ризница на предмети од античко време: монети, керамика и плочи испишани со старо писмо

Цела деценија државата не издвоила ни денар за истражување на локалитетот Градиште кај битолското село Црнобуки, за каде што археолозите претпоставуваат дека се наоѓала престолнината на Персеј, последниот македонски крал од античко време. Ридот, кој крие голем број артефакти значајни за македонската историја, иако прогласен за заштитена зона, наместо за наоѓалиште, денес служи за паша на кози. Куќите во селото претставуваат вистинска ризница на предмети од античко време, монети со ликот на македонските владетели, керамика и плочи испишани со старо писмо.

- Досега сум пронашол околу 30 монети. На нив е исцртан машки лик и пишува нешто на старо писмо. Но, дел со себе зеде сестра ми кога замина за Србија - вели Тоде Јанкуловски, жител на Црнобуки. На керамичките предмети се исцртани женски фигури со ѓердани, качени на коњи. Од селските дворови ѕиркаат камени плочи испишани со старо писмо.

- Додека оравме, во 1970 година, со плугот го откопавме овој камен. Дојдоа експерти за да го прочитаат, но не кажаа што е. Потоа копавме длабоко во земјата за бунар и на четири метри наидовме на фурна градена од тули - вели Драги Белокозовски.

ЦЕЛ НА ДИВИТЕ КОПАЧИ

Жителите раскажуваат дека незаштитеното место е цел на диви копачи. Доаѓале и странци, кои од селаните барале да им дадат дел од пронајдените предмети.

За афирмација на местото во последно време се залага само Здружението Градиште-Персеида од Битола. Публицистот Кире Добрушевски, кој е претседател на Здружението, детството го минал во Црнобуки, собирајќи статуетки што плугот ги исфрлал од земјата додека татко му ја орал нивата. Сега извршува обемни истражувања низ историската литература да открие нешто повеќе за местото.

- Според археологот Иван Микулчиќ тука се наоѓал градот што македонскиот владетел Филип Петти го изградил во чест на синот Персеј и го крстил според него. Сите луѓе што тука орале, а некои и намерно копале, наоѓале монети со ликот на Филип. Дел од нив се наоѓаат во странство. Истражувањата досега биле повеќе од скромни - тврди Добрушевски. Персеј бил последниот македонски крал, кој во 168 година пред новата ера ја загубил Третата македонско-римска војна. По поразот македонското кралство било уништено, а сите богатства разграбани.

- Откако сојузниците му откажале соработка, меѓу кои се споменуваат и грчките племиња што застанале на страната на Римјаните и со оружје и со сила, Персеј ја изгубил војната. Криќани му ги киднапирале децата Лариса и Александар и му ги предале на војсководецот Луциус Емилиус Паоло. Поради грижа за нив Персеј се предал - додава Добрушевски.

ДВЕ ВЕРЗИИ ЗА СМРТТА НА ПЕРСЕЈ

За смртта на Персеј има две верзии. Едната дека починал од умор зашто римските војници не му давале да спие. Другата дека по пропаста на неговото царство, од тага престанал да јаде и умрел.

Се претпоставува дека гробницата му е во местото Маљано де Марси во Италија. Здружението Персеида добило согласност од италијанска страна за формирање мешовита група на археолози, кои ќе ја истражуваат гробницата.Дека Персеида се наоѓала во Црнобуки, во своите дела посочува и познатиот македонски археолог Ангелина Маркус. Таа апелира да се зачуваат археолошките наоди зашто таму се запишани македонската историја и име.

- Кога пред 10 години најдоа пара од периодот на Персеј, сите рекоа дека е непознат крал, непознато име и го оставија настрана без да го доработат. Така правиме со македонската историја. Треба да се отворат древните македонски градови Стибера, Алкомена, Црнобуки. Во нив има градби од прилепскиот мермер - вели Маркус.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C34A63F1FADBE840B3F2696FE7C5CE67

batbayan
21-10-2008, 13:07
Доистражени бедемските платна на Цареви Кули


Овие откритија упатуваат на можноста токму на ова место да ги лоцираме остатоците од култниот град Астраион, кој е всушност директен претходник на средновековниот Тивериопол и на денешната Струмица, вели Славица Тасева од Струмичкиот музеј


Елементи кои претставуваат реткост на балканските простори, како што се теракотните фигури на божицата Кибела, графитната слика на керамика, се пронајдени во досегашните ископувања на локалитетот Цареви Кули.
- Овие откритија упатуваат на можноста токму на ова место да ги лоцираме остатоците од култниот град Астраион, кој е всушност директен претходник на средновековниот Тивериопол и на денешната Струмица, вели Славица Тасева, директор на Регионалниот завод - Музеј за заштита на спомениците на културата и природните реткости во Струмица.

За овој археолошки локалитет годинава беа искористени три милиони денари дополнителни средства од Министерството за култура. Со тоа целосно се доистражени бедемските платна, и дефинирани се објектите, со што е олеснет пристапот за планираната реконструкција и реставрација.

На комплексот Цареви кули постоела култура стара 7.000 години. Оваа претпоставка на археолозите и материјално беше потврдена со откривањето на праисториска населба од првата половина на петтиот милениум пред нашата ера.

Инаку, за археолошките ископувања, за реконструкцијата и за изградбата на пристапниот асфалтен пат до Цареви кули досега се потрошени вкупно 28 милиони денари од Европската агенција за реконструкција, од буџетот на Општина Струмица и од Министерството за култура на Република Македонија.


http://vecer.com.mk/?ItemID=B17C68B7D29D3D448E1AF5ED4F52A0C3

batbayan
21-10-2008, 13:10
УНИКАТНО АРХЕОЛОШКО ОТКРИТИЕ НА АНТИЧКИОТ ЛОКАЛИТЕТ СТИБЕРА ВО ПРИЛЕПСКО
Пронајдена фигура на божицата Ника
Мермерна крилата фигура на римската божица Ника, висока 40 сантиметри, која потекнува од вториот век, единствена од ваков вид кај нас, е откриена за време на археолошките ископувања на локалитетот Стибера во Прилеп. Малечката Ника, за која се верувало дека им ја носи победата на натпреварувачите во спортските вештини, е во целост сочувана и ги има потребните атрибути: крила и хитон префрлен преку рамо. - Се работи за мошне вредно откритие, досега невидено кај нас. Фрагменти од истата божица се пронајдени само на археолошкиот локалитет Стоби, но никогаш не е откриена цела статуетка. Ова е навистина драгоцен примерок - вели Лилјана Кепеска, раководителка на ископувањата во Стибера. Фигурата на божицата е пронајдена во гимназиумот на Стибера, објект каде што во римско време се учеле воени и боречки вештини. Покрај статуетката на Ника, при најновите ископувања на локалитетот се пронајдени и делови од мермерна фигура на Ефеб, односно фрлач на диск, чија интегрална големина би требало да биде околу метар и половина. Археолозите ги пронајдоа раката од скулптурата, во која се наоѓа диск, и торзото на кое е префрлен плашт. Недостигаат уште потколениците, стапалата и главата. - Откривањето на скулптурите на Ника и на Ефеб во гиманазиумот се потврда дека на овие простори во римско време постоел регионален културен центар - забележува Кепеска. Во близина на гимназиумот, на античкиот град Стибера е пронајден уште еден објект, чија намена се уште не е утврдена. Во просториите на објектот е откриена мермерна арка, споменик со четириаголна форма, на кој во неколку реда се испишани податоци за лицето на кого му бил наменет објектот. Пообемни археолошки зафати на Стибера почнаа од пред неколку години, кога на локалитетот беа пронајдени значајни откритија, меѓу кои храмот на римската божица Тихе, заштитничка на градот, потоа скулптура на т.н. почесен граѓанин на Стибера, скулптура на император, возрасен Ефеб и други артефакти. Лилјана Кепеска најави дека археолошките ископувања на локалитетот ќе продолжат и во следната година, иако, како што вели, проблем претставува местоположбата на античкиот град, кој се наоѓа на приватен имот. Според археолозите, античкиот град Стибера континуирано опстојувал од 4 век пред наша ера, па се до третиот век. Најголем подем градот доживеал во периодот од 2 век пр.н.е. до 2 век, кога бил под власт на Римјаните. Историските податоци покажуваат дека животот на Стибера замира во 267 година, со наездата на племињата Готи и Херули на овие простори


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1530&ArticleID=100737

batbayan
21-10-2008, 13:27
АРХЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА ВО ШТИПСКО

Откриени базилика и винарница во Баргала

Пронајдоците уште еднаш потврдуваат дека Баргала била седиште на првата епископија на Брегалничкиот регион


Винарницата е ретко откритие и досега е откопана само една таква визба во Прилепско

Уште една ранохристијанска базилика и винарската визба од 6 век се новите откритија на археолозите ископувајќи го доцна античкиот град Баргала кај Штип. Истражувањата почнаа пред еден месец. Според археолозите, винарницата е ретко откритие, бидејќи досега во Македонија е откопана само една таква визба во Прилепско, но со поскромни димензии.

- Визбата има две винарски преси и е сместена во североисточното крило на станбениот комплекс на епископската резиденција во Баргала. Визбата најверојатно потекнува од 6 век. Сепак, ќе направиме дополнителни истражувања за прецизно датирање, за да добиеме конечна потврда - вели Трајче Нацев, археолог во штипскиот Завод и музеј.Археолозите ископале два базена, фино измачкани со малтер, длабоки 30 сантиметри. До едниот базен има голем сад со пречник од еден метар. И тој е длабок 30 сантиметри. Откако го газеле грозјето, течноста се слевала во садот, кој истовремено бил и таложник. Потоа виното го складирале во други садови.

Со ова ископување завршуваат годинашните истражувања на епископијата во Баргала, во кој досега се откриени епископската базилика, цистерна, крстосница, епископска резиденција, голема и мала бања. Комплексот е истражен и најголем дел од него е веќе конзервиран. Наскоро ќе заврши заштитата на преостанатиот дел, па археолошкиот локалитет ќе биде целосно достапен за презентација и отворен за јавноста.

ЛУКСУЗНА БАЗИЛИКА

Археолозите деновиве дошле до ненадејно откритие во централниот дел на градот. Откриле голема, трибродна базилика. Ранохристијанскиот објект бил луксузен, велат археолозите. Заклучоците ги донесле според пронајдената камена пластика и дел од мозаик. Деновиве ќе се почнат конзервацијата и реставрацијата на објектот. Предвидена е целосна реконструкција на олтарниот простор и на олтарната преграда. Ова досега е трета досега откриена базилика во Баргала. Првата беше епископската базилика, а по неа базиликата екстра-мурос, ископана кај влезната порта. Во новооткриениот верски објект во централниот дел на градот се извршувале секојдневните литургии карактеристични за ранохристијанскиот период.

- Со неа уште еднаш се потврдува дека Баргала била седиште на првата епископија во Брегалничкиот регион - велат археолозите.



Тоа го потврдуваат и пронајдоците што ги открива античкиот град на секое ископување. Пред неколку години археолозите пронашле резбана плоча од дрво, на која се претставени луѓе, лавови и геометриски декорации, датирана кон крајот на 4 век. Фрагментите од јагленисано дрво (денес конзервирани) се изложени во штипскиот Завод и музеј. Дотогаш се сметаше дека охридската скуптура на свети Климент од почетокот на 13 век е најстарото декорирано парче дрво зачувано во земјава.

ГРАД ОД 5 ХЕКТАРИ

Доцноантичкиот град е оддалечен од Штип околу 15 километри. Се наоѓа близу село Козјак, општина Карбинци. Зафаќа површина од 5 хектари. Баргала е доцноантички град, кој живеел од 4 до 6 век. Го изградиле Римјаните, како воен логор, а потоа прераснал во цивилна населба и ранохристијански епископски центар во регионот на средниот тек на реката Брегалница. Во првата деценија од 7 век градот бил разурнат при аварословенските освојувања. Во раниот среден 9 век таму постоела и ранословенска населба. Веднаш до градските ѕидини се наоѓа црквата „Свети Ѓорѓи“ од 9 век. Во последните десетина години години, на „Баргала се вршат систематски археолошки ископувања и конзервација. Дел од градскиот бедем и главната порта се целосно конзервирани.Баргала е еден од позначајните доцноантички градови во Македонија чие име етимолошки се врзува за реката Брегалница. Истражувањата на локалитетот првпат почнале во 1966 година, под раководство на д-р Блага Алексова. Во седумдесеттите години на локалитетот работела југословенско-американска екипа. Тогаш била откриена епископската базилика.

ИНФО-Три базилики во Баргала

Новоткриената базилика е трета досега откриена во Баргала. Првата беше епископската базилика, а по неа базиликата екстра-мурос, ископана кај влезната порта. Во новооткриениот верски објект во централниот дел на градот се извршувале секојдневните литургии карактеристични за ранохристијанскиот период.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=79AA3B369351EE48A141F97FCEEDD451

batbayan
22-10-2008, 13:17
АРХЕОЛОШКА ОФАНЗИВА ВО МАКЕДОНИЈА


1000 истражувачи ќе го копаат Исар Марвинци


Досега се ископани околу 1000 гробови од дивите копачи, а пронајдоците се продадени во други земји, вели Паско Кузман


Монети од македонските кралеви, теракотни фигури, керамички садови, врвови од копја, златни апликации, бронзени апликации со претстава на коњ, 6 урни, пронајден простор каде се кремирале покојници...

Ова е само дел од најновите археолошките пронајдоци на локалитетот Исар Марвинци. Втората убава археолошка најава е дека в година на овој локалитет ќе копаат дури 1000 луѓе!
- Идната година овој проект не само што ќе се повтори, туку и ќе се мултиплицира, и се надевам дека целокупно ќе се истражат сите некрополи. Тоа значи дека ќе работат околу 1000 луѓе. Ако во Македонија нема доволно луѓе, ќе ангажираме од соседните земји, рече археологот Паско Кузман на вчерашната средба со новинарите, и додаде дека овој проект е замислен и со цел да се запре крадењето на нашето културно богатство. Тој објасни дека досега се ископани околу 1000 дупки и гробови од страна на дивите копачи, а пронајдоците се продадени во други земји.

Златко Видевски, пак, раководител на истражувањата на Исар Марвинци, објасни дека на 5000 километри квадратни откриле 400 гробови. Тој ја потенцираше и вкопаната гробница во која биле погребани шест луѓе.
- Доминантно погребување тогаш била кремацијата. Хронолошки, пронајдени се гробови од крајот на петти век до крај на царскиот период во Рим. Пронајдени се и три три бустуми, просторот каде се кремирале покојниците, рече Видевски.

На прес-конференцијата беше објаснето и дека пронајдените монети биле од македонските кралеви, за нив е користен материјал од овие простори, како и дека биле ковани тука.
Паско Кузман рече дека дел од пронајдоците (маски од различен материјал на македонскиот бог Силен - пандан на грчкиот Дионис и на римскиот Бахус) укажуваат дека во Македонија имало силно развиен култ на Дионис.

Инаку, локалитетот Исар Марвинци бил најмоќниот јужен град во времето на Пајонија, со континуитет на живеење од десетина века.
Таму беше пронајден и шлемот на воен достоинственик од војската на Александар Македонски.



http://vecer.com.mk/?ItemID=37AEAB781543774A92F16A570F721191

batbayan
22-10-2008, 13:29
ПО УСПЕШНИТЕ АРХЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА ВО ВАЛАНДОВСКО
Едногодишни ископувања го чекаат Марвинци
На археолошкиот локалитет Исар-Марвинци, во близина на Валандово, кој во изминатите години беше цел на „истражувања“ од дивите копачи поради кои засекогаш се уништи значаен дел од културното наследство, во текот на наредната година ќе се спроведе голема археолошка кампања која ќе има цел детално и комплетно истражување на сите некрополи на наоѓалиштето. Како што вели Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, покрај годинешните дво и полмесечни истражувања, во текот на следната година тие не само што ќе продолжат туку и ќе се мултиплицираат, од временски и од финансиски аспект. - Имаме намера еднаш-засекогаш да го заокружиме истражувањето на седумте некрополи на локалитетот Исар-Марвинци. За таа цел ќе се спроведе целосен и детален археолошки зафат, почнувајќи од февруари, па се до декември 2009 година. Во кампањата планираме да се вклучат околу 1000 работници и максимален број стручна екипа. Ако нашата екипа не е доволна, ќе се ангажираат и научници од странство - вели Кузман. Годинешните ископувања на овој локалитет, кои завршија деновиве, беа концентрирани на некрополата и тоа на два сектори: југозападната некропола на Исар и онаа кај Лисичин Дол. Според археолозите што, се наишло на 400 гроба од широк временско-археолошки распон: од 8 век пр.н.е. па до 5-6 век. Тие додаваат дека наодите од овој зафат не само што можат да ги задоволат витрините на музејските хали во поглед на богатството на најденото, туку и можат да послужат за достојна промоција на македонското културно богатство во светот. - На Исар-Марвинци се истражувало и во минатото, но со помал интензитет во однос на годинешната кампања. На југозападната некропола кремацијата како начин на погребување преовладува, а се најдени гробни прилози од крајот на 5 век пр.н.е. па до царскиот период во Рим. Богатството во овој дел не изненади сите: најдена е една недопрена вкопана гробница со 6 урни која датира од 3-2 век пр.н е. Додека, пак, на праисториската некропола Лисичин Дол се наиде на јами во кои има мноштво керамички садови и материјали - вели Златко Видески, раководител на истражувањата. На локалитетот Исар-Марвинци се најдени и три бустуми во југозападната некропола, каде што се кремирале покојниците. Потоа има голем број садови: кантарос, олме, пехар, неколку примероци на македонски бронзи, 2 бронзени апликации: претстави на коњ и силен, златна дијадема која можеби припаѓала на некоја принцеза, фигури на луѓе, теракоти, хоплити, копја, накит... Археолошкото наоѓалиште Исар кај селото Марвинци лежи на раноантичка населба која припаѓала на долномакедонската област Амфакситида. Самиот локалитет има континуитет на живеење во периодот од крајот на вториот милениум до крајот на римскиот, односно рановизантискиот период. Во него постојат акропола, римски град, каструм - утврдување и некропола со наоди од сите периоди. По пауза од седум години се актуализира истражувањето на тој богат локалитет на кој, меѓу другото, е најден и шлемот на воен достоинственик од војската на Александар Македонски.

Ќе се гради нов археолошки музеј


Наодите од локалитетот Исар кај Марвинци, кои придонесуваат за пополнување на празнината на сознанијата на археолошката наука на тлото на Република Македонија, ќе се сместат во постановката на новиот археолошки музеј кој е во план да се изгради во Скопје. Новиот музеј ќе се гради на просторот меѓу Комерцијална банка и Новиот театар, покрај Камениот мост од левата страна на реката Вардар.
Од Музеј на Македонија информираат дека се додека целосно не се реализира оваа идеја, наодите ќе се чуваат таму, а ексклузивните ќе си најдат место и во постојаната поставка на музејот.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1531&ArticleID=100827

batbayan
22-10-2008, 13:32
БОГАТИ И НОВИ АРХЕОЛОШКИ НАОДИ ОД ЛОКАЛИТЕТОТ ИСАР КАЈ МАРВИНЦИ
Во Македонија се кремирало во 3 век пред нашата ера
Паско Кузман очекува идната година да се мултиплицира буџетот, како што вели, "за да се заврши еднаш засекогаш со Исарот" бидејќи е честа цел на дивите копачи



Ексклузивен наод од завршените, за оваа година, археолошки ископувања на локалитетот Исар кај валандовското село Марвинци се бустумите или крематориумите. На југозападната некропола се најдени урни од крајот на 5 век пр.н.е., што е доказ, како што рече Златко Видески, кустос во Музејот на Македонија, дека е вршена кремација, а најдена е и една недопрена гробница во која се најдени шест урни, за кои се смета дека се од крајот на 3 век пр.н.е. до почетокот на 2 пр.н.е..
Како што беше речено на вчерашната прес-конференција, се работело и на некрополата Лисичин Дол каде што, според истражувањата, се вршела погребувања. Тие во оваа некропола датираат од 10 век пр.н.е. до класичниот период. Карактеристично е што коските се од деца и бебиња, па археолозите допрва треба да истражат зошто децата не се кремирале тогаш.
Во некрополите на Исарот пронајдени се и бронзи, бокали, пехари, златни и бронзени апликации кои биле користени за декорација на креветите на побогатите покојници, чаши и чинии од керамика, фигури на луѓе, теракоти, маски од различен материјал на македонскиот бог Силен (пандан на грчкиот Дионис и на римскиот Бахус), накит (делови од златни дијадеми), претстава на Сончев систем - типично за македонска гробница, хоплити и копја.
Исто така, најдени се и голем број монети, ковани на македонска територија. На некои од монетите се ликовите на македонските кралеви Филип Петти и Персеј. Се претпоставува дека се од периодот кога Македонија била римска провинција.
Директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман рече дека за ископувањата кај Исар Владата дала 5 милиони денари. Тој додаде дека очекува идната година да се мултиплицира буџетот, како што рече, "за да се заврши еднаш засекогаш со Исарот" бидејќи е честа цел на дивите копачи.
За последниве два и пол месеци на некрополите кај археолошкиот локалитет Исар истражена е површина од 5.000 квадратни метри, при што се пронајдени околу 400 гробови, кои датираат од 8 век пр.н.е. до 5-6 век од н.е.


http://vest.com.mk/default.asp?id=158614&idg=8&idb=2505&rubrika=Kultura

batbayan
23-10-2008, 14:58
http://www.sitel.com.mk/default.asp?ItemID=09528E0BDE19E64C87B57887F2C469A B

Репортаж от находките

batbayan
27-10-2008, 13:56
ИСКОПУВАЊАТА НА ТАОР НА ЧЕКОР ДО ГОЛЕМО АРХЕОЛОШКО ОТКРИТИЕ
Ако има натпис, Јустинијан е наш
Местоположбата на археолошкиот локалитетот Градиште, с.Таор, се наоѓа на 20 км југоисточно од Скопје. За првпат е откриен пред повеќе од сто години од англискиот патописец Артур Еванс, кој на местото на античкиот град Скупи го препознал се уште и



Со последните ископувања на археолошкиот локалитет Градиште кај Таор, Скопско, археолозите се се поблиску до докажување дека Таор е родното место на царот Јустинијан (527-565).
Раководителот на истражувањата, виш кустос во Музејот на Скопје и археолог Киро Ристов вели дека при крајот на ископувањата во август и во септември, на устината од еден питос (голем ќуп за жито) нашле монограм на Јустинијан, кој бил употребен како печат .
За да бидат истражувачите сто насто сигурни дека Јустинијан бил роден, односно дека потекнува од Таор или антички Тауресиум потребно, е да се најде натпис со името на градот.
"Досега таков доказ немаме најдено. Но и да не го најдеме, нашите тврдења дека овде бил роден Јустинијан се базираат на други претпоставки кои во текот на истражувањето ги имаме откриено, а ги знаеме од античкиот автор Прокопиус, кој бил современик на Јустинијан.
На пример, Прокопиус вели дека Тауресиум се наоѓа во близина на кастелот (тврдина) наречен Бадеријана. Ние знаеме дека тој кастел е денешното село Бадер, оддалечено од Таор само 6 километри.
Прокопиус вели дека императорот го изградил и утврдил своето родно место и во негова близина изградил голем и убав град, нарекувајќи го Јустинијана Прима. Ние со истражувањата откривме дека целата населба била обновена по земјотресот од 518 година во Скопје, со планска изградба на јавни градби, со квалитетен материјал за кој морало да бидат употребени големи суми пари кои, пак, селаните сигурно ги немале, а тие пари потекнувале од царската куќа", образложува Ристов.
Ристов вели дека тоа е еден од поретките наоди и оти го споредувале со наодите кои досега им се познати, а откриени на мермерни капители во Константинопол и во Ефес, Турција, Филипи во Грција и во Царичин Град во Србија. Пронајдениот монограм од Таор бил спореден со овие монограми и од нив нашиот е најразвиен и најдобар. Освен тоа, нашиот монограм има три или четири крста на страните, кои кај останатите ги нема.
Сите монограми на Јустинијан се ставани на капители (горен, украсен дел од столб) од базилики.
Од претходните истражувања имале отворени два објекта, кои со сегашните истражувања биле дефинирани. Така сега се знае дека се јавни градби, при што едниот објект има три простории , а другиот четири, плус уште една помошна. Двата објекта ги одвојува улица. Пронајдени се и делови од четири индивидуални куќи.
"Со сигурност веќе знаеме дека се употребени државни пари за изработка на тие јавни градби, а тогаш на власт бил Јустинијан", објаснува Ристов и продолжува: "Вториот објект е порепрезентативен и се наоѓа на влезот од бедемот на населбата, со тоа што целиот е изработен во колонада(редица од столбови) и има кат. Колонадите се изработени од мермерни столбови со бази и капители, од кои најдовме два цели капитела, 3 фрагменти од капители и четири бази. Двата капитела за нас се многу значајни затоа што имаат ранохристијански мотиви. На едниот капител, од едната страна има крст, а на другата има розета, врамена во лаворов венец кој е царски симбол. На другиот капител - на едната страна во средината има фонтана (извор на животот) и два пауна кои пијат вода од неа. Тоа е сцена која е слична на мозаичната сцена во кршталникот на епископската базилика. Наодите потекнуваат од 6 век".
За време на ископувањата изминатите месеци, археолозите пронашле и други наоди, како ситни предмети за секојдневна употреба, бижутерија, керамика, монети, копчиња, предмети од градежна конструкција и многу стакло. Според Ристов, интересно е што наишле на различни типови на стакло, од кои најтенкото е многу помало од 1 милиметар.
"Во тоа време потребна била голема вештина да се излее такво стакло, тоа е еднакво на херојство", вели археологот и додава дека, покрај прозорско стакло, нашле и стакло за секојдневна употреба, како чаши и вазни.
За време на истражувањата во август и во септември била откриена површина од 500 квадратни метри , а биле потрошени 1 милион денари, кои беа доделени од Владата.
Бидејќи голем дел од локалитетот е истражен, Ристов вели дека в година ќе се направи проект за конзервацијата, која е планирана за во 2010 или 2011 година.
Билјана Нестороска

***

Српската теза не држи

Аргументите на Србите за да го прогласат Царичин Град за Јустинијана Прима се што досега во Македонија не се истражувани поголеми антички градови од доцната антика.
Нивен аргумент е дека Јустинијана била седиште на архиепископија, а во Царичин Град досега се откриени две цркви. Но тезата не им е одржлива затоа што на многу локалитети во Македонија, па и во Србија се откриени такви цркви, а особено што локалитетот е далеку од главната комуникација, што дополнително го негира нивниот став, вели археологот Киро Ристов.

***

За градбите

"...Некаде во подрачјето на европските Дарданци, кои живеат зад границите на Епидамнијците, во непосредна близина на кастелот наречен Бадеријана, беше село по име Таврисиј. Тука е роден царот Јустинијан, основачот на светското царство.
Опколувајќи го набрзина ова село со sид во форма на четириаголник и подигајќи на секој агол по една кула, создаде четирикулен кастел, па така и го нарече (Тетрапиргијан). Крај него изгради убав град и го нарече Јустинијана Прима, оддолжувајќи и се на тој начин на својата родителка..." (извадок од делото на античкиот автор Прокипус, "За градбите" (Де аедифициис))


http://vest.com.mk/default.asp?id=158705&idg=8&idb=2507&rubrika=Revija

batbayan
27-10-2008, 13:58
„Источниот дел од градот, освен „Каза Романа“ и „Римски Форум“ е неистражен. Во оваа прва фаза од реализацијата на проектот го одбравме просторот наспроти театарот, во правец кон двата бедеми на исток, односно кон Црна река, почнувајќи од Источниот внатрешен бедем кој е видлив на површината. Бедемот е широк 2,5 метри и навистина изгледа импозантно. Во неговата изградба јасно се забележуваат две градежни фази, од кои, во постарата, се вградени блокови и седишта од театарот на кои се сочувани делови од натписи со имиња на видни семејства во градот. Внатрешниот бедем на Стоби бил изграден во доцниот 4 век, за заштита од варварските наезди, но и од поплавите на Црна, чии наноси јасно беа забележани во стратиграфијата од неговата надворешна страна. Од внатрешната, по целата откриена должина на бедемот беа истражени културни слоеви кои припаѓаат на 5 и 6 век, кога на овој простор биле градени сиромашни куќарки и отпадни јами кои го обележуваат крајот на животот во градот. Малку повнатре, кон театарот беше откриена правоаголна градба градена од големи, убаво обработени блокови, во чија внатрешност е сместена подземна засводена градба, која ја сочинуваат две простории. За жал, истражувањата прекинаа, и градбата остана недоистражена. Оттаму, во оваа фаза е неблагодарно да се шпекулира околу тоа, каков тип на градба претставува (храм со хипогеум или пак гробница), а уште помалку за нејзината намена. Нејзиното доистражување и дефинирање ќе биде приоритет во следната фаза од истражувањата.

Откривме бројни фрагменти од керамични садови типични за доцната антика, 142 монети, фрагменти од стаклени садови, разни предмети од метал, бројни фрагменти од архитектонски мермерни украси употребени секундарно во изградбата на бедемот и една мермерна глава на жена која датира многу порано, во 1 век од н.е., откриена во една од отпадните јами“.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F598CDA0D6F1D441874192E72D999BB3

batbayan
28-10-2008, 11:03
Музејот на вода во Градиште во завршна фаза
понеделник, 27 октомври 2008




Сите градежни активности во рамките на проектот се очекува да бидат завршени до крајот на декември оваа година




Во завршна фаза се градежните активности околу изградбата на Музејот на вода во Заливот на коските во јужниот дел на локалитетот Градиште на Охридското Езеро.

Според изјавата на директорот на Управата за заштита на културното наследство, археологот Паско Кузман, сите градежни активности во рамките на проектот се очекува да бидат заокружени до средината на декември оваа година.

Кузман појасни дека досега се поставени повеќе од 800 дрвени колци од делот на објектите што ќе бидат поставени на вода, врз кои ќе бидат изградени неколку куќи со автентичен изглед од времето на неолитот. Тој додаде дека градежните работи околу делот на Музејот што е на брегот е пред завршување, како и реконструкцијата на каструмот, военото утврдување од римскиот период кое се наоѓало на ридот што се издигнува над локалитетот.

Во тек се и градежни работи за средување на патеките и хортикултурно уредување на просторот. Римското утврдување со патека ќе биде поврзано со Наколната населба и Музејот на вода, така што гостите и посетителите ќе можат со едноставна прошетка низ овој комплекс да патуваат низ времето. За полесен пристап на гостите и туристите до Музејот на вода во Градиште ќе биде изграден и посебен влез од регоналниот пат Охрид – Св. Наум.



http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=17866

batbayan
28-10-2008, 11:04
ЌЕ СЕ ОТКОПУВА МАКЕДОНСКАТА МИКЕНА



Од средината на идната недела ќе започнат истражувањата на Киклопските ѕидини, кои се наоѓаат на ридот на влезот во Охрид од правец на Струга. Според најавите на македонските археолози, се очекуваат големи археолошки откритија кои ќе имаат големо значење воопшто за светската археологија.
Археолозите претпоставуваат дека на овој простор во 358 година пред нашата ера дошол Филип Втори Македонски.Тој за одбрана на неговото кралство градел повеќе тврдини, па се смета дека токму на овој дел ги изградили Киклопските ѕидини или Енгелана. Енгелана, велат археолозите, била помоќна дури и од Самуиловата тврдина. Поради огромните камени блокови од кои е градена, а какави што речиси исти има и во Микена,оваа тврдина ја викаат и македонска Микена


http://vest.com.mk/default.asp?id=158757&idg=8&idb=2508&rubrika=Kultura

batbayan
30-10-2008, 19:06
Во "Св. Атанасиј" откриена фигура на машка глава од енеолитот


Се работи за фигура - олицетворение на наш предок кој не се разликува антрополошки од денешното население


На археолошкиот локалитет Св. Атанасиј кај кочанското село Спанчево археолозите од Музејот на Македонија открија значајни предмети од керамика, женски фигуринки, а првпат на овој локалитет е откриена и фигура на машка глава.

Според Ирена Колиштркоска-Настева, советник во Музејот на Македонија, се работи за фигура - олицетворение на наш предок кој воопшто не се разликува антрополошки од денешното население. Има мали, минијатурни, детали на него, како што се обетките на двете уши. Таа истакна дека откриената фигура на машка глава ја потврдува констатацијата дека овој локалитет заедно со веќе откриениот археолошки локалитет Пилаво кај село Бурилчево, Кочанско, се идентични и му припаѓаат на енеолитот.

Откриените праисториски алатки изработени од коска и камен, накит од школки, фигури со антропоморфни и зооморфни карактеристики, керамика со врежување на разни фигури, како и рогови од крави и елени и припаѓаат на населба со праисториско светилиште од периодот на енеолитот.

Колиштркоска-Настева рече дека од истражениот простор се заклучува дека луѓето го користеле како праисториско светилиште во периодот на енеолитот, односно во четвртиот милениум пред нашата ера.


http://vecer.com.mk/?ItemID=69399C918447DF44881C2269CE20C96E

batbayan
30-10-2008, 19:14
ПРИВРШУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ЕДИНСТВЕНОТО НАКОЛНО ЖИВЕАЛИШТЕ ОЖИВЕАНО НА БАЛКАНОТ
Праисториската населба готова до Нова година
Единствената наколна праисториска населба на Балканот, која се реконструира на водите на Охридско Езеро во месноста Градиште, ќе биде комплетно завршена и отворена за посетители во декември, вели Паско Кузман, археологот по чија иницијатива почна овој зафат. На реконструкцијата на населбата, во која имало активен живот во крајот на бронзеното време и во почетокот на железното време (1.200-800 год.пр.н.е.), се работи со полна пареа речиси цела година. Музејот на вода, како што е познат овој проект во јавноста, според археолозите, е уникатен потфат во историјата на македонската и на балканската археологија. Досега на балканските простори никогаш не била реконструирана праисториска населба на вода, иако постојат остатоци за постоењето слични живеалишта и во другите земји од полуостровот. - Во Костурско е изградена слична населба од праисториско време, но на копно. Нашава ќе биде единствена од овој вид. Таа ќе биде поврзана со патека со војничкиот логор (тврдина) од римско време кој се наоѓа во непосредна близина. Така посетителите ќе имаа ретка можност на едно место да патуваат низ повеќе историски епохи. Музејот на вода, како што популарно се нарекува зафатот, ќе биде вистинска туристичка атракција. Луѓето сакаат да видат како се живеело порано. Се ќе биде исто како што било некогаш - вели Кузман. Предвидено е на околу 1000 колци над водата да стои платформа на која ќе бидат поставени шест автентично уредени праисториски куќички. Во нив, пак, ќе бидат поставени артефактите што ги пронајдоа археолозите неколку метри под вода, за време на подводните истражувања. - Куќичките ќе ги красат керамички садови и орудија кои ги користеле праисториските луѓе, како и животински кожи кои ќе го збогатуваат амбиентот. Малечката населба со копното ќе биде поврзана со подвижен мост. Ова заливче го именувавме Залив на коските, бидејќи за време на ископувањата тука пронајдовме многу коски од праисториски луѓе. На, копното, пак, ќе има уште два објекта, еден малечок музеј со сувенирница и билетарница - вели Кузман. Недалеку од музејскиот комплекс ќе биде изградена нуркачка база, така што туристите-нуркачи во придружба на професионален нуркач ќе можат да ги разгледуваат останатите подводни праисториски наоди. - Ова неповторливо подводно доживување ќе чини скапо - најавува Кузман и додава дека ова е одличен начин за Охрид да привлече уште повеќе странски туристи. Свеченото отворање, најавува Кузман, ќе биде исто така интересно. Млади девојки и момчиња облечени во крзнени наметки, како што некогаш изгледале праисториските луѓе, ќе ги пречекуваат гостите.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1538&ArticleID=101297

batbayan
30-10-2008, 19:26
АМЕРИКАНСКА ДОНАЦИЈА ЗА ОХРИДСКОТО БОГАТСТВО
Ќе се конзервираат старите ракописи


Американската амбасада додели грант од 30 илјади долари за конзервација на старите ракописи од Охридскиот завод и музеј. Во депоата на Заводот има околу 104 старословенски и старогрчки ракописи кои своевремено ги обработил познатиот експерт Владимир Мошин.
"Ваквите ракописи вообичаено се конзервираат во НУБ 'Св. Климент Охридски' во Скопје или во Државниот историски архив. Постои можниот тие да се испратат и во Загреб или во Белград каде што има поопремени конзерваторски лаборатории за хартија. Меѓу овие вредни документи нема антички ракописи", вели директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман.


http://vest.com.mk/default.asp?id=158922&idg=8&idb=2511&rubrika=Kultura

batbayan
30-10-2008, 19:32
Неолитско село Тумба Маџари се отвора за јавноста



Денеска ќе бидат презентирани и првите две реконструирани куќи

Катерина Богоева

Скопје го доби првото реконструирано неолитско село во земјава, Тумба Маџари, подигнато на истоимениот археолошки локалитет во населбата Ченто, каде од 6.200 до 4.200 година пред н.ера, постоел евидентиран живот.
.........................

„Во реконструкцијата на куќите се користени три релевантни извори: археолошките остатоци што остануваат на терен, изгледот на керамичките модели-жртвеници-куќи од неолитот од Анзабегово-вршничката и Велушко-породинската културна група и современите примери на куќи во селата кои живеат како градителска традиција многу долго, практично неколку илјадалетија, со дебел слој лепеж од кал и плева“, стои меѓудругото во отпечатениот каталог

Во средишниот, источен ден на една од куќите била откриена мелница за жито, како и 45 цели садови и многу фрагменти од керамика. Досега откриениот материјал е изложен во постојаната поставка на Музејот на Македонија.

Првите археолошки истражувања на локалитетот Тумба Маџари, Музејот на Македонија ги извршил во 1978 година. Во периодот од 1981 до 2008 година се откриени 8 куќи. Во една од нив за прв пат е откриена, познатата ексклузивна, теракотна претстава на Големата Мајка. Таа, посочуваат археолозите, ќе стане главната нишка што го поврзува духот на човекот од неолитот во Македонија.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=89C95E3701DFA44B8E16438F04C3BBA5

batbayan
30-10-2008, 19:52
Срамежливата Венера се подготвува за изложба

Со Венера треба многу внимателно да се постапува затоа што не е секојдневен експонат, туку редок предмет, вели Јован Шурбаноски, директор на Музејот на град Скопје


Врз основа на обработката, стручњаците тврдат дека скулптурата
е работена во професионален центар во кој работеле врвни вајари

Срамежливата Венера е уметничко дело и така треба и да се третира. Мора да се внимава како ќе биде конзервирана и на кој начин ќе биде презентирана пред јавноста. Ова се дел од дилемите за заштитата и излагањето на скулптурата на божицата Венера од 3 век, која летово беше откриена во античкиот град Скупи, кај скопско Злокуќани, вели Јован Шурбаноски, директор на Музејот на град Скопје, во кој ќе биде изложена античката мермерна статуа. Неделава треба да завршат консултациите, да се одржи последниот состанок и да се формира тимот што ќе го врати ексклузивниот експонат во живот.

- Веќе неколку месеци се консултираме со повеќе конзерватори. Помош ни понудија и експерти од Италија. Не брзаме зашто со Венера треба многу внимателно да се постапува, тоа не е секојдневен експонат, туку редок предмет. Конзервацијата ќе биде деликатна. Не само што ќе треба да се залепат откршените делови, туку многу е важно како ќе се направи целата работа. Скулптурата треба да изгледа убаво зашто сама за себе е уметничко дело. Не е обичен камен што треба да се спои и да се изложи - објаснува Шурбаноски.Тоа е единствената причина што скулптурата се' уште не е изложена во Музејот на град Скопје.

УМЕТНИЧКО ДЕЛО

Во конзервацијата на скулптурата нема да учествуваат само конзерватори, туку и уметници. Освен на хемиско-технолошкиот процес, големо внимание ќе треба да му се посвети и на уметничкиот аспект. Според Шурбаноски, една од исклучително важните работи во презентацијата ќе биде и постаментот (кој не беше пронајден во Скупи).

- Грешки не смее да има. Не може да ја прилепиме набрзина за да ја изложиме веднаш. Треба да решиме како ќе биде изложена. Мора да се внимава на стабилноста зашто скулптурата е голема. Ќе биде поставена во витрина, во археолошкиот дел што е посветен на Скупи, заедно со останатите предмети пронајдени на локалитетот. Венера е ексклузивен предмет и ексклузивно ќе биде презентиран. Музеолошки и ликовно-дизајнерски ќе биде посебно обележана - вели Шурбаноски.

Археолозите велат дека пронајдената статуа, според материјалот и изработката може слободно да се спореди со кој било експонат во музејот „Лувр“ во Париз. Статуата е во природна величина, висока е 170 сантиметри и според обработката е оригинал. Се појави во еден од двата сектора на Скупи, со кој раководи археологот Марина Ончевска-Тодоровска.



НАЈУБАВА СКУЛПТУРА ВО МАКЕДОНИЈА

Срамежливата Венера има голо тело, а до нозете има делфин. Според префинето измазнетиот мермер, сигурно е работена во професионален центар во кој работеле врвни вајари, објаснува Ончевска-Тодоровска. - Ја откривме во бањата. Делфинот е атрибут за Срамежливата Венера кога излегува од вода. Најчесто била поставувана во бањи и во простории со базени. Овој пронајдок укажува дека Скупи од 1 до 7 век бил град од највисок ранг. Само богати градови може да си дозволат олку луксузни скулптури што сигурно биле поставувани во луксузни објекти - вели Ончевска-Тодоровска. Нејзините колеги без ниту еден сомнеж велат дека ова е една од најубавите скулптури досега пронајдени во Македонија. Археологот Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, вели дека според префинетоста на изработката, скулптурата најверојатно била направена во прилепскиот регион, имајќи го предвид мермерот и убавината на изработката.

Според археологот Виктор Лилчиќ, пронајдокот е уметничко дело досега невидено во Македонија. Според него, скулптурата датира од времето на Хадријан, на почетокот на 2 век. Во нашата земја досега се пронајдени седум примероци на Афродита, која во римската митологија се именува како Венера. Пронајдоците се од Стоби, Хераклеја, Штип, а најчесто се обезглавени и без нозе. Пронајдокот во Скупи е прва најсочувана скулптура на Венера кај нас.

ИНФО-Плодна година за Скупи

Археолозите велат дека скулптурата пронајдена во Скупи е врвна уметност.Треба да се направат истражувања што ќе покажат дали скулптурата е копија од оригинал од некој антички уметник или е римски оригинал. Годинашните истражувања во Скупи се покажаа како многу плодни - беше пронајдена уште една базилика и бедемот на градот од 4 век.



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=1A6B58FF1889A74BB81CCFB12B3B461F

batbayan
30-10-2008, 20:04
Неолитското село „Тумба Маџари“ денеска свечено е отворено на локалитетот меѓу СОС Детското село и стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари




Отварањето на неолитското село е прва фаза од археолошкиот проект „Реконструкцијата на неолитското село на локалитетот Тумба Маџари“.

На отворањето на локалитетот во обраќањето пред присутните министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска рече дека Македонија е една од ретките земји во светот со факти кои ја докажуваат далечната историја на нејзината цивилизација и оти мораме да ги сочуваме и откриваме овие темели на македонскиот бит.

- Пред нас уште еден огромен успех на душата на цивилизацијата, археологијата, наука која секогаш имала одговор кога историјата се бранела со молк и со празни страници, а легендите биле немоќни да посведочат за некои настани и некои времиња. Со реализација на првата од проектот за „Реконструкција на неолитското село „Тумба Маџари“ оставаме траги во времето од зародишот на нов сегемент во македонската археологија, реконструктивната археологија, истакна Канческа-Милевска.

Проектот кој го реализира општината Гази Баба, Музејот на Македонија и Министерството за култура, рече таа, е доказ за вистинскиот приод кон распослување на најмистичните длабочини на историјата на ридестиот Балкан со употреба на реконструктивни методи за автентично спојување на мозаикот кој ни открива како изгледало неолитското село во кое живееле нашите предци 8.000 години пред н.е.

- Трагите од женските раце кои останале на обредните садови, исткаените рогозини, формата и бојата на шарите врз садовите и орудијата се сведоците кои го носат кодот на цивилизацијата која ја градела светската историја од овде, од просторите кои со право го носат епитетот колевка на европската култура и цивилизација, посочи Канческа-Милевска.

Во оваа јубилејна година од првите истражувања на овој локалитет Владата и Министерството за култура, потенцира таа, реализираат повеќе капитални инвестиции во областа на културата и археологијата кои наскоро ќе бидат финализирани и претставени пред македонската и светската јавност.

Таа рече дека заштитата и вреднувањето на културното историско наследство е постојана грижа на Министерството за култура кое преку постојните инвестирања во археолошките истражувања меѓудругото настојува да се промовираме како атрактивна туристичка дестинација.

- Непобитен успех на ваквите инвестиции се истражувањата на Скопското Кале, големиот проект за возобновување на Св. Климентовниот универзитет на Плаошник, а во тек е и завршната фаза од изградбата на Музејот на вода во Охрид. Археолозите активно ја истражуваат внатрешноста на македонската земја на локалитетите Скупи, Стоби, Тетовско Кале, Виничко Кале, Царевите кули, Хераклеја, Марвинци, Стибера, Штипскиот Исар, Баргала, Вардарски рид итн, додаде министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Градоначалникот на Општина Гази Баба Коце Трајановски рече дека локалитетот неолитското село „Тумба Маџари“ ќе значи многу за локалниот културен развој на општината и ќе биде културна атракција на општина Гази Баба и на Република Македонија.

- Со локалитетот сакаме да покажеме дека Македонија има големо културно наследство, оти во неа уште пред 6.000 години имало живот. Ова го докажува нашиот идентитет, постоење, милениуми уште пред Христа. Ова е наследство не само наше туку на целото човештво, истакна Трајановски.

Со проектот се предвидува изградба на четири едукативни објекти во западниот дел од просторот кој припаѓа на Музејот на Македонија, каде што е потврдено дека не се сочувани никакви археолошки наоди.

Во првата фаза завршена е реконструкција на две неолитски куќи и е уредена нивната внатрешност со поставување копии од оригинални предмети пронајдени на локалитетот во текот на досегашните археолошки истражувања.

Целта на проектот е да се оформи сеопфатна визуелна претстава за животот во неолитската населба на овој локалитет, која егзистирала во периодот од 6200 до 4200 година пред н.е. На овој начин, локалитетот кој е веќе потврден во научната јавност ќе стане достапен за јавноста за неколку цели: научни, едукативни и туристички.


http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=18011

batbayan
31-10-2008, 12:28
Откриен комплекс од утврдени локалитети

Истражувањата се во рамките на проектот „Истражување на археолошкиот комплекс локалитети Демир Капија и Корешница“ со кој раководеше Виктор Лилчиќ



Монети од македонските кралеви и неколку досега непознати утврдени археолошки локалитети, споменици на културата од прва категорија, открија археолозите истражувајќи го теренот кај Демир Капија во последните два месеца. Овие податоци на археолозите им даваат многу сознанија за минатото на нашата земја.

Истражувањата се вршеа во рамките на научноистражувачкиот проект „Истражување на археолошкиот комплекс локалитети Демир Капија и Корешница“ со кој раководеше археологот Виктор Лилчиќ, професор на катедрата за археологија при Филозовскиот факултет. Заедно со неговиот соработник, археологот Антонио Јакимовски во акцијата учествуваа и тим студенти и работници од Корешница и од Демир Капија.

- Откривме монети на македонските кралеви Аминта Трети, Филип Втори, Касандар и Деметриј Први Полиоркет. Се чини дека во архајскиот период дел од стратегиските позиции држеле Пајонците, можеби лично владетелот Теутај. Но, некој од македонските кралеви ги одзел ридовите околу Демир Капија и оформил систем тврдини за одбрана на главниот приод кон кралството Македонија по долината на Вардар - објаснува Лилчиќ.

Во истражувањата е откриена највисоката тврдина над демиркапискиот теснец Просек. Била изградена на високиот врв Горни Краставец, на височина од 899 метри. Просторот на тврдината на Горни Краставец е површински целосно истражен и документиран. Откриени се предмети од најмалку две фази на живот - времето на Александар Македонски (336-323) и Деметриј Полиоркет (294-287), а повторно била запоседната во доцноантичкиот период, во 4 век.

- Комплексот градови и тврдини околу Демир Капија претставуваат уникатен, единствен културен феномен во Република Македонија - вели Лилчиќ. Тој најавува долгогодишна соработка со локалната самоуправа за Демир Капија да го добие соодветното место и во стручната и во научната литература и во развојот на културниот туризам.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=73162E6FF8390C42A9AD2A8F5F91914D

batbayan
31-10-2008, 12:42
Видео от неолитското село "Тумба маджари":

http://a1.com.mk/vesti/video.asp?Video=08/tumba-madzari-30-10.wmv&VestID=99518

batbayan
05-11-2008, 13:15
АРХЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА ВО ОХРИД

Почна потрагата по престолнината на Енхелеите


Според Паско Кузман, локалитетот е атрактивен зашто стратегиски е многу значајно место

Почнаа потрагите по археолошките остатоци на киклопските ѕидини, археолошки локалитет од 7 век пред новата ера, што се наоѓа над базиликата „Св. Еразмо“, Охридско. Од првите удари на копачите почнале да излегуваат многу движни наоди, претежно изработени од керамика, информира археологот Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.Истражувањата што требаше да почнат лани под покровителство на Општината во Охрид почнаа годинава, а ги финансира Министерството за култура со два милиона денари.

- Истата сума требаше да ја добиеме од Општината, но тоа не се случи. Сега работиме со буџет од програмата на Владата. Се надевам дека времето ќе биде убаво и дека ќе можеме да ископуваме до крајот на месецот - вели Кузман.Тој објаснува дека бедемите над „Св. Еразмо“ ги викаат киклопски ѕидини поради големите мегалитни камени блокови, вградени во тврдината.

Целта на ископувањата, вели Кузман, е да се истражи локалитетот, да се презентира, зашто е од огромно археолошко и историско значење за Охрид. Тој смета дека киклопските ѕидини и' припаѓаат на престолнината на Енхелеите - племе кое живеело на тие простори во 7, 6 и 5 век пред новата ера. Податоците од истражувањата ќе бидат значајни зашто археолозите ќе констатираат дали Енхелеите биле македонско, илирско или некое друго племе.

Кузман вели дека локалитетот е атрактивен зашто стратешки е многу значајно место. Поставена над базиликата „Св. Еразмо“, тврдината се наоѓа покрај патот Охрид-Кичево-Скопје, во близина на охридскиот аеродром и ќе биде привлечен за посетителите на Охрид, за туристичката и за научната јавност. Според проектот, се планира подолга археолошка кампања за да се обезбедат научни сознанија што ќе го осветлат животот во 5, 4 и 3 век пред новата ера.

Археолозите за локалитетот имаат одредени податоци од истражувањата што пред околу 75 години ги направиле германски и археолози од Белград. Тие успеале да откријат еден економски дел на градот, на тврдината, во кој нашле многу питоси - садови во кои се чувале прехранбени продукти. Според старите претпоставки, локалитетот е тврдина од 4 и од 3 век пр.н.е.Археолошките истражувањата треба да покажат дали има постара хронолошка детерминација.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DC3E43625A32A44A8B735C7330746F6D

batbayan
06-11-2008, 15:25
ПО ШЕСТ ДЕЦЕНИИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА МАКЕДОНСКАТА АРХЕОЛОГИЈА
Ниту еден локалитет целосно не е истражен
Ископувањата на археолошките локалитети во Македонија, почнати кон средината на минатиот век, се уште не резултирале со барем едно комплетно истражено наоѓалиште. На Хераклеја Линкестис, еден од најзначајните локалитети во земјава, работите се почнати во далечната 1959 година, а досега се истражени само 8-10 проценти од целокупната негова површина. На Стоби, пак, активностите почнале во 1955 година, а со прекини овој римски град се истражува до денес. На Баргала во близината на Штип и на Скупи континуирано се ископува од 1966 година, на Вардарски Рид од 70-тите години на минатиот век, а на виничко Кале од 1985 година. И покрај повеќедецениските зафати, немаме целосна слика за тајните што ги кријат овие наоѓалишта, бидејќи најголем дел од нив се 90 проценти неиспитани. Според археолозите, предолгите археолошки истражувања, кои во нашиот случај се протегаат во два века, се резултат на немоќта на државата финансиски да поднесе голем зафат, како што е потполно истражување на еден локалитет. - Нашата археолошка наука не е финансиски поддржана како во европските земји. Таа не можеше да си дозволи интензивно и континуирано истражување, барем не досега - вели Зоран Николовски од Битолскиот музеј, под чија надлежност е локалитетот Хераклеја Линкестис. Според него, подобро е откритијата да стојат во земја, отколку да се извадат на виделина и да пропаднат поради неможноста правилно да се конзервираат и зачуваат. Според Паско Кузман, археолог и директор на Управата за заштита на културното наследство, македонски локалитет кој е најблиску до целосно откривање е Плаошник. Таму се одвиваат едно и полугодишни непрекинати истражувања, кои во моментов финализираат. - Истражувањата на Плаошник се дојдени до самиот крај. Останува уште малку да се доработи во наредната година - вели Кузман. Меѓу нашите научници има и такви што сметаат дека во природата на археолошката наука е да не оперира со строги временски определби, бидејќи речиси никогаш не може да се констатира дали едно наоѓалиште е комплетно истражено. Според археологот Марина Ончевска-Тодоровска, која ги води истражувањата на римскиот град Скупи, на тој принцип се размислува и во западно-европските држави. - Работата на археолошки локалитет се чини бесконечна. Скупи, на пример, претставувал значаен градски центар во римско време, во него постоел активен живот 700 години, тука живееле генерации луѓе и него го освојувале разни народи. Кога се размислува за него на овој начин, јасно е дека и децениски ископувања не можат да ја финализираат неговата приказна - вели Ончевска-Тодоровска. Истражувачките зафати во Македонија се иницирани меѓу двете светски војни, но систематски археолошки ископувања почнале дури по Втората светска војна. Најинтензивно се работело во 60-тите години на минатиот век, а процутот на македонската археологија се случил кон крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите години на минатиот век. Тогаш првпат кај нас влегуваат и странски донации во оваа научна област.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1544&ArticleID=101762

batbayan
06-11-2008, 15:46
Керамика, орудија и римски монети откриени околу Трескавец



Автор: Ка.М.

Садови и градежна керамика, орудија и римски монети се откриени околу манастирскиот комплекс Трескавец во археолошките истражувања на секторот Клепало, кои завршија деновиве. Наодите говорат дека овој простор бил значаен и се користел во континуитет од праисторијата до денес.

- Просторот околу Трескавец бил важен од повеќе аспекти - религиозен, стратегиски, културен и општествен. Наодите што ги пронајдовме говорат за неговата важност - вели археологот д-р Бранко Ристески.

Годинашните археолошки ископувања во манастирот Трескавец беа подготовка за обемните активности што треба да се реализираат идната година со што ќе се реши целиот манастирски комплекс, кој е доста значен од културен аспект не само за градот, туку и за Македонија.

И годинашните истражувања беа поддржани од Министерството за култура, кое најави дека в година на Трескавец ќе се вршат обемни археолошки и конзерваторски зафати. Планирано е да се гради и пат за кој локалната самоуправа веќе подготвува проект.

Во последниве дваесетина години на Трескавец се реализирани само два-три истражувачки проекти. Пред неколку години имаше археолошки истражувања околу црквата. Целосно истражувања на комплексот, тврди археологот Ристески, имало пред 40 години.

Манастирскиот комплекс Трескавец е нем сведок за богатото културно и духовно наследство на овој регион. Го сочинуваат црквата „Успение на Пресвета Богородица“, манастирските конаци и влезната порта со кула-камбанарија.



http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=224&ArticleID=10561

batbayan
15-11-2008, 13:14
БРОНЗЕНИТЕ МОНЕТИ ОД ИСАР-МАРВИНЦИ ДАТИРААТ ОД ЧЕТВРТИОТ ВЕК ПРЕД НОВАТА ЕРА
Александар Македонски ковал пари со олово од Кратово
Античките монети професорите Блажо Боев и Соња Лепиткова од Факултетот за рударство во Штип, и професорот Владимир Берманец од Природно-математичкиот факултет во Загреб ги испитувале во лабораторија во германскиот град Дармштад каде што, со п



Бронзените монети од времето на Александар Македонски, кои се ископани од археолошкиот локалитет Исар-Марвинци, на седум километри од Валандово, датираат од четвртиот век пред новата ера и се ковани со олово од Кратовско-злетовската област.
До овие сознанија минатата година дошле професорите Блажо Боев и Соња Лепиткова од Факултетот за рударство, геологија и политехника во Штип, и професорот Владимир Берманец од Природно-математичкиот факултет во Загреб. Античките монети професорите ги испитувале во лабораторија во германскиот град Дармштад каде што, со помош на неабразивен или недеструктивен метод, го утврдиле точниот состав на монетите, а потоа и од каде се земени рудите за да се исковаат.
Професорката Соња Лепиткова, која сега е на функцијата заменик-министер за животна средина и просторно планирање, вели оти со истражувањата утврдиле дека монетите од времето на Александар Македонски, освен што содржеле бакар и цинк, имале и зголемени количини олово. Таа објаснува дека со изотопска анализа ја определиле и староста на рудите од кои се направени монетите, и така ја утврдиле и староста на монетите.
"Монетите потекнуваат од 4 век пред нашата ера, а направени се од руди од Кратовско-злетовската вулканска област. Ги анализиравме и шлемовите кои беа најдени во Исар-Марвинци кои, исто како и монетите, се направени од руди од Кратово. Овие сознанија укажуваат дека античките Македонци живееле на овие простори, а самиот Александар Македонски за ковање на монетите со неговиот лик користел кратовска руда", вели Лепиткова.
Истражувањето на монетите е правено така што со посебен метод се бомбардира јадрото на оловото и се утврдува од кои изотопи е составена токму посочената руда. Во зависност од периодот на полураспаѓање на изотопите, се утврдува и староста на рудите, а оттаму и староста на монетите. Овој метод на истражување е многу популарен во светската археолошка наука, а од друга страна е безбеден, бидејќи не се уништуваат предметите кои се истражуваат.
"Планираме со овој метод да ги истражуваме и артефактите кои се најдени на останатите наши археолошки наоѓалишта", вели Лепиткова.


http://vest.com.mk/default.asp?id=159666&idg=8&idb=2525&rubrika=Revija

batbayan
17-11-2008, 15:13
Еден месец по откривањето на ритуалната погребна кочија на локалитетот Габревци, во општина Конче, штипските археолози открија нови артефакти од раноримскиот период во Македонија.
Раководителот на археолошката акција Трајче Нацев вели дека во првата етапа од истражувањата откриени се 130 керамички садови и деформирани предмети од бронза.
Локалитетите во близина на село Конче, се познати по повеќето могили кои датираат од првиот век од нашата ера, а дел од нив се од доцниот бронзен период. Во таканаречените тумули се откриени кремирани човечки остатоци.
Истражувањата на локалитетот Габревци и потесната околина ќе продолжат и во наредната година.


http://vecer.com.mk/?ItemID=CAF7B1CEC9BECE4B8722DAAA406E0E28


Откриена керамика од 1400 година пр.н.е
Сто и триесет керамички садови и предмети од бронза се откриени на локалитетот Габревци, во општина Конче, каде неодамна беше откриена ритуалната погребна кочија од раноримскиот период во Македонија. - Откритијата се дел од некропола каде што е извршено кремирање под голема температура, поради што материјалите од метал се деформирани - изјави археологот Трајче Нацев, раководител на истражувањето. Локалитетите во близина на село Конче се познати по повеќето могили кои датираат од првиот век од нашата ера, а дел од нив се од доцниот бронзен период. Во таканаречените тумули се откриени и кремирани човечки остатоци. - Тумулот и целиот движен археолошки материјал временски можеме да го сместиме во доцната бронза, односно од 1400 до 1200 година пр.н.е. Ова е втор случај на ваков тип некропола, а прв од типот во кои е извршено тумуларно погребување - вели Нацев. Истражувањата на локалитетот Габревци и во околината ќе продолжат и следната година.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1553&ArticleID=102415

batbayan
18-11-2008, 13:41
Да ја гледаат Македонија и да се чудат на богатствата и на величието


Многу луѓе ќе бидат ангажирани за да се завршат несвидните приказни за "Марвинските некрополи", за да не се буричкаат несмасно илјадници покојници кои таму биле погребани да почиваат во својата вечност, за да се завршат морбидните грабежи на гробовите од нашите предци и морбидните трговии со ѓаволот...


В година на Исар - Марвинци ќе копаат 1000 луѓе. Што очекувате да се најде штом се ангажираат толку луѓе? Дали досега на Балканот имало ваква голема археолошка акција?
- Тоа е симболична бројка за да се потенцира исклучителната потреба за решавање на тој археолошки јазол. Многу луѓе ќе бидат ангажирани за да се завршат несвидните приказни за "Марвинските некрополи", за да не се буричкаат несмасно илјадници покојници кои таму биле погребани да почиваат во својата вечност, за да се завршат морбидните грабежи на гробовите од нашите предци и морбидните трговии со ѓаволот... Тоа е едната страна, а другата е да ги истражиме овие "вечни почивалишта" како што дозволува научната етика, да ги збогатиме нашите сознанија за фундаментите на егзистенцијата на современиците и да ги збогатиме нашите нови "чувари на вечноста" - музеите. Очекуваме откритија од најзначајните периоди на формирање на етничките супстрати на нашите простори (бронзеното и железното време) и од античкиот класичен период, од македонскиот, преку римскиот до доцноантичкиот период. Тоа ќе бидат гробници со различни архитектонски карактеристики, зависно од нивното време и предмети кои ќе говорат за живеењето на нашите цивилизациски претходници сместени во тие "домови на вечноста".

Археолошките ископувања за годинава завршија. Која е Вашата оценка за вредноста на пронајдоците?
- Пронајдоците ја збогатија македонската и европската археолошка ризница. Археологијата е наталожено време. Наталоженото време е единственото време кое не одминува. Поради тоа археологијата е богатство кое возбудува. Колку повеќе наталожено време толку поголема димензија на нашето постоење. Археолошките пронајдоци кои беа извлечени од пластовите на земјата во која се запретани стопати повеќе милијарди умови отколку што денеска ги има планетата, претставуваат згусната енергија која зрачи и ја осветлува нашата иднина.

Имате ли некаква трага, сознанија, за нови златни маски?
- Има, во соништата кои секогаш извираат од потсвеста. Таму долу, долу, каде што вечноста дише... Ги знам тие скриени долини, таму ме чека времето, моето време, златното време кое ме гледа однатре преку затворените очи на златните маски. Ете, се е јасно, само да стигнам дотаму.

Кој е најголемиот археолошки сон на Кузман?
- Да ги остварам соништата на сите оние кои веруваат во мене. Јас, лично, отсега натаму сонувам за конечна реализација на замислите со Кастелото кај Кожле, заедно со археологот господин Спасиков, да ја отсонувам Енгелана, старите пајонски гробишта во потрага по Кралот, да го видам оддалеку Стоби како цути, да стигнам до златната маска од последниот требенишки кнез (онаа од Горна Порта во Охрид припаѓаше на лихнидската принцеза Аналела од V век пред нашата ера), да ги посетам уште еднаш моите пријатели од бронзеното време... Всушност, најголемиот археолошки сон ми е да ја видам Македонија во која ќе биде откриен, конзервиран, реставриран, делумно реконструиран и презентиран по еден археолошки локалитет-град од сите цивилизации кои во минатото престојувале во оваа наша земја по повеќе од 100 години и таква една карта да ја пласираме по сите меридијани на планетата Земја. Да ја гледаат и да се чудат на богатствата и на величието...

Да ги потсетиме читателите: зошто Паско Кузман секогаш носи повеќе часовници на раката?
- Двата се за патување низ времето, а третиот е археолошки сат. Понатамошното објаснување нема да го разберете ниту Вие, ниту читателите. Накрај, тоа е моето тајно археолошко решение на Ајнштајновата формула и негова примена во огромната вселенска слобода.

До каде е изградбата на Музејот на вода во Градиште? Што би издвоиле како посебно интересно од наколната населба?
- Музејот на вода е работен наслов за музејскиот комплекс на локалитетот Плоча Миќов Град во Заливот на Коските на полуостровот Градиште на Охридското Езеро. Реконструкцијата на праисториската надводна населба е во завршна фаза, остатоците од римскиот каструм се конзервирани и реставрирани, пристапниот објект на копното е во фаза на ентериерно уредување и подготовка на перформансна постојана изложба која ќе се обиде да го презентира дното од езерото онака како што го гледав јас додека во подводна истражувачка акција често пати во време од осум години бев под водата заедно со Мико и "подводните" пријатели, базата за подводен туризам исто така е во фаза на внатрешно уредување, илуминирањето се подготвува, пристапната и другите патеки се привршуваат... Значи, приказната започнува. Што би издвоил? Се, како една временска целина, во која ништо не претставуваат стотици години од едно до друго време на пат долг стотина до двесте метри! Верувам дека таа целина ќе биде една мала Македонија која ќе мора да ја запамети секој посетител.


http://vecer.com.mk/?ItemID=573C2158E6E9CF45936577A785FBF2B3

batbayan
19-11-2008, 13:27
Крстот низ вековите во Македонија



На изложбата „Крстови“ во Музејот на Македонија се презентирани 113 експонати датирани од 4 до 20 век

Катерина Богоева

Крстот во македонскиот културен простор, прикажан за прв пат како тема на изложба со едноставен наслов „Крстови“ во Музејот на Македонија, е ретка можност јавноста да се запознае со дел од сочуваните примероци од повеќе институции и една приватна колекција. Презентираните, впечатливи 113 крстови датирани од 4 до 20 век, ја покажуваат човековата креација, верба, содржана во еден од најприсутните христијански симболи.

Како што напоменува авторот на изложбата, виш кустос Марија Мурџева, раководител на музејскиот Оддел за уметност, тие досега им биле познати на тесен круг стручни лица, а дел од нив во оваа прилика за прв пат се обзануваат во јавноста. Станува збор за вредни примероци што за оваа намена ги отстапиле Музејот на Македонија, Заводите и музеите во Прилеп, Охрид, Струмица и Битола, Музејот на град Скопје, музеите во Куманово и Тетово, Националниот конзерваторски центар - збирка „Стоби“, Институтот за старословенска уметност во Прилеп, Филозофскиот факултет во Скопје и фамилијата Јовчевски.

Дел се археолошки наоди, дел се добиени како подарок или по пат на откуп, но и за заштитување на црковниот инвентар. „Заради својата исклучителна графичка едноставност, овој знак се употребувал и во предхристијанскиот период. Се среќава уште во неолитот. Врежуван бил на мегалитските споменици, го има на садовите за домаќинство, како и на разни фигурини. Во многуте различни форми во кои се среќава, бил симбол на сонцето, среќата, плодноста, здравјето. Во египетската култура типот на крст ANKН (crux ansata) е хиероглифски идеограм, симбол на животот. Крстот е основа на сите симболи на ориентација. Ориентација во однос на самиот себе, како и во однос на небесните и земни стожерни точки. Тој е раскрсница на патот на животот и на патот на смртта.Осудениот Христос бил распнат на ваков крст, кој станал синоним за мака и страдање, за вера и припадност“, вели Мурџева и потсетува дека во времето на Константин Велики, кога христијанската црква е призната како службена религија, крстот почнува да се употребува како симбол во декоративни и симболични цели. „Оттогаш, Константиновиот моногамен крст, украсен со скапоцени камења,(crux gemmata), бил пример на изработка на многу крстови, особено на оние кои се создавани до VII век. Со украсувањето се тежнеело да му се одземе срамната димензија на распнувањето како казна. Со време, се појавуваат повеќе видови крстови. Неговата едноставност како облик дозволува разноликост во уметничкиот израз на формата и декорацијата. Неговата мистична симболика, во сите нејзини идејни форми, рефлектира ненамерна идолатрија преточена во канонски облик“.

Во однос на намената, употребата и функцијата на крстовите, направена е типологија на 12 пооделни видови крстови: реликвијари - енколпиони, приврзоци, процесиски или литиски, разводници/хоросни, пломби, апликации, рачни крстови за целивање, престолни, крстови - окови- оплати, крстови проскурници, слободни самостоечки и иконостасни крстови.

„Со изложбата сакаме да ја прикажеме појавноста на крстот во Македонија и неговото присуство низ вековите. Да покажеме дека христијанството е присутно од самите негови почетоци, а за нас е особено важно, што на територијата на земјава ги има сите познати типови крстови. Но, сеуште во некои музејски депоа има крстови што чекаат да бидат видени од јавноста“ вели Марија Мурџева. Најстариот презентиран крст на изложбата е откриен на Цареви Кули во Струмица и датира од втората половина на 4 век. Следуваат Константиновиот крст во теракота од Виничко Кале ( 4- 6 век), период од кој датира и крстот приврзок - аграфа, откриен на локалитетот Црквиште кај Демир Капија. Воодушевува мајсторството вткаено во изгледот на бронзените светилки од Стоби од 5 век, на кои крстот се наоѓа на самите дршки, како и формите на крстовите разводници од 6 век, на крстовите приврзоци од Радолишта, Струга(XI век), реликвијарите од Плаошик во Охрид (X-ХI век), од Могила, с. Видовиште Штип. Вниманието меѓу другите, го привлекува и крстот енколпион од Скопската тврдина (IX-X век), процесискиот крст од Хераклеја (X-XII век), иконостасниот крст, „Распетие“ од 1584 година, дрвениот крст од црквата „Св. Никола Болнички“ во Охрид, изложениот проскурник од с. Селци, Дебарско (XIX век), пекторалниот крст од Крушево, напрестолните крстови, крстовите апликација, кандилата, вотивниот сад за црковни дарови и др.


http://utrinski.com.mk/?ItemID=123DD7F89E5F104192D74B9514A7BE3F

batbayan
20-11-2008, 11:07
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО

Подновена археолошката поставка во велешкиот музеј


Збирката содржи керамички предмети што се користеле за секојдневните потреби

Нова праисториска археолошка поставка е отворена во Народниот музеј во Велес.Музејските витрини се исполнети со околу 50 експонати од куќниот инвентар на енеолитска куќа, која датира околу 3.000 години пред новата ера, пронајдена на локалитетот Кале кај Стари Град, Велешко. Збирката содржи керамички предмети и разни орудија што се користеле за секојдневните потреби. Направена е и реконструкција на основата на куќата. Во поставката има и недвижни предмети иод некрополата Манастир кај Чашка.Новата поставка е резултат на долгогодишните истражувања на археологот Трајанка Јовчевска, кустос-советник од Музејот во Велес. Таа деновиве објави две монографии во кои ги претставува бронзеното време и неолитот, преку двата локалитета.

- Се надевам дека успеав да го доближам времето што го истражувам веќе седум години. Се обидов посликовито да ги прикажам двата локалитета. На некрополата Манастир наидов на специфичен начин на погребување, а локалитетот Кале го претставувам преку животот на луѓето што живееле таму - вели Јовчевска.Таа пред неколку години ја откри глинената флејта, окарината.Според Златко Видески, археолог од Музејот на Македонија, некрополата Манастир е еден од ретките целосно истражени локалитети во Македонија.

- Со добивањето на податоците што недостигаа, може темелно да се анализира македонската праисторија. Со извршените проучувања Кале е поставен како важен археолошки пункт на праисторијата на Балканскиот Полуостров, кон крајот на бронзеното време. Добиваме целосна слика за организирањето на некрополата, за период кој во Македонија не е документиран - изјави Видевски.

На некрополата Манастир луѓето биле кремирани, што е спротивно на тогашната традиција на инхумирање. Според истражувањата на Јовчевска, луѓето во тоа време не живееле долго, просечниот век бил околу 30 години. Се забележува висок степен на смртност кај децата. Локалитетот Кале, кај Стари Град е претставен преку две неолитски куќи.

- Важно е што е анализиран економскиот момент на живеењето, основните стопански гранки - земјоделството и сточарството и споредните стручни занаети. Луѓето што живееле таму се занимавале со обработка на камен, коска, на рог, а најважно им било керамичкото производство. Тоа ја прави оваа куќа значајна бидејќи е втора во земјава, стручно и комплетно истражена - вели Видески. На локалитетот Кале во три сектори се откриени куќи од енеолитот, од античкиот период и средновековна некропола со црква, што зборува за континуиран живот од енеолитот до 14 век.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=ED70553DB57B9143BE2D64DF14270158

batbayan
27-11-2008, 15:35
Охридскиот музеј на вода ќе биде отворен на 8 декември



ОХРИД - Привршуваат работите на реконструкцијата на неолитската наколна населба кај Градиште и таа свечено ќе и' биде презентирана на јавноста на 8 декември, Денот на Свети Климент Охридски. „Се работи за еден од најзначајните проекти финансиран од владата на Република Македонија. Оваа населба е единствена на Балканот која покрај археолошка, ќе биде и туристичка атракција. На туристите покрај обиколката ќе им се нуди и можност да нуркаат и да го видат подводниот свет на Охридското Езеро“, вели Паско Кузман, првиот човек на Управата за заштита на културното наследство.

Наколната неолитска населба се наоѓа на автокампот Градиште, на локацијата која археолог Паско Кузман ја нарече „Заливот на коските - Миќов град“, и ја откри со помош на нуркачите од Клубот за подводни активности од Охрид. Во текот на повеќегодишни истражувања тие пронајдоа многу артефакти и за првпат во Македонија ја промовираа подводната археологија. „Реконструираната неолитска наколна населба е единствена на балканските простори. Слична е онаа во Костур, во Грција, но таму населбата е направена на копно во близина на вода. Изведбениот проект е изведен врз основа на пронајдените археолошки наоди и потврдени претпоставки за нејзиниот визуелен изглед“, објаснува Кузман. Според него, раритетно е тоа што колците на кои во вода е поставена населбата, се специјално импрегнирани во Словенија и ќе нема опасност од нивно скапување.

Наколната населба ќе има два пристапи кон копното. Едниот ќе биде наменет за туристите кои ќе ја разгледуваат населбата и артефактите, а вториот за нуркачите кои на посебен дел на туристите ќе им овозможуваат да учат да нуркаат или со помош на искусни нуркачи да ги гледаат подводните убавини на езерото и археолошкото наоѓалиште. „Населбата покрај тоа што е единствено вака реконструиран археолошки обид, е и меѓу ретките кои имаат однапред осмислени комерцијални содржини“, вели Кузман. За него наколното живеалиште ќе биде и единствениот музеј на вода во поширокиот регион. (С.И.)


http://utrinski.com.mk/?ItemID=1A506D45ED89CA489594773D462F4923

batbayan
27-11-2008, 15:37
Фатени диви копачи на археолошко богатство



Автор: О.Ч.

Двајца гевгеличани, диви копачи, завчера биле приведени, а при претресот во нивните домови била најдена колекција на археолошки предмети што потекнувале од антиката. Станува збор за Ангел Ш. (56) од селото Мрзенци и за Зоран М. (55), против кои биле поднесени кривични пријави за присвојување добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.

Првичните информации кажуваат дека станува збор за исклучително вредни предмети, кои потекнуваат од македонскиот империјалистички период од 5 и 4 век пред нашата ера, како и од римскиот период од 3 век п.н.е. Одземените предмети, кои имаат непроценлива археолошка и историска вредност, деновиве ќе бидат доставени на вештачење и стручна анализа во Управата за заштита на културното наследство при Министерство за култура и потоа ќе бидат реставрирани од експерти.

Засега не е познато од каде биле ископани овие предмети, но се претпоставува дека тие потекнуваат од античкиот локалитет Исар-Марвинци, кој се наоѓа во околината на Гевгелија.

Според МВР, акцијата за откривањето на двајцата осомничени диви копачи траела неколку месеци и во тој период биле собрани сигурни информации за нивните нелегални активности. Така, по добиен налог од истражен судија, полициски екипи истовремено упаднале во нивните домови и извршиле претреси. Во домот на Ангел биле најдени две метални глави со приказ на коњска глава, две метални глави со приказ на глава од орел, метален предмет со приказ на глава од орел со дополнителни странични апликации од лебед, кои најверојатно се делови од кочија, три антички монети и неколку украсни предмети, накит и орудија. Кај гевгеличанецот, пак, биле најдени камен фрагмент со изгравиран релјеф, метален сад, метална чаша со изгравиран релјеф, метална игла со изгравиран релјеф, неколку керамички фрагменти од два антички сада, украсен метален предмет со апликација во форма на глава од змија, фрагменти од монистри, приврзок со тристрана форма, тока од ремен, метални приврзоци и неколку монети.

Во полициската станица, пред истражните органи, Ангел изјавил дека не ги ископал тие предмети туку дека пред еден месец ги купил од скопјанец. Вториот приведен, пак, тврдел дека поголемиот дел предмети самиот ги нашол додека копал шупа во селото Сермелин, а некои од нив ги купил и од жител на Миравци пред петнаесетина години и ги чувал.

Од МВР информираат дека Зоран М. веќе бил пријавуван за истите дела, како и Ангел Ш., кој пак во своето досие има кривични пријави за друг вид криминал.


http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=2&fCat=1&EditionID=244&top=1&ArticleID=11958

batbayan
29-11-2008, 14:57
ДВАНАЕСЕТ ГОДИНИ ОД ПОСЛЕДНАТА МОНОГРАФИЈА ЗА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО
Богатства имаме, ама не ги објавуваме
Кате Антевска

Повеќе од една деценија помина од објавувањето на последната монографија посветена на археолошките и на културните богатства откриени на македонско тло, насловена „Македонско културно наследство“ и потпишана од група археолози и историчари на уметност во 1996 година. И покрај обемните археолошки истражувања и раритетните откритија во последниве неколку години, ништо од пронајденото богатство не доживеа да биде претставено во облик на научно-популарно издание, истражувачка студија или монографија. Според археолозите, тоа го оневозможува понатамошниот живот на ископаните артефакти и нивното сместување во одреден историски контекст, бидејќи со нив не е запознаена ниту пошироката научна јавност надвор од нашите граници, ниту, пак, домашната публика надвор од археолошките кругови. Според најавите од Министерството за култура, долгиот период на стагнација во археолошкото издаваштво конечно ќе заврши. Министерството планира неколкугодишен проект кој предвидува објавување серија изданија за најзначајните македонски археолошки локалитети, манастири и споменици на културата. Меѓу нив би требало да се најдат книги за Трескавец, Зрзе, Скупи, Матка, Кокино, Стибера и за други. - Приказната која ја носат монетите со ликовите на античките македонски кралеви, скулптурите на богови од римско време, теракотните икони, накитот и останатите богатства од нашите локалитети треба да бидат достапни за пошироката јавност преку популарни изданија и научни трудови. Во последно време, со зголемувањето на бројот на откритијата јасно се чувствува потребата од книги посветени токму на поголемите и позначајни археолошки локалитети - вели археологот Виктор Лилчиќ. Според него, токму во вакви историски чувствителни моменти како сегашниот, кога идентитетот ни е отворено оспоруван, неопходно е археологијата да се вклучи во промовирање на „македонската приказна“ и со книжевни публикации посветени на раноантичките и римските градови кои се наоѓале на тлото на денешна Македонија. - Одлично би било кога би имале монографии за раноантичките градови кои се наоѓале на локалитетите Вардарски Рид, Марвинци, Стибера и за римските престолнини Стоби и Скупи - вели Лилчиќ, предлагајќи по примерот на некои наши соседни земји да направиме едиција насловена „Големи откритија“. Токму овие локалитети што ги посочуваат научниците се на списокот на Министерството предвиден за објавување во наредните три години. - Издвоивме 12 милиони денари за издавање популарни монографии со културните, но и со природните реткости на Македонија. Книгите ќе имаат унифициран изглед, ист број страници и ќе бидат богато илустрирани. Планирано е материјалот во нив, покрај на македонски, да биде приопштен и на неколку странски јазици: англиски, француски, германски, италијански, шпански, руски и албански јазик - вели министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, нагласувајќи дека на овој книжевен потфат веќе работи специјална екипа од стручни лица.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1563&ArticleID=103127

batbayan
03-12-2008, 13:19
Македонски археолози на симпозиум во Кичево

Од денеска до 6 декември во Кичево ќе се одржува 20. симпозиум на Македонското археолошко научно друштво (МАНД), на чие отворање за историскиот приказ на градот ќе говори директорот на Музејот на западна Македонија во НОВ - Кичево, Велиу Илми, а за археолошките записи од Кичево и Кичевско, археологот Гордана Спасовска-Димитриоска.

Денеска, меѓу другите, ќе бидат презентирани добиените сознанија од годинешните истражувања на новата ранохристијанска базилика од локалитетот Коњух, на кој работеа археолозите Каролина Снајвли од САД, Горан Санев и Михаило Стојаноски од Музеј на Македонија, професорот Никос Чаусидис ќе говори за новите прилози за античките култови во Стоби, Сања Ивановска и Милан Ивановски од Националниот конзерваторски центар ќе ги претстават реализираните заштитни археолошки истражувања на ХС Злетовица, Киро Ристов од Музејот на град Скопје, најновите сознанија од локалитетот Таор и др. Во наредните денови ќе бидат презентирани и сознанијата добиени од истражувањата на Гробницата во Бонче, од железнодобната населба на локалитетот Лисиче, од средновековната некропола Ограда, с. Бистринци, Демир Капија, од локалитетот Тумба Маџари, заштитата на локалитетот Голема Пешт и др. За време на одржувањето на симпозиумот, во музејот Западна Македонија во НОВ, ќе биде поставена времената изложба „Археолошки наоди од Кичево и кичевско“ чиј автор е Гордана Спасовска-Димитриоска.

МАНД е формирано во 1972 година во Прилеп, а првиот симпозиум е одржан, следната 1973 година. Друштвото го издава списанието „Macedoniae acta arheologica“. (К.Б.)


http://utrinski.com.mk/?ItemID=5BC970ABB54ECD45A59B2C1ACAF2C6CB

terrarossa
04-12-2008, 18:58
Батбаяне, явно археологическото лято в Македония е било доста горещо! - направо не смогвам да асимилирам всчки открития :)

Голямо благодаря, за осведомяването какво става в Македония!

batbayan
05-12-2008, 11:38
За нищо !
Докато се ровя в македонската преса, попадам на интересни статии и им правя copy - paste :boogie1qw:

batbayan
05-12-2008, 12:03
Првиот музеј на вода е готов!





Седум неолитски куќи, изградени од автентични материјали (кал и трски), поставени на 900 дрвени колци во Охридско Езеро, на локалитетот познат како Залив на коските, близу Градиште, в понеделник, на празникот Свети Климент, ќе бидат промовирани како првиот музеј на вода во поширокиот регион.

Музејот на вода, освен наколната праисториска населба, опфаќа и објекти на копнениот дел, како и римското кастело на ридот над Градиште, кое е конзервирано и целосно реставрирано.

Неолитските куќи ќе бидат амбиентално опремени, соодветно на периодот од кој, во повеќе подводни археолошки зафати, се откриени наоди на дното на езерото. Во Заливот на коските се откриени керамички предмети, садови и други орудија што ги користело неолитското население на овој простор пред 7-8 илјади години.

Музејот на вода е вториот реконструиран неолитски амбиент во Македонија по неодамна промовираното неолитско село на Тумба Маџари, крај Скопје.

- Во Европа реконструкцијата на неолитските амбиенти се практикува во последниве четириесетина години. Археологија не е собирање артефакти - тоа е колекционерство, ниту изложување - тоа е музеологијата, крајната цел на археологијата е токму реконструкција на минатото - изјави проф. Драги Митревски при промоцијата на неолитското село во Тумба Маџари


http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=2&fCat=1&EditionID=255&top=1&ArticleID=12914

batbayan
06-12-2008, 21:17
СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА МУЗЕЈОТ НА ВОДА

„Заливот на коските“ ги открива тајните на праисторијата

Новиот музејски комплекс свечено ќе биде отворен задутре, во 13 часот, на христијанскиот празник Св. Климент Охридски


Музејот на вода е составен од неколку објекти, а во него ќе бидат споени неолитот, римското време и сегашноста

Во осум куќи поставени на дрвена платформа, изградена на дрвени колци кои излегуваат од Охридското Езеро, ќе биде претставен животот на нашите предци кои живееле на овие подрачја во праисторијата, од 1.200 до 800 година пред новата ера. „Заливот на коските“ се вика праисторискиот град на вода, сместен зад полуостровчето Градиште кај Пештани. По две години, откако почна реализацијата на проектот, новиот музејски комплекс свечено ќе биде отворен во понеделник, во 13 часот, на христијанскиот празник Св. Климент Охридски. Изградбата на населбата чинеше 2 милиона евра, информира Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство. Ја финансираше Владата како дел од капиталните проекти во културата.

Комплексот е составен од неколку објекти, а во него ќе бидат споени неолитот, римското време и сегашноста. Во него се влегува низ локалитетот Градиште (сместен на блиското ритче) каде што има населба од римско време. Таму во изминатата година се вршеа забрзани археолошки истражувања, конзервација и реставрација. Преку т.н. римска патека се слегува до брегот, каде што од камен е изграден пристапниот објект, предвиден за музејска презентација.

ЖИВОТОТ ВО ПРАИСТОРИЈАТА

Во објектите на наколната населба ќе има шанкче, сувенири, книги, интересни материјали за купување. Посетителите што ќе влезат ќе го гледаат само езерото и наколната населба. Тоа ќе биде место за уживање - вели Кузман. Оттаму се влегува на платформата поставена на колци долги 6 метри. На неа се изградени осум куќи со четвртасти, правоаголни и кружни основи.



- Куќите се такви бидејќи претпоставуваме дека така биле употребувани во праисторијата. На едно место има огниште, на друго се послани кожи и сламарици за спиење, на трето има фурни за печење леб. Поставени се и оригинални керамички котлиња и грниња, што ги пронаоѓавме на дното на езерото за време на долгогодишните подводни археолошки истражувања на наколната населба. Се надевам дека посетителите ќе го доловат животот на праисторискиот човек во тоа време - објаснува Кузман, кој ја водеше акцијата.Музејскиот комплекс ќе работи во рамките на охридскиот Завод и музеј. „Заливот на коските“ ќе биде отворен во текот на целата година. Гостите ќе ги пречекува стручњак што на посетителите ќе им ја раскажува приказната за праисторискиот град. Постојано ќе биде отворена кафетерија.

ПОДВОДЕН АРХЕОЛОШКИ ТУРИЗАМ

Горе, на патот од Охрид кон манастирот „Св. Наум“ се планира да биде изграден национален ресторан. Така домашните, особено странските туристи ќе може да ги пробаат нашите специјалитети. Очекувам музејскиот комплекс да направи голема афирмација и промоција на Охрид и на Република Македонија - вели Кузман.



Во комплексот ќе има и нуркачка база, која ќе се користи и во туристички цели. Секој посетител ќе може да си плати, да изнајми опрема и во придружба на професионален нуркач да влезе во тајните на подводниот туризам. Секој љубител на дамнешните мистериозни времиња ќе може да ја разгледа населбата под вода и на дното да ги види старите колци, керамика и другите археолошки предмети.Изградбата на музејот на вода го реализираа Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Заводот и музеј од Охрид, во кој во последните шест месеци интензивно се правеше конзервација и реставрација на предметите што се изложени. Се подготвува каталошка обработка на материјалот, а ќе има и страница на интернет.

ИНФО-Комплексот чини 2 милиона евра

Изградбата на музејскиот комплекс траеше две години, а чинеше 2 милиона евра.Куќарките се градени од дрва и од прачки, а копнениот објект од камен, за да биде во амбиент со природата.За да биде поатрактивно за туристите, комплексот е наречен „Заливот на коските“. Музејот на вода е прва реконструирана наколна наслеба на Балканот. Слична има само во Костур, но денес таа е на суво откако се исушило мочуриштето во кое била изградена.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=5286261841B68C4C9ADEC9DC10167B05

http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=19263

http://vecer.com.mk/?ItemID=C8F5E0169147A949A14825E88277EAC4

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1569&ArticleID=103588

batbayan
09-12-2008, 11:31
Во Охрид свечено отворен првиот Музеј на вода

Тој најави дека покрај охридската неолитска населба паралелно се поддржуваат и други големи проекти како што се археолошките истражувања кои ќе бидат основа за реконструирање на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник.

Во иднина како што беше дадено ветување ќе бидат реконструирани уште 16 куќи со што ќе се заокружи локалитетот. Набрзо како што беше најавено првиот Музеј на вода ќе влезе во туристичкаа понуда на древниот Охрид и ќе биде единствен по тоа што само тука на специфичен начин ќе бидат поврзани археологијата на копното и во водата.

................


http://utrinski.com.mk/?ItemID=1ABA009B4D715B4CBA4D54D3FB9A3F31

batbayan
09-12-2008, 11:43
Архиепископот и МПЦ очекуваат дека делото на Св. Климент многу подостојно ќе се слави наредните години, кога со помош од државата ќе биде возбоновен и Св. Климентовиот универзитет на Плаошник. На тој начин ќе бидат заокружени и двета, духовната и просветната, димензија на Св. Климент.
- Верувам дека Свети Климент ќе ни приреди нови радости овде на Плаошник, со привршувањето на овие нашироко започнати археолошки ископини, и ќе речам со завршетокот на обновата на неговиот Универзитет - подарок на Свети Климент, на неговата Охридска архиепископија, а во чест на 50-годишнината од возобновувањето на неговата света Охридска архиепископија - Македонска православна црква. Нека ни е честит празникот и дај Боже вечно да го славиме неговото дело, порача поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.

...............


http://vecer.com.mk/?ItemID=340674E71C6A594D8076255515065788

terrarossa
09-12-2008, 16:19
Тъкмо се чудех каде изчезана темата :)

batbayan
11-12-2008, 11:30
Уникатноста на древното Кокино пред УНЕСКО


На симпозиумот кој ќе се одржи од 19 до 23 јануари во Париз, астрономот Ѓоре Ценев, преку својот научен труд ќе ги изнесе пред светот сите докази кои Кокино со право го ставија на четврто место (од вкупно 15), на ранг листата на најстарите светски опсерватории објавена од американската вселенска агенција НАСА


Со уникатноста на мегалитската опсерваторија Кокино, лоцирана во североисточниот дел од нашата држава во Општина Старо Нагоричане, која датира од 2000 години пред наша ера, наскоро ќе имаат можност да се запознаат сите земји членки на УНЕСКО. На симпозиумот кој ќе се одржи од 19 до 23 јануари во Париз, астрономот Ѓоре Ценев, преку својот научен труд ќе ги изнесе пред светот сите докази кои Кокино со право го ставија на четврто место (од вкупно 15), на ранг-листата на најстарите светски опсерватории објавена од американската вселенска агенција НАСА.

-Македонија располага со астрономски и археолошки докази кои покажуваат дека опсерваторијата Кокино е раритет во светски рамки. Првпат астрономски истражувања на Кокино беа направени во 2002 година, а во 2005 и археолошки истражувања при што се најдени и предмети, керамика која укажува на заедницата која живеела таму, што пак само ја надополнува сликата за значењето на Кокино. Доколку со археолошките истражувања кои се во тек во околината се најдат и некакви пишани докази, тоа ќе биде спектакуларно откритие, со оглед дека Кокино според досегашните сознанија не било само опсерваторија туку и светилиште, објаснува Ценев. Тој додава дека камените маркери укажувале дека заедницата од тоа време го пресметувала времето според движењето на Сонцето и Месечината. Со движењето на небеските тела, односно нивното изгревање, пак, било поврзано и изведување на разни религиозни обреди.

-Во тек е и подготовка на документацијата за пријавување и ставање на опсерваторијата Кокино на листата на УНЕСКО како светско наследство, што треба да се случи веќе наредната 2009 година. Според своите параметри, староста, оригиналноста, истраженоста..., таа е сместена веднаш по познатите опсерватории Аби Симбел во Египет, Стоунхенџ во Велика Британија и Ангкор Ват од Камбоџа, додава Ценев.


Кокино е подготвено да стане дел од светското наследство

Пријавувањето на Кокино за листата на УНЕСКО и негово прогласување за светско културно наследство малку доцни поради археолошките истражувања кои таму мораа да бидат направени заради докажување на поврзаноста на заедницата која живеела во тој период со изградба на опсерваторијата. Во меѓувреме Кокино е заштитено со Закон за заштита на културно наследство, што беше еден од условите на УНЕСКО, така што се надеваме дека наредната година која е прогласена за година на астрономијата во светски рамки, оваа локација ќе се најде на оваа листа, изјави за ВЕЧЕР Паско Кузман, директор на Управа за заштита на културното наследство.


http://vecer.com.mk/?ItemID=0A17898956108D40B8B91B4756B6D57C

batbayan
11-12-2008, 11:51
ПРЕЗЕНТАЦИЈА


Виничките теракотни икони во Холандија


Презентирањето на познатите теракотни икони од Виничкото кале кои потекнуваат од 4 до 6 век, ќе се реализира наредната година во Музејот во Утрехт, Холандија.

Виничките теракотни икони во Холандија ќе бидат изложени заедно со други предмети од македонското културно наследство.

Во посета на музејот "Теракота" во Виница престојуваа претставници од Музејот во Утрехт, кои ја видоа музејската збирка и се запознаа и со археолошките ископувања на Виничкото кале.


http://vecer.com.mk/?ItemID=FCF02CEEDFF76C458294BC0B28EDDA7E

batbayan
11-12-2008, 15:36
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ТИМ НАЈАВУВА ПРОЕКТ НА ВЕКОТ
Колосот од Родос оживува
Едно од седумте светски чуда на стариот свет, монументалната бронзена скулптура Колос, која во антиката се наоѓала на влезот на островот Родос и која симболично ја означувала моќта на античка Грција, повторно ќе биде изградена.
Тимот од грчко-германски специјалисти го најавува оживувањето на Колосот како најголемиот уметнички проект на 21 век. Новиот Колос треба да биде уште поголем од некогашниот, а неговата висина ќе достигне стотина метри.
Како и оригиналната скулптура, која била подигната во чест на богот на Сонцето, Хелиос, и новиот Колос ќе биде поставен во заливот на островот Родос и ќе биде видлива за бродовите што допловуваат до пристаништето.
Тоа современо чудо, како и неговиот антички близнак, според екипата која го изработува, ќе биде симбол на мирот.
Новиот Колос на 21 век е замислен како високо иновативна светлосна склуптура низ која посетителите ќе можат слободно да се движат и да ја набљудуваат околината. Во внатрешноста на склуптурата ќе бидат прикажувани филмувани митови од грчката митологија.
Овој уметнички потфат ќе чини 200 милиони евра.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1572&ArticleID=103805

Dobromir Rusev
11-12-2008, 18:05
Извинявам се, ако се счита за дреболия, но все пак - една дребна бърза вметка да направя (или към основателя на темата или към модератора).
Има малка правописна грешка в заглавието на темата. Пише се Archaeological на английски. Думата си запазва старогръцките вокали, подобно на Phileological, въпреки че при последната "е"-то е отпаднало.

arhangel
13-12-2008, 20:00
http://www.skopskokale.com.mk/mk/galerii.php

batbayan
15-12-2008, 14:57
Хераклеја целосно ќе се доистражи



Битола - Античкиот локалитет Хераклеја Линкестис целосно да се истражи. Ова е најавата на премиерот Никола Груевски пред битолчани, со ветување дека Владата комплетно ќе ги покрие трошоците за ископувањата.

„Донесовме одлука следната година, од февруари до ноември, со ангажман на околу илјада работници да се започне и целосно да се доврши работата со ископувањата во Хераклеја“, изјави викендов во Битола премиерот Груевски.

Според археологот Аница Георѓиевска од Заводот и музеј – Битола, оваа година истражувањата го допреле македонскиот период од живеењето на овој антички град.

„Од 1959 година со систематски археолошки истражувања во Хераклеја е откриена површина од 7 илјади квадратни метри, а само оваа година со пари од Владата се откриени нови 1.000 квадратни метри. Стасавме до македонскиот период, со безброј материјални сведоштва, со што се потврдува нашиот идентитет“, вели археологот Георѓиевска со најава дека пронајдените артефакти наскоро преку изложба ќе бидат претставени пред јавноста. (А.Б.)


http://utrinski.com.mk/?ItemID=5D2BE9F4A4D09346B3389E7F01DA0CD3

batbayan
16-12-2008, 14:59
ИСТРАЖУВАЊАТА НА НЕОЛИТСКИОТ ЛОКАЛИТЕТ ВО ЧЕНТО ПРОДОЛЖУВААТ И В ГОДИНА


Тумба Маџари ќе добие нови содржини


За следната година во план е да се направат уште 2-3 куќи, од кои едната е на кат, со инвентар карактеристичен за младо камено време. Во отворениот простор ќе се постават и фигури на домашни животни, а ќе се направи и мини мочуриште со фигури на барски птици од тоа време. Во иднина ќе се подигне и објект за сувенири, копии на предметите откриени на локалитетот


Археолошки истражувања на локалитетот Тумба Маџари, во населбата Ченто, ќе продолжат и наредната година. Според одговорните лица од Музејот на Македонија, планирано е проширување на овој локалитет кој потекнува од шестиот милениум пред нашата ера, со нови содржини кои го објаснуваат живеењето на заедницата од времето на Неолитот во Македонија.
- Во првата фаза се реконструирани две куќи со дел од предметитите откриени на локалитетот. Во нив се поставени и човечки фигури во извршување на секојдневните активности, ткаење на разбој, мелење на жито, собирање на дрва за огрев. За следната година планираме да направиме уште 2-3 куќи со инвентарот карактеристичен за тоа време. Во една од поголемите куќи планираме да организираме едукативни работилници за учениците. Во отворениот простор, пак, ќе се постават фигури на домашни животни од тоа време, а за во иднина ќе се подигне и објект за сувенири, копии на предметите откриени на локалитетот, со што тој ќе се самоиздржува, вели Елена Стојанова, археолог кустос во Музејот на Македонија. Оттаму потенцираат дека и во тоа време луѓето граделе куќи на кат со поткровје, па една од куќите ќе биде токму таков објект, а во план е да се направи и мини мочуриште во кој ќе бидат поставени фигури од барски птици од тоа време.

Локалитетот му припаѓа на младото камено време - Неолит, но постојат докази дека потекнува и од порано, што според Стојанова, ќе го потврдат следните истражувања. Досега таму се откриени 8 куќи, станбена архитектура, садови за секојдневни и церемонијални потреби и култни предмети кои говорат за развиена цивилизација на нашите предци пред 8000 години.
- Откриени се и неколку целини од недвижни и движни објекти изработени од печена глина за кои се уште немаме одговор за нивната функција. Претпоставките се дека се дел од некаков занаетчиски комплекс. Ако ова се потврди, тоа значи дека за првпат добиваме одговори на прашањата поврзани со стопанисувањето во населбите од неолитот во Македонија, вели Стојанова.

Инаку, од наодите кои заслужуваат внимание се жртвеникот со претстава на куќа кој е постара варијанта на познатиот жртвеник на божицата Големата Мајка, накит, раритетна женска скулптура и разни коскени предмети.

Вандализам и штети на заедницата
Деновиве во Неолитското село е направена поголема штета на инвентарот во куќите. Од овие причини селото ќе биде затворено за посета следните 2-3 месеца. Неопходна е поголема промоција на овој локалитет со цел луѓето, особено оние кои живеат во соседството, да разберат дека ова е само во корист на заедницата. Следната година ќе треба да се вработат и луѓе кои ќе работат како водичи, бидејќи оваа улога засега ја имаат самите археолози, вели Стојанова.


http://vecer.com.mk/?ItemID=36987FF86BE48749BCEA015854DED018

batbayan
16-12-2008, 15:24
ИЗЛОЖБА „ВУЧЕДОЛ - МИТ ШТО ОПСТОЈУВА“ ВО МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА
Хрватската праисториска гулабица во нашите витрини
Познатата бронзена гулабица е еден од стотината експонати од локалитетот Вучедол, најрепрезентативното праисториско наоѓалиште во Хрватска, кои од утре (19 ч.) ќе бидат изложени во Музеј на Македонија, на изложбата „Вучедол - мит што опстојува“. Вучедолската култура настанала на просторот на Славонија, во источна Хрватска. Таа има хронолошки распон од 2.900 до 2.500 година пр.н.е, односно во бакарната доба. Оттаму таа се проширила на териториите на средна Европа, во Унгарија, Романија и во Австрија. Културата се карактеризира со голема умешност во изработката на предмети и орудија од бакар, а во нејзини рамки почнало првото сериско производство на бакарни предмети. Во финалната фаза, предметите богато се украсувале со орнаменти. На некои од нив има и астрономски мотиви, што сведочи за богатиот духовен живот на припадниците на вучедолската култура. Дел од поставката, која гостува од Археолошкиот музеј од Загреб, се предмети со култна намена, секири, свети предмети наменети за заштита на домот, жртвеници, но и садови со утилитарна намена. Домашната публика ќе може да го види и бронзениот сад во облик на гулабица, кој стана симбол на таа култура. - Сепак, садот во форма на гулабица, кој е со врвна естетска обработка и за кој се претпоставува дека имал култна намена, кај нас ќе биде претставен со копија, бидејќи оригиналот е дел од една изложба во Германија - вели Жаклин Бален, авторка и кураторка на изложбата. Според домаќините на изложбата од Музеј на Македонија, претставувањето е совршена можност за споредување на вучедолските со наодите од енеолитот, односно од бакарната доба на нашите локалитети. Сличностите меѓу двете култури се препознаваат во формата на изработка на некои од садовите, како и по острите агли на изработените предмети. - Сепак, декорацијата на вучедолските предмети се издвојува од нашата - вели Ирена Колиштркоска-Настева, археолог од Музејот на Македонија. Постановката е реализирана во соработка на Музејот на Македонија и Археолошкиот музеј од Загреб, која од 2006 година се интензивира со размена на изложби. - Ова е едно од најзначајните случувања на овогодишната програма на Музејот на Македонија во одделот на меѓународна соработка. Станува збор за реципроцитетна изложба, по гостувањето на праисториските дами во Загреб, која, според кажувањата на нашите хрватски колеги, доживеа голем успех - дури 9.000 посетители за манифестацијата „Ноќта на музеите“ - вели Мери Аницин-Пејоска, директорка на Музејот на Македонија. Изложбата „Вучедол - мит што опстојува“ ќе трае во наредните три месеци.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1576&ArticleID=104082


УТРЕВЕЧЕР ВО МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНИЈА
Археолошка изложба за Вучедол од Хрватска


Во Музејот на Македонија утревечер во 19 часот ќе се отвори изложбата "Вучедол - мит што опстојува" на Археолошкиот музеј од Загреб. Поставени се 100 експонати кои ја отсликуваат една од најзначајните праисториски култури во северна Хрватска.
Од Музејот информираат дека локалитетот Вучедол претставува феномен во рамките на појавите кои ја одбележуваат праисториската епоха, не само во Хрватска туку и во Европа. Вучедолската култура се појавила на просторот на источна Славонија и Срем, а подоцна се проширила во Средна Европа. Првите истражувања за неа почнале во триесеттите години на 19 век.
Археолошкиот Музеј во Загреб ја реализираше изложбата со Градскиот музеј Винковци и Градскиот музеј Вуковар, во чија сопственост се повеќе вредни наоди од вучедолската култура. Автор на концепцијата за изложбата е Жаклин Бален од Музејот во Загреб, а комесар на изложбата е археологот од Музејот на Македонија Ирена Колиштркоска - Настева.



http://vest.com.mk/default.asp?id=160962&idg=8&idb=2550&rubrika=Kultura


http://utrinski.com.mk/?ItemID=4013C29A5C6F0346A4EA85F225C4C4CF

batbayan
16-12-2008, 15:42
Пронајдени три мермерни глави на археолошкиот локалитет Стибера, Прилепско
вторник, 16 декември 2008

Три мермерни глави една на возрасен маж, една на жена и третата на младо момче се последното откритие од годинашниве археолошки истражувања на античкиот локалитет Стибера кај село Чепигово, прилепско

Како што појасни археологот Лилјана Кепеска од прилепскиот Завод и музеј, која ги водеше истражувањата, мермерните глави се откриени во секторот на Гимназиумот, пред Хероонот во одводен канал што бил систем од вториот и третиот век од нашата ера.

- Овие последни откритија од тримесечните истражувања што ги спроведовме од август до крајот на ноември укажуваат на големото значење на локалитетот Стибера, богат град со богати жители. Се што се пронаоѓа како остатоци или статуи значи дека тоа биле скулптури на видни граѓани на античката Стибера голем град од околу 20.000 жители од третиот век пред до 3 век од нашата ера, рече Кепеска.

Покрај мермерните глави најдени се и бази со натписи со грчки букви на латинско писмо од кои се гледа дека биле видни личности за градот, но и за провинцијата Македонија во вториот и третиот век од нашата ера.

Годинашниве истражувања во Стибера понудија и три мермерни статуи- една на култната божица Ника, на момче Ефеб и на млада жена. Истражувањата во Стибера ќе продолжат и до година, најави археологот Кепеска.

Истражувањата со 4,5 милиони денари ги финансираше Владата и Министерството за култура.

Досега на локалитетот Стибера пронајдени се 31 мермерна статуа, од кои најголем дел се поставени во Музејот на Македонија, а неколку се ставени пред Владата.


http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=19550

Откопани мермерни глави во Стибера



Три мермерни глави од скулптури, скршени и фрлени во канал се пронајдени на локалитетот Стибера кајПрилеп.Археологот Лилјана Кепска вели дека скулптурите биле работени за видни граѓани на античкиот град. Едната е глава на младо момче, втората на возрасен маж во натприродна големина и третата на жена. Скулптури се со поголеми димензии и веројатно се на значајни личности на градот - вели Кепеска.Новите археолошки наоди заедно со претходно откриените на божицата Ника, на портретот на младо момче Ефеб и помала скулптура од млада жена без глави и нозе, според стручњаците сведочат дека Стибера крие непроценливо богатство за осознавање нови факти во античката историја на градот и за Македонија.Археолошките истражувања ќе продолжат и в година. Локалитетот Стибера првпат бил пронајден пред 80 години во близината на селото Чепигово кај Прилеп.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=61087A0BCADD6B41A0D328736DC31169

batbayan
17-12-2008, 15:48
МЕГАЛИТСКАТА ОПСЕРВАТОРИЈА ПРОДОЛЖУВА ДА ПЛЕНИ
Кокино прецизно како Стоунхенџ
Кате Антевска

Праисториските луѓе во Македонија и во Велика Британија во исто време и со иста прецизност го следеле изгревањето и заоѓањето на Сонцето и Месечината, едните во кумановската опсерваторија во Кокино, а другите во најпопуларниот британски локалитет Стоунхенџ. Таа процена за паралелното егзистирање на Кокино и на светски популарната опсерваторија Стоунхенџ ја пласираше македонскиот астроном Ѓоре Цанев на неодамнешното предавање посветено на Кокино. Камените засеци (маркери) на двете опсерватории, според истражувањата, покажале исти специфики, што упатува на фактот дека нив ги населувале жители со слична визија за светот во кој живееле. И двата локалитети, заедно со Абу Симбел во Египет и Ангкор Ват во Камбоџа, се најдоа на листата на четирите најстари опсерватории во светот, направена од Американската вселенска агенција (НАСА). - Камените засеци низ кои луѓето ги следеле сите придвижувања на небесните тела во Кокино се направени во исто време со тие на Стоунхенџ, односно во периодот на 19 и 20 век пр.н.е.. И на двете локации, на исти датуми се извршувале ритуали поврзани со Сонцето и на Месечината - вели Цанев. Според него, интересен е податокот дека изгревањето (на Сонцето и на Месечината) како феномен служел за сите астрономски пресметки кои биле правени на Кокино, што не е случај со Стоунхенџ и со другите светски опсерватории. - На Стоунхенџ, на пример, се правело календар според заоѓањето на Сонцето. Кај нас тие пресметки се прават според изгревот, што било во директна врска со обредните култови на Големата божица мајка и Богот сонце кои се негувале на ова тло - објаснува Цанев. На Светата планина, како што ја нарекуваат научниците мегалитската опсерваторија Кокино, преку анализата на цикличните придвижувања на небесните тела, праисториските луѓе комуницирале со трите „света“ кои се основа на сите светски религиски системи: со горниот, небесниот свет во деновите кога Сонцето е најинтензивно, со земниот свет преку исцртување календари и со подземниот свет во деновите кога се случувало затемнување на Месечината. - За мерење на времето луѓето правеле лунарен календар, кој имал циклус од 19 години. На набљудувачите од тоа време им бил познат фактот дека во ист календарски ден, на едно исто место, Месечината се појавува еднаш во 19 години. Така биле поставени основите на лунарниот календар - вели Цанев и нагласува дека пресметките од ваквото сметање на времето го одредувале денот на жетвата и другите секојдневни активности на праисториските жители на Кокино.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1577&ArticleID=104165

batbayan
18-12-2008, 11:57
http://vecer.com.mk/?ItemID=506863A11E1D0449A8133D81FF13C67A


Театарот готов за две години, ќе се реновира и старата архитектура


Археолошкиот локалитет Стоби од страна на Министерството за култура е прогласен за национална институција од највисок ранг. Именуван е директор, а во фаза е и процесот за вработувањето на стручен кадар. Издвоени се средства се со цел да се заврши во целост систематското археолошко истражување на Стоби за да можеме истото да го презентираме пред македонската и светската јавност.

Ова го изјави министерката Канческа-Милевска при посетата на Велес, додавајќи дека во следната година ќе бидат издвоени средства и за реновирање на дел од надалеку познатата стара велешка архитектура.
Канческа најави и дека велешани нема уште долго да ги следат театарските претстави во старата руинирана зграда, туку во новата која би требало да биде готова за две, до две и пол години.
- Сега во фаза на изработка се проектите за сценска технологија и акустика кои се многу значајни проекти бидејќи се срцето на театарот. Избран е најпознатиот странски акустичар од Германија кој помага во делот на акустиката и сценската технологија. Веќе сме во завршна фаза на проектите и ќе продолжиме и со останатите фази на градба на театарот, рече Канческа-Милевска во Велес.


http://vecer.com.mk/?ItemID=2B312B7A383DB74980A57D4B05C1C190

batbayan
19-12-2008, 13:25
ИЗДАНИЕ НА ЗАВОД И МУЗЕЈ ОД ШТИП
Монографија за античкиот град Баргала
Исцрпни податоци за првиот епископски центар по течението на Брегалница, античкиот град Баргала во близина во Штип, нуди монографијата „Доцноантичкиот град Баргала“ од археологот Трајче Нацев, објавена деновиве од Завод и музеј - Штип. Обемното издание, кое има преку 200 страници, збогатени со повеќе колоритни фотографии, опфаќа научни анализи за најрепрезентативните објекти на епископската резиденција, меѓу кои и три ранохристијански базилики. - Во таа ранохристијанска престолнина имало црковен живот од втори до четврти век. Во базиликите се вршеле литургии, а во баптистериумите се крштевале новороденчиња - вели авторот Нацев. Тој забележува дека книгата е мошне интересна бидејќи во неа е сумиран целокупниот живот во Баргала во времето кога таа била центар на христијанството. Откритијата од оваа година, во кои спаѓаат артефакти од Баргала кои датираат по шестиот век, не се дел од изданието. - По шестиот век градот станал трговски и економски центар, а црковниот живот престанал да постои - забележува Нацев. Археолошки ископувања надвор од резиденцијата, во делот каде што живеело месното население треба допрва да се направат, вели Нацев.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1579&ArticleID=104322

batbayan
26-12-2008, 11:20
Конзервација на 50 икони


Конзерватори од Конзерваторскиот центар-Скопје, почнаа со конзервација на педесет икони во црквата "Свети Јован Крстител" во скопското село Булачани.
- Потребните средства од 600.000 денари од Министерството за култура ги добивме со што непречено ќе работиме на конзервацијата на иконите од 19. век, но и да поканиме експерти од странство. Следната година планираме педесетте икони да бидат предадени на користење, а воедно да почнеме и со конзервација на нови педесет икони од црквата во селото Раштак, изјави за МИА, Стојмир Стојанов, виш конзерватор во Конзерваторски центар-Скопје.


http://vecer.com.mk/?ItemID=5E9520F9E711664A9B33668DBFC9B2A9

batbayan
26-12-2008, 11:27
Прилеп-мост помеѓу цивилизациите


Центарот за визуелна уметност "Визант" го промовира проектот "Прилеп-мост помеѓу цивилизациите", преку кого се промовира манастирскиот и црковен туризам, со излегување од печат на туристички плакат, поштенски картички и брошура како дел од туристички материјал.

Се ова следната година ќе биде изложено во "Galerie du crabe"-Јодоигне, Белгија, во рамките на тематската меѓународна изложба за културниот идентитет.

Визуелните материјали се испратени до УНЕСКО како поддршка и лобирање за Марковите Кули да се најдат на листата на заштитени споменици.


http://vecer.com.mk/?ItemID=75BB66DDCD314F48827FD9A610C4A01A

batbayan
26-12-2008, 12:09
ВО НОВАТА ГОДИНА СО НОВИ ЗАКОНИ ЗА КОЛЕКЦИОНЕРИТЕ НА КУЛТУРНИ БОГАТСТВА

Инспекции ќе ги тресат антикварниците

Во правилниците ќе биде прецизно посочено што може да се продава и како да се набавуваат артефактите и уметничките предмети


Од Нова година прецизно ќе бидат утврдени правилата на игра на антикварите

Антикварите што работат во земјава по Нова година ќе можат мирно да спијат ако работат легално. Тие ќе добијат „учебници“ во кои ќе биде прецизно посочено што смеат да продаваат и како да ги набавуваат артефактите и уметничките предмети. Колекционерите ќе знаат што е дозволено, а што забрането во бизнисот со антиквитети и културни богатства. Учебниците се всушност два правилника што Собранието треба да ги одобри на почетокот на идната година. Документите се дополнување на Законот за заштита на културното наследство и ги подготви тим од Управата за заштита на културното наследство.

Според Илчо Бојчевски, раководител на Одделението за превенција на културното наследство во Управата вели дека целта на правилниците не е да се забрани антикварството и колекционерството во Македонија, туку еднаш засекогаш да се „подели црното од белото“.Наскоро сите регистрирани антиквари ќе мора да работат според два документа: Правилник за контрола на потеклото и трговија со движно културно наследство и други антиквитети, уметнички и предмети на колекции и Правилник за содржина и начин на водење на регистар на потекло на предметите во антикварниците, уметнички и други предмети на колекции што се предмет на трговија.

ПРАВИЛА НА ИГРА

Бојчевски вели дека со овие документи нормативно ќе биде регулирано колекционерството во Македонија. Тој очекува конечно да се решат многу проблеми во заштитата на културното наследство, кое во последните две децении интензивно се шверцува од земјава.

- Неопходно беше да донесеме правила на игра, како што има во целиот свет. „Ќе играме“ според тие правила на игра. Колекционерството и антикварството се позитивни особини, дури е позитивно некој да ги прибира предметите, да ги имаме во земјава. Но, мораше да се постават граници. Сега ќе се одвојат нелегалните трговци кои со досегашата работа се криеја зад антикварници, зад здруженија на колекционери или самонаречени колекционери, а всушност, беа шверцери - објаснува Бојчевски.Според него, во Македонија околу 90 отсто од шверцерите се криеле зад вратите на разни антикварници и зад грбовите на чесни колекционери. Со новите акти ќе биде јасно како се набавуваат антиквитетите што се продаваат во дуќаните, од кои локалитети и региони потекнуваат, како се запишани во регистрите, како се пополнети обрасците што се употребуваат во трговија. Документите беа подготвувани во текот на годинава, а ги работеше тим од Управата. Ќе стапат во сила осмиот ден откако ќе ги одобрат пратениците во Собранието.

ПРЕКРШОЧНИ МЕРКИ

Бојчевски вели дека без правилници за работа долги години имале големи проблеми зашто инспекторите немале доволно ингеренции.

- Затоа имавме и толку проблеми со нелегалната трговија на културното наследство. Не можевме сосема да се потпреме на Кривичниот законик зашто во него има неколку члена и не може да ги опфати сите работи. Сега инспекторите ќе вршат контрола. Ако по неколку контроли некој се' уште не работи според Законот, ќе биде казнет. Полека, сите ќе научат да работат - вели Бојчевски. Во правилниците ќе има поблаги прекршочни мерки, построги, па дури и кривнични мерки. Во зависност од „поведението и однесувањето“ на одредена личност, инспекторите ќе оценуваат која мерка ќе ја спроведуваат, велат во Одделението за превенција. Бројот на антикварниците во Македонија варира. Порано имало повеќе, сега помалку луѓе „отворено“ се занимаваат со овој бизнис.

- Едно време сите мислеа дека ако отворат антикварница, ќе тече мед и млеко. Едно време имаше 70-80, сега има 20-30 во Македонија. Заврши времето кога во Гевгелија, Валандово, регистрираа антикварници зашто мислеа дека зад нив ќе може да се кријат, да купуваат и да препродаваат археолошки богатства. Но, видоа дека не можат, па ги преправија во златарски дуќани - вели Бојчевски.

ИНФО-Организиран криминал

По осамостојувањето, културните богатства во Република Македонија со години беа „заштитувани“ според Законот за заштитата на спомениците на културата од 1973 година. Новиот Закон за заштитата на културното наследство беше донесен во март 2004 година.Од Управата за заштита со години велат дека нелегалната трговијата со културни добра е организиран криминал од кој одредени луѓе добро профитираат.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=EEF572955849FC46B3AC86167C886BED

batbayan
27-12-2008, 16:43
ЗАШТИТАРИТЕ НА КУЛТУРНОТО БОГАТСТВО НЕГОДУВААТ

Конзерваторите работат во лоши услови

Бидејќи работат со отровни супстанции, најголемиот дел од работата конзерваторите ја оставаат за во лето зашто немаат аспиратори во просториите


Реставрацијата на културното богатство засега се врши во несоодветни простории

Лабораториите за конзервација и реставрација во државата се лошо опремени и со слаба вентилација, па затоа стручните лица мора да избираат период за работа или, пак, да носат опрема за заштита од отровни хемиски супстанции. Ова беше истакнато на работилницата за реставрација и конзервација што деновиве се одржа во Битола. Лабораториите што ги имаме во Скопје и во другите градови се многу слабо опремени, а имаме многу работа за конзервација. Најосновно е што нема аспиратори бидејќи конзерваторите работат со разни хемиски супстанции што се отровни. Најмногу се работи лете на отворено под стреа - вели Стојмир Стојанов, виш конзерватор од Конзерваторскиот центар во Скопје. Конзерваторите истакнаа дека се обидуваат да го заштитат културното наследство, но се соочуваат со недостиг од кадар.

- Неопходно е да се прими нов кадар. Но, според законот, потребни се 10 години работа на конзервација на икони, фрески, споменици за да се стекне право на звање виш конзерватор и можност за работа на проекти. Сметам дека тој период треба да биде помал и да се земе предвид напредокот што го постигнал конзерваторот за тоа време - додава Стојанов.Во неговата установа има двајца конзерватори што работат на заштита на 300 до 400 движни и недвижни споменици во Скопје и околината. Состојбата не е ништо подобра ни во Битола, каде што има пет конзерватори што истовремено мора да работата на реставрација на икони, архитектура и друго. Оливера Макриевска, конзерватор од битолскиот Завод и музеј и координатор на работилницата, вели дека недостигот од кадар произлегува и од тоа што во државата нема специјализирано училиште за оваа дејност.

- Овој кадар претежно се обучува на Ликовната академија каде што постои отсек конзервација. Но, тоа не е доволно. Се' уште нема специјализирана школа за реставратори. Се учиме со текот на искуството преку работата - вели Макриевска. Дури и кога државата би издвојувала повеќе средства за оваа намена, немаат капацитет да постигнат поголема заштита на наследство. Во соседна Бугарија постои катедра по реставрација на Уметничката академија во Софија. Неколкумина битолчани веќе студираат таму. Кај младите во Бугарија има интерес за целокупното културно наследство кој е постојан, не само за реставрација туку и за археологија, за културен туризам- изјави Красимира Франгова, професор на Академијата во Софија.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2899141121BE4E40B0552DE28762008C

batbayan
29-12-2008, 15:27
Изложено македонското археолошко богатство



Орудија, парчиња од садови, вајарски уметнички дела од бронзено време, од антиката, од средниот век се поставени на археолошката изложба што вчера во Музејот на Македонија ја отвори премиерот Никола Груевски. Поставени се повеќе стотици предмети, кои наши археолози во 2008 година ги пронајдоа на петнаесет археолошки локалитети во земјава.

- Нашата археологија потврди дека Македонија има што да покаже пред очите на светот. За нас сите артерфакти даваат белег на македонската култура и идентитет. Секој изложен експонат го открива духот на нашето минато, а најмногу зборува за историјата, длабоката традиција и за спецификите на овие простори и на овој народ - рече Груевски на отворањето.

Тој најави дека следната година целосно ќе се истражат локалитетите Марвинци, Хераклеја и Скопското кале, а ископувања ќе почнат и во Стоби, кои ќе траат три години. Истражувањата ќе продолжат на 13 локалитети, а се планира и реставрација и на дваесетина древни градби што беа откриени при годинашните истражувања.Годинава на нашите археолошки подрачја беа пронајдени повеќе стотици предмети, а во ископувањата беа вклучени повеќе од 3.000 археолози, студенти, стручни лица и физички работници.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=06A41EB5675B3D41801EB097B975D2A4


Сега, на едно место, може да се видат капиталните дела како Дедал или "Човекот со крила" од Плаошник, статуата на божицата Венера ископана кај Скупи, и многу други пронајдоци од сите активни археолошки локалитети во Македонија.


На изложбата се презентирани откриените материјали на локалитетите Скупи, Таор, Стоби, Стибера, Хераклеја, Плаошник, Енгелена, некрополите на Марвинци, Вардарски Рид, Цареви Кули, Виничко Кале, Исарот - Штип, Баргала, кастелот кај Кожле и Тетовското Кале.


http://vecer.com.mk/?ItemID=4BFDF54A04669D449A8956C662FA2211

http://vest.com.mk/default.asp?id=161525&idg=8&idb=2561&rubrika=Makedonija


Дел од изложбата се: бронзената статуетка на Дедал од вториот век пр.н.е, главата на срамежливата Венера од Скупи, теракотните икони од Виничко кале, двете глави од римско време од Стибера, керамички садови, златни прстени и уште многу други артефакти. Секако, тука се и пронајдоците од другите археолошки локалитети, како Таор, Стоби, Вардарски рид, Енгелана, Кожле, Цареви кули, Баргала, Хераклеја, Тетовско кале, Исар во Штип и Исар - Марвинци. Артефактите од локалитети се распоредени во 15 стаклени паноа, колку што се и локалитетите на кои се ископуваше годинава. Единствен недостаток во уредувањето на постановката е тоа што покрај наодите недостигаат легенди кои ги именуваат пронајдоците. Место тоа, назначено е само времето од кое потекнуваат.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1587&ArticleID=104881

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=276&ArticleID=14730

batbayan
30-12-2008, 11:19
Мозаикот во Големата базилика зимава заштитен од пропаѓање

Според надлежните од музејот на Битола, ќе се овозможи и негова понатамошна трајна заштита од ронење и уништување, што пак, е планирано да се реализира на пролет кога мозаикот за првпат треба да биде ставен под покрив


Дел од мозаикот во Големата базилика во наоѓалиштето на древниот антички град Хераклеа Линкестис крај Битола, со финансиска поддршка од Владата, деновиве е заштитен од пропаѓање пред претстојната зима. На овој начин според надлежните од музејот на Битола, ќе се овозможи и негова понатамошна трајна заштита од ронење и уништување, што пак, е планирано да се реализира на пролет кога мозаикот за првпат треба да биде ставен под покрив.
- Се работи за проект за превентивни конзерваторски интервенции на мозаичниот под на Јужниот анекс во Голема Базилика во Хераклеа Линкестис. Факт е дека сите мозаици страдаат од непокриеност и влагата која навлегува во подлогата. Доволно е да излезе само едно камче и мозаикот почнува да се рони и можеме да го изгубиме. Затоа изминатиот месец беа извршени пломбирања и опшивки низ целата мозаична површина и извршен е делумен ретуш. Реализацијата на проектот започна на 17 ноември годинава и финансиски е подржан од Министерството за култура и директорот на НУ Завод и музеј - Битола, Зоран Николовски. Мора да напоменам дека во овие услови се работеше под шатор каде се затоплуваше просторијата, вели Драган Верговски, виш конзерватор во НКЦ Скопје.

Тој потенцира дека Мозаикот е откриен во 60-тите години, но целата тогашна документација не е достапна, бидејќи се наоѓа во Белград. Според Верговски до пролет се очекува да се добие документацијата и да се види на кој начин ќе се извршат конзерваторските работи
- Досега не ни беше достапна оваа документација и затоа не знаевме дали има подлога која е автентична или не, од тоа ќе зависи и дали мозаикот ќе мора да го вадиме, да ставаме нова подлога, и да го прередиме, додава Верговски.

ЗА ХЕРАКЛЕА
Остатоците од древниот антички град Хераклеа Линкестис, се наоѓаат на само 2 километри од центарот на Битола, во подножјето на планината Баба, а датираат од средината на четвртиот век пред нашата ера. Градот е основан од македонскиот цар Филип Втори Македонски. Својот златен век Хераклеа Линкестис го доживува во римското владеење, а набргу по римската окупација во 168 година пред нашата ера е претворена во римска провинција. Поставена на познатата сообраќајна артерија Виа Егнатиа, таа ги поврзува Истокот и Западот. Досега во Хераклеа е откриена мозаична површина од 1.300 квадратни метри. Мозаиците на Хераклеа се одлично сочувани, тие се меѓу најзначајните уметнички остварувања од тој период.


http://vecer.com.mk/?ItemID=C45C05231094EB4C91A7DB58D069493E

batbayan
30-12-2008, 11:26
Македонските мозаици маргинализирани од државата



,,Никаде нема точни податоци за нивната квадратура“, вели конзерваторот Драган Верговски

Битола - Мозаик стар 16 века, дел од античкиот град Херклеа Линкестис се спасува од умирање. Оштетен е над деведесет проценти и е се наоѓа во катастрофална состојба. Експертите сметаа дека во Македонија мозаиците се на маргините на листата за заштита, што ја отсликува незаинтересираноста на државата за ова културно наследство. Згора на се, во државата на прсти се бројат стручните кадри за конзервација на мозаици. На исклучително ниски температури, во период кој не е наклонет за изведување на работи на отворено, Заводот за заштита на културно наследство и Музеј - Битола, под шатори започна со конзервација на мозаикот на површина од 30 метри квадратни, кој е дел од ранохристијанска базилика, сместена на јужната страна од античкиот град. Објектот потекнува од 5 век од нашата ера, а откриен е во шеесеттите години на минатиот век. Од тогаш па до сега, тој единствено се одржувал покриен под песок.



„Мозаикот е како монистра. Едно камче ако почне да се вади, по него одат сите други. Овој објект од шеесеттите години константно е покриван со песок и одржуван, но колку е одржуван, покажува самата површина . Мозаикот е пред умирање. Мозаичната површина се одвојува од првиот малтер, кој претежно е составен од толчена тула. Ургентно ги извадивме сите пломби и оштетувања и нанесени се нови, бидејќи сакаме да биде што поцврст. Мора да се направи таа кохезија за мозикот да остане и понатаму составен дел на просторијата“, вели Драган Верговски, виш конзерватор од Националниот конзерваторски центар во Скопје. Верговски три децении е единствениот стручњак за конзервирање на мозаици во државата, а за споредба со актуелната ситуација ја посочува соседна Албанија каде има над десет конзерватори на мозаици.

Експертот оценува дека Македонија нема стратегија за заштита на мозаиците, иако се едни од најзначајните артефакти. Тој предупредува дека мора под итно да се најде вистинскиот начин за нивна грижа, бидејќи ова национално богатство не може вечно да се чува под песок, далеку од очите на посетителите. Како еден од начините за нивна заштита, предлага над мозаиците да се постават кровови.



,,Мозаиците во Македонија се на маргините, никаде нема точни податоци за нивната квадратура во државата, секој кажува од око. Тие за западните земји се скапа работа, а тука се е паушално, иако мора да бидат евидентирани до милиметар квадратен, како технички така и со сите документи. Ниту од Управата за заштита на културното наследство не може да ви го кажат точниот податок. Од друга страна, секоја просторија првобитно била заштитена и ставена под кров. Не може мозаиците во Македонија да стојат со векови под песок“; предупредува Верговски.

Не само што отсуствува соодветната грижа за македонските мозаици, туку надлежните речиси и да не располагаат со податоци за нивната историја. Сите факти за последниот мозаик што се реставрира во Херклеа се чуваат во белградскиот музеј. Досега никој не се сетил да ги побара.

,,Институцијата не поседува многу информации бидејќи истражувањата своевремено ги вршеше Националниот музеј од Белград Имаме контакти со нив и очекуваме идната година да ги реализираме. Ќе одиме во Србија да ни ја дадат целата документација што тие ја поседуваат за овој мозаик, но и за се она што се случувало тогаш. Ќе бараме и копии од сите атрефакти што сега ги красат нивните витрини, зошто тие дефинитивно се наши“, вели директорот на Завод и музеј Битола, Зоран Николовски. Комплетната реставрација на мозаикот се очекува да заврши напролет. (А.Б.)


http://utrinski.com.mk/?ItemID=213D40CC8415E2408E8B950DDD106950


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B8423E5E724D7242A4DD3003B0596FCA

batbayan
30-12-2008, 11:33
Откриени праисториски артефакти

Капак од глинен сад со траги од старомакедонско писмо, стар 4000 години и дел од карпа со испишани знаци, стара 32.000 години, беа презентирани на вчерашната прес-конференција во Штип што ја одржаа претставници на Светската академија за карпеста уметност (САКУ).

- Глинениот капак е откриен неодамна во централна Македонија. Тоа е исклучително вреден артефакт изработен кон крајот на бронзеното време, на кој е испишано првобитното, најстарото име на божицата на огништето Веста, односно Бсефа, како што било нејзиното првобитно име. Артефактот е прв од ваков вид во светски рамки, која ја содржи најстарата писмена трага на старомакедонското писмо - рече Душко Алексовски, основач на САКУ. Вториот артефакт бил откриен пред една година на Беласица, но, како што беше речено, вчера првпат бил презентиран. Алексовски и Кукубајска најавија дека ќе се поведе иницијатива во Штип да се изгради музеј на карпеста уметност, со која Македонија била водечка во светски рамки.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=CB9257C74BE03F48B766A6384672D8D4

terrarossa
31-12-2008, 12:01
Ето, че и в Македония готвят закон за културното наследство.

batbayan
31-12-2008, 19:12
Археологијата им дава ДДВ на другите владини ресори



Автор: Весна Дамчевска

Годината 2008, без дилема, може да се прогласи за година на археологијата. Годинава имаше најмногу вложувања во археолошки истражувања во досегашната историја на државата, па резултатите се евидентни, а откритијата, или барем дел од нив, безмалку - исклучително вредни.

Вестите за многу нови сознанија за минатото на Македонија, ексклузивни предмети - некои исклучително ретки, некои единствени досега пронајдени во светот, постојано ни го поткачуваа адреналинот во 2008-та година. Ако 2007-та ја паметиме како почеток на ренесансата во археологијата и културното наследство во модерното време, во 2008-та ренесансата доживеа процут.

- Во археолошка смисла ја имавме најзначајната година досега, преполн сум со задоволство поради тоа. Во мојата долгогодишна професија не паметам, не сум доживеал вакво нешто Откако сум роден толку многу археолошки истражувања не биле спроведени, пред да се родам не ни постоела Македонија како посебна држава, инаку се разбира дека постоела отсекогаш. Ја имавме најплодната археолошка година - вели Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културни споменици и еден од најпознатите археолози кај нас.

Годинава, вели тој, бевме сведоци на ренесанса во археологијата и тоа од најголеми размери.

- Но, тука не завршува сè, сега треба да се изврши конзервација, и реставрација на наодите - вели Кузман.

Следната година ќе биде уште посилна во археолошка смисла, најавува тој.

Ова го потврди и премиерот Никола Груевски на отворањето на изложбата „Македонската археологија 2008“.

- Трагите што ги оставила цивилизацијата и луѓето кои живееле на овие простори се единствениот сведок на нашето минато и нераздвоен дел од македонското битие. Земјата на која живееме со векови наназад била сведок на историските траги на едни далечни времиња, за да дојде денот, како што е овој денес, кога таа ни ги предава на нас, на нејзините денешни генерации - истакна Груевски.

Оваа изложба, вели премиерот, претставува доказ за придобивката од инвестирањето во археолошките ископувања во годината што изминува, а владата застанала зад овие капитални истражувачки зафати затоа што верува дека во археолошките локалитети и другите културно-историски вредности првенствено опстојуваат фундаменталните основи на денешното и идното време.

Според него, преку збогатените витрини на македонските музеи Македонија ќе има и поголеми можности да се презентира пред светот како нова и атрактивна туристичка дестинација.

- Владата ќе продолжи и понатаму силно да ја поддржува културата, вклучувајќи ги и проектите за археолошките ископувања во државата. За 2009 година предвидено е да се работи на 15-тина локалитети, од кои целосно треба да бидат завршени локалитетите Марвинци, Хераклеја и Скопското кале, а во период од три години и Стоби - најавува Груевски.

Кузман е уверен дека и следната година ќе биде исклучително археолошки плодна.

- Ќе видите што ќе излезе - вели најпознатиот археолог во земјава.
На изложба во Музејот на Македонија беа презентирани откриените материјали на локалитетите Скупи, Таор, Стоби, Стибера, Хераклеја, Плаошник, Енгелена, некрополите на Марвинци, Вардарски Рид, Цареви Кули, Виничко Келе, Исарот - Штип, Баргала, кастелот кај Кожле и Тетовското Кале.

Најубавите пронајдоци

Од мноштвото пронајдени предмети првиот човек на Управата за заштита на културни споменици издвојува два, како најзначајни.

- Ако сега нешто кажам што е најзначајно од пронајдоците ќе излезе дека форсирам некои предмети на сметка на други, иако сè што е откриено си има своја археолошка вредност. Но, сепак, ако веќе морам да изберам, би ги споменал срамежливата Венера од Скупи и позлатените скулптури во Стоби исто така - тоа според мене се најубавите пронајдоци годинава. Да не ги споменувам откритијата од охридскиот регион, да не помисли некој дека сум локалпатриот, иако и таму имаше значајни откритија. Сепак, овие две откритија ми се омилени - вели Кузман.

Тој вели дека не случајно и срамежливата Венера и скулптурите од Стоби се од античкиот период.

- Антиката е најатрактивна, средновековниот период нема скулптури - вели Кузман.

Според него, сите пронајдоци ја збогатуваат македонската и европската археолошка ризница.

- Археологијата е богатство кое возбудува. Археолошките пронајдоци кои беа извлечени од пластовите на земјата претставуваат згусната енергија која зрачи и ја осветлува нашата иднина - вели тој

Сите наоди во 2008

- Реконструирана е неолитска наколна населба во близината на автокампот „Градиште“ во Охрид, која е единствениот Музеј на вода на пошироките простори на Балканот. Тоа е единствен археолошки локалитет кој ги спојува копнената и подводната археологија. Наколната населба е од бронзеното и железното време од пред 1700 до 700 години пред нашата ера, а во непосредна близина се наоѓаат антички, римски, старословенски остатоци, кои го комплетираат впечатокот при посетата на единствениот балкански музеј на вода. Во подводните археолошки истражувања пронајдени се стотици предмети по чија анализа е потврдено дека се работи за една од најголемите наколни неолитски населби во Охридско Езеро.

-Три мермерни глави од скулптури, скршени и фрлени во канал се пронајдени на локалитетот Стибера кај Прилеп. Скулптурите биле работени за видни граѓани на античкиот град. Едната е глава на младо момче, втората на возрасен маж во натприродна големина и третата на жена. Скулптурите се со поголеми димензии и веројатно се на значајни личности на градот. Новите археолошки наоди заедно со претходно откриените на божицата Ника, на портретот на младо момче Ефеб и помала скулптура од млада жена без глави и нозе, според стручњаците, сведочат дека Стибера крие непроценливо богатство за осознавање нови факти во античката историја на градот и за Македонија.

- Откриени се нови 970 нови предмети во археолошкиот локалитет Хераклеја крај Битола. Во мноштвото новооткриени археолошки предмети застапени се артефакти од античкиот, ранохристијанскиот и раносредновековниот период, кои ќе бидат сместени во витрините на битолскиот Музеј.

- Еден месец по откривањето на ритуалната погребна кочија на локалитетот Габревци, во општина Конче, штипските археолози открија нови артефакти од раноримскиот период во Македонија. Откриени се 130 керамички садови и деформирани предмети од бронза. Локалитетите во близина на село Конче, се познати по повеќето могили кои датираат од првиот век од нашата ера, а дел од нив се од доцниот бронзен период. Во таканаречените тумули се откриени кремирани човечки остатоци.

- Теракотни фигурини, керамички садови, накит, монети, оружје се најдени на локалитетот Згрополско Кале, во науката идентификуван како Гурбита, кој се наоѓа на 12 км северно од античкиот град Стоби. Станува збор за хеленистичко-римска некропола, во која се откриени и истражени седум гробни целини, кои даваат слика за населението и животот што се одвивал тука. Некрополата е лоцирана на карпест терен, се наоѓа на т.н. вардарско-моравската линија. Пронајдени се и кремирани посмртни останки. Сите податоци одат во прилог дека населбата Гурбита имала интензивни врски со големите и значајни центри во регионот.

- Елементи кои претставуваат реткост на балканските простори, како што се теракотните фигури на божицата Кибела, графитната слика на керамика, се пронајдени во досегашните ископувања на локалитетот Цареви Кули.

Овие откритија упатуваат на можноста токму на ова место да се лоцираат остатоците од култниот град Астраион, кој е всушност директен претходник на средновековниот Тивериопол и на денешната Струмица.

На комплексот Цареви кули постоела култура стара 7.000 години. Оваа претпоставка на археолозите и материјално беше потврдена со откривањето на праисториска населба од првата половина на петтиот милениум пред нашата ера.

- Откритија на локалитетот Градиште, кај светиниколското село Кнежје - влезната порта и дел од бедемот на акрополата на античка Билазора. Локалитетот прв го премерил археологот Иван Микулчиќ, пред многу години. Тоа е локалитет што зафаќал површина од 19 хектари, со акропола. Имал овална, елипсовидна форма. Со тоа Микулчиќ ја урнал дотогашната теза дека Билазора е кај Велес и поставува нова теза - бил изграден во Овчеполието за да ги блокира нападите.

- Статуа на божицата Венера од 3 век, со огромна вредност, пронајдена е на локалитетот Скупи, кај скопско Злокуќани. Статуата е во природна величина (висока 170 сантиметри). Нејзината вредност е иста со експонатите во музејот „Лувр“ во Париз. Римската божица на љубовта Срамежливата Венера или Венера Пудика е во природна големина, со голо тело, а со рацете го крие срамниот дел. Според префинето измазнетиот мермер, сигурно е работена во професионален центар во кој работеле врвни вајари. Вредниот наод е откриен при ископувањата на доцноантичкиот хоризонт кога се откриени два објекта: ранохристијанска базилика и бања која може да биде дел од резиденцијален објект. Токму во бањата е откриена статуата на божицата Венера, која на левата нога има изгравиран делфин, кој го има Срамежливата Венера, кога излегува од вода. Најчесто била поставувана во бањи и во простории со базени. Делфинот на ногата, изработката и материјалот на скулптурата укажуваат на тоа дека Скупи од 1 до 7 век бил град од највисок ранг. Само богати градови може да си дозволат таков луксуз да имаат вака изработена Венера.

Срамежливата Венера е можеби најатрактивниот дел, но археолозите ќе потврдат дека и самото откритие на ѕидините на Кале, иако не е визуелно предизвикувачки е големо откритие - зашто колку подебели ѕидини, толку позначаен град.

- Бронзена статуетка на богот Меркур открија археолозите во близина на Демир Капија. Фигурата е висока 96 милиметри и поседува солидни анатомски карактеристики. Прстите на нозете се во сандали со крилца. Лицето, косата, делумно ушите, елипсовидната капа со крилцата од кои десното е откршено се детално изработени. Како што е вообичаено за боговите, тој е гол. Единствено лесната наметка, прицврстена околу левото рамо, е обвиткана околу левата рака и со триделно драпираниот крај виси за околу 15 мм надолу. Тој е благо потпрен на левата нога. Во десната полуподадена рака цврсто држи, солидно наполнето, тркалезно ќесе со пари. Во левата полуиспружена рака, се наоѓал фамозниот гласнички стап „кадукеј“ околу кој се завиткани две змии со конфронтирани глави над стапот. На оваа фигура и’ недостига кадукејот.

Во Македонија досега се откриени околу 40 бронзени статуетки на Меркур, синот Маја, водачот на душите, заштитникот на трговците и патниците. Најмногу од нив се пронајдени во Пелагониската Висорамнина, во Повардарјето и во Тиквешијата.

- Златни предмети, кои датираат од пред речиси два и пол милениуми, меѓу кои се и две златести монети со ликовите на Филип Втори и Александар Трети Македонски, се најдени кај селото Тремник, Неготинско. Меѓу пронајдените предмети се и златната апликација со ликот на Посејдон, ситни копчиња од малависки тип со ѕвездести испапчувања, стотина алки, како и многу лисести висулци за ѓердани. Вкупната тежина на пронајдените предмети е околу 700 грама злато, но многу побитна е нивната специфична и исклучителна историска вредност.

- На локалитетот Градиште во селото Бучинци откриени се нови пајонски погребувања од железното време(од крај на 8 до 6 век пред н.е) што претставува дополнување на сликата за присуството на пајонското племе Агријани и во овој дел од Македонија. Како посебна карактеристика на локалитетот е погребувањето во хумки, посебно евидентираниот ритуал со животни, присуството на бронзените артефакти, керамиката со врежани триаголници.

Наодите од Бучинци се сметаат за најсеверни манифестации на пајонската култура во земјава, со кои се заокружува скопско-кумановскиот регион, како еден од најјаките пајонски области, културно свртени кон југ и органски врзани за повардарјето и Брегалница, како матична пајонска територија.

- Масивна, позлатена скулптура во натприродна големина е откриена на римскиот форум во Стоби. Меѓу откопаните парчиња се и позлатен шлем, перјаница и штит, делови препознатливи за опремата на војниците од Римската империја, но и атрибути со кои традиционално се прикажува Минерва, римска божица заштитничка на војниците, поетите, мудроста и на занаетите. Според димензиите на пронајдените делови, археолозите велат дека станува збор за артефакт чија интегрална големина била околу 2,5 метра.

- Женска фигурина во седечка положба, изработена од коска и глина, што датира во среден неолит е откриена на локалитетот Тумба Маџари-неолитска населба. На оваа интересна фигурина половината и е изработена од коска, а другите делови од телото-главата, нозете, рацете се направени од глина, што ја прави раритетна на локалитети од овој период.

Откриен е и атрактивен ѓердан составен од 19 монистри- археолошко откритие на накит кое се уште е ретко на нашите наоѓалишта од младото камено време.




Археологијата носи „додадена“ вредност на работата на другите ресори на Владата. Промовирањето на националната или кралската култура во надворешните работи го достигна својот зенит во дворовите на Медичи во Италија и на Луј 14 во Франција. Но, тоа има свои современи еквиваленти во многу европски земји. Мал е бројот на оние што не го промовираат имиџот на нацијата во странство преку претставување на културното богатство. И мал е бројот на дипломатските активности што се одвиваат без значително вклучување на културниот живот.



Виктор Лилчиќ, професор на Катедрата за археологија при Факултетот за историја на уметноста на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
- Оваа година беше огромен успех на археологијата како професија. Таква поддршка за оваа наука досега не се случила. Кога една земја му посветува внимание на цивилизациското наследство, го покажува степенот на својата општа култура и подготвеноста да влезе во европските текови. Досега археологијата беше третирана како професија што не е битна, а археолозите беа затворени во своите ровови. Значи, оваа влада првпат и посвети толку внимание на археолошката супституција на името Македонија.



Иван Микулчиќ, археолог
- Речиси половина век сум во оваа професија и досега немам видено толкав интензитет на археолошки истражувања - вели пензионираниот археолог проф. Иван Микулчиќ.

Минатата година Микулчиќ учествуваше на ископувањата на Плаошник, а сега, во мирот на своите пензионерски денови, со задоволство слуша за годинашнава археолошка офанзива.

- Фала богу што се работеше. Имаше екипи на многу локалитети, имаше ископувања од секој период, се радувам што се направи напор да се надмине стагнацијата низ која минуваше археологијата во изминатите години - вели Микулчиќ.


Коста Балабанов, археолог
-Ако ме прашувате дали е добро и доволно тоа што е направено годинава, ќе кажам дека никогаш не е доволно. Но, сепак, има некои успеси на оваа влада, особено во археологијата, кои се неоспорни.


http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=2&fCat=1&EditionID=278&top=1&ArticleID=14896

batbayan
03-01-2009, 13:06
Пронајдена уште една камена топка во Босна

Во централна Босна, 18 километри од центарот на општина Какањ во местото Брњиц, пронајдена е уште една камена топка. Пречникот и е поголем од еден метар и има правилна сферична форма. Градена е од песок и има хомогена цврста структура.



На територијата на Босна и Херцеговина, Фондацијата „Археолошки парк: Босанска пирамида на Сонцето“ до сега регистрираше над дваесет локации со мистериозен праисториски феномен на камени топки. Камените топки се градени од три видови на материјал: од песок, гранит и вулкански камења. Најголемата е со тежина од 15 тони во селото Слатино кај Бања Лука. Осум гранитни топки се лоцирани кај Вареш, Какањ, Жепча, Сребреница, Коњиц, Трн, Мостар, Сански Мост... Најголемото наоѓалиште е во Длабок поток кај Завидовиќи, со над 40 правилни камени топки. Фондацијата на таа локација во 2006 година отвори „Археолошки парк: Босански камени топки“, кој стана туристичка атракција.

Покрај БиХ, камени топки се пронајдени и во Јужна Костарика (од гранодиорит и кокино, видови на песок), во западно Мексико (од вулканско потекло), во централна Србија и на неколку други локации.



Најновото босанско наоѓалиште оддалечено е 1 километар од селото Брњиц, а го откриле деца. На површината се појавил врвот на камената топка која е откопана и се појавила правилна камена топка. Децата, преку претседателот на Месната заедница Адем Гачиќ и дипл. машински инженер Хусе Делиќ, ги повикале претставниците на Фондацијата во посета на локацијата.

Тимот на Фондацијата во состав на Ахмед Босниќ (претседател на Управниот одбор), Семир Османагиќ (основач), Зајим Ахметспахиќ (извршен директор), Амила Омерсофтиќ (член на УО), Мухамед Пашиќ (шеф на истражувачкиот тим) и други, го посетија локалитетот во друштво на над стотина жители од местото. На потесната локација постојат стари турски гробишта, неколку цркви градени пред доаѓањето на Османлиската империја, што говори за континуираната населеност на овој дел од БиХ.

Професорот Пашиќ земал неколку примероци од камената топка и од околниот карпест материјал за анализа на Институтот „Кемал Капетановиќ“, на Универзитетот во Зеница.

Ова е уште една потврда дека централниот дел на БиХ е археолошка сензација во светски размери и заслужува понатамошно истражување.


http://www.idividi.com.mk/Futurama/Nauka/494086/index.html

batbayan
03-01-2009, 13:08
Презентација на културното наследство


Годинава, Министерството за култура во десет градови во Македонија ќе постави културни унифицирани пунктови. Во овие монтажни објекти ќе бидат презентирани материјали и брошури од целокупното културно наследство во Македонија, а ќе биде наменето и за туристите и за граѓаните на Македонија.
- Конкурсот за идејно решение, според кое ќе се поставуваат овие пунктови, е завршено. Тие имаат огромно значење за презентација на целокупното материјал со кој располага Република Македонија во делот на културно наследство, но ќе бидат презентирани и сите брошури кои се однесуваат на археолошките локалитети, природните убавини, цркви, манастири и џамии. За оваа намена беше формиран и одборот кој активно работи на целиот материјал кој ќе се печати, а потоа и презентира на пунктовите, вели министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.


http://vecer.com.mk/?ItemID=FF475BD1187FFF45ACF86DC87691AD4A

batbayan
03-01-2009, 13:12
Пронајден праисториски глинен поклопец


Палеолингвистичкиот артефакт, глинен поклопец со испишано првобитното име на римската божица Веста, т.е. Бсефа, е пронајден од македонските истражувачи од Светската академија за карпестата уметност. Овој артефакт, (пронајден во централниот дел од Македонија), според нив, неспорно открива дека зачетоците на римската цивилизација водат потекло од Балканот, од каде е пренесена со посредство на Етрурците и македонските племиња.
- Македонија, како што посочи, е меѓу најбогатите земји со ова културно-историско и религиозно - филозофско наследство, односно на мал простор се среќава карпеста уметност во сликана и гравирана форма, посочи на прес-конференција професор доктор Душко Алексовски, почесен преседател на САКУ.

Штип ќе биде седиште на Светската академија за карпестата уметност. Ќе биде изграден и монументален објект во кој ќе биде сместен македонскиот центар за карпеста уметност и музеј со лапидариум, каде ќе се решаваат сите важни прашања од истражувањето на праисторијата.


http://vecer.com.mk/?ItemID=E61E187E8768354699EF96C6F4BF294C

batbayan
05-01-2009, 13:28
ИНТЕРВЈУ СО ЕЛИЗАБЕТА КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА, МИНИСТЕРКА ЗА КУЛТУРА


* Минатата година бевме бомбардирани од информации за епохални археолошки откритија. Како наодите да добијат меѓународна верификација?

- Е тоа мора да го правиме сите. Имаме извонредно археолошко богатство што треба да го презентираме во светот. Од тие причини уште годинава ќе почне реализација на голем проект - изградба на зграда за археолошки музеј. Во него ќе биде презентирано непроценливото археолошко богатство откриено во Стоби, Хераклеја, Стибера, Марвинци и стотиците локалитети низ земјава. Скопското Кале целосно ќе биде истражено, а ќе бидат вработени невработените археолози. Музејот на современата уметност ќе има постојана поставка. Тажно е што стотици вредни уметнички дела лежат во депото на музејот далеку од очите на јавноста. Делата ќе се реставрираат и ќе се презентираат. Среќна сум што Владата ја прифати иницијативата за реновирање на центрите на културата, зашто тие навистина се единственото јадро на културата во градовите во внатрешноста. Во контактите со нив знам дека тие им се исклучително важни зашто се единственото место во кои се одржуваат културни програми, а кои тие со радост ги чекаат.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=4BCD58A23D1AAE45ACE806B753091968

batbayan
05-01-2009, 13:36
Во симболот на Вуковар се чувала халуциогена течност


Керамичкиот модел на птица е симбол на вучедолската култура

Садот во форма на мала птица, нарекуван гулабица, но и еребица, се користел во праисториски ритуали

Катерина Богоева

Кога на почетокот на новиов милениум, хрватскиот археолог Александар Дурман го даде своето прво интеревју за „Утрински весник“ по повод авторската изложба „Вучедолски Ореон“ што со големо внимание беше проследена во Археолошкиот музеј во Загреб, не ни претпоставувавме дека на крајот на 2008 година, вредните артефакти од познатата вучедолска култура (2.900 -2.500 год.пр.н.ера) ќе бидат презентирани и во Музејот на Македонија на актуелната изложба „Вучедол - мит што опстојува“.

Во меѓувреме, контактите меѓу двата музеја се интензивираа, а нашата публика доби исклучителна можност да го види најзначајното од праисториската ризница на Хрватска, откриените керамички предмети, како и калапите за изработка на исто така. презентираните бакарни секири. Нејзиното отворање во декември, коинцидираше и со презентација на низа интересни експонати од споменатата култура, на изложба во Келтскиот музеј во Хохдорф/Енц кај Штудгард , посветена на различните наоди од бакарното време до латенскиот период откриени на просторот на континентална Хрватска.

Првата целосна изложба посветена на локалитетот Вучедол е одржана во 1988 година во Загреб, во денешниот Коловиќев дворец , а некогашен Музејски простор. Директорот на Археолошкиот музеј на Загреб, Анте Рендиќ - Миочевиќ, го смета за особено интересен и изложбениот проект што Музејот го организирал во соработка со Загребскиот природонаучен музеј и Земскиот музеј од Ајзенштат во 1994 година, во главниот град на австриската покраина Бургенланд, Градишќе со цел да го прикаже феноменот на вучедолската култура, во рамките на појавата важна за развојот на човечкиот род, феноменот на неандерталците, чии што остатоци се пронајдени во Крапинската пештера, на подрачјето на северозападна Хрватска. Изложбата „Вучедолски Ореон“ со вредните артефакти и тврдењата на Александар Дурман дека на керамички сад е запишан најстариот европски календар, го привлекува вниманието на пошироката јавност. Таа, како и изложбата во Скопје, беше реализирана во соработка со музеите од Вуковар и Винковци, градови во кои се наоѓаат откриените материјали од вучедолската култура, која од славонско - сремските локалитети се ширела низ Европа.

Интересот за Вучедол и истоимената, епонимна култура датира од првите систематски истражувања што ги извел германскиот археолог Р. Шмит, во триесеттите години на дваесеттиот век, на издигнатите брегови од јужната страна на Дунав, на само неколку километри од течението на реката од Вуковар. Тогаш се откриени и некој од најзначајните наоди од оваа култура, меѓу кои е и керамичкиот сад во форма на птица „вучедолска гулабица“, нарекувана и еребица, сад познат во јавноста како симбол на вучедолската култура и на градот Вуковар. Садот е пример на занаетчиска вештина на керамичарите, со истенчена уметничка дарба, а важи и за важен религиозен симбол.Во него може да се чува околу половина литар течност, која археолозите претпоставуваат дека била халуциногена и користена заедно со садот во религиозни свечености, при изведување на некој од праисторските ритуали.

Археолозите што сметаат дека станува збор за гулабица, тргнуваат од верувањата дека малите птици, како неа, отсекогаш биле придружнички на Големата мајка, женско божество кое го отелотворува обожувањето на плодноста и земјата. Тврдењата пак, дека станува збор за еребица, се поврзани со машките божества и металургијата.

Кога се во опасност, еребиците куцаат, а токму куцавоста ги поврзува со куциот ковач Хефест.

Местото каде е пронајден овој исклучителен, и засега единствен таков сад, е наречено Вучедолски Градац и е поврзано со металургијата. Градац, во време на постоење на вучедолската култура, бил посебно издвоена акропола во чие што средиште бил мегарон на леарите на бакар. Таму се откриени и дел од калапите и презентираните бронзени секири, а токму на овој сегмент, на првото сериско производство на секири, беше посветена и уште една изложба одржана во 2006 година во Кловиќевиот дворец во Загреб под наслов „Вучедолскиот куцав бог- зошто сите металуршки богови куцаат“ - „Симболот на бог и крал - првите европски владетели“. На неа се презентирани откриените археолошки предмети на кои се темелат тврдењата дека во Вучедол се случила првата праиндустриска револуција, дека од таму потекнува првото праисториско оружје, секирата која го означила и создавањето на првата европска војска, на првите владетели.

„Вучедолската култура била најдобар одговор на европската цивилизација на почетокот на создавањето на Сумерите во Месопотамија и Египет, што значи дека Европа токму тука го направила цивилизацискиот скок каков што во исто време, 3000 години пред Христа, со формирање на населби, градови држави и писма, бил достигнат во Месопотамија, Египет и Кина“ - посочила директорката на галеријата Кловиќев дворец, Весна Кушин. Во таа прилика, како автор на изложбата Александар Дурман кој вучедолската култура ја истражува на неколку локалитети, а се занимава со теми од археометалургијата, со проблемите на апсолутно датирање во археологијата, со комуникациите и др, посочил на ширењето на културата од матичната зона, заедно со калапите од Вучедол, Винковци и Сарваш(Осјек), преку оставите на лепезестите секири од Боринци(Винковци ), кон запад, преку Брекинско (Пакрац) до најодалечениот наод на секири на крајниот север на Јадранот, во Аквилеја.Ширењето пак на културата кон средишниот и јужен Јадран, тој го следи и по остатоците на метални предмети во Босна, на локалитети кај Грачаница, Мркољиќ Град, Приједор и Книн. “И оставатата од Петралон кај Солун, од западната страна на Халкидики, по коритото на Вардар, чува цел спектар на метални наоди од вучедолската култура. Локалитетот Ситагрои е на источниот дел на Халкидики, на најпроодниот пат крај Подунавје, во долината на Морава, Струмица и Стримон кон Егејот. На тој начин, оставите и наодите на метални предмети на вучедолската култура го споиле Јадранот (од крајниот север до југ) и северниот дел на Егејското море со Подунавјето“, тврдел Дурман уште во 1983 година.


http://utrinski.com.mk/?ItemID=1233B767B5C83F40B7FE0A3635C222EB

batbayan
06-01-2009, 08:51
На Стибера ќе се копа и годинава


На античкиот локалитет Стибера, кај прилепското село Чепигово, според археолозите, активно ќе се ископува и годинава. Мермерните статуи што континуирано се откриваат во Стибера се вбројуваат во ретките од таков вид.

Изминатата 2008 година, велат надлежните, понуди нови сознанија за градот кој активно живеел од 3 век п.н.е. до 3 век од нашата ера. Најголем број артефакти нуди гимназиумот - градба која е единствена во македонските антички локалитети.

Инаку, во Стибера досега се пронајдени 31 мермерна статуа. Повеќето се во Музејот на Македонија, а дел од нив можат да се видат и пред Владата. Есента беа откриени три мермерни глави, на маж, жена и на младо момче, но и три статуи - на божицата Нике, на момче Ефеб и на млада жена. Пред повеќе од една година жител во својата нива пронајде голема мермерна статуа на херкуланка. Овие откритија укажуваат дека Стибера бил значаен културен ценар во антиката, со дваесетина илјади жители.

Според министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, приоритети во археологијата за оваа година е целосно да се истражат и скопската тврдина Кале, Хераклеа, Марвинци, а Стоби во рок од три години. Во текот на 2008 на 15 археолошки локалитети на кои се работело, евидентирани се 10 996 археолошки предмети.


http://vecer.com.mk/?ItemID=450D393C1B91D54E956D6C064C41040B

batbayan
08-01-2009, 15:07
ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ СО КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО

Македонските антиквитети со воз низ светот

Ако не завршат во некоја приватна колекција во Европа, го продолжуваат патот до ветената земја, Америка

Колекционерите од Соединетите Американски Држави плаќаат најмногу: македонски антиквитети запленети на словенечката граница

По мрачни канали, како на филм, антиквитетите пронајдени во Македонија се одлеваат во странство. Ако не завршат во некоја при ватна колекција во Европа, го продолжуваат патот до ветената земја, Америка. Колекционерите од Соединетите Американски Држави плаќаат најмногу. Таму предметите постигнуваат највисока цена зашто почвата на новиот континент не е многу цивилизациски богата, за разлика од старата дама, Европа.

Како се шверцуваат археолошките предмети од Македонија, кој е вклучен во илегалниот бизнис, кој копа, кој посредува, а кој купува? Каде завршуваат предметите и како се формира нивната цена? Инспекторот Илчо Бојчевски, кој повеќе од 20 години ги следи трагите на нелегалните трговци, ги раскажува своите искуства.

- Предметите најчесто ги откопуваат луѓе што живеат близу до локалитетите. Тие се неупадливи и лесно се камуфлираат. Имаат ниви во околината, ораат со трактори, соседното село им е близу. Ако дојде полициска патрола секогаш имаат одговор. „Работам на нивата, па тука го свртев тракторот“. Секогаш имаат приказна - ја почнува Бојчевски својата приказна.

Овие луѓе се првата алка во синџирот на нелегалната трговија. Откако ќе ги ископаат, тие ги нудат предметите на локалните шефови, кои в раце ги држат понатамошните врски.

Тој што го копа предметот не знае кому да го продаде во Скопје, ниту знае како да го однесе на аукција во Германија, објаснува Бојчевски. Тоа го знаат локалните баџовци. Тие ги гледаат и ги одбираат предметите. Ги фотографираат, ги снимаат на цеде, на УСБ и така ги нудат на зинтересираните купувачи.

- Посредникот не ги чува кај себе предметите. Тој внимава да не го откријат. Најчесто копачите ги чуваат предметите дома или ги стават во вреќа и ги закопуваат во двор или во нива - вели Бојчевски.

„ПОГОЛЕМИТЕ“ СЕ ШТИТАТ

Некои шефови се директно поврзани со купувачите, некои се врзани со скопски дилери кои се кријат зад лажни антикварници и колекционери. Тие го преземаат посредништвото.

- Муштеријата ги гледа фотографиите и директно си одбира што ќе купи. Тогаш се договора времето и местото на примопредавање и плаќање на предметите. Дури кога ќе дојде купувачот, посредникот му кажува на копачот каде да ја донесе стоката. Локацијата е секогаш подалеку од живеалиштето на копачот. Така ризикот повторно паѓа на тој што ги пренесува артефактите, не на овие „поголемите“. Тие добро го разработиле законот и знаат кога едно кривично дело е полесно - објаснува инспекторот.

Кога ќе се склучи зделката, првиот човек најчесто добива нешто ситно, околу 10 отсто од сумата, иако тој ги пронашол предметите, го презел сиот ризик, извршил кривично дело и го транспортирал предметот до „местото на злосторот“. Ако предметите се платени 5.000 евра, копачот ќе земе 100 евра. Посредникот ги зема останатите пари.Има и друг начин. Локалните баџовци ги носат предметите во Скопје и ги предаваат на поединци кои котираат повисоко. Тука се дели добивката за да можат сите да заработат. „Поголемите“ го преземаат ризикот и ги задржуваат предметите.

Антиквитетите на разни начини се транспортираат од Скопје на пазарите во Западна Европа. Шверцот со авиони се случува многу ретко, заради скенерите и ригорозните контроли.

- Можеби нешто „ни отишло“ преку ВИП-салоните, мисиите или дипломатскиот кор. Но, шверцерите најчесто го избираат начинот преку кој ризикот од загубата е најмал. Во Кривичниот законик има одредба дека се одзема средството со кое се врши кривичното дело. Ако се шверцуваат предмети со автобус или камион, се одземаат возилата кои чинат и до 50.000 евра - раскажува Бојчевски.

ВОЗОВИТЕ НАЈБЕЗБЕДНИ

Затоа предметите најчесто ги пренесуваат со воз. Така антиквитетите патуваат сами. Нема никаков ризик. Ако инспекторите не ги најдат во возот, човек ги пречекува во Германија. Тој знае во кој вагон, во кое парно се монтирани. Вагонот е маркиран. Тој не мора веднаш да ја земе стоката. Може комотно да почека возот да отиде во некоја база. Кога нема да биде под надзор, ќе ги демонтира и ќе ги земе предметите.

- Тоа беше најчест начин на транспорт и најтежок за откривање. И да ги откриеме предметите, не ги откривавме луѓето. Нашите многу го користеа тој тип транспорт. Се разбира, има и исклучителни ситуации. Пред две години во Хрватска фативме обид за шверц на предмети во воз. За среќа, го најдовме и колекционерот. Не беа во неговото купе, но и тој патуваше со возот - вели Бојчевски.

Кога ќе стигнат предметите во Европа се појавуваат во аукциските куќи. На пример, познатата ауциска куќа „Горни и Мош“ во Минхен одбира што ќе понуди на аукција и формира почетна цена. Тогаш завесата се спушта. Оттука се е веќе тајно.Цената на антиквитетите денес ја диктира побарувачката. Бојчевски вели дека до пред десетина години точно се знаело кој предмет колку вреди. Се се сменило кога бугарските шверцерски групи во времето на транзицијата донеле многу предмети во аукциските куќи.

- Голем дел од нив беа фалсификати. Аукциските куќи се излажаа. Во Русе работат најдобрите фалсификатори во светот. И за монети и за бронза. Нема подобри од нив. Тогаш се изгуби балансот. Влезе многу стока на која не и' се знаеше потеклото, ниту се знаеше дали се оригинали или фалсификати. Оттогаш цената на секој предмет се формира според побарувачката. Ако на колекционерот му недостига нешто од колекцијата, тој се пријавува како купувач на предметот дури и ако во моментот го нема во аукциската куќа. Така однапред се формира цената. Ако треба да го оставиш предметот на листата за чекање, цената е многу помала. Условите за работа се исти како во секоја трговија, поскапи се предметите и артиклите што ги нема - објаснува Бојчевски.

„ТОМ И ЏЕРИ“

Својата вистинска цена предметите ја добиваат во САД. За да стигне до таму, антиквитетот мора да се „избели“. Се обезбедуваат документи, се отвораат фантомски фирми, се фалсификува оставина од баба или дедо.

- Колекционерите што најмногу плаќаат се Американци зашто нема од каде да ги купат предметите освен од Европа. Но, купуваат исклучително „избелени“ предмети. А додека се избелат, се' си има цена - вели инспекторот.„Заработените“ пари од продадените предмети се префрлаат на жиро-сметка што е оставена во аукциската куќа. Според Бојчевски, преку протокот на парите никогаш не може да се открие кој што продава, поради тајноста на податоците кои не можат да се проверат ни преку аукциската куќа ни преку банката.

- Парите речиси никогаш не доаѓаат до нашите банки. Ако дојдат, толку се испрани што не можеш да им го фатиш патот - вели тој.Со овој бизнис се занимаваат неколку луѓе од Македонија, кои својата професија ја довеле до ниво на перфекција.

- Веројатно тие се препознаваат себеси, но не треба да мислат дека ние сме мутави. Нека внимаваат кога ќе наидат на нешто. Ги знаеме сите работи и веќе извесно време си играме „Том и Џери“. Некој од нив еднаш ќе направи грешка - вели Бојчевски.Предметите од Македонија што завршуваат на аукции најмногу се препознаваат според аналогијата на материјалот. Има предмети типични за Македонија и ги има само кај нас. Кога инспекторите дознаваат дека антиквитети од Македонија „се упатиле“ некаде (а предметите може да се откопаат и во земјите од регионот), тие го пријавуваат случајот на Интерпол од Србија, Хрватска, Словенија. Така кога предметот ќе стигне на пазарот, соседните земји не спорат дека потекнува од кај нив зашто нашите служби веќе ги известиле. Бојчевски вели дека со ваква соработка најуспешно се решаваат проблемите.

СТРАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА

На пазарот секогаш биле актуелни фигурини од бронза и од керамика. Ретките предмети се најскапи. Во аукциските куќи најдобро се плаќале т.н. македонски бронзи, по кои Македонија е најпрепознатлива. Најтешки за препознавање се монетите, зашто ги има секаде.Нелегалната трговија со културно наследство во Македонија зема замав во средината на 80-тите години.

- Археологијата не беше толку влезена во промет додека не дојдоа странските купувачи. Дотогаш двајца-тројца се занимаваа со ова, беа малку и лесно ја следевме нивната работа. Инвеститорите доаѓаа најмногу од Грција, некои организирано, некои приватно. Грција организирано вршеше откуп на предмети од Македонија. Се бараа само предметите што се битни за спорот што го водиме околу името. Работеа многу организирано во последните 15 години. Луѓето што беа дел од нивната мрежа на терен добија затворски казни. Се надевам дека досега не формирале друг систем. Може во меѓувреме платиле други луѓе да им бараат и да им собираат предмети, луѓе за кои ние не знаеме. Не можам да кажам дека ова го имаме „покриено“ до крај - објаснува Бојчевски.На прашањето дали Грција се соочува со одлив на културното наследство, Бојчевски вели дека од кај нив многу материјал бил изнесен пред 90-тите години.

- Материјалот излезе директно од Пиреја, од пристаниште, по воден пат. Во тоа време ни тие не беа свесни за оваа работа. Потоа влегоа неколку луѓе, светски колекционери, купија поседи, вили и острови во Грција. Влегоа како големи светски бизнисмени, а всушност, основната дејност им е колекционерство. Тоа се случуваше во 80-тите години. Не сотреа се', но земаа многу вредни предмети, кои чинат милиони - вели Бојчевски.

Грци плаќаат, шпедитери транспортираат
Купувачите од Грција најчесто ги оставаат предметите кај шпедитери, транспортери кои за одредена сума ги пренесуваат предметите во Грција, вели Бојчевски. Знаеме кој доаѓа од Грција по оваа работа. Но, што ако го запреме на граница и му направиме детален претрес? На крај ќе треба да му се извиниме. Тој доаѓа само да ја договори работата и да ги плати предметите. Стоката оди преку шпедитери, во камиони. Проблем е што овие случаи тешко се откриваат. Дневно на граница поминуваат 1.000 камиони. Детален претрес на камионот трае 12 часа. Предметите не мирисаат, кучињата не можат да ги надушкаат. Предметот може да биде многу мал, скриен во камион со стока од 50 тони. Треба да се бара игла во сено. Тоа е многу тешко - вели Бојчевски.



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D2ADFD7594C4C141B5456E760F828648

batbayan
10-01-2009, 13:10
Успешна археолошка година на Виничко кале


Истражувачката кампања на Виничкото кале во минатата 2008 година е богата и содржинска. Открени се теракотни икони кои археолозите ги сместуваат меѓу четвртиот и шестиот век, со застапени теми од Стариот завет, Давидовите псалми, како и христолошки теми и претстави на светители.

На иконите има досега непознати сцени и доминираат мотиви од тогашниот секојдневен живот на луѓето, коњаници, животороден извор, сцени од морски животни, риби, школки, а првпат на новооткриените теракотни икони се претставени историски настани од овој крај, кои допрва треба да бидат проучени.

Од 1985 до 2008 година на Виничкото кале археолозите во повеќе кампањи истражувале површина од 25.000 метри квадратни. Пронајдените артефакти зборуваат дека на тој простор постоел живот пред 4.200 години.

Во виничкиот трезор на теракоти има 50 цели икони и стотина фрагментирани со мотиви од 15 сцени во повеќе реплики.


http://vecer.com.mk/?ItemID=8F2EA083577C3A4FA50388127CB7FEE5

batbayan
10-01-2009, 13:12
Струшката галерија на икони доби каталог



Најстарата икона во галериската збирка датира од 1267 година

Најстариот музеј во земјава Д-р „Никола Незлобински“ од Струга, на крајот на 2008 година, својата 80 - годишнина од постоењето ја одбележа и со три нови изданија, со монографија за Музејот, каталог за галеријата „Вангел Коџоман“ и каталог на икони од галеријата во црквата „Св.Ѓорѓија“. Во значајната поствизантиска збирка која брои 39 икони, доминираат икони од XVI и XVII век, помал е бројот на примероците од XVIII век, а има и по некоја икона од XIX век. Оформувањето на галеријата, преадаптацијата и приспособувањето на црковниот внатрешен простор на егзонартексот за соодветно презентирање на богатата збирка, се реализира во рамките на проект во кој учествуваат Локалната агенција за развој УНДП, во соработка со Македонската православна црква, Дебарско-кичевската епархија и Архирејското намесништво - Струга.

Галеријата сеуште чека да биде отворена за јавноста, а историчарот на уметност Сашо Цветковски, директор на музејот „Д-р Никола Незлобински“ посочува дека лани изминаа и 740 години од сликањето на најстарата икона од збирката, на патронот „Св Ѓорѓија“ од 1267 година. „Иконата е дело на зографот Јован, сликана во најубавите традиции на доцнокомненскиот стилски израз кој во втората половина на XIII век, сеуште ќе преовладува во уметноста настаната во диецезата на Охридската архиепископија. Освен оваа антологиска икона од византискиот период , други иконописни дела од XIII и XIV век, во збирката не се зачувани, иако, ова е период кога во Охрид и пределите околу него се бележи интензивна и уметничка активност поддржувана од самиот архиепископски врв и угледните велможи“.

Денешната црква „Св Ѓорѓија“ во Струга е изградена на местото на постара и помала средновековна црква од 1835 година. Резбаниот иконостас датира од 1847 година, а престолните и празничните икони од 1849/50 година. Живописана е во 1847 година од тајфата на браќата Макариеви од Галичник. Интересот за богатото културно и уметничко наследство на Струга и струшко се интензивира кон средината на минатиот век, кога во црквата се откриени и неколку вредни икони од кои две (иконата на „Св. Ѓорѓија“ од 1267 и иконата на „Св. Ѓорѓија“ со сцени од неговото житие), биле претставени на голема изложба на икони од Југославија, во рамките на XII Меѓународен конгрес на византолозите, одржан во Охрид, во 1961 година.

„Набргу по изложбата во 1961 година, за иконата на „Св. Ѓорѓија“ од 1267 година, интерес пројавија не само историчарите на уметноста туку и историчарите и филолозите. Во годините кои следеа се исчита натписот од задната страна на иконата испишан на висок стил и во духот на најубавите традиции на византиската реторика . Натписот го откри името на нарачателот, референдарот на пресветата архиепископија, ѓаконот Јован, кој со зборови го осмислил ликот на светецот, а зографот Јован со боја и четка го насликал. Иконата е влезена во сите значајни прегледи на византискиот иконопис од втората половина на XIII век, и во каталозите на најубавите дела на средновековниот иконопис од Македонија.

Во шеесеттите години од минатиот век започна децениската работа на евидентирање и валоризирање на иконите од Македонија, во рамките на овој проект се евидентираа и иконите од црквата „Св. Ѓорѓија“ во Струга. Тогаш неколку икони од црквата се однесени во Скопје, и денес се наоѓаат во збирката на Музеј на Македонија.

Во летото 1990 година, при препокривање на покривот на црквата, на големо изненадување на културната и научната јавност, се открија над педесеттина икони кои хронолошки датираат од XVI до XIX век. Овие икони низ вековите и припаѓале на црквата,биле нарачувани или подарувани на црквата, а дел од нив во несигурните времиња на османлиската власт, биле носени од други цркви од Струшко“ - вели Цветковски, според кого иконите се целосно заштитени и конзервирани, подготвени за презентирање на изложбената поставка на галеријата.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=ADC84A8736CDC44F96CEEDEBCE78499A

batbayan
10-01-2009, 19:15
НЕПОЗНАТА МАКЕДОНИЈА: СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА ВО СЕЛОТО СТАРО НАГОРИЧАНЕЕ СТАРТУВА ТРЕТИОТ ПЕНЗИСКИ СТОЛБ
Куде цркву и пештеру
Црквата "Св. Ѓорѓи" и пештерата во која живеел светиот отец Прохор Пчински во селото Старо Нагоричане се презентираат на кумановски дијалект што е посебен куриозитет



Кумановскиот крај е богат со споменици на културата и природни реткости. Такви се и црквата "Св. Ѓорѓи" и пештерата во која живеел светиот отец Прохор Пчински во селото Старо Нагоричане, на околу 13 километри од Куманово.
Патувањето до нив е посебно уживање. Најпрвин, по Куманово, навлегувате во еден разбрануван пејсаж. Десно од магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, во далечината се гледа споменикот на паднатите српски војници во Првата Балканска војна. Споменикот е изграден на брдото "Зебрњак" високо 511 метри и делува импозантно. Веднаш потоа пред вас се испречуваат, од левата страна два округли рида кои со своите високи вертикални карпи наликуваат на тие во вестерн филмовите во Америка со зарамнети врвови. И романтиката не би била целосна ако стариот пат не минуваше меѓу нив, а новиот врти десно, како да се одбива од нив. Чинам дека тие се заштитени со Законот за природни реткости.
Кога кај селото Младо Нагоричане ќе скршнете лево, кон Старо Нагоричане, навлегувате во амбиент каде пејсажот се менува како на филмска лента, плодни ниви, овоштарници и лозја, се до самото село. Таму, сред село се наоѓа црквата "Св. Ѓорѓи". Таа најпрвин била византиска базилика подоцна во урнатини, а во почетокот на 14 век ја обновил српскиот крал Милутин во 1308 година. Видлива е разликата во градбата; старата во четвртасти камени блокови и доградбата во наизменично редење камен и цигли. Објектот има пет куполи: четири еднакви по димензии и една во средина иста по форма, но поголема и повисока. Неверојатно е чувството кај посетителот за византискиот дел кој делува монументално, но и студено од горниот. Таму, sидовите и куполите со двојните прозорци - бифорите и единечните, со богатството орнаменти и архитектонски форми, делуваат раскошно топло и разиграно.
Внатре, пак, има архитектонски елементи кои говорат дека со ширењето на српската држава во Македонија, се пренесени и пластични елементи од Запад. Тоа е присутно во изработката на капителите на колонките на иконостасот во Романски стил. Внатрешниот впечаток за богатството на овој споменик на културата е уште поимпресивен зашто фрескоживописот, по налог на кралот Милутин, е изработен од тогаш познатите зографи Михаил Астрапа и Евритихиј. Тие работат во времето кога во црковната уметност постепено Комненовскиот стил се заменува со Палеолошкиот кој ќе остане се до доаѓањето на Турците. Овие влијанија во Македонија се дојдени од Цариград, веројатно преку Солун. Живописот на црквата "Св. Ѓорѓи" во Старо Нагоричане го карактеризираат големиот број композиции, а бидејќи црквата е посветена на животот на светецот, зографите изработиле цел еден циклус, на северниот sид од наосот. Како посебност е и тоа што и иконите на стариот иконостас се изработени во фрескотехника.
Богатство на овој споменик на културата претставуваат и портретите. Оние на охридскиот архиепископ Константин Кавасилас и особено на ктиторот - кралот Мулутин, и за чудо, на Симонида, ќерката на императорот Андроник втори Палеолог. Ова ја докажува виталноста на двајцата спомнати зографи, кои умешно ги усогласувале своите концепции со барањата на ктиторите кои го имале влијанието на кралицата Симонида. Треба да се истакне дека Палеолошкиот стил, за разлика од претходниот - Комненовскиот, се одликува со тенденција кон наративност, кон теолошки искажувања со ликовни изразни средства, но не баш со онаа рафинираност што ја има во Цариград. Но токму тоа е карактеристичноста на живописот во Македонија, кој го дели од другите на Балканот. Драматизмот, на пример, не се губи, туку се повеќе се потенцира.
Дека богатството на црквата во Старо Нагоричане не е локално, сведочи и фактот што во 1978 година од Санкт Петербург, тогашен Ленинград, објектот го посети соработник на Академијата на науките на СССР - оддел во Ленинград. Тој во детали го нотираше живописот на 14, но не заборави да го забележи и фрагментот голем колку човечка дланка од рака, на долниот дел од северниот sид во наосот. Ова архитектонско-фрескоживописно сокровиште во Старо Нагоричане, ако појдете таму од водичот ќе ви биде презентирано на тамошен дијалект, кумановски, што е посебен куриозитет.
Моментната состојба на објектот, од надвор, не е за фалење зашто одржувањето не е соодветно. Имено, на северниот sид, горе до северозападното ќоше, веќе пуштило гранка дрвце кое може постепено да го разори sидот. Потребна е мала интервенција, зашто на посетителите им не и прави добар впечаток.
Недалеку од црквата, во селото,е пештерата во која живеел, аскетски, светиот отец Прохор. Таа е под мала карпа и внатре има скромна покуќнина. Таа е со димензии околу два на два метра. Според житието, Прохор Пчињски е роден во 11 век во Овче Поле. Кога родителите сакале да го женат, тој избегал во пустина и таму поминал 32 години, без да види човек. Тука еднаш се сретнал со ловецот Роман Диоген, на кого му прорекол дека ќе стане цар на Византија, и го поучил како да дојде до царската круна, напоменувајќи му притоа, да се сети на пророштвото. Откако станал цар, Диоген во чест на починатиот светец изградил манастир, веројатно сегашната црква "Св. Ѓорѓи", со намера во него да ги пренесе неговите мошти. Меѓутоа, Св. Прохор Пчињски му се јавил на сон и побарал да изгради друг манастир до реката Пчиња, и таму да ги смести моштите на светецот. Тоа е денешниот манастир, каде е одржано и Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година. Манастирот и денес меѓу народот е познат како "Свети Отец". Тој е на левата страна на Пчиња, под планината Козјак. И, се би било во ред, ако објаснувачот, по црквата и тука, пред пештерата објаснувањето го даваше на својот дијалект, а даде и поинаква верзија на житието. Имено, дека Св. Прохор Пчињски се сретнал, не со Диоген, туку со кралот Милутин и му прорекол дека ќе стане цар односно император! Ова можеби ќе упалеше ако од присутните не беше коригиран, зашто Прохор Пчињски живеел во 11 век, а крал Милутин во 12-13 век. Можеби ова беше лапсус од водичот. Одговорните треба да се заземат објаснувањето да е со чисти историски вистини, зашто, и едниот и другиот споменик се посетуваат од наши и странски посетители, а и од научници кои би биле изненадени од ваквата научна фантастика. :boogie1qw:



http://vest.com.mk/default.asp?id=161923&idg=9&idb=2570&rubrika=Revija

batbayan
12-01-2009, 12:03
Локалитетот Хераклеја заборавен во стратегијата за битолскиот туризам



Битола има амбиции да го зголеми бројот на странски туристи, особено од Балканот и од Турција

БИТОЛА - Хераклеја Линкестис, една од најголемите туристички атракции во Битола, стана невидлива за локалните власти. Советот на Општината на последната седница ја прифати стратегијата за развојот на туризмот во наредните пет години во која заборави на бисерот на антиката Хераклеја Линкестис.

На недопустливата грешка реагираше опозицијата. За неа пропустот е уште поголем, бидејќи самата Општина на неодамна одржаниот конгрес за развој на туризмот реагираше дека Битола е заобиколена во националната стратегија за туризам на сметка на Охрид и Скопје. Па, оттаму и реакциите како можеше да се маргинализира токму најатрактивната туристичка локација, градот подигнат од Филип Втори. Општината си ја призна грешката и се согласи да ја коригира стратегијата.

„Тоа што е невидливо во оваа стратегија е третманот на Хераклеја Линкестис. За овој важен локалитет треба да се оддели посебен простор. И не само тоа, туку да се издигне на степен на посебна стратегија на Општина Битола. Потоа да се побара финансиска поддршка во државата, но и надвор од границите, да се прекопа целиот локалитет и, конечно, да излезат на виделина сите културни и историски вредности, идентитет, традиција и се' што е важно за Хераклеја“, рече м-р Марјан Танушевски, советник од опозицијата.

Битолскиот градоначалник Владимир Талевски ги задолжи службите да ги вградат забелешките на опозицијата во стратегијата. Дотолку повеќе што и премиерот Никола Груевски неодамна лично во Битола го најави големиот проект за целосно ископување на Хераклеја.

„Владата ќе издвои средства за целосно ископување на археолошкиот локалитет Хераклеја. Градот располага со огромно културно наследство кое треба да го искористиме за да привлечеме поголем број туристи“, рече градоначалникот Талевски.

Стратегијата за развој на туризмот ги промовира амбициите на градот да го зголеми бројот на туристи, особено од Балканот и Турција. Се планира обезбедување атрактивни понуди. Имплементирањето на проектот ќе се врши со поддршка на грчката општина Лерин. Финансискиот дел е обезбеден од програмата „Интеррек III“ на Европската унија.

Според изработувачите на документот во Битола, најчести се гостите од соседна Грција, а занемарувачки е бројот на туристи од балканските држави. „Со помош на оваа програма ќе се развива соработката со општината Флорина. Во некои работи како град сме понапред од соседите, но во поглед на сместувачките капацитети, Флорина е многу понапред од нас“, рече Марија Герас Дочовска, изработувач на документот.

Истражувањата на експертите покажале дека Битола треба да ја подобри туристичката сигнализација, понудата од професионални водичи и крајно запоставената состојба со недостаток на сувенири и промотивен материјал. Иако од поодамна во центарот на градот, наспроти Градскиот часовник, е поставена дрвена куќичка за продажба на сувенири, никако да проработи.

„На средба со градоначалник на општина во градот Измир, Турција, беше предочено дека кога доаѓаат во Битола, никаде не можат да купат сувенири или други обележја со ликот на Кемал Ататурк. Добар повод да се привлечат турските туристи“, вели Танушевски.

Во плановите на Општината за привлекување странски туристи недостига и промоцијата на бројните манастири во Преспанско-пелагониската епархија, но и добра реклама на атрактивните и ексклузивни манифестации кои во изминатиот период се одржуваат во Битола. На пример, трката на девојки со потпетици на Широк-сокак, традиционалната трка на келнери... И на крај, зошто градот на чкембарите не ја промовира познатата чкембе-чорба како туристичка мамка за странските гурмани. (А.Б.)


http://utrinski.com.mk/?ItemID=F708B118338B5F46873ACE09D12C43A5

batbayan
12-01-2009, 12:18
Фондација за афирмирање на Кокино

Мегалитската опсерваторија Кокино ќе биде афирмирана во земјава и во странство преку Фондацијата „Кокино“, со седиште во Скопје, соопшти тимот од кумановскиот музеј, кој со години го истражува археолошкиот локалитет. Според археологот Јовица Станковски, директор на Музејот во Куманово, фондацијата ќе биде финансирана главно од донации.

Мегалитската опсерваторија ќе биде приоритет во годинашната работа на Музејот во Куманово. Институцијата подготвила план за управување со Кокино. Точно и во детали е утврдено каде може да се интервенира за да не се наруши специфичноста на локалитетот - вели Станковски. Веќе почнала изградбата на барака во која ќе се продаваат брошури и сувенири за опсерваторијата. Поставени се и патокази пред Кокино, кој е прогласен за споменик на културата од прва категорија.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DE782A6AEACD49478FDBDBF80F9D12BB

batbayan
12-01-2009, 15:00
Зевс и Херакле на пајонски монети



Нумизматичката збирка на Народна банка е збогатена и со златни хистамени

Катерина Богоева


Од неодамна во Нумизматичка збирка на Народната банка на Македонија се наоѓаат и две значајни, случајно откриени остави на монети: сребрени тетрадрахми од пајонскиот крал Ликеј и златни хистамени на византискиот цар Никифор III Вотанијат. Првата е дел од големото депо од Возарци-Шивец, а втората е пронајдена во околината на Свети Николе. Депото се смета за исклучително важен наод и го чинат тетрадрахми што на аверсот имаат претстава на глава на Зевс или Машка глава (веројатно на Аполон), додека на реверсот е прикажана борбата на Херакле со немејскиот лав. Биле ковани за време на кралот Ликеј, првиот пајонски владетел што емитувал и монети со сопственото име, продуцирани само во сребро, со номинални вредности на тетрадрахми, драхми и на тетроболи. Се сметаат за многу ретки примероци на пари „Оставата има големо значење и претставува прв трезор со пајонски пари, издавани само од еден владетел“- вели нивниот проучувач, нумизматичарката Ефтимија Павловска, од Отсекот за нумизматика.

Кралот Ликеј дошол на тронот по смртта на кралот Агид ( 359/8 г. пр. н.е.), во време кога Пајонија била поразена од македонскиот крал Филип II и веројатно се наоѓала во вазален однос со Македонија. Парите што тој ги издавал се сметаат за најсилна потврда на неговото управување, но и за задржување на државниот идентитет. Оставата содржи 31 тетрадрахма, два од пет познати типови врзани за монетоковањето на кралот. Доминантната аверсна претстава со ликот на Зевс има директна аналогија со аверсот на тетрадрахмите на Филип II, кому всушност Пајонија и му била подредена. Ликовниот приказ пак на Херакле кој се бори со немејскиот лав, не бил употребуван од ниеден друг пајонски крал, а нема ни записи за почитувањето на овој полубог кај Пајонците. Херакле бил многу почитуван кај Македонците и бил сметан за родоначелник на кралската куќа. Претставата на монетите на кои најверојатно е Аполон, е со локален карактер. Тој бил обожуван од Пајонците како нивно главно божество, почнувајќи со култот на Сонцето ( кое подоцна станало еден од неговите аспекти), па оттаму, во монетоковањето на Ликеј претставата на Аполон била застапена на сите номинали. Досега како составен дел од оставите на Ликеј се откриени монети во Ќустендил и с. Режанци, Перник во Бугарија, а во северниот дел на Македонија во 1968 година е откриена „Пајонската остава“ која содржела околу 68 златни и околу 1900 сребрени монети, од кои 13 тетрадрахми на Ликеј. Година по откривањето, монетите биле продадени на аукциските продажби во Лондон и во Њујорк. Бугарскиот нумизматичар Е. Паунов пак смета дека „Пајонската остава“ претставувала дел од оставата што била откриена во с. Режанци, што броела околу 6 000 златни и сребрени монети, дел од кои денес се наоѓаат во Националниот археолошки музеј во Софија и во неколку помали музеи во Враца, Перник и во Ќустендил, но и во приватни колекции во Бугарија. Пред околу една деценија, во околината на Кавадарци, по долината на реката Црна, меѓу селата Возарци и Шивец била откриена и оставата која содржела 200 - 300 тетрадрахми само од Ликеј. Поголемиот дел од нив завршил во странство и бил понуден на аукциските продажби.

Монетите од оставата на Ликеј во Народна банка се добро сочувани, бидејќи веднаш по производството биле депонирани и наменети за плаќање на одреден данок, веројатно на македонскиот крал Филип II. „Доколку е точна оваа претпоставка, би можело исто така, заради состојбата на подреденост, да се претпостави дека во случајот на Ликеј би требало да се зборува за статусно монетоковање. Ова посебно се однесува на големите номинали, со висок квантитет на производство во споредба со помалите, наменети за локална употреба. Всушност нивната продукција е речиси незначителна, така што, се чини дека и не е можно да се зборува за постоење на економска функција на парите на пајонскиот крал, Ликеј“ - вели Павловска.

Наодите на златни хистамени на Никифор III Вотанијат (1078-1081), како поединечни примероци и како трезори на пари и во археолошки контекст, и како случајни откритија се сметаат за генерално ретки. Седум досега откриени примероци во Старчево, неколку примероци од, во неодамна откриена остава на хистамени и хиперпирони кај Шумен, како и 28-те примероци во познатата Калевич остава од Археолошкиот музеј во Софија и оставата од Диногетија, ја претставуваат скромната листа на објавени трезори на пари во кои се откриени хистамени на овој цар кој бил на власт во втората половина на 11 век, во византиската историја познат како период на сериозна финансиска и економска криза. „За време на краткото и несреќно владеењето на царот Никифор III Вотанијат, хистамените станале златни пари само во номиналната смисла на зборот. Содржеле само 35% злато и вределе само 8 карати. Ваквото разнишување на вредноста на парите, било директен резултат на интензивното празнење на државниот буџет, и практично, на неуспехот на царскиот двор да обезбеди баланс помеѓу приходите и расходите на државата, кој, пак, бил посебно евидентен по битката кај Манцикерт во 1071 година и тешките загуби во територија што Византија ги претрпела од Селџуците на својата источна граница. Византиските историчари се изразено иронични кога пишуваат за неспособноста на Никифор да ја поправи финансиската и монетарната кондиција на своето царство. Никифор Грегора ќе забележи дека неговиот трезор „немало потреба ни да биде затворен и чуван бидејќи во него немало ништо друго освен прашина, воздух и Епикурејски атоми“, а Ана Комнена ќе додаде дека „царскиот трезор бил беспотребно испразнет од страна на Никифор до таа мера, што бил оставан отворен“- посочува нумизматичарката Катерина Христовска, раководител на Остекот за нумизматика. За споредба, славниот претходник на Никифор III, Василиј II во царскиот трезор успеал да акумулира 200 000 таланти (фунти) злато, односно 14. 400 000 златни хистамени. На крајот на 11 век, годишната плата на еден византиски војник била 6 златни хистамени, а 100 хистамени била годишната солемнија, редовниот царски подарок на Никифор за манастирот Неа Мони на Хиос.

Сите 100 хистамени од оставата во Народната банка му припаѓаат на Никифор III, што му дава ексклузивна вредност на наодот, а според тврдењата на нивниот пронаоѓач, тоа била и автентичната содржина на оставата при откривањето. За време на владеењето, овој цар успеал да издаде 3 типа на хистамени и 2 типа на тетартери. Хистамените изворите ги споменуваат и како ставровотанијати, веројатно заради маркантното претставување на крст во рацете на владетелот на реверсот. Аверсот на Класата 1 од монетите е со допојасната претстава на Исус Христос облечен во туника и химатион, кој во рацете држи Евангелие, додека на реверсот, покрај циркуларната инскрипција Никифор Деспот, е претставена биста на царот облечен во лорос. Во десната рака држи скиптар кој завршува со крст, додека во левата глобус круцигер. Класата 2 на аверсот ја има претставата на Исус Христос седнат на трон со висока потпирка додека во рацете држи Евангелие, а на реверсот е стоечката фронтална претстава на царот, кој со десната рака држи лабарум, а во левата глобус круцигер.

На аверсот на класата 3 е претставен Исус Христос, седнат на трон без потпирка, со десна рака подигната во благослов. Реверсот е со идентична претстава на стоечка фигура на царот. Инскрипцијата , како и кај Класта 2 дополнително го содржи и семејното име на Никифор - Вотанијат.

И оваа остава претставува збир на свежи пари кои во западната византиска провинција дошле директно од Константинопол и никогаш не успеале да влезат во некаква активна циркулација. Се смета дека нивното депонирање во земја се случило на почетокот на деветтата деценија на 11 век, во еден изразено воено-политички немирен период во кој Византија вложувала сериозни напори со цел да се справи прво со нападите на Норманите, а потоа и на Куманите и Печенезите, а едновремено да ги контролира и честите бунтови и востанија на локалните дуксови и архонти во внатрешноста на Балканот.


http://utrinski.com.mk/?ItemID=2CA8D5B6BFE9914AB5C4A8403F474B2E

batbayan
12-01-2009, 15:25
Античките Македонци мистерија за антрополозите

Причината е кремацијата на покојниците во тоа време, па скелетите не може да се измерат и не може да се реконструира физичкиот изглед на човекот

Спотот за Александар Македонски од владината кампања „Ти си Македонија“, како и се' почестото именување на објекти со неговото или со името на неговиот татко Филип ја разбранува и внесе забуна во македонската јавност. Владата на крајот на 2006 година, на седница донесе одлука аеродромот „Скопје“ да се преименува во „Александар Македонски“ и во него постави биста со главата на овој познат антички војсководец.

Пред ланските парламентарни избори, во јули, биле донесени, а два дена пред Нова година и' објавени одлуките на Владата за преименување на Градскиот стадион во Скопје во „Арена Фипил Втори“, а името на таткото на Александар Македонски ќе го носи и новиот карго-аеродром што ќе се гради кај Штип. На истата седница било одлучено автопатот од Табановце до Гевгелија да се вика по славниот антички војсководец.

Ваквите владини одлуки ја поделија стручната јавност. Дилемите се дали користењето на имињата на Александар Македонски и на неговиот татко се нарушува Привремената спогодба со Грција од 1995 година и дали тоа може негативно да влијае врз процесот што Македонија го поведе против јужниот сосед пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Многумина, од интелектуалци, стручњаци од разни области, па и граѓани, останаа затечени зошто токму сега Владата го форсира античкото потекло на Македонците. Дебата на таа тема се води и меѓу стручњаците од областите на археологијата, историјата, етнологијата, лингвистиката, антропологијата...

МАЛКУ СКЕЛЕТИ НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ

Денешните Македонци се мешавина на словенско и претсловенско население што живеело на територијата на денешна Република Македонија, покажуваат антрополошките истражувања во нашата земја. Иако антропологијата е релативно млада наука, документирани се сите периоди во кои човекот живеел организирано, од неолитот до 19 век. Дали и колку таа наука може да одговори на прашањето за етногенезата на македонскиот народ, се обидува да одговори д-р Фаница Велјановска, антрополог во Музејот на Македонија:

- Етногенезата е процес во кој треба да се вклучат многу науки - археолошки истражувања, лингвистика, палеолингвистика, етнологија, историја, антропологија... Ако се сумираат, тие можат да дадат одговор за етногенезата на еден народ, се разбира, секоја во својот домен. Археологијата ќе одговори за материјалната култура на народот, историјата за историските периоди, етнологијата за посовремената култура и обичаите, а лингвистиката за јазикот, кој е многу важен сегмент. Антропологијата е врзана директно за луѓето, за човекот и го следи неговиот развој и промените од праисторијата до денес - вели Велјановска.

За да може антропологијата да се вклучи во процесот на дешифрирање, мора да има добра антрополошка истраженост, дополнува Велјановска. Колку повеќе скелети, толку подобро, вели таа, бидејќи етногенезата е процес и не треба да има дупки во хронолошките прегледи.

- Накратко, не треба да има периоди без скелетни остатоци. Овој факт донекаде претставува проблем, бидејќи антропологијата е нова наука. Кај нас само 25 години систематски се истражува антрополошки материјал. Досега имаме документирано повеќе од 10.000 скелети од неолитот до 19 век, од сите периоди. Но, во нашата хронологија постојат празнини. Времето на неолитот, односно бакарното време, слабо е документирано, а малку скелетни остатоци има токму периодот на последните векови од старата ера, кога треба да ги бараме античките Македонци на нашата територија - вели Велјановска.

СИЛНА ПАЈОНСКА ДИНАСТИЈА

Причина за тоа е кремацијата на покојниците, тврдат експертите. При запалувањето, коските се деформираат, па скелетите не може да се измерат и не може да се реконструира физичкиот изглед на човекот.

- За жал, може да се случи антропологијата никогаш да не може да учествува во разрешувањето на загатката на античките Македонци на наша територија. Сепак, треба да се разјаснат неколку работи што во науката се спорни, а денес многу се мешаат. Македонската држава егзистирала само еден век на територијата на денешна Република Македонија. Претходно, тука долги векови постоела пајонската држава. Веднаш по Македонците дошле Римјаните. Денес многу од овие термини не се разграничуваат. До неодамна, Македонија воопшто не се спомнуваше. Зборувавме само за Пајоните, кои се доминантно палеобалканско население на Република Македонија. Тие имале силна држава, династии, свои кралеви и монети - објаснува Велјановска.Последните векови од старата ера биле многу бурни, имало политички, културни и културолошки промени. Основното прашање за антропологијата е: што се случувало со населението и дали е сменето?

Според Велјановска, Пајоните се добро антрополошки документирани преку некрополите од Средно Повардарие. Тие биле високи луѓе со кратки черепи и значително се разликувале од другите палеобалкански групи - Илири, Тракијци и Хелени. Тоа се клучни векови за Македонците. Но, поради кремирањето и малкуте инхумирани скелети, нема доволно материјал да се следи процесот. Имаме темна точка, празнина во нишката - вели таа.Римското време и средниот век се многу добро антрополошки документирани и истражени преку повеќе илјади скелети. Времето на Рим ни е познато преку некрополите во Стоби и Скупи, а во последно време и преку наоди од повеќе локалитети во Охрид.

- Во римско време веќе има промена на населението, но не било подеднакво на целата територија на денешна Република Македонија. Во срцето на Македонија, од Стоби до Гевгелија, се' уште егзистирало население со исти краткоглави карактеристики како што имало палеоблаканското население. На периферијата на земјата, во североисточниот дел, кон Куманово до Крива Паланка и кон југозапад, има мешано население. Тука има поголем наплив на ново население, веројатно како резултат на римската колонизација - раскажува Велјановска.

РАЗЛИЧНИ ОД ДРУГИТЕ СЛОВЕНИ

Раниот среден век е исто така нејасен. Од 7 и 8 век нема речиси никакви остатоци, освен неколку скелети до „Св. Еразмо“ кај Охрид, но тие ништо не разјаснуваат. Од доцниот среден век има многу антрополошки наоди. Тогаш во Македонија имало промена на населението.

- Од поранешните краткочерепи, во средниот век доминантно е населението со средно долги черепи. Се зголемува и телесната височина на населението. Луѓето имаат појака физичка градба, поробусни се. Словените припаѓале на одреден антрополошки тип. Имале многу долги черепи, биле многу високи и имале силна физичка градба. Антропологијата го докажува населувањето на Словените во Македонија. Но на некрополите, од 30 до 40 отсто, некаде и до 50 отсто, се присутни и скелети со кратки черепи, кои се најверојатно наследници на претсловенското население. Антропологијата докажува дека денешните Македонци се мешавина на словенско и претсловенско население - објаснува Велјановска.

Таа вели дека во антропологијата не се користат етнички имиња на старите народи, како Старочеси, Старобугари или Старосрби, туку термини како средновековни Македонски Словени. Така се определува словенското население на одредена територија, а нашата се разликува од другите словенски балкански групи.

- Населението што живеело на територијата на Република Македонија многу се разликува од тогашните луѓе што живееле на територија на денешна Словенија, Хрватска, Србија или Бугарија. Откако ги споредив, произлезе дека нашето средновековно население имало пократки черепи, што е резултат на мешањето и биле пониски и имале пошироки лица - вели Велјановска.Големо влијание врз сите физички промени има средината и социјалниот фактор. На пример, втората, особено третата генерација потомци се значително повисоки од родителите. Големо влијание има и културниот круг во кој живеат луѓето. Некои племиња и денес намерно ги деформираат черепите на бебињата. Причините за промените треба да се бараат и во климатските услови и начинот на живеење.

Влијанието на климата

Климатските фактори и исхраната многу влијаат врз антрополошките промени кај човекот. На пример, децата на јапонско семејство што се преселило во САД биле значително повисоки од родителите поради сончевите денови и поквалитетната исхрана. Црнец од Африка постојано кива во Англија, бидејќи воздухот е многу влажен, а тој нема влакна во носот. Кинезите имаат закосени очни капаци, кои им ги штитат очите од силниот сончев одблесок од снегот. Ако Европеец отиде во Африка, кожата веднаш ќе му изгори од силното сонце.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=ABBDBD28FBA7F248A50F1F37F3705724

batbayan
13-01-2009, 11:52
Богати наоѓалишта во Кочанско


На археолошкиот локалитет Св. Атанасиј", кај кочанското село Спанчево, минатата година во две истражувачки кампањи се откриени значајни артефакти од енолитскиот период, односно 4 век пред нашата ера. Откриени се предмети од керамика, глина, од школки и женски фигури во најразличен облик.

Според надлежните од Музејот на Македонија, најзначајниот откриен предмет е фигура на машка глава, редок примерок, што ја збогатува и збирката на ретки артефакти од овој археолошки локалитет од енеолитот. Откриените артефакти, според археолозите, се идентични со откриените артефакти на археолошкиот локалитет Пилаво, кај село Бурилчево, Кочанско, со што се потврдува поврзаноста на овие два локалитета од левата и десната страна на Брегалница.


http://vecer.com.mk/?ItemID=7037ACE72594A445A5C4D57B9BCEB593

batbayan
14-01-2009, 11:48
2008 ГОДИНА - УСПЕШНА ЗА МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНИЈА


Пајонска свештеничка пред Музејот на Македонија


Повеќе меѓународни проекти и визуелизација на историските настани, преку пронајдените археолошки предмети, е само дел од програмата на Музејот на Македонија за годинава. Според директорката Мери Аницин -Пејоска, покрај големиот проект на реконструкција на неолитското село "Тумба Маџари", кое беше претставено пред јавноста, во тек е и изработка на скулптурата на пајонската свештеничка, според гробот и накитот најдени на локалитетот Лисичин Дол, Марвинци. Скулптурата, висока 3,5 метри, ќе биде излиена во бронза и поставена на платото пред Музејот на Македонија.
- Целта ни е да демистифицираме дел од збирките поставени во витрините, како и нивно заокружување во една приказна, односно визуелизација на сите настани и значајни личности од нашата културно и историско минато. Почнавме со пајонската свештеничка бидејќи тоа е најавтентичен период во науката познат како пајонски или македонски бронзен период, нешто со што можеме да излеземе пред меѓународната јавност и притоа никој да не може да ни го узурпира, вели Аницин- Пејоска.

Од меѓународните проекти се потенцира оној со Шведската фондација за културно наследство, со која веќе трета година се изведуваат работилници.
- Се подготвува и голема изложба на Македонските икони за 2010, со италијанската влада тече проектот "Културна патека", а еден европски проект е и "Карневал - крал на Европа", каде се презентира дел од нашето наследство од етнолошките теми. Потпишавме и договор со Полска, Шпанија и Франција за истражување на Антигонеја, древниот град во Неготино,...додава Аницин -Пејоска.


http://vecer.com.mk/?ItemID=431AF59492B45F4994BC35EB139EB33F

batbayan
21-01-2009, 12:06
Од Хераклеја исчезнале неброени артефакти

Документацијата за истражувањето од минатиот век останала во архивата на Заводот за заштита на спомениците во Белград

Македонија не располага со конкретни податоци колку вредни артефакти се изнесени во странство од античкиот град Хераклеја Линкестис во Битола, основан во 4 век пред новата ера од Филип Втори Македонски. Експерти од битолскиот Завод и музеј признаваат дека не поседуваат пообемна документација за тоа што било ископано и изнесено до 70-тите години на минатиот век. Добар дел од документацијата за периодот од 30-тите до 70-тите години на минатиот век кога истражувањата ги правеле српски установи останала во белградските архиви. Досега не се направени посериозни чекори за враќање на културното богатство, а сложена е процедурата за добивање назад на документација.

- Во недостиг од прецизна документација, апсолутно не може да се предвиди колку предмети се исчезнати. За да имаме такви информации, прво треба шетање по светските музеи, второ тие предмети најверојатно се по депоа, не се изложени, а зборуваме за големи музеи што веројатно и самите не знаат што се' имаат - вели археологот Енгин Насух. Се претпоставува дека артефакти биле изнесувани уште во турско време, на крајот на 19 и почеток на 20 век. Експерти посочуваат дека во тој период конзулите и други странци со дозвола на турските власти барале и изнесувале предмети од Хераклеја. До која мера било правено тоа не постои никаква евиденција. До 30-тите години на минатиот век истражувањата ги изведувал Музејот на кнез Павле од Белград. Токму пред Втората светска војна од државата била изнесена статуата „Атена Партенос“ која и денес се наоѓа во белградскиот музеј. Но, никој не може да ја види зошто установата во последните години не работи.

Пред Втората светска војна Битола не располагала со археолошки кадар, а неговиот број бил минимален и по ослободувањето. Во тогашна Југославија истражувањата ги вршел белградскиот Завод за заштита на спомениците. Таму и денес се наоѓа документацијата за она што било откриено во Хераклеја. Македонија досега во неколку наврати разговарала со Србија за враќање на документацијата, но ништо конкретно не било преземено зошто во изминатиот период постоеле и по приоритетни проблеми.

- И во двата наврата кога бевме таму ни беше кажано дека за тоа треба да се направат меѓудржавни договори. На крај испадна дека тие требало да бидат мултилатерални зашто во Белград има документација за предмети и од Црна Гора, Босна, Хрватска - вели Насух. Од Хераклеја е изнесена и статуата на Есхил што се наоѓа во британскиот музеј, но не е изложена. Неодамна директорот на битолскиот Завод и музеј, Зоран Николовски, најави интензивирање на активностите за враќање на документацијата за Хераклеја.

batbayan
23-01-2009, 12:40
КАСКАМЕ ЗАД БАЛКАНОТ

Според него, без разлика што Грците ќе му дадат приоритет на античкото богатство на Грција и Македонија, кај нас ќе се одвиваат активности на рамноправно, ако не и на повисоко ниво.

- Во идниот месец ќе почне голема археолошка акција за да истражиме целосно четири локалитети. Македонија е единственото место на Балканот каде што ќе се случува олку голема акција. На локалитетите ќе има 2.000 работници, кои ќе работат со стручна екипа од 500 луѓе. Можеби ќе излезе како натпревар, но тоа не го планиравме заради Грците, туку заради нас самите. Нашата археологија многу заостанува, со векови сме наназад. Можеби такви биле околностите и приликите досега. Сега имаме можност, услови и околности и ќе и' дадеме голем приоритет на археологијата - вели Кузман.Годинава ќе почне целосното истражување на Стоби, Хераклеја Линкестист, Скопската тврдина и некрополите на Исар-Марвинци, заедно со античкиот град. Според Кузман, ова е огромен зафат, бидејќи ретко се случува една земја наеднаш толку многу да вложи во истражување и заштита на своето културно наследство.

- Најголемите археолошки зафати се случувале одамна. Хајнрих Шлиман со 165 луѓе ја откриваше Троја, така беше ископувана и гробницата на Тутанкамон. Но, 2.500 луѓе на терен во една година никогаш немало - вели Кузман.

НЕМАМЕ ПУБЛИКАЦИИ

Целта на големата акција е да се постигне тоа што било запоставено во изминатите децении. На прашањето што ќе се случува со презентацијата на македонското археолошко наследство во странство, Кузман вели дека тоа одамна се прави.

- Неолитската револуција во Пелагонија и во Скопската Котлина е многу позната. Светските научни кругови го коментираат македонскиот неолит. Имаме бронзено и железно време, антика и среден век, во ништо не сме поназад. Македонија со децении го промовира своето културно наследство. Виничките икони се претставени во многу земји од светот. Да не зборуваме за средновековните икони што се од прва категоријата во светски рамки. Тие се во аристократскиот круг на вредностите и беа претставени во Париз, Токио, Њујорк, Рим и во Лондон. Тоа се големи презентации за Македонија. Така светот знае за нас - објаснува Кузман.Кузман вели дека имаат и други понуди од САД, од Франција, но главниот проблем е што не сме многу моќни. Македонија е „слаба“ на полето на презентацијата, во науката и во публикациите.

- Зборуваме за стандарди. Колку дела сме објавиле на странски јазик за да ја претставиме Македонија? А за да напишеме големи дела за културното наследство, колку треба да биде истражена Македонија? Средновековната уметност, црквите и манастирите се добро обработени, но тие се гледаат, над земја се. Не можете да истражите само еден од 5.000 локалитети во земјава и да напишете книга за историјата на Македонија и на овој народ - вели Кузман.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=519F23B31384854488C38736EB0BFF22

batbayan
24-01-2009, 15:02
БИТОЛЧАНИ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ГОЛЕМ ЈУБИЛЕЈ
Името Битола старо 1.000 години
Во старата Ески џамија, срушена во 1956 година, е пронајдена камена плоча на која со кирилско уницијално писмо е напишано името Битол. Се претпоставува дека плочата потекнува од катедралната црква на Битолското кале и дека ја поставил внукот на цар С



Вљубениците во Битола, кои редовно ја организираат трибината "Битола низ вековите", поведоа иницијатива градот да прослави јубилеј - 1.000 години од името Битола. Тие се повикуваат на артефакти што се чуваат во Музејот на Битола. "Ретко кој град може да се пофали дека има толку старо име. За нас треба да биде гордост и локалната самоуправа треба што поскоро да започне со активности за да го одбележи јубилејот", вели хроничарот на Битола проф. Александар Стерјовски.
Археолозите во Битолскиот музеј ја потврдуваат информацијата. "Во старата Ески џамија, срушена во 1956 година, е пронајдена камена плоча на која со кирилско уницијално писмо е напишано името Битол. Се претпоставува дека плочата потекнува од катедралната црква на Битолското кале и дека ја поставил внукот на цар Самоил Иван Владислав", појаснува Гордана Филиповска Лазаровска, археолог во Музејот.
Оваа таканаречена Битолска плоча е трета по старост пронајдена во Македонија. Своевремено била вградена во Сунгур чауш џамијата, попозната како Стара џамија, на чие место претходно постоела црква. Војсководецот Сунгур чауш ја преобразил во џамија, за што сведочи и турскиот историчар, мајорот Теуфик во својата "Историја на Битолскиот вилает". Плочата во џамијата била поставена како скалило - басамак, врз него се газело, што придонесло текстот да биде видливо оштетен.
Археолозите и историчарите се согласуваат дека плочата настанала при обновувањето на битолската тврдина од царот Иван Владислав. "Академикот Владимир Мошин ја студирал содржината на текстот и претпоставува дека таа датира од 1016-1017 година. На неа, меѓу другото, пишува: "Со помош на молитвите на пресвета владичица Богородица и со застапување на врвните 12 апостоли се обновува градот Битола", кажува Филиповска-Лазаровска. Мермерниот блок со својот видлив текст бил поставен на видно место во тврдината, која денес не постои, зашто при заземањето на градот од Турците битолчани им дале голем отпор, па за казна тврдината, во која се наоѓала и катедралната црква, била урната до темел.
Тимот од Битолскиот музеј, кој работи на истражување на Битолското кале, веќе има изготвено проект за обновување на црквата. Во неа, како што велат, бил крунисан вториот македонски цар Гаврило Радомир, 14 дена по смртта на неговиот татко, цар Самоил. Црквата била sидана со камен, тула, дрвени затеги и со јак хидрауличен малтер. "Таа е единствена по својата структура со две кули на влезот и пет куполи. Во историјата на архитектурата, вакви цркви се јавуваат во светот по 13 век, а оваа, која била посветена на успението на Пресвета Богородица, датира од 10-11 век", вели Зоран Алтипармаков, инженер-архитект, виш кустос во Заводот и музеј Битола.
Земајќи ги предвид сите пронајдени и истражени артефакти, професорот Стерјовски уште повеќе се залага за прослава на 1.000-годишниот јубилеј од името Битола.
"Ние сметаме дека е најдобро да се најде една средина и јубилејот да се прослави во 2016 година. Но тоа не би требало да биде само прослава на градот туку треба да се одбележи на национално ниво", вели проф. Стерјовски.
"Кога Сан Петербург славеше 350 години од постоењето, цела Русија вложуваше средства за обновување на градот. Москва е стара 800 години, а Битола само името го носи 1.000 години. Да не зборуваме за фактите што зборуваат дека имало населба многу пред тоа. Ова е уште еден доказ дека не сме дрво без корен".
Вљубениците во Битола формирале и Одбор за изготвување и објавување на битолски енциклопедиски речник по повод јубилејот, но никој не се заинтересирал финансиски да го поткрепи проектот на кој, како што велат, би требало да се работи најмалку 10 години.


http://vest.com.mk/default.asp?id=162517&idg=9&idb=2581&rubrika=Revija

batbayan
26-01-2009, 16:24
Доцниме во дигитализацијата на наследството, ама доцни целиот регион





Кога премиерот на седница на Владата ќе ја праша министерката за култура за процентот на остварената дигитализација на културното наследство, одговорот е потврден и брзо изречен. Но, Македонија, генерално, доцни со дигитализацијата, како што доцни, впрочем, и целиот регион.

- Дигитализацијата е скап спорт - велат познавачите.

И долготраен, додаваат реалистите.

УНЕСКО пред две години ја промовира Македонија во регионален центар за дигитализација на културното наследство, а генералниот секретар Коичиро Мацура ги промовира просториите на Центарот во приспособените простории на Музејот на современата уметност.

Две години подоцна, Регионалниот центар е заборавено место, а Македонија е во почетокот на остварувањето на овој долготраен, но нужен процес.

- Сè што се договоривме со УНЕСКО - завршивме. Претставници од нашите институции што се занимаваат со заштита поминаа низ курс со стручњаците од Италија и согласно со тоа што го научија, добија задача да обработат по пет локалитети, според светските стандарди. Работата тече и кога ќе биде готова, ќе ги внесеме податоците во Центарот за дигитализацијата - вели Паско Кузман, директор на Управата за заштита, во чии ингеренции е овој процес.

Што станува со поттикнувачката улога што Македонија требаше да ја има како регионален центар за овој процес?

- Дури кога ќе завршиме со нашата дигитализација, ќе можеме да се занимаваме со внесување податоци за културното наследство од земјите во регионот. Но, и тие сè уште не ги подготвиле податоците. И тие се во слична фаза. Регионот доцни - вели Кузман.

Регионалниот центар, сместен во МСУ, беше промовиран како важен чекор на земјите од ЈИЕ за промовирање и зачувување на разнообразното културно наследство во соработката со УНЕСКО. Основните цели на Центарот се проширување, збогатување и промовирање на дигитализацијата на културното наследство во регионот. Со овој центар, како што беше најавено, ќе почне долгорочен и комплексен процес на евиденција, регистрирање и дигитализацијата на целокупното културно наследство.

- Работиме како што е договорено со УНЕСКО - лаконски кратко коментираат од Министерството за култура.

На државно ниво процесот не се одвива ни лесно ни брзо, иако институциите прават напори. До крајот на јануари треба да биде готов и Центарот за дигитализација на книжното културно наследство, кој се гради веднаш до НУБ „Св. Климент Охридски“. Во тек е набавката на опрема.

- Сите држави имаат национални центри за дигитализација што ги опфаќаат сите артефакти, дури и Словенија, Хрватска и Србија. Ние дадовме предлог до Министерството за култура да се формира и кај нас, но засега нема одговор - вели Миле Бошевски, директор на Народната и универзитетска библиотека.

Таа функција веројатно би требало да ја изврши Регионалниот центар, сместен во МСУ.

Сепак, НУБ засега има отидено најдалеку во организираното настојување за дигитализацијата на книжното наследство.
Слично е и со Кинотеката на Македонија.

- Кинотеката, во самата природа на својата работа, има заштита и зачувување на аудиовизуелното богатство, така што кај нас дигитализацијата е вообичаена постапка - вели Игор Старделов од Кинотеката, задолжен за овој процес.


http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=298&ArticleID=16401

batbayan
26-01-2009, 16:25
Изложба и промоции на Државниот архив на Македонија во Софија

Државниот архив на Република Македонија, утре со почеток во 18 часот, во просториите на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија ќе ја отвори својата изложба под наслов: „Македонија низ вековите“ и истовремено ќе ги промовира своите најнови изданија. По презентацијата изданијата ќе му бидат подарени на Македонскиот културен центар во Софија.

Изложбата се состои од 33 паноа, а опфаќа и ги претставува најважните историски настани и личности од многуилјадната историја на македонскиот народ. Истовремено во изложбената поставка се прикажани најзначајните дела од материјалната култура создадени на тлото на Македонија од антиката до денес.

Изложбата ќе ја отвори д-р Зоран Тодоровски, директор на Државниот архив на Република Македонија, кој заедно со Кочо Билјарски, експерт во Централниот државен архив во Софија ќе говорат за изданијата на Државниот архив. (Н.П.)


http://utrinski.com.mk/?ItemID=B5B2EEDDF97DA94288C32B2A972020B6

batbayan
26-01-2009, 16:32
ЌЕ СЕ ПРОШИРУВА НАКОЛНАТА НАСЕЛБА КАЈ ГРАДИШТЕ, ОХРИД

Уште 16 куќарки на Музејот на вода



Уште 16 нови куќарки ќе бидат изградени на Музејот на вода, изграден на брегот на Охридското Езеро кај Градиште. Владата ќе го финансира проширувањето на реконструираната населба, која беше отворена пред два месеца, информира Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.

Наколната населба има 8 објекти во кои е претставен животот на нашите предци што живееле на овие подрачја во праисторијата, од 1.200 до 800 година пред новата ера. Со проширувањето, треба да бидат вкупно 24 куќарки.

- Годинава ќе изградиме уште 16 куќи. Со тоа целосно ќе биде реконструирана таа населба. Кога го отворавме Музејот на вода, сите се одушевија од тоа што го сторивме. Го презентиравме животот на луѓето во праисторијата во еден исечок од населбата. Сега има иницијатива да се реконструира целата населба - објаснува Кузман.
Платформата на која се изградени куќарките ќе биде проширена кон исток. Според остатоците под вода, таму во минатото природно се ширела населбата. Во "Македонски шуми" веќе биле порачани 1.000 кубици дрво и објавен е првиот тендер.

- Сега имаме искуство. Нема да биде како лани, се' да правиме со триста стравови и маки. В лето ќе почнеме со работа и до крајот на годинава ќе завршиме - објаснува Кузман.Музејот беше отворен на почетокот на декември. Комплексот засега е многу посетен. За викенди го разгледуваат најмалку по 150 луѓе. Билетите чинат по 100 денари за домашни и за странски туристи, а по 30 денари плаќаат студенти и војници.

Праисторискиот град на вода сместен зад полуостровчето Градиште кај Пештани се вика "Заливот на коските". Изградбата на населбата чинеше 2 милиона евра.

Комплексот е составен од неколку објекти, а во него се споени неолитот, римското време и сегашноста. Во него се влегува низ локалитетот Градиште (сместен на блиското ритче), каде има населба од римско време. Преку т.н. римска патека се слегува до брегот, каде што од камен е изграден пристапниот објект предвиден за музејска презентација. Оттука се излегува на брегот.

Платформата е поставена на колци долги 6 метри. На неа се изградени осум куќи со четвртести, правоаголни и кружни основи. Секоја од нив е сочинета од една просторија. Куќите се такви бидејќи археолозите претпоставуваат дека така се живеело во праисторијата. На едно место има огниште, на друго се постелени кожи и сламарици за спиење, на трето има фурни за печење леб. Поставени се и оригинални керамички котлиња и грниња, пронајдени на дното на езерото за време на долгодишните подводни археолошки истражувања на наколната населба.

Музејскиот комплекс работи во рамките на охридскиот Завод и музеј. "Заливот на коските" ќе биде отворен во текот на целата година. Горе, на патот од Охрид кон "Св. Наум" се планира да биде изграден национален ресторан. Во комплексот ќе има и нуркачка база, која ќе се користи и во туристички цели. Секој посетител ќе може да си плати, да изнајми опрема и во придружба на професионален нуркач да ја разгледа населбата под вода и на дното да ги види старите колци, керамика и други археолошки предмети.

batbayan
01-02-2009, 20:13
ПО ТРИ ДЕЦЕНИИ ГОЛЕМИ АРХЕОЛОШКИ ИСКОПУВАЊА КАЈ ГРАДСКО

Ќе се гради Теодосијанска палата кај Стоби
Многу археолози, музејски работници, конзерватори сметаат дека прогласувањето на Стоби за самостојна институција е единствениот начин да се извлече локалитетот од зачмаеноста во која се наоѓа речиси три децении


Палатата ќе биде јадро околу кое ќе никнува и ќе се развива новата населба, во која ќе живеат и ќе работат младите истражувачи

Копија на Теодосијанската палата во античкиот град Стоби ќе биде изградена на ридот наспроти стариот град, од другата страна на реката Црна. Таму ќе биде сместен истражувачкиот центар на новата институција „Стоби“. Палатата ќе биде јадро околу кое ќе никнува и ќе се развива новата населба, во која ќе живеат и ќе работат младите истражувачи чија единствена цел ќе биде откривање, заштита и промоција на археолошкиот локалитет кај Градско.

Многу археолози, музејски работници, конзерватори сметаат дека прогласувањето на Стоби за самостојна институција е единствениот начин да се извлече локалитетот од зачмаеноста во која се наоѓа речиси три децении. Има и поинакви ставови. Дека добро функционираше под надлежност на Националниот конзерваторски центар и дека уште една национална институција ќе биде дополнителен товар на буџетот. Сепак, факт е дека во последните 30 години во Стоби речиси и да не е откриен ниту еден објект. Наместо да почне заштита и реконструкција на античкиот театар, тој се распаѓа, а туристи ретко доаѓаат иако тоа е археолошки локалитет со најдобра инфраструктура во земјава.Археологот Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното богатство, вели дека новиот истражувачки тим ќе почне офанзивно да работи. Годинава почнува големата истражувачка акција на Стоби, која ќе трае три години.

НОВИ ВРАБОТУВАЊА

- Ќе се работи во рамките на бедемите, до гол камен, за да ги истражиме сите културни слоеви на Стоби. Паралелно со ископувањата ќе формираме екипа што ќе подготвува проекти за конзервација за сите делови на градот. Се надевам дека ќе успееме. Досега имаше повеќе масовни истражувања во Македонија, но ова е огромна работа. Малку стравувам, возбуден сум, но ова е голем предизвик кој сите заедно ќе го решиме - вели Кузман.

Новата институција „Стоби“ веќе е регистрирана, а со неа ќе раководи археологот Силвана Блажевска. Се чека Министерството за финансии да одобри вработувања за екипата што ќе работи таму. Систематизацијата веќе е направена, информира Кузман. На Стоби ќе работат археолози, архитекти, нумизматичар, епиграфичар, конзерватори, општи служби, водичи низ локалитетот. За почеток ќе бидат вработени 28 луѓе, иако се потребни вкупно 35. Од нив 7 ќе бидат преземени од постоечките институции, националните заводи и музеи (чувари и еден археолог), а другите ќе бидат избрани на конкурс што наскоро треба да го објави новата институција.

- Во иституцијата мора да влезе исклучителна екипа за да успее проектот. Таа екипа мора да има вработени луѓе што целосно му се посветат на локалитетот и ќе го носат на својот грб. Тоа е целта на новата институција - вели Кузман.

МЛАДА ЕКИПА

Луѓето што го истражуваат ќе живеат во Стоби. Така полека античкиот град ќе се урбанизира. Населбата ќе биде формирана преку реката, на ридот. Блажевска предложи таму да се направи копија на Теодосијанската палата и во рамките на тој комплекс да се развива живата сила, истражувачкиот центар на Стоби. Убеден сум дека тие таму ќе живеат, ќе создаваат семејства, ќе направат нов Стоби наспроти стариот. Веќе најдов архитект со кој деновиве треба да го видиме местото за да почне да планира - вели Кузман.Тој е свесен е дека има скептици што не веруваат дека во оваа идеја ќе успее, но уверен е дека Стоби има иднина.

- Тоа не е мртов капитал, само треба да се искористи во научна, туристичка, презентативна и економска смисла. Таа млада екипа е способна целосно да излезе на крај со Стоби. Ние кои толку многу сме работеле на Стоби, „сто години“, се гледа колку сме направиле. Секој може да види колку е заштитен локалитетот и колку може да ја презентира земјата. Тоа е жива срамота! Затоа мора да им веруваме на овие вредни момчиња и девојки. На крајот на краиштата, ние треба да им помогнеме, а не да им ставаме сопки. А веќе им ставаат сопки - вели Кузман. Најголем дел од античкиот град Стоби е откриен во седумдесеттите години, во големите археолошки истражувања што траеле неколку години, под раководство на американскиот археолог Џејмс Вајсман. Во истражувањата учествувале луѓе од цела Југославија, но најмногу имало од Македонија. Вајсман денес е почесен член на Македонската академија на науките и уметностите.

ИНФО-Палатата на императорот

Теодосијанската палата е една од најлуксузните куќи досега откриени во Стоби. Се претпоставува дека во објектот престојувал императорот Теодосиј Први, кога го посетил Стоби во 388 година.

Објектот е долг 58 метри, а широк 23,5 метри. Дворот бил опкружен со колонади со столбови од сиво-бел мермер, а на источниот дел од дворот имало четириаголен базен. Палатата е изградена во текот на 4 век.

batbayan
02-02-2009, 14:32
РАЗГОВОР СО БЕХИЏУДИН ШЕХАБИ, ДИРЕКТОР НА НАЦИОНАЛНИОТ КОНЗЕРВАТОРСКИ ЦЕНТАР


Немаме кадар кој ќе ни го заштити културното богатство


Преку меѓународна соработка, идната година се очекува во центарот да пристигне софистицирана опрема за нуклеарна анализа вредна над 200 илјада евра, која треба да ја олесни конзервацијата


Националниот конзерваторски центар годинава ќе изврши конзерваторски активности и истражувања во над 30 цркви, џамии, манастири и други објекти. Но, според Бехиџудин Шехаби, директор на оваа установа, она што им недостасува е кадар кој ќе работи на конзервација на огромното културно наследство што го поседува Македонија.
- За првпат годинава се одвоени толку многу средства за зачувување на нашето културното наследство. Ќе се работи на конзервација на ѕидното сликарство во црквите Успение на Богородица во Карпинскиот манастир, Св. Ѓорѓи во Охрид, во манастирот Журче, Шарената џамија во Тетово, довршување на живописот во Св. Богородица, а во Мустафа-пашина џамија во Скопје ќе се работи на декорацијата. И годинава остануваме со тековното одржување на манастирот Св. Јован Бигорски и археолошкиот локалитет Стоби... Сепак, не можеме да се радуваме на оваа обемна програма, со оглед на недостигот од стручен кадар. Во моментот имаме само девет конзерватори, а со оглед на тоа што ги покриваме програмските активности и на другите Заводи, потребни ни се уште најмалку десет конзерватори. Имам сознанија за можно вработување на нови 19 стручни кадри, а во интерес на популаризација на културното наследство, неопходно е тие да се вработат што поскоро - потенцира Шехаби.

Тој очекува нареднава година, преку меѓународна соработка, во Центарот да пристигне софистицирана опрема за нуклеарна анализа вредна над 200.000 евра. Таа опрема ќе ја олесни конзервацијата, а ќе се користи при утврдување на старосната структура на иконите, фреските и елементи на архитектура, како и за утврдување на материјалите кои треба да се користат во самиот процес. Конзерваторскиот центар во моментов работи и на валоризација и ревалоризација на спомениците на културата со што во наредните две до три години ќе се изврши нивна категоризација и ќе се добие вистинска претстава колку споменици имаме и во каква состојба се наоѓаат.
-Во моментов ги немаме сите потребни механизми за заштита на културното наследство со современи инструменти како што се употребуваат во европските земји. Во Словенија, на пример, во секој објект е поставен инструмент за мерење на влажноста, но и на децибелите, со цел да се види какви манифестации можат да се одржуваат во еден споменик на култура без тој да биде оштетен - додава Шехаби.

Во рамките на соработката со Турција се очекуваат донации за реконструкција на Саат кулата во Тетово, реставрација на Куршумли Ан и негова адаптација во современ мултимедијален простор со лапидариум, како и за реконструкција на Арабати Баба Теќе во Тетово.

Евидентирани над 1.250 споменици на култура
-Започнавме и со евидентирање на сите собрани фотографии, слики и проекти од областа на конзервација и тие се во процес на дигитализација што се очекува да заврши во 2011 година. Ова е процес во соработка со Управата за заштита на културното наследство. Во Македонија има над 1.250 споменици и нивното евидентирање оди паралелно со валоризацијата - вели Шехаби.


http://vecer.com.mk/?ItemID=AAAFDBAD64A5514D91DAB08092CAB536

batbayan
03-02-2009, 12:10
Во Таор ќе се разоткриваат тајните на Јустинијана Прима


На археолошкиот локалитет Градиште, кај скопското село Таор, родното место на големиот император Јустинијан Први, Тауресиум, кој владеел со Источното Римско Царство од 527 до 565 година, и годинава ќе продолжи откривањето на тајните на Јустинијана Прима, град-седиште на неговата архиепископија. Според Кире Ристов, археолог во Музејот на Град Скопје, проектот за истражување на овој локалитет е одобрен од Министерството за култура како проект од капитално значење.
- Очекуваме дека неделава ќе се знаат и финансиски средства со кои ќе располагаме, по што ќе знаеме и точно кога и во кој обем ќе продолжат истражувања на локалитетот. Во Таор се откриени големиот број на монети, накит, керамички садови, остатоци од панцир, орудија, оружја и други артефакти.

Откриен е дел од бедемот кој ја обиколувал населбата. Лани се дефинирани и два објекта, делови од јавни градби. За позначаен наод се смета и откривањето на монограмот, печат на Јустинијан Први, врз венецот од ќуп "питос". Пронајдени се и делови од капители со врежани елементи од ранохристијански мотиви кои за првпат биле употребени во јавна градба, така што се надеваме дека таму можеби и годинава ќе откриеме црква, вели Ристов, под чие раководство започнале систематските истражувања на локалитетот уште во 2000 година.

Сите овие предмети и градби зборуваат дека во периодот на доцната антика од ИВ-ВИ век, но и подоцна, населението на овие простори имало активен општествен живот. На локалитетот, пронајдени се дури и населби од бронзено време, од 2200 до 1800 година п.н.е.

http://vecer.com.mk/?ItemID=F071DDD91E0DE147A159F088BAFAF72D

batbayan
03-02-2009, 12:17
Ќе се печатат 100 публикации за културното и природното наследство



Обемниот проект треба да го реализира Министерството за култура до крајот на годинава

Катерина Богоева

Културното и природното наследство во земјава годинава треба да се најде собрано на едно место, во планираните 100 публикации што како обемен проект со средства од владата, до крајот на годинава треба да го реализира Министерството за култура.

Веќе е оформен и потребниот мешан одбор составен од различни профили стручни лица, чиј претседател е директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман. Богато илустрирани, научно - популарните публикации наменети за културно - туристичка презентација на земјава, ќе бидат отпечатени на македонски, албански и на уште пет јазици и ќе бројат од 16 до 20 страници. „Ова е најголемиот издавачки проект годинава од областа на културното наследство“, посочува Кузман информирајќи дека истиот треба да ги опфати веќе потврдените сознанија за највредните археолошки локалитети, сакралните споменици (христијански и муслимански) како и за природните богатства во земјава.

Покрај овој проект, годинава според објавената програмата на Министерството за култура ќе бидат финансирани и други изданија од областа на културното наследство иако, но вообичаено како и секоја година, не во оној обем во кој и очекуваат претставниците на надлежните институции. Музејот на Македонија ќе добие пари за издавање на македонско - англиски јазик на обемниот каталог за изложбата „Неолитската уметност на просторот на Република Македонија“, што во мај годинава беше отворена во Љубљана. Таму со словенечки средства, тој беше отпечатен само на словенечко- англиски јазик. Изложбата годинава, според тековните преговори најверојатно ќе биде презентирана и во Археолошкиот музеј во Краков.

Музејот на Македонија со одобрените средства треба да го печати и својот зборник на трудови од областа на историјата, а програмскиот директор Перо Јосифовски потенцира дека годинава оваа институција ќе се обиде да го промени пристапот во доаѓањето до средствата за издавачка дејност, односно со сопствени пари ќе ги финансира планираните изданија до фаза на претпечатење, а дури потоа ќе бара средства од Министерството за култура. „Секоја година се одвојуваат многу помалку пари за печатење на стручните материјали, а сознанијата до кои се доаѓа со истражувања за нас се важни. На пример, монографијата за Ѓорѓи Пулески беше отпечатена само во 105 примероци. Сметам дека во издавачката дејност се финансира се и сешто, а стручните списанија во земјава се тие кои треба континуирано да добиваат пари за да можат непречено да излегуваат, без разлика на комисијата. Познато е дека земјите во регионот, на пример Хрватска, Словенија и Бугарија печатат многу повеќе материјали од нас“.

Музејот на град Скопје не добил средства ниту за единствениот проект што го поднел, за првата монографија посветена на неговото 60 - годишно постоење и функционирање. Директорот Јован Шурбановски веќе упатил соодветен приговор до Министерството.

Првиот човек пак на штипскиот Заводот и музеј, Зоран Читкушев вели дека пред се е важно да се истражува и да се подготвуваат материјалите, кои кога - тогаш и ќе бидат објавени. „Веќе имаме практика дел од планираните изданија да ги печатиме и со помош на разни донатори. Годинава со средства од Министерството за култура ќе бидат освен зборникот на стручни трудови, монографија за археолошкиот локалитет Азанбегово, како и поголема публикација за веќе завршените археолошки истражувања на трасата каде ќе се протега хидросистемот „Злетовица“.

Директорот на битолскиот Завод и музеј, Зоран Николовски не е изненаден многу од фактот што годинава на оваа институција не и е одобрен ниту еден проект од издавачка дејност, бидејќи минатата година бил поддржано објавувањето на монографијата за археолошкиот локалитет Хераклеја. Од трите одбиени проекти со кои аплицирале „Вечноста на Битола“ (посветена на историјата на градот), „По трагите на традицијата“( со содржини од областа на етнологијата, архитектурата, обичаите) и зборник на трудови во кој треба да бидат поместени стручните согледувања од минатогодишните истражувања, Николовски вели дека поради големо значење ќе биде отпечатен само третиот. Почесниот конзул на Република Турција во земјава Ајдован Адемовски ќе го финансира печатењето на постоечкиот, но проширен каталог за постоечката Спомен соба на Кемал Ататурк.

Би било премногу идеално и незамисливо, кога печатењето на стручните согледувања но и научно - популарните изданија би одело паралелно со динамиката со која во земјава во изминатите неколку години се истражува на полето на археологијата, пред се. Потребно е време за ставање на откриеното на хартија, но на патот за фаќање приклучок кон светот, неопходно е хартијата и да печати, што побрзо, тоа подобро. И поефектно, заради местото во цивилизираниот свет.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=90263FFDBB8A2F4E9C7431CC923B3487

batbayan
04-02-2009, 09:06
ЌЕ ПОМОГНЕ ЛИ ИТАЛИЈАНСКИОТ ПРОЕКТ ВО ЗАЖИВУВАЊЕ НА СКОПСКАТА ЧАРШИЈА?!


Има културна патека, нема кој да оди по неа


Туристите немаат конкретна слика за тоа каде се наоѓаат објектите од културата во овој дел од градот, а нивната слаба посетеност делумно е и поради лошиот пристап, одалеченоста од центарот на градот, лошата осветленост...


Низа идејни решенија за тоа како треба да изгледа културолошката патека по која туристите би се движеле со цел да ги посетат музеите, црквите и другите културни институции од плоштадот на Скопје преку Старата чаршија до Кале, произлегоа и од повеќемесечните активности на проектот "Културни патеки", кој се реализира со средствата на италијанската влада.
- Се работи за обемен проект со кој се запознаени и сите надлежни институции, а се однесува на нивно анимирање, но и запознавање на јавноста со можностите за ревитализација на просторот и објектите од културата во овој дел од градот. Изминатите месеци со помош на Архитектонскиот факултет добивме и идејни решенија за просторно уредување околу и во самите објекти, како што се Музеј на Македонија, Музеј на современа уметност, Чифте амам, Даут пашин амам, археолошки парк на Кале, црквата Св.Спас... Организирани се и работилници за заштита на мозаици, имавме неколку изложби на кои беа повикани надлежните институции со цел да помогнеме во заживување на овој простор. Истовремено намерата ни беше и да овозможиме и нивно поврзување со експерти од Италија кои би помогнале со свои идеи, вели Томислав Стефановски од ИМГ, агенција преку која се реализира проектот.

Сепак, тој посочува дека проектите се само појдовна точка, додека локалната и централната власт, како и архитектите треба да работат на нивната реализација. Во јуни, кога проектот ќе биде и завршен, се планираат изложби во Музејот на Македонија и Чифте амам, на кои ќе бидат претставени сите идејни проекти, а ќе бидат издадени и публикации.

Дека на овој простор навистина му се потребни вакви проекти потврдуваат и во Музејот на Македонија.
- Туристите, но и нашите граѓани треба да добијат слика за тоа каде се наоѓаат точно објектите од култура во овој дел од градот, а нивната слаба посетеност делумно е и поради лошиот пристап, одалеченоста од централното градско подрачје, лошата осветленост и општествените аспекти што кај посетителите предизвикува несигурност, вели директорката Мери Аницин-Пејоска.

Старата чаршија, заштитен мозаик на култури
Старата скопска чаршија минатата година со Закон е прогласена за културно наследство од особено значење, со што е ставена под трајна заштита на државата. Од Министерството за култура посочија дека со Законот се спречуваат активности во чаршијата кои може да доведат до уништување на спомениците, а истовремено се овозможува трајно зачувување на историските, архитектонските, етнолошките и сите други вредности на чаршијата, како и нејзината автентичност што ја прави особено атрактивна за странските туристи.

batbayan
06-02-2009, 17:31
Неолитското село Тумба Маџари стои затворено



Во март повторно ќе биде отворен музејот чии копии беа искршени лани

Катерина Богоева

Првото неолитско село во земјава Тумба Маџари кај Скопје, кое на почетокот на декември минатата година беше нападнато од група деца што искршија копии на десеттина садови, три амбиентално поставени кукли во реконструираните куќи, копија на скулптурата Големата мајка и камени алатки ( по само еден месец и една недела работа), сеуште стои затворено. Направената штета изнесува околу 100 000 денари, средства што Музејот на Македонија кој раководи со археолошкиот локалитетот треба повторно да ги обезбеди, за да започне изработката и поправката на уништените предмети што ќе се стават во функција на музејот на отворено.




На неолитското село во почетокот на март треба да се градат и нови елементи во рамките на предвидената втора фаза од започнатиот проект за која и се одобрени средства во рамките на годинешната програма на Министерството за култура. Предвидено е покрај постоечките две, да бидат изградени и уште две куќи, од кои во поголемата би се реализирале едукативни работилници, симпозиуми, а во помалата, реконструирана праисториска куќа, амбиентално ќе биде поставен дел од секојдневието на некогашните жители на сегашно Скопје, жена што изработува керамички сад и деца во игра. На локалитетот каде минатата година е извадена и вода и направен тревник, ќе биде направена реконструкција и на мочуриште и мини фарма со претстави на праисториски животни и птици, во чие што оформување, за прв пат покрај неколкумина вајари, со стручни согледувања ќе учествува и археозоологот Анета Ивковска, која магистрирала на Катедрата за археометрија на Софискиот универзитет во Бугарија.

Неолитското село засега го обезбедува еден чувар, ангажиран од страна на Музејот на Македонија, но се очекува наскоро во чувањето на заградениот простор со уште еден чувар, да се приклучи и општината Гази Баба на чија што територија се наоѓа археолошкиот локалитет. Со учество на општината, досега е расчистен и адаптиран просторот каде се подигнати впечатливите неолитски куќи, истиот е и ограден, направена е пешачка патека, паркинг, поставени се канделабри и рефлектори за престојното, планирано осветлување. Со учество на општината поставени се и потребните патокази кои ги водат посетителите до локалитетот.



А посетители, главно ученици, деца од скопските градинки, студенти, но и заинтересирани посетители од другите градови, имаше додека селото функционираше. За нив досега е отпечатен водич на македосни и англиски јазик, а во план е печатење на албански, но и на ромски јазик јазик, со цел да се подигне нивото на свеста на околното население, но и на граѓаните воопшто, за значењето на праисторискиот локалитет.

Во реконструкцијата на неолитските куќи на локалитетот Тумба Маџари, според археолозите Драгиша Здравковски и Елена Стојанова Канзурова, автори на тековниот проект за реконструкција на досега откриеното, се користени три релевантни извори: археолошките остатоци што остануваат на терен, изгледот на керамичките модели-жртвеници-куќи од неолитот од Анзабегово-вршничката и Велушко-породинската културна група и современите примери на куќи во селата кои живеат како градителска традиција многу долго, практично неколку илјадалетија.

Праисториските куќи се радени со дебел слој лепеж од кал и плева. Дебелината на колците е различна како и нивната густина, а покривите се изградени од дрвена конструкција и слој од трска и ржаница. Внатрешноста на постоечката, прва куќа која се смета за светилиште е преградена со тенок, неправилен парапет кој според археолозите, одвојува две печки подигнати до него. Во средишниот источен дел на куќата е откриена мелница за жито, а во неа ( која и се смета за најбогата со наоди), биле се откриени 45 цели садови и многу фрагменти од керамика. Сиот тој материјал е изложен во постојаната поставка на Музејот на Македонија.

Првите археолошки истражувања на Тумба Маџари Музејот на Македонија ги извршил во 1978 година кога резултатите и покажале дека се работи за населба од неолит, со три фази на живеење. Населбата егзистирала во периодот од 6200 до 4200 год. пред н.е, а економската благосостојба и културниот просперитет ги доживеала во средниот неолит 5800-5200 год. пред н.е. Се смета дека токму оваа населба го претставувала протогено јадро на денешното Скопје. Во археолошките истражувања од 1981 до 2008 година биле откриени 8 праисториски куќи.


http://utrinski.com.mk/?ItemID=B8DFCEE1A35DFC489031FD4444634935

batbayan
06-02-2009, 17:32
СЕ БАРА ЗАШТИТА ЗА РИМСКИОТ МОСТ ВО БОГОМИЛА

Камиони газат споменик на културата

Од Националниот конзерваторски центар бараат забрана на секаков сообраќај, конзервација, реконструкција и изградба на нов мост преку реката Бабуна



Камениот мост во село Богомила, преку кој секојдневно минуваат тешки камиони, е во лоша состојба и постои опасност тој да биде сериозно оштетен и да се прекине сообраќајот кон повеќе села од Азот, предупредува локалната власт на Општина Чашка.

Тие повеќепати побарале да се заштити камениот мост, кој е познат кај народот како Ѕидан мост и е заштитен како споменик на културата уште од 1953 година. По него секојдневно минуваат тешки товарни возила, кои пренесуваат кварц, трупци и дрва од планината Јакупица. Поради тоа на мостот има оштетувања, кои може да станат уште посериозни и со подалекусежни последици.

- За жал, и покрај нашите предупредувања, досега не се преземени никакви мерки кои ќе придонесат за зачувување и заштита на овој објект. По наша покана, мостот беше испитан од стручњаци од Националниот конзерваторски центар на Македонија. По извршениот увид тие изготвија извештај и констатираа дека на него се одвива товарен сообраќај кој негативно влијае врз стабилноста на мостот. Поради ова тие бараат забрана на секаков вид моторен сообраќај, конзервација и реконструкција на мостот како и изградба на нов мост преку реката Бабуна - вели Стојан Маневски, градоначалник на Општина Чашка.

Локалната власт за да ги запознае надлежните со овој проблем писмено се обратиле до Фондот за патишта и до Управата за културно наследство за да се почитува бараниот режим на заштита на овој споменик на културата, но досега не добиле никаков одговор. Надлежните велат дека го знаат проблемот, но за негово решавање требаат проект и пари.

- Го добивме извештајот на колегите стручњаци што констатирале одредени аномалии. За да можеме да преземеме што било, треба да се изработи проект како да се санира мостот, па со тој да одиме пред Влада и Министерството за култура, кои треба да одобрат пари, па тогаш да почнеме да работиме. Управата нема пари на располагање за да може самостојно да работи - изјави директорот Паско Кузман. Камениот или Ѕидан мост во Богомила потекнува од римско време. Преку него се одвива превозот на товар од планинскиот масив на Јакупица кон Велес како и превозот на многу домашни и странски гости кон планинарските домови во Папрадиште, Чеплес и кон врвот Солунска Глава.

batbayan
07-02-2009, 12:49
Реставрација на фасадите на Широк сокак


Завод и Музеј-Битола ги утврди програмските приоритети за 2009 година.
- Годинава ќе продолжиме со археолошкото ископување во просторот на Јени Џамија, потоа со реставрација на фасадите на Широк сокак, реставрација на фрескоживописот во црквата "Света Петка" во селото Цапари, а годинава ќе го организираме и традиционалното графичко триенале, изјави Зоран Николовски, директор на НУ Завод и Музеј-Битола.

Од таму најавуваат дека годинава ќе се организира посебна изложба на неолитски костими придружена со презентација на неолитски накит и фризури.



http://vecer.com.mk/?ItemID=E188D5CD5E3E1E4A90D9AD2A5718BD71

batbayan
07-02-2009, 12:51
Почнува големото истражување на Хераклеја



Битола - Комплетното истражувања на античкиот град Хераклеја Линкестис, што Владата го најави, ќе започне кон крајот на овој месец , потврдуваат од битолскиот Завод и музеј. Новите истражувања ќе ги финансира Министерството за култура, но засега не се открива колкава ќе биде сумата, која ќе биде потреба за реализација на овој проект.

Според директорот на Завод и Музеј Битола, Зоран Николовски проектот е ,,се уште во фаза на средување во областа на административните обврски кон Управата за културно наследство , потоа изработката на проекти за стратегијата на ископувањата на локалитетот итн. Иако почнувањето на работите зависи од временските услови сепак планираме со истражувањето да започнеме на 25 овој месец, вели Николовски.

Според него, „ископувањата ќе се вршат во четири до пет сектори, на одредени делови ќе се доистражува во заградениот дел на локалитетот, но планирани се и сондажни ископувања како и истражувања во околните ниви кои своевремено биле откупени од сопствениците.“ Во иднина се планира и ископување на плацеви, кои се во фаза на експропријација, но тоа е во надлежност на министерството за култура и кога сето тоа ќе се заврши ќе знаеме до каде би се вршеле новите истражувања надвор од физичката ограда.“-вели Николовски .

Досега од античкиот локалитет Хераклеја Линкестис откриени и истражени се околу 3 хектари од земјиштето што според претпоставките претставува само 8 до 10 проценти од целиот антички град. (А. Б.)


http://utrinski.com.mk/?ItemID=24BEF4B29105CB45A9494BD1601FFEC5

batbayan
07-02-2009, 12:51
Ќе се обнови Саат-кулата на Бит-пазар

Активностите предвидуваат надворешна и внатрешна реставрација на објектот, уредување на околината и пристапните патишта до него




Саат-кулата,која се наоѓа во кругот на Султанмуратова џамија на Бит-пазар, комплетно ќе биде обновена. Реставрацијата, која ќе се врши во соработка со Конзерваторскиот центар - Скопје, ќе почне во март, велат од Општината Чаир која веќе го има иработено проектот со кој поднесе барање за средства кај американската амбасада во Скопје.

Проектот предвидува надворешно и внатрешно обновување на Саат-кулата. Фасадата однадвор ќе биде исчистена и обновена и ќе ја задржи нејзината автентичност. Исто така, ќе бидат обновени прозорците, оградата и куполата. Ќе биде ставена во функција и камбанаријата, која ќе отчукува со стариот звук на секој час.

- Саат-кулата ќе биде комплетно осветлена однадвор заради визуелен ефект навечер, а и однатре. Ќе бидат реставрирани дрвените скали, вели Џавид Гаши, референт во Секторот за урбанизам при Општината Чаир.Со проектот се предвидува однатре да се исчистат и да се бојосаат ѕидовите, ќе се постави нов громобран, а и комплетно хортикултурно ќе се уреди околината. Во кругот на објектот ќе се направи плато, еден вид мини-плоштад, а ќе бидат обновени и осветлени двата пристапни пата што водат до објектот.

Скалестиот пат ќе биде поплочен со камења, а рамната калдрма која исто така води до кулата, ќе биде уредена, но ќе го задржи својот првобитен изглед од камен. Како што објаснуваат од Општината, лиценцирана фирма веќе ја испитала издржливоста на објектот и утврдила дека иако е висока 37 метри, таа е стабилна.

- Се очекува реконструкцијата да биде завршена до октомври, кога објектот ќе биде пуштен во употреба, вели Гаши. Од Општината Чаир очекуваат позитивен одговор од американската амбасада, од која добиле ветување дека за проектот ќе се издвојат 100.000 долари.Првичните процени се дека комплетната реализација на проектот ќе чини 120.000 евра. Општината е подготвена од својот буџет да издвои 40.000 евра. Саат-кулата во мај, минатата година, по 45 години ги доби четирите нови часовници. Тоа се најсофистицирани швајцарски часовници, за кои Општината Чаир издвои 600.000 денари. Два месеца по нивното поставување, два од нив се расипаа од удар на гром.

Прва саат-кула на османлиската држава

Саат-кулата е шесткатна. Подигната е помеѓу 1566 и 1573 година и била првата саат-кула на територијата на османлиската држава. Изградена е на темелите на поранешна средновековна одбранбена кула. Часовникот бил запленет и донесен од Сигет, Унгарија, при османлиските освојувања. Заедно со него бил доведен и неговиот мајстор, кој за одржувањето добивал добра плата. Во пожарот од 1689 година, што го предизвикал австрискиот генерал Пиколомини, Саат-кулата претрпела оштетување.

Денешниот облик го добила за време на валијата Хавзи-паша. Во 1904 година горната, дрвена конструкција била заменета со тули и тогаш бил монтиран нов механизам за мерење на времето. Во 1963 година, за време на катастрофалниот земјотрес, Саат-кулата претрпела сериозни оштетувања. Потоа била обновена, но без часовник. Оттогаш таа е оставена на забот на времето и никој веќе не се ангажирал да ја обнови, ниту да постави нови часовници.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=6E543738367131489CC7AE21BCAFC71E

batbayan
10-02-2009, 13:45
ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО

Реституцијата непозната за Македонија

Благодарение на интензивните кампањи за реституција, Египет, Етиопија, Италија, Грција и многу други земји вратија дел од своето дисперзирано културно наследство


Наши златни маски како таа од Требеништа има во музеите во Белград и во Софија

Македонија досега не повела никаква сериозна акција за да го врати културното наследство кое под разни околности било изнесено од земјава пред многу години. Меѓу нив има предмети, ремек-дела на старите цивилизации, стари ракописи и документи. Тоа се златните маски и сиот накит пронајдени кај охридското село Требеништа, скулптури од Хераклеја Линкестис и од Стоби, и многу други артефакти.

Одговорните за заштита на културното наследство со години велат дека за овој проблем нема решение, бидејќи сите предмети биле изнесени од Македонија пред 1945 година, во време кога земјава не била „правен субјект“, односно била под нечија власт. Но, Грција веќе две и пол децении од Велика Британија ги бара назад мермерните скулптури од храмовите на Акропол во Атина иако се изнесени од земјата на почетокот на 19 век, во време кога Грција била под османлиско ропство.

Зошто Република Македонија е толку пасивна кога ќе се спомне реституција на културното наследство, кога оваа тема во последните пет години стана многу актуелна во светот? Благодарение на интензивните кампањи за реституција Египет, Етиопија, Италија, Грција и многу други земји вратија дел од своето дисперзирано културно наследство. Борбата можеби долго трае, но има ефект. Скандинавските земји лани на Грција и' вратија неколку мали парченца од храмовите на Акропол.Директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, смета дека реституцијата практично е невозможна. Тој вели дека такво е меѓународното право. Единствен спас, вели Кузман, е да се донесе меѓународна конвенција која ќе им овозможи и на земјите што некогаш не биле правни субјекти, да побараат враќање на културното богатство.

МНОГУ ДА СЕ РАБОТИ

Во 1983 година, познатата грчка актерка Мелина Меркури, тогаш министерка за култура, почнала кампања за Велика Британија да ги врати скулптурите од Акропол, кои се наоѓаат во Британскиот музеј. Во 1984 година Грција доставила барање до УНЕСКО за официјално враќање на антиквитетите. Лани Министерството на Велика Британија прифати да дискутира со Грција на таа тема. Слични акции правеа и другите земји. Според правникот Јован Ристов, поранешен директор на Управата за заштита на културното наследство, „не држи вода“ тезата дека Република Македонија не може да се повика на правото на реституција бидејќи не била суверена држава.

- Никој не може да ни го забрани правото да ги бараме тие предмети. Но, треба многу да се работи. Треба да се направат реституциски барања, да се истражува, да се пронајдат предметите, да се обезбеди документација за нив. Треба да се притисне и по дипломатски пат - вели Ристов.Тој објаснува дека Македонија досега само со САД потпишала договор за враќање на предметите што се дел од културното наследство. Немаме потпишано други билатерални ниту мултилатерални договори. На прашањето зошто нашите институции никогаш сериозно не го отвориле прашањето за реституција, тој вели:

- Прашање на определба на политика е дали ќе се постави тоа прашање. Но, мора да знаеме што имаме, што имаме и што бараме. Втора работа е како да дојдеме до тој предмет. Немаме јасни сознанија кои предмети каде се наоѓаат, кога, кој и како ги изнел од земјава. Но, ниту една конвенција не забранува да се решава ова прашање.

ПРИВИЛЕГИРАНИ ЗЕМЈИ

Во текот на Првата светска војна, во 1918 година, бугарската војска случајно открила неколку гроба од некрополата кај Требеништа. Меѓу 1930 и 1934 година српскиот археолог Никола Вулиќ открил уште шест нови гроба. Од требенишката некропола 258 предмети денес се чуваат во Археолошкиот музеј во Софија, 187 во Народниот музеј во Белград и 380 во Заводот и музеј во Охрид.

Предметите биле пронајдени при легални археолошки ископувања. Кога била создадена Федерацијата, нашиот тогашен комитет за култура побарал од Белград да ги врати маските, но и тогаш имало голем отпор. Со Бугарија во 1947 година бил потпишан мировен договор, но не била потпишана никаква спогодба за реституција на културните богатства. До 1954 година Југославија редовно поднесувала официјално барање за реституција на културните богатства до бугарските власти. Оттогаш тоа прашање не е отворено.Ристов вели дека пред да се направи каков било чекор, неопходно е да направиме целосна документација за предметите.

- Но, и во меѓународното право, големите земји прават се' за да извлечат полза. Во рамките на УНЕСКО, развиените земји се изборија за правило. Матичната држава и да докаже дека предметите и' припаѓаат, другата држава може, но не мора да ги врати, ако докаже дека матичната земја нема соодветни услови да го чува, заштитува и да го презентира културното наследство. Сепак, треба да се отвори вентил во нашата официјална политика, независно која партија е на власт. Овој проблем влегува во категоријата на траен национален интерес - вели Ристов.

ИНФО-Непотпишани меѓународни договори

Македонија не ги бара антиквитетите изнесени пред 1945 година зашто земјава не била „правен субјект“, односно била под нечија власт. Грција веќе две и пол децении ги бара од Велика Британија мермерните скулптури од Акропол во Атина иако се изнесени на почетокот на 19 век, во време кога Грција била под османлиско ропство.Македонија само со САД потпишала договор за враќање на предмети.


СТАВ
Акција за враќање на нашето богаство

Во време кога земјите се' погласно си ги бараат назад антиквитетите што се во некои туѓи витрини и туѓи музеи, ние како предвреме да сме кренале раце од богатството што ни е земено. Тие што ни го одзедоа културното наследство си имаат алиби: дека тогаш Македонија не постоела како држава. Но и Грција пред стотина години не постоеше како држава, па многу артефакти си ги врати дома. Комплицираната постапка за реституција не е оправдување што сме дозволиле да поминат повеќе од шест децении а никој да не побара враќање на нашите артефакти. Други земји се изборија за нив.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2EE074604A82D3408CA370BADB4D8044

batbayan
12-02-2009, 19:33
Англичани ќе ја утврдуваат староста на скелетот Славе



ШТИП - Мостри од најстариот скелет во Македонија, пронајден на локалитетот Грнчарица во близина на Штип, отпатуваа за Англија. Деталните анализи во лабораторијата ќе утврдат во кое време живеел. Славе Македонски, како што го крстија археолозите, а за кого претпоставија дека е на возраст од 45 до 50 години и дека е постар од 9.000 години.

Раководителот на археолошката акција на локалитетите загрозени од изградбата на хидросистемот „Злетовица“, Трајче Нацев, изјави дека резултатите треба да пристигнат до крајот на март. „Во лабораторијата во Англија се испратени мостри со 2-3 грама од скелетот. Со помош на методот Ц-14 ќе се утврди неговата старост и ќе добиеме хронолошка анализа за самиот локалитет со толеранција од 15 години“, објасни Нацев. (Д.Р.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=23C3437D117549449D9C648872B9DAD9

batbayan
14-02-2009, 13:08
Неолитската куќа во Битола се' уште без темел



Центарот за истражување на македонскиот неолит со идеја да се предочи Македонија како извор на најраната култура

Битола - Светскиот центар за истражување на македонскиот неолит, што пред речиси две години свечено беше отворен во Битола, никако да профункционира. Иако зад формирањето на оваа институција застана Министерството за култура, од Светскиот центар за истражување на македонскиот неолит, но и од Завод и музеј - Битола, на кои им беше доверена оваа институција, велат дека нема пари за предвидените активности. Во изминатиот период единствено беше поставена изложба на цртежи од костими од неолитскиот период. А, освен најавите за реконструирана неолитска куќа, сж остана на хартија.

Иако првично беше најавено неолитскиот центар да биде сместен во одделна просторија во Завод и музеј - Битола, досега и тоа не е направено. „Знаеме како изгледа неолитската куќа, според артефактите што ги имаме најдено. Тоа не е направено сж уште како зафат. Ако оваа година не успееме поради немање средства, тоа ќе остане за наредната година. Потребни се вонредни средства за да се направи нешто такво“, изјави директорот на Завод и музеј - Битола, Зоран Николовски. И координаторот на проектот, Вангел Божиновски, вели дека и натаму очекуваат средства од Министерството за заживување на оваа институција.

Во мај во 2007 година, кога Светскиот центар за истражување на македонскиот неолит наголемо беше промовиран од министри и културни работници, идејата беше да ч се предочи на Европа дека Македонија е извор на најраната култура, а дека Пелагонија е врвот на таа цивилизациска епоха што трае 7.000 илјади години.

„Оттука тргнала цивилизацијата“, изјави Божиновски, додавајќи дека тоа ќе го докажеме кога на светот ќе му ги презентираме нашите наоди кои ги има многу. „Цела Македонија лежи на неолит. Има околу 50.000 неолитски населби. А ако го следите патот на неолитот во Европа, кој тргнува одовде, ќе видите каде и кога стасал. Всушност, ние имаме обврска кон Европа, да ч кажеме дека ние го пополнуваме празното место на основоположникот на европската култура“, рече тој.

Додека Министерството за култура не го одврзе кесето за неолитската куќа, од Битолскиот музеј засега планираат само модна ревија со реконструирани неолитски костими. „За оваа година со центарот за неолот имаме еден начелен договор, да се направи реконструкција на неолитски костими. Пред една година имаше изложба со цртежи на костимите, а сега да се направи реконструкција на тие костими со накит и фризурите на жените. Да се направи една модна ревија која ќе биде многу актрактивна“, вели Николовски. Изложбата со цртежи, пак, што лани беше организирана во Битола, до крајот на овој месец треба да се отвори во Музејот на Македонија во Скопје. (А.Б.)


Неолитската куќа во Битола се' уште без темел



Центарот за истражување на македонскиот неолит со идеја да се предочи Македонија како извор на најраната култура

Битола - Светскиот центар за истражување на македонскиот неолит, што пред речиси две години свечено беше отворен во Битола, никако да профункционира. Иако зад формирањето на оваа институција застана Министерството за култура, од Светскиот центар за истражување на македонскиот неолит, но и од Завод и музеј - Битола, на кои им беше доверена оваа институција, велат дека нема пари за предвидените активности. Во изминатиот период единствено беше поставена изложба на цртежи од костими од неолитскиот период. А, освен најавите за реконструирана неолитска куќа, сж остана на хартија.

Иако првично беше најавено неолитскиот центар да биде сместен во одделна просторија во Завод и музеј - Битола, досега и тоа не е направено. „Знаеме како изгледа неолитската куќа, според артефактите што ги имаме најдено. Тоа не е направено сж уште како зафат. Ако оваа година не успееме поради немање средства, тоа ќе остане за наредната година. Потребни се вонредни средства за да се направи нешто такво“, изјави директорот на Завод и музеј - Битола, Зоран Николовски. И координаторот на проектот, Вангел Божиновски, вели дека и натаму очекуваат средства од Министерството за заживување на оваа институција.

Во мај во 2007 година, кога Светскиот центар за истражување на македонскиот неолит наголемо беше промовиран од министри и културни работници, идејата беше да ч се предочи на Европа дека Македонија е извор на најраната култура, а дека Пелагонија е врвот на таа цивилизациска епоха што трае 7.000 илјади години.

„Оттука тргнала цивилизацијата“, изјави Божиновски, додавајќи дека тоа ќе го докажеме кога на светот ќе му ги презентираме нашите наоди кои ги има многу. „Цела Македонија лежи на неолит. Има околу 50.000 неолитски населби. А ако го следите патот на неолитот во Европа, кој тргнува одовде, ќе видите каде и кога стасал. Всушност, ние имаме обврска кон Европа, да ч кажеме дека ние го пополнуваме празното место на основоположникот на европската култура“, рече тој.

Додека Министерството за култура не го одврзе кесето за неолитската куќа, од Битолскиот музеј засега планираат само модна ревија со реконструирани неолитски костими. „За оваа година со центарот за неолот имаме еден начелен договор, да се направи реконструкција на неолитски костими. Пред една година имаше изложба со цртежи на костимите, а сега да се направи реконструкција на тие костими со накит и фризурите на жените. Да се направи една модна ревија која ќе биде многу актрактивна“, вели Николовски. Изложбата со цртежи, пак, што лани беше организирана во Битола, до крајот на овој месец треба да се отвори во Музејот на Македонија во Скопје. (А.Б.)

batbayan
16-02-2009, 11:46
Пронајдено археолошко богатство


Полицијата кривично гони гостиварец и кичевци поради сомнение дека присвоиле археолошки материјали. Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против А.Ш.(49) под сомнение дека сторил кривично дело присвојување на споменици на култура, архивски материјал или природна реткост или друг археолошки материјал и кривично дело неовластено набавување и држење на огнено оружје и муниција. Кривична пријава е поднесена и против З.К.(34) и М.Н.(42), двајцата од Кичево, кои се товарат дека извршиле помагање во вршење кривично дело.

Кај тројцата пријавени, во возило "опел астра" со охридски регистерски таблички што го управувал М.Н., во четвртокот, пред влезот во Битола, се најдени поголем број археолошки предмети и стари артефакти, по што тројцата се лишени од слобода. Наредниот ден, на 13-ти овој месец во времето од 01,15 до 04,30 часот по претходно добиена наредба од судот во Гостивар извршен е претрес во домот и помошните простории на А.Ш. во стан на улица "Браќа Гиноски", каде се пронајдени: три детектори за метални предмети и ВХС касета за употреба на истите, мапи со археолошки наоѓалишта, 438 стари метални монети со различни димензии, една дрвена икона со метален облик на Богородица, поголема литература од археологија и фотографија на археолошки предмети, една метална статуа "војник", "коњ", два метални предмети во форма на чекан и наковална, метална маска, камено тркало, стар револвер, пиштол непозната марка без рачки, осум метални шипки за чистење на оружје, топографска карта со назнака "Воена Тајна" од караула "Срезимир", стара руска банкнота од 5000 рубљи, пет сабји со различни димензии - стари, и поголема количина разни стари предмети со различна форма и големина, лаптоп, карабин винчестер, револвер марка "смит и венсон" и 207 куршуми со различен калибар.

Пронајдените артефакти и старите пишани документи, карти, мапи и фотографии, во договор со Управата за културно богатство, соодветно ќе се анализираат и вештачат.

Според досегашната истрага, осомничените имале намера артефактите да ги понудат на грчки државјанин. На тројцата, истражен судија им определил мерка притвор во траење од 15 дена.

(К.Ѓ.)

http://vecer.com.mk/?ItemID=7030FB58F0FB864B8466711F27C4E349

batbayan
16-02-2009, 11:47
АРХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТ - НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА


Во Стоби ќе се живее и ќе се истражува


Кон крајот на месецот ќе започне тригодишниот проект за целосно истражување, конзервација и презентација на локалитетот пред домашната и странската јавност. Неодамна заврши и неговата регистрација во национална установа


-Градот Стоби, кој својот најголем подем го доживеа во римско време, има огромен потенцијал, одлично сочувани градби, многу движен материјал и богата приказна за неговата историја, што овозможува реализација на крајната цел-негово самофинансирање. За потребите на овој археолошки локалитет се очекува да бидат вработени 28 археолози, конзерватори, чувари и водичи, од кои дел ќе бидат преземени од Националниот конзерваторски центар, вели Силвана Блажевска, архелог под чија надлежност годинава ќе се работи во Стоби.

Таа потенцира дека годинешниве истражувања ќе го опфатат просторот покрај портата Хераклеа, главниот влез во градот, кој исто така ќе се реконструира. Ќе се работи и спроти епископската базилика каде е откриен полукружен плоштад, па се до бедемот, каде се очекува откривање на доцна античка архитектура од 4 до 6 век. Ќе се доистражува и просторот покрај западниот бедем кон театарот чија реконструкција е исто така во план. Ископувања ќе има и наспроти театарот каде минатата година е откриена градба со засводени подземни простории, кои најверојатно имале култна намена, а која има многу сличности со храмот во Марвинци... На локалитетот се откриени и многу предмети, поради што според Блажевска на Стоби му е неопходен музеј.
- Сите артефакти во моментот лежат во депото во старата зграда на железничката станица, во несоодветни услови. Сметав дека од другата страна на реката Црна би можело да се изгради објект, реконструкција на Теодосијанската палата, чии темели се гледаат на локалитетот. Ова е една од најубавите доцноримски куќи во Стоби, во која се смета дека престојувал и Теодосиј Први во 388 година. Тоа е куќа со внатрешен двор и повеќе простории во кои би можеле да се изложат пронајдените предмети.

Во Стоби ќе се живее
Успехот на истражувањата на локалитетот би требало да го гарантира и самата намера на вработените таму да живеат. Идејата за формирање населба во непосредна близина на локалитетот, според Блажевска е всушност работа која била поврзана и со другите археолошки локалитети, како што е пример со Вергина во Грција, град кој бил формиран 70-те години и кој и денеска функционира.

За локалитетот
Во 7 и 6 век пр.н.е. Стоби бил мала пајонска населба. Градот почнал да се формира на највисокото ритче во време на Филип 5, но вистинскиот подем се случил во римско време. Според општествениот статус тоа бил единствениот муниципиум во Македонија, а во ранохристијанскиот период епископско седиште, што го потврдуваат пишаните извори и голем број откриени цркви од тоа време.


http://vecer.com.mk/?ItemID=B7B49E2D22B269499998C1BBC577E5E3

batbayan
17-02-2009, 13:22
АРХЕОЛОГИЈА И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ВО СТРУМИЦА


Ќе се работи на Орта Џамија, Св. Богородица Елеуса, Св. Параскева...


Регионалниот завод за заштита на спомениците на културата и Музеј во Струмица, годинава, особен акцент ќе им даде на археолошките ископувања и на реставраторско-конзерваторските работи на повеќе локалитети во струмичкиот, валандовско-дојранскиот и гевгелискиот регион


Според годинашнава мошне обемна програма за која виза и финансиска поддршка даде Министерството за култура на Република Македонија, сезонава треба да бидат довршени и почнатите градежни работи на конакот во комплексот цркви "Св. Леонтиј" во Водоча, потоа санација на покривот на средновековниот манастир "Св. Богородица Елеуса" во Велјуса, ревалоризација и конзерваторско-заштитни работи на музејски предмети откриени на повеќе археолошки локалитети, реставрација и конзервација на фрагменти од живописот во базиликата на археолошкиот локалитет Орта Џамија и на мозаичниот под во Римската терма во Бања Банско, конзерваторски истражувања на оштетениот иконопис на црквата Св. Параскева" во селото Трибичино и други.

Како што се очекува, годинава, ќе бидат спроведени и завршните работи за конзервација и ревитализација на зачуваната зграда на Турската пошта во Струмица, продолжување на археолошките истражувања на локалитетот Орта Џамија и на споменичната целина на Црвено Поле на планината Огражден, а планирано е и издавање на зборник на трудови од Меѓународниот симпозиум "Вода, живот и задоволство" што се одржа минатата есен, како и популаризација и афирмација на културното наследство во Галеријата на икони во црквата "Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици" во Струмица.

http://vecer.com.mk/?ItemID=E726240B7B769A4EA1F89DD3DDBDFF2C

batbayan
17-02-2009, 13:26
Нови ликовни хералдички извори


Во Музејот на Македонија, утре, во 13 часот ќе бидат одржани атрактивни предавања за хералдиката на тема "Нови ликовни хералдички извори" од доц. д-р Снежана Филипова.
- Се работи за нови откритија и сознанија што ги имаме за хералдиката во Македонија и за времето од кога таа потекнува, вели Филипова, од Институтот за историја на уметноста и археологија.

Деновиве во Музејот ќе биде поставена и специјална витрина со материјали од средновековни грбовници, каде што е застапен земскиот грб на Македонија. Координатор на проектот кој освен атрактивни предавања на тема хералдика вклучува и работилници е историчарот на уметноста и едукатор во Музејот на Македонија - Лена Ангелкоска.
Проектот е поддржан и од Министерсвото за култура на Република


http://vecer.com.mk/?ItemID=6B813E56FCBE554C84991A89501CC4AB

batbayan
19-02-2009, 00:59
ХЕРАЛДИКАТА НА МАКЕДОНСКО ТЛО МЕЃУ НАЈСТАРИТЕ ВО ЕВРОПА


Во Македонија имало грбови кога и во Франција

Според доц.д-р Снежана Филипова први издржани хералдички грбови на територија на денешна Македонија имало уште во 12 век. Тоа го потврдуваат грбовите насликани на штитовите на светите воини од црквата Св.Пантелејмон во Нерези, кои потекнуваат од 1164 година


- Најстарите грбови на кои никој досега не се осврнал од хералдички аспект, туку само се спомнува дека штитовите им се поделени на хералдички полиња, ги воочив 2007 година на фреските во црквата Св. Пантелејмон во Нерези, Скопје, кои потекнуваат од 1164 година, насликани на штитовите на светите воини Теодор Тирон, Теодор Стратилат и Св. Димитриј и Св. Нестор. Ова докажува дека првите правилно обликувани - издржани хералдички грбови на македонско тло имало уште во 12 век. До сега земскиот грб на Македонија, насликан во ракопис од 16 век, нарачан од благородникот Петар Охмучевиќ, во вид на златен лав на црвен штит е единствената асоцијација на хералдиката во Македонија. Она што е особено важно е дека овие грбови се речиси истовремени со грбот претставен на надгробната плоча на благородникот Норманот Џефри Плантагенет, роднина на идниот освојувач на Англија - Вилијам Освојувачот, а за кој се смета дека е најстар во Европа. Околу овој грб има дилеми околу староста, според некои е изработен во 1151, според други во периодот меѓу 1155-1160 година, бидејќи го подигнала неговата сопруга, а се спомнува за прв пат во еден документ пишуван во 1171 г, 25 г. По смртта на Џефри, вели доц. д-р Снежана Филипова од Институтот за историја на уметност и археологија.

Филипова потенцира дека ова се всушност и најстарите ликовни хералдички извори во Република Македонија, и на Балканот, со оглед дека до сега биле анализирани само ракописи грбовници и документи како хералдички извори во кои се споменува нашата територија. Таа потенцира дека грбот на којшто стои дека ја претставува Македонија, односно златниот лав на црвен штит, оној на Петар Охмуќевиќ имал за цел вистински или лажно да докаже дека благородникот поседува земја на територија на Македонија и останатите земји кои ги навел како дел од своето наследство.



Тоа биле земски грбови и се однесувале на одредена територија со суверенитет или провинција во состав на држава, но најстари во хералдиката се индивидуалните грбови на благородниците. Веќе во 14 век во Европа грбовите со повелби, кои содржеле насликан грб, им се доделувале на благородниците и се однесувале на земја, област, град, организација, семејство.
- Порано идентификација на територијата на Македонија за повеќето што ги интересира историјата и хералдиката беше златниот исправен лав на црвен штит, но ликовните извори кои ги открив покажуваат дека во Македонија има многу голем репертоар на амблеми кои се користеле во идентификација на благородници или подрачја. До сега од ликовните извори и археолошките ископувања беа познати аплицирани на облеката, воената опрема и на накитот на благородниците двоглавиот орел, орелот, кучето, волкот, грифонот, лавот, лилјанот, а сега ним им го додаваме и златниот кентаур на бел штит од Св. Пантелејмон, и двобојната поделба со црвена и зелена на штитот на 4 хералдички полиња, и повторно се соочуваме со златниот лав, овојпат на бела подлога. Ктитор на Св. Пантелејмон е византискиот принц Алексеј Комнен, кој е познат по своите дипломатски способности и заедно со владејачкиот византиски император Мануел Први, поборник за приближувањето на Истокот и Западот, објаснува д-р Филипова.



http://vecer.com.mk/?ItemID=F082EA2E1EC7F542B18031B07C88557E

batbayan
20-02-2009, 12:23
НУБ ги објави ракописите од нашите цркви и манастири



Светот ќе дознае за нашето книжевно богатство преку првиот „Палеографски албум“, кој го издаде Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Во него се претставени педесетина словенски ракописи од археографската збирка на Библиотеката. На вчерашната промоција во НУБ беа претставени уште пет изданија на Библиотеката.Според Виолета Мартиновска, уредничка на изданието, сите ракописи се оригинали и се напишани во различни периоди.

- Сакавме оваа ризница да му ја подариме на светот за да ја разбере нашата богата книжевна историја. На албумот работевме неколку години и во него се собрани ракописи од нашите цркви и манастири. Факсимилите од ракописите се во боја, а книгата е преведена на англиски, германски, француски, руски и на италијански јазик. Најстариот ракопис е фрагмент од „Посен триод“, литургиски зборник, кој содржи „песнопенија“ што во одреден дел од денот се користеле во богослужбата. Ракописот бил напишан на пергамент во втората половина на 13 век - вели Мартиновска.

Таа додава дека во ракописите се среќаваат сите средновековни жанрови: свето писмо, зборници, слова, минеи, молитвеници и други. Тие претставуваат преписи и се анономини.

- Поради случајни грешки на препишувачите, на некои места се среќаваат дијалектизми. Според нив, го откриваме потеклото на преписите - вели Мартиновска. Ова е прв дел од „Палеографскиот албум“. Во вториот дел од изданието ќе бидат опфатени ракописите од 19 век. Директорот на Библиотеката, Миле Бошески, најави дека во април дел од старословенските ракописи ќе биде претставен во Џенова, Италија.Писателот Санде Стојчевски ги претстави другите изданијата на НУБ. Тој рече дека научните семинари, симпозиуми и средби се бележат во посебни гласила.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=CA2CFDA91153A54D997489D1D6D87E8B

batbayan
23-02-2009, 11:46
Опсежни археолошки ископувања во Охрид

Со повеќе од 40 милиони денари охридскиот Завод и музеј годинава ќе организира опсежни археолошки ископувања, како и реконструкции на споменици од културата. Ревитализација на Куќата на Уранија ќе биде главниот проект, кој се очекува да биде завршен годинава и за кој се издвоени 19 милиони денари.

Директорката на охридскиот Завод и Музеј, Тања Паскали, деновиве најави дека ќе продолжат истражувањата што досега се водат во координација со Управата за заштита на културното наследство. Според најавите, ќе продолжи обновата на Светиклиментовиот универзитет на месноста Плаошник, за што биле обезбедени шест милиони денари. Меѓу позначајните активности ќе биде и праисториската населба на вода во Заливот на коските, кај кампот „Градиште“. Таму се планира да бидат доградени уште 16 колиби, кои ќе го отсликаат начинот на живеење од времето на неолитот во нашите краеви. Археолошки ископувања ќе продолжат и на локалитетот Енгелана.

(А.Б.)

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=39A9B92765F17A429083DE52C0A83D2C

batbayan
23-02-2009, 12:25
Археозоологијата е неразделен дел од археологијата



Првиот македонски археозоолог Анета Ивковска ќе го реконструира животинскиот свет на Тумба Маџари

Катерина Богоева

Македонија го доби својот прв археозоолог, младата Анета Ивковска, која минатата година магистрира на Катедрата за археометрија на Софискиот универзитет. Оваа девојка, полна со почетен ентузијазам за работа, има специфичен образовен пат. Завршила Средно ветеринарно училиште во Скопје, каде што и дипломирала на Институтот за историја на уметност со археологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Почетоците на работа на терен и' се врзани за два неолитски археолошки локалитети, за Говрлево (каде што искуства и' пренесувал хрватски археозоолог во рамките на македонско-словенечки проект) и за Тумба Маџари (каде што имала прилика да работи со француски археозоолог, во рамките на македонско-француски проект). „Во земјава досега официјално од страна на странски археозоолози се истражени, но не комплетно, само два неолитски локалитети: Вршник - Анзабегово и Тумба Маџари. Кај нас не се предава археозоологија, а јас имав среќа што завршив ветеринарно училиште каде што ги стекнав основните сознанија за животинските коски, што потоа ги надградував. Но, навистина е тешко кога нема кој да ве упати, да ви посочи во кој правец да се движите во оваа наука што ги истражува животинските остатоци од археолошки локалитети, независно за кој период се работи“. Повеќето археолози, меѓу кои спаѓа и таа, вели дека повеќе се интересираат за праисторијата, бидејќи во тој период се среќава доместикацијата, преминот од диви во домашни животни.

„Но, тоа не значи дека во другите периоди нема што да се каже или да се анализира. Самата взаемна релација меѓу човекот и животното (независно од кој период датира), дава некакви резултати. Исто како и сега, ако не ги познавате животните, не ја познавате економијата, стопанството, ако не ја знаете релацијата човек - животно , не знаете многу и за човекот во суштина. Оваа наука меѓудругото го покажува начинот на кој човекот живеел, се исхранувал, алатките што ги правел, неговото секојдневие. Таа ја довршува сликата за еден локалитет и е неразделен дел од археологијата во оформување на една цела приказна“, вели Ивковска. Пролетва таа ќе се вклучи и во започнатата реконструкција на неолитското село на локалитетот Тумба Маџари и ќе го реконструира изгледот на праисториските животни што таму некогаш живееле. Посочува дека и покрај тоа што Македонија во оваа област не е доволно истражена, како и другите земји од Балканот, нуди интересен материјал.

„Се претпоставува дека веќе доместицираните форми од Грција преминувале кај нас, а во поново време и дека патот на овците не поминувал од Грција, туку од Бугарија. За говедото пак се мисли дека не е донесено од Блискиот Исток како готова доместицирана форма, туку дека е голема веројатноста дека и на овие простори постоеле центри за нивна локална доместикација. Во однос на тоа прашање, Македонија би требало да даде многу интересни резултати, а самата разновидност на тие преодни форми кои веќе се покажале во Анзабегово и Маџари, говорат за некаква локална домистикација која нормално треба да се истражи малку повеќе, за да може и малку повеќе да се каже“.



Нејзините понатамошни истражувања се потребни и за заокружување на сознанијата за духовниот развој на луѓето од праисторијата, за појасно оформување на добиените материјали поврзани со ритуалните култови, обреди, жртвувањата забележани од страна на археолозите, полни со низа претпоставки.

Анета Ивковска, по враќањето од Софија работеше на локалитетот во Говрлево. Незнае како ќе биде понатака со нејзиното учество во археолошките проекти во земјава, но укажува на фактот дека по правило, археозоологот би требало да биде присутен на теренот додека траат ископувањата. „Многу археолози (а тоа е општ проблем во светот), не ги третираат малите коски, малите фрагменти кои во суштина ги даваат најголемите информации, особено за исхраната. Од тоа многу често може да се види начинот на приготвување на храната, искористувањето на коската особено во неолитот, да се види дали населението е побогато или посиромашно“. Неа, за непречена работа и е потребна референтна збирка на скелети која Македонија сеуште ја нема. „Многу е тешко да се работи без таква збирка на скелети од животни, со која се служат дури и најдобрите археозоолози во светот“. Бугарија вели, има добра збирка со која се користела за време на постдипломските студии. Во Природонаучниот музеј на оваа земја постои Институт за археозоологија, а оддел за археозоологија има во тамошниот Археолошки музеј. Грција засега се смета за земја со најголем број регистрирани археозоолошки истражувања, иако во најголем број ги реализирале странци. Ивковска посочува дека и Бугарија на овој план е солидно истражена и тоа во сите историски периоди, но и дека и таму како и во Србија, работат неколкумина археозоолози. „Во Словенија бројот на археозоолози е нешто поголем, но на овој дел од светот, археозоологијата сеуште не е пробиена во вистинска наука. Интердисциплинарна е, датира од почетокот на 19 век, иако на крајот на тој век ја добива вистинската смисла што денеска ја има“.

Стекнатите теоретски и практични знаења има желба да им ги пренесе и на заинтересираните колеги, археолози на терен, а во преговори е и со студентите од Археолошкото друштво на „Архиус“ за одредено предавање на Филозофскиот факултет.

„Во светот постојат посебни катедри за археозоологија, бидејќи се третира како посебна наука. Кај нас како интердисциплинарна наука би можела да влезе во склоп и на студиите по биологија и археологијата, како што е на пример, антропологијата. Времето ќе покаже што ќе се случува“ .

Магистрирањето на Анета Ивковска и нејзиното повторно враќање во земјава, како значаен момент за развој на археологијата, го потенцираа и археолозите, професорката на Филозофскиот Факултет, Елица Манева и раководителите на истражувањата на неолитските локалитети: Говрлево - Милош Билбија и Тумба Маџари - Драгиша Здравковски. „За време на студиите Анета покажа голем ентузијазам и ми се чинеше дека е предодредена да ги пополни големите празнини во нашите обиди да го реконструираме што е можно подобро животот на истражуваните култури, односно на популациите од одредените епохи и нивната фауна. Потребно е да се сознаат обичаите од секојдневниот живот поврзани со исхраната, погребните обичаи и обичаите од духовниот живот, каде се наѕираат реминисценции од тотемистички, амулетски и исцелителски аспекти во верувањата во врска со животните. Затоа е потребно во археолошките истражувања да се вклучуваат и аспекти од археозоологијата и археоботаниката“, изјави Манева.

Археологот Милош Билбија укажа на фактот дека сите странски археолошки екипи во својот состав имаат и археозоолози, за да не се потцени ниеден откриен наод на локалитетите. Драгиша Здравковски пак потсети дека на Тумба Маџари се откриени голем број животински коски, а лани и еден впечатлив амулет, разни алатки кои го чекаат првиот македонски археозоолог да ги открие нивните тајни.


http://utrinski.com.mk/?ItemID=6160A863E021CC43AC81C6AA894E699C

batbayan
25-02-2009, 15:19
Старословенски ракописи во Европската интернет-библиотека
Дигитализирани старословенски ракописи од Археографската збирка на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски”, Централниот каталог на библиографски податоци на Република Македонија и други материјали за нашата земја ќе се најдат на веб-страницата њњњ. ТхеЕуропеанЛибрарѕ.орг, отворена од Европската библиотека од Холандија.
Станува збор за интернет-страница, која нуди бесплатен пристап до книги, магазини, списанија, ракописи, звучни архиви и видеоархиви од 38 национални европски библиотеки.
Веб-страницата, која е замислена како централна точка за пристап до европскиот библиотечен материјал, нуди можности за пребарување на повеќе јазици, така што корисниците можат да пронајдат и да симнат повеќе од 330 збирки на својот мајчин јазик.
Во понудата на порталот се онлајн изложбите, кои ги прикажуваат уметничките збирки на европските национални библиотеки. (њњњ. тхееуропеанлибрарѕ. орг/еџхибитион) .
Во моментов на порталот е закачена изложба посветена на Наполеон Бонапарта, која вклучува цртежи од уметникот Франциско Гоја, мапи со воени планови на францускиот освојувач, повелби и сл.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1633&ArticleID=108484

batbayan
26-02-2009, 14:29
40 милиони денари за историјата и културата во Охрид


Прифатени се сите проекти што НУ Завод и музеј Охрид ги понуди за реализација за годинава, а приоритет е куќата на Уранија, но нема да бидат заборавени ниту Светиклиментовиот универзитет на Плаошник, праисториската населба во Градиште... како и археолошките ископувања


Министерството за култура издвои 40 милиони денари, прифаќајќи ги сите проекти што НУ "Завод и Музеј" - Охрид ги има предвидено за реализација за оваа година. Директорката на оваа институција, Тања Паскали Бунташевска, посочи дека еден од најзначајните проекти за годинава е реконструирањето на куќата на Уранија. Тоа подразбира целосно статичко зајакнување, факсимилна обнова и ревитализација на тој монументален објект.

Дел од средствата ќе одат за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник, доизградба на праисториската населба во Градиште, каде што се предвидува да се изградат уште 16 дрвени колиби, кои се во рамките на музејот на вода, заедно со продолжувањето на археолошките истражувања, пред се на локалитетот Енгелана, за кои годинава се издвоени 3 милиони денари.

Според Бунташевска минатата година оваа институција реализирала бројни проекти од областа на заштитата, реставрирањето, конзервирањето на објекти, места и институции од историска и културна важност. Не мал дел им припаѓа и промоцијата на повеќе тематски научни публикации. Токму за оваа намена "Завод и Музеј" - Охрид од надлежното Министерство доби 26 милиони денари, што би се рекло 10 милиони денари отколку во претходната 2007 година.


http://vecer.com.mk/?ItemID=0DE10400B94EBF4297ED93E322C1CD7E

batbayan
26-02-2009, 14:31
АРХЕОЛОШКО ОТКРИТИЕ ВО ЕГИПЕТ
Во Гиза пронајдена статуа од 26 век пр.н.е
Во близина на пирамидите во Гиза, Египет, е пронајдена древна статуа на која е претставен човек во седечка положба, а која по првичните прогнози потекнува од 26 век пред нашата ера. Статуата, изработена во кварцит, ја откриле работниците што ги одржуваат пирамидите во Гиза. Фигурата е висока 149 сантиметри и прикажува човек што седи на стол, со некој предмет во десната рака, која, пак, е потпрена на коленото, а левата рака е поставена на бутот. Пукнатините и оштетувањата на статуата се забележливи на повеќе места, а со време исчезнале и некои црти на лицето на претставениот човек. Главата на статуата е откопана само на 40 сантиметри под површината на песокот. На неа нема натписи и затоа, велат археолозите, ќе биде тешко да се идентификува. Според стилот на изработката, фигурата би можела да потекнува од времето на Старото царство и владеењето на фараонот Микерин, владетел од четвртата династија, од 26 век пред новата ера


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1634&ArticleID=108573

batbayan
26-02-2009, 14:36
ПРОДОЛЖУВА ГОЛЕМАТА ИСТРАЖУВАЧКА КАМПАЊА ВО МАКЕДОНИЈА

Дури 20 милиони евра за четири локалитети

Ниту една земја досега не направила ваков подвиг, со олку пари да го финансира истражувањето на своето културно наследство, вели Паско Кузман


Деновиве ќе почнат големи археолошки ископувања на скопското Кале

Околу 20 милиони евра од буџетот годинава ќе бидат потрошени за ископувања на четири археолошки локалитети во земјава, информираат од Управата за заштита на културното наследство. Како дел од капиталните проекти на Владата деновиве треба да почнат големи археолошки ископувања на скопското Кале, на античките градови Стоби кај Градско, Хераклеја Линкестис кај Битола и големата некропола Исар кај валандовското село Марвинци. Според Паско Кузман, директор на Управата, ниту една земја досега не направила ваков подвиг, со толку пари да го финансира истражувањето на своето културно наследство.

- Тешко е да се процени колку пари ќе чинат ископувањата на четирите археолошки локалитети. Но, ветено ми е дека со ребалансот на буџетот ќе ги добиеме сите пари што се предвидени. Според акционите планови, потребни се 300 милиони денари за да се истражи целосно скопската тврдина. Ќе ангажираме илјади луѓе, не само археолози. Годинава ќе има работа за многу невработени што на ископувањата ќе може да работат како физички работници. За секој од четирите локалитети се предвидени меѓу 250 и 300 милиони денари - вели Кузман.

Тој додава дека ова е единствениот начин целосно да ги истражиме локалитетите кои со децении не биле сериозно истражувани. Во меѓувреме ќе продолжат помалите проекти што исто така се дел од капиталните проекти на Владата. Со по 2-3 милиони денари ќе продолжат ископувањата на 15 локалитети меѓу кои Скупи, Тетовски кале, Енгелана кај Охрид, кастелот кај Кожле, Цареви кули кај Струмица, Исар и Баргала кај Штип, Виничко кале, Таор кај Скопје, Стибера кај Прилеп.

ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА НА ЗЕМЈИШТЕ

Парите нема да бидат искористени само за да се обезбедат метлички, лопати, копачи и колички. Ќе мора да се решаваат и имотно-правни проблеми. Веќе пред една година е поведена постапка за експропријација на земјиштето на скопското Кале, на местото на кое се наоѓа ресторанот.

- Не можеме да се справиме со нашите институции. За оваа работа е надлежно Јавното правобранителство, а кај нив се чека со векови. Важно е дека сме договорени со сопственикот. Тој нема да прави проблеми. Државата ќе го решава случајот и се' ќе биде чесно бидејќи кога ќе дојде време, нему ќе му биде исплатена отштета - објаснува Кузман.

Под раководство на професорот Драги Митревски, археолозите ќе истражуваат внатре, во бедемите на Калето. Целиот простор ќе биде поделен на истражувачки полиња, сектори, сонди и квадрати. На прашањето дали ќе се конзервира т.н. киклопскиот ѕид (внатрешната тврдина) на Калето, Кузман вели:

- Не можеме да правиме проект за заштита без да видиме дали е болна киклопската тврдина долу во коренот. Тоа е опасно. Може да ја копаме, да ја потпираме, но мора да видиме дали е болна во темелот. Мора да имаме дијагноза. Годинава ќе истражуваме археолошки и ќе се обидеме да направиме проект за да може идната година повеќе да се посветиме на конзервацијата - вели тој.
Вториот истражувачки пункт ќе биде Стоби. Истражувањата ќе траат три години и ќе се одвиваат во рамките на бедемите на античкиот град. Археолозите ќе копаат до здравица, до последниот слој земја.

ИНФРАСТРУКТУ

РА ВО СТОБИ

И на Стоби паралелно ќе работи екипа која ќе подготвува проекти за конзервација на објектите што ќе ги истражуваат археолозите.

- Се надевам дека ќе успееме да завршиме се', зашто ова е огромна работа. Многу сум возбуден, но сметам дека ова е голем предизвик што ќе го решиме заедно - вели Кузман.

Ископувањата се во надлежност на новоформираната институција „Стоби“, а раководител на тимот е директорката на институцијата, археологот Силвана Блажевска. Според Кузман, се планира да се направи музеј на Стоби, сувенирски центар, инфраструктура која ќе биде привлечна за посетителите. И на Хераклеја објектите ќе бидат истражувани до последниот културен слој. Археолозите ќе работат на пунктовите што досега не биле чепкани. Веќе истражените објекти, како двете базилики, ќе бидат целосно конзервирани.

- И таму треба да се средат имотно-правните работи, но ќе гледаме да ги решаваме во од - вели Кузман.Со ископувањата ќе раководат археолозите од битолскиот Завод и музеј, Аница Ѓорѓиевска и Енгин Насух. Нивниот колега Златко Видески од Музејот на Македонија ќе раководи со истражувачкиот тим на Исар-Марвинци. Годинава треба да биде истражена целата некропола која со години беше цел на диви ископувања. Таму имотно-правните работи ќе бидат решени со временска експропријација.

- Сопственикот ќе каже колку чини да не ја копа нивата годинава. Ќе му платиме, ќе ги ископаме гробовите, ќе ги документираме, ќе ги земеме гробните прилози, а потоа ќе ја вратиме нивата во првобитната состојба - објаснува Кузман.

Грчки научници на македонските локалитети
Грчки научници ќе го ископуваат македонското културно наследство, заедно со колегите од соседството, ако ја прифатат поканата од Управата за заштита на културното наследство да ни помогнат во обемните ископувања.

- Ќе треба целокупната археолошка сила во Македонија да ја поделиме на четирите големи пунктови. За се' ќе има пари, но мислам дека тешко ќе излеземе на крај со стручни екипи. Веќе размислуваме како да побараме помош од нашите соседи, од Србија, Бугарија, Албанија, Грција за да ги составиме екипите. Од Управата ќе поведам иницијатива да се обратиме до сите соседи. Свесен сум дека нашиот стручен потенцијал нема да биде доволен за да се реализираат сите овие проекти - вели Кузман.

ИНФО-Милионска инвестиција

Околу 20 милиони евра од буџетот ќе бидат потрошени за ископувања на скопското Кале, Стоби, Хераклеја Линкестис и Исар-Марвинци.За секој локалитет ќе бидат одвоени од 250 до 300 милиони денари. Нема само да се ископува, ќе мора да се решаваат и имотно-правни проблеми.Археолозите ќе копаат до здравица, до последниот слој земја. Управата за заштита на културното наследство ќе побара стручна помош од археолозите од Србија, Бугарија, Албанија и од Грција зашто ќе недостига кадар.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A700D4F62B448E4C828906228EF5A217

batbayan
27-02-2009, 11:46
ОТКРИТИЈАТА ТЕШКО СТИГНУВААТ ДО МЕЃУНАРОДНАТА НАУЧНА ЈАВНОСТ

Македонската археологија реткост во светските списанија

Кај нас археологијата секогаш се третирала по потреба, во минатиот систем беше на спореден колосек, вели археологот Драгиша Здравковски




Артефактите пронајдени во Македонија треба почесто да бидат објавувани во светските научни списанија бидејќи тоа е најдобар и наједноставен начин да се верифицираат на меѓународно ниво, велат наши научници. И покрај тоа, скромно е нашето присуство во светските научни магазини. Така, поголем дел од предметите пронајдени во нашата земја во изминатите десетина години остануваат да бидат познати само во локални рамки.Сите се едногласни дека во земјава се пронајдени прекрасни археолошки предмети. Можеби сите не се ексклузивни на светско ниво, но многу од нив имаат навистина голема културно-историска вредност. Но, малку од нив, научно обработени, стигнале до очите на светот. Меѓу врвните реномирани научни списанија за културно наследство се француското „Булетон де кореспонданс еленик“, германското „Клио“, „Хисториа“, „Американ џурнал оф археолоџи“, ревијата „Реви дез етид Ансиен“. Според Марија Станковска-Ѕамали, докторанд по историја и цивилизација на античкиот свет на Универзитетот „Сорбона“ во Париз, имаме прекрасни наоди, но треба соодветно да се претставуваат.

- Многу предмети ние ги претставуваме како епохални откритија. Тоа е точно. Кај нас има многу ексклузивни наоди. Но, не треба само да зборуваме: „Верувајте ни, имаме многу наоди“. Треба да се претстават во стручните кругови. Кога таму ќе бидат верифицирани, потоа лесно ќе стигнат до пошироката јавност - вели таа.

НАДЕЖ ВО МЛАДИТЕ НАУЧНИЦИ

Според неа, во списанијата, на научните конгреси и симпозиуми најактивни се неколку наши професори, но нивниот број е мал.

- Страшно е што тоа се луѓе што се денес пензионирани или веќе заокружиле една кариера. Нормално е дека науката не знае за возраст, но каде се младите научници? Кога ќе се пензионираат активните научници, каде ќе биде тогаш нашата наука? Мора да се вложува во младите луѓе - вели Станковска-Ѕамали.Според д-р Драгиша Здравковски од катедрата за археологија при Филозофскиот факултет во Скопје, постојат многу причини за нашето скромно учество на светската научна сцена и сите се меѓу себе некако поврзани. Многу од нив влечат корени од стариот систем.

- Кај нас археологијата секогаш се третирала по потреба. Во минатиот систем беше на бочен колосек. За да објавиш нешто, работата треба да биде заокружена. А како да заокружиш една работа со две-три сонди отворени на некој локалитет? - прашува Здравковски.Тој се согласува дека треба да се зголеми нашето присуство во странските списанија, особено што во последните години многу се поддржуваат археолошките ископувања.

НЕ ИМА МАЛКУ

Здравковски вели дека во Македонија има многу неистражени подрачја. Затоа е нормално што при археолошките ископувања излегуваат толку многу предмети. Но, се' што е пронајдено, не е секогаш епохално. Науката и атрактивноста не одат заедно. Не е важно дали јас пеам најгласно на нашето буниште. Тоа што е вредно секако ќе се верифицира на меѓународен научен план - вели Здравковски.Според д-р Антонио Јакимовски, странските научни списанија се отворени за нас. Малку сме присутни во нив затоа што често имаме проблем со визи и со пари.

- Информациите ги црпиме од археолошките ископувања. Но, резултатите мора да се објавуваат во странските списанија и зборници. Тоа и сега се случува, но треба да биде поинтензивно. Најважно од се' е по завршувањето на истражувањата да се објавуваат резултатите - вели Јакимовски.Текстови од нашите археолози во последно време се излезени во повеќе списанија, меѓу кои словенечко-германското издание на „Зборник“ во кој текстови објавуваат Вера Битракова-Грозданова, Драги Митревски, Виктор Лилчиќ, Јакимовски, Златко Видески и Страхил Темов. Во последниот број на американското списание „Археолоџи“ излезена е статија за прилепскиот локалитет кај селото Бонче. Магазинот се печати во тираж од 750.000 примероци.

Кој има право над Александар, пишува „Археолоџи“
„Писмо од Македонија: Кој има право на Александар“ е насловот на текстот кој е најавен на насловната страница во последниот број на списанието „Археолоџи“, издание на Американскиот археолошки институт. Автор на текстот е Метју Брунвасер, слободен новинар кој пишува за Балканот.

„Уште откако поранешната југословенска Република Македонија стана независна, пред 17 години, мала земја со околу два милиона жители беше турната во борба со Грција околу прашањето која земја има право на името Македонија. Главниот град на античкото кралство на Македон бил Пела, денес сместен во северна Грција, на област која всушност обединувала територија од двете модерни земји. Проблемот кулминираше лани во април кога Грција стави вето за членството на Македонија во НАТО поради името“, пишува во уводот на текстот.За Македонија зборува археологот Виктор Лилчиќ, професор на Универзитетот во Скопје, кој се обидува да ги дефинира границите на античкото кралство Македонија.

„Разбудена е свеста за нашето античко наследство. Тоа е поврзано со сјајната историја на античките Македонци и со името што сме го наследиле. Археолошкиот проблем е да да се открие колку е директна оваа врска“, вели Лилчиќ.Тој вели дека истражил околу 500 тврдини за да ги дефинира границите на античика Македонија. Но, има уште 400 локалитети кои не ги посетил.

ИНФО-Стари проблеми

Археолошките пронајдоци во светските научни списанија наједноставно може да се верифицираат на меѓународно ниво. Сепак, скромно е нашето присуство во светските научни магазини. Во земјава се пронајдени прекрасни археолошки предмети, но, малку од нив, научно обработени.Меѓу врвните реномирани научни списанија за културно наследство се француското „Булетон де кореспонданс еленик“, германското „Клио“, „Хисториа“, „Американ џурнал оф археолоџи“, ревијата „Реви дез етид Ансиен“.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A33393BE7F714E41AE4B431B173A8856

batbayan
27-02-2009, 14:52
Македонското село“ - музеј на отворено





Традиционална македонска култура и архитектура вметната во музеј на отворено претставува проектот „Македонско село“, кое на вчерашната седница го изгласа советот на општината Карпош.
Кузмановска Маргарита, планерот на овој проект, истакна дека не се работи за класично село и со тоа ќе се промовира и развие селскиот туризам во Македонија.

- Бев погрешно разбрана. Сите мислеа дека се работи за село, а не за музеј кој ќе биде различен од постојните кои ги имаме.„Македонско село“, всушност ќе претставува музеј под ведро небо. Тој ќе се гради на површина од две илјади хектари, спроти манастирот „Свети Пантелејмон“ на Водно како културно-историски споменик- изјави Кузмановска.

Според планот музејот ќе има еден главен влез кој ќе биде опкружен со ѕидини. Во него ќе има различни куќи од секој крај на Македонија изградени во традиционална архитектура, а секоја куќа ќе има своја порта. Ќе биде изграден и мал амфитеатар, плоштад, пешачки улици, продавници за сувенири, меана, бакалница, фурна, работилници за стари занаети, како што се ковањето, ткаењето, правењето бочви, самари и многу други. Ќе има и винотека, воденица, трло, преноќиште, а во паркот ќе се изгради и рибник.
- Самите куќи ќе бидат дел од музејот и ќе служат снимања и за запознавање на странските посетители со нашата култура и традиција. - истакна Кузмановска.


http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=328&ArticleID=19101

batbayan
28-02-2009, 12:33
Комплексот Македонско село, наскоро спроти Св. Пантелејмон

Земјиштето на кое ќе се гради Македонското село припаѓа на Македонската Православна Црква, но таа веќе го има отстапено на Владата за негова преадаптација, која пак во наредните денови треба да распише тендер за избор на фирма која ќе го гради овој проект


Пројде уште еден од приоритетните Детални убанистички планови на Владата и општините од заеднички интерес, со кој повеќето од ненаселените и досега неурбанизирани делови на Скопје ќе станат туристичка атракција односно општокорисно земјиште за жителите како на метрополата така и за гостите во неа. Традиционалното Македонско село, проект кој пред повеќе од две години го најави Владата спроти манастирот Св. Пантелејмон, од неодамна на последната седница на Општината Карпош, советниците дадоа позитивно мислење и дозвола за истоимениот проект, а со тоа се согласија да дадат поддршка за отпочнување на активности за негово што поскоро градежно имплементирање. Со овој плански проект се предвидува изградба на повеќе од јавен интерес како традиционални селски куќи, амами со преноќиште, бакалници, работилници за стари занаети, винарии и слично, изградени во комплекс уреден со паркови за прошетка, мал плоштад, дуќани за сувенири и атрактивна воденица со рибник која ќе го зазема централното место.

Кузмановска Маргарита, архитект надлежен за поготовка на проектот Македонско село, во четвртокот го изнесе и појасни урбанистичкиот план пред советниците на Карпош.
- Засега немавме некои посебни забелешки од тамошните жители при извршената анкета, но уверени сме дека сите па и тие ќе бидат задоволни од урбанизирањето на тоа прекрасно место, кое скопјани неретко го користат за одмор и починка.
Сепак, против планот за изградба на Македонско село во Нерези беа еколошките друштва од Скопје. Ним не им се допаѓа идејата за уништување на природата на Водно и за изградба на комерцијални објекти.

Инаку земјиштето на кое ќе се гради Македонското село припаѓа на Македонската Православна Црква, но таа веќе го има отстапено на Владата за негова преадаптација, која пак во наредните денови треба да распише тендер за избор на фирма која ќе го гради овој проект.
Конкретната локација на комплексот е карши манастирот "Св. Пантелејмон", а ќе почнува со тамошните паркинзи и дел од падините на Водно, распослано на земјиште со вкупна величина од околу два хектари.


http://vecer.com.mk/?ItemID=B94026D2951ED54691CEC834A1FC4BDF

batbayan
28-02-2009, 12:42
ПРОДОЛЖУВААТ АРХЕОЛОШКИТЕ ИСТРАЖУВАЊА


На Скопското кале - 5,5 милениуми континуиран живот

Според археологот Кире Ристов од Музејот на Град Скопје ќе се истражуваат сите досега откриени слоеви на населбата на Кале, во периодот од 3.500 година пред нашата ера па се до денес


Скопското Кале деновиве повторно ќе биде во центарот на вниманието на голем број археолози, конзерватори и историчари, кои ќе работат на просторот помеѓу источниот, јужниот и западниот бедем на тврдината. Според археологот Кире Ристов од Музејот на Град Скопје, ќе се истражуваат сите досега откриени слоеви на населбата на Кале, во периодот од 3.500 година пред нашата ера до денес.
- Ја имаме комплетната стратографија и можеме да почнеме со истражувањата на речиси целиот простор на скопската тврдина. Значи, ќе се работи од влезната порта до ресторанот и од киклопскиот ѕид на источната страна до западниот бедем. Активностите ќе бидат и во функција на конзервација на бедемските ѕидови, со цел тие да се сочуваат во нивната природна големина, објаснува Ристов.

При минатогодишните истражувања на Кале пронајдени се и остатоци од средновековната црква од 13 и 14 век. Таа ќе влезе во пакет за реставрација и конзервација со сите градби што ќе бидат откриени на Калето.
- Првата запоседнатост на Калето била од неолитот, 3.500 години п.н.е., а со мали периоди таму имало живот во бронзеното, железното време, раната антика, римскиот, како и османлискиот период кога таму била изградена касарна и затвор. Ова значи дека на Калето како ретко на кој археолошки локалитет имало континуитет на живеење повеќе милениуми, додава Ристов.

Археолошките откритија покажуваат дека скопската тврдина имала најубави одбранбени ѕидови во 10 век за време на царот Самуил. Пронајдената колекција на пломби, пак, укажува дека таму била сместена администрација, дека Скопје бил еден од најразвиените градови на Балканот и дека Калето било значаен градски, административен и културен центар на овој дел од Балканот.
Истражувањата и годинава ќе бидат финансирани од Министерството за култура, а за оваа намена, според Ристов, би требало да бидат издвоени околу 5 милиони евра.

Инаку, раководител на годинешниве истражувања е професорот д-р Драги Митревски од Филозофскиот факултет, а кординатор ќе биде Управата за заштита на културно наследство. Истражувањата ќе се вршат преку Музејот на Град Скопје.


http://vecer.com.mk/?ItemID=F74075AA1C98AF4F8C5E7FD7AEE343E8

batbayan
28-02-2009, 16:42
Штипски и бугарски археолози ќе ја реконструираат погребната кочија од Могилка





Погребната ритуална кочија пронајдена на локалитетот Могилка во Делчево ќе ја реконструираат штипскиот археолог Трајче Нацев и двајца негови колеги од Бугарија, кои вчера пристигнаа во Штип.

- Овие двајца археолози имаат искуство во реконструкција на погребни кочии, досега во Бугарија имаат реконструирано околу 15 - рече Нацев.

Тој смета дека кочијата потекнува во периодот од 3 и 4 век пред раѓањето на Исус, а некои од неговите колеги ја датираат во 2 век потоа.

- Дополнителните истражувања ќе овозможат да го откриеме централниот гроб и да пронајдеме дополнителен археолошки материјал и монети, со што ќе утврдиме и од кога датира оваа кочија - изјави Нацев.

Реконструкција на кочијата од Делчево ќе почне кон средината на март и ќе трае околу пет-шест месеци, а потоа ќе биде изложена во Музејот на Штип


http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=329&ArticleID=19207

batbayan
03-03-2009, 14:01
НОВА СЕРИЈА ИСКОПУВАЊА НА СКОПСКАТА ТВРДИНА
Калето чека да биде откриено
Најобемната серија археолошки ископувања во историјата на оваа наука кај нас почнува утре, со новата сезона истражувања на скопско Кале. Во текот на годинава, локалитетите Стоби, Хераклеја, Исар Марвинци и скопско Кале, според најавите на археолозите, ќе бидат истражени во целост. Ископувањата на овие наоѓалишта се почнати пред половина век, но од нив досега се истражени само 6 до 10 проценти. Првите ископувања на Кале се направени во 1953 година, но првите пообемни зафати потекнуваат од 1967 година. Оттогаш локалитетот мируваше до 2007 година. - Посебноста на Кале е што изобилува со археолошки слоеви од праисторијата до 20 век. Затоа го ставиме на листата приоритетни археолошки места. Сите наоди, куќи, цркви, бедеми, итн. треба да се доистражат и конечно да се покажат пред јавноста - вели археологот Паско Кузман. Од вкупната сума од 20 милиони евра, која државата ја одвои за археолошки ископувања на четирите локалитети, за Скопско Кале се издвоени околу 30.000 евра. И Трајанка Јовчевска, археолог што учествуваше на минатите истражувачки активности на скопското Кале, се согласува дека локалитетот води во однос на другите бидејќи чува комбинација од културни слоеви, од неолитот, преку антиката и средниот век. - Убаво ќе биде ако се обноват земјените куќарки од неолитот, средновековната црква со фрескоживопис, заштитните бедеми и друго. Во Калето на едно место ќе се видат објекти од повеќе историски периоди, Што го прави местото атрактивно за посета - забележува Јовчевска. Таа додава дека, ако сакаме успешна археолошка година, пронајдените историски артефакти ќе треба навремено да се архивираат и да се реконструираат. Работата на Калето утре почнува од северниот дел на локалитетот, каде што се отворени шест сонди. За почеток се ангажирани стотина археолози и студенти, а раководител на проектот, како и во 2007 година, е археологот Драги Митревски. -Теренот е поделен на 16 полиња. Ќе почнеме да ископуваме шест делови од северната страна, а потоа планираме да го почнеме јужниот бедем - вели Кузман. На последните ископувања во 2007 година, на Калето беа пронајдени предмети изработени од керамика, коска, бронза, од повеќе историски периоди. Меѓу поинтересните наоди се: шаховски фигури на крал и на кралица, со потекло од 11 век, мали ритуални статуетки, златни предмети, прстени, монети со ликови на византиските императори Василиј, Никифор, Михаил и други


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1638&ArticleID=108868

batbayan
07-03-2009, 00:19
Истовремено до стариот театар тече и изградбата на музејот „Македонска борба“, кој, според најавите на премиерот Груевски, треба да биде готов налето. Објектот интензивно се гради на површина од 2.500 квадратни метри, а пред извесен период се објави повик за собирање експонати од револуционерниот период. Надлежните велат дека и на овој објект се работи на бетонската конструкција, а во тек се подготовките за преостанатите фази, како и изработката на восочните фигури кои ќе бидат поставени.
Од Министерството објаснуваат дека на оваа градба се работи постапно поради нејзината сложеност со оглед на тоа дека во неа треба да се сместат повеќе содржини, а треба да се обезбедат и посебни услови за чување на фигурите.
Комплексот во кој ќе бидат сместени музејот на ВМРО и музејот на жртвите од комунизмот е замислен како пантеон на македонската револуционерна борба и израз на нашиот национален идентитет, на традициите и борбата за самостојна држава. Покрај историските поставки, во музејот на ВМРО ќе има 40 восочни фигури на историски личности и сцени од различни периоди од развојот на државава, со фигури од истиот материјал.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1641&ArticleID=109102

batbayan
09-03-2009, 13:07
Нов мозаик откриен на Хераклеја

Археолозите ќе му дадат приоритет на централното градско јадро на Хераклеја, но ќе истражуваат и надвор од локалитетот



Археолози открија мало парче од нов мозаик, кој допрва ќе се истражува, во рамките на големиот истражувачки поход што го најави Министерството за култура на Хераклеја. Се' уште не се знае во каква состојба е.

- Се' додека не го откриеме комплетно, не можам ништо попрецизно да кажам. Во еден период времињата биле немирни кога доаѓале разни варварски племиња и уништувале. Ние наидовме на мозаик, но се' уште не знаеме во каква состојба е - изјави археологот Аница Ѓоргиевска. Годинава археолозите ќе му дадат приоритет на централното градско јадро на Хераклеја, но ќе истражуваат и надвор од сегашните граници на локалитетот. Ќе бидат ангажирани околу 500 работници и стручни кадри - археолози, конзерватори, историчари на уметноста.

- Македонскиот период досега е истражен колку што можеше. Лани имавме материјал од тој период, но, за жал, од 1959 до 1974 година тука истражуваше Југословенскиот институт од Белград и добар дел од документацијата е таму. Сепак, има доволно податоци за да можеме да тврдиме дека ова е град на Филип Втори Македонски, дека тука има и постари слоеви дури од праисторијата - додаде Ѓоргиевска. Во тек се и преговорите со Народниот музеј во Белград за отстапување дел од документацијата за истражувањата на Хераклеја.

- За два месеца ќе отпатуваме и тогаш ќе можам да кажам што е она што ни го отстапуваат како документација. Сигурно нема да бидат оригинали, зашто ниедна држава не може да си дозволи да ги изнесе во јавноста кога еднаш дошле кај нив. Но, добро е да добиеме податоци, фотографии, пишани документи - вели Зоран Николовски, директор на Завод и музеј од Битола. Според директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, за почеток ќе се интервенира на четирите локалитети со повеќе од 180 сонди.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=3831C100B53E4B4EA7C4224B562686CD

http://vecer.com.mk/?ItemID=0B7C6084F26E4F42A81CDE924734F8A8

http://utrinski.com.mk/?ItemID=A2D77A1E2E47484098253C26EBA55B2D

batbayan
09-03-2009, 15:31
Нови 3 милиони денари за истражување на Цареви кули



Автор: Снежана Џорлева

Владата ќе додели дополнителни 3 милиони денари за истражување на локалитетот Цареви кули во Струмица. Истражувањата ќе почнат за десетина дена, соопшти Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, при обиколката на локалитетот викендов.

- Истражувањата што се вршеа лани, продолжуваат и годинава до крајот на јуни. Потоа се надеваме дека ќе добиеме дополнителна поддршка од Владата, за истражувањата да се интензивираат. Тие се неопходни за подготовка на Кулите за реставрација, конзервација и, на крајот, за ревитализација, која ќе му даде живот на овој локалитетот - изјави Паско Кузман.

На истражувањата дополнително ќе се ангажираат околу 110 стручни лица.

- Досега на овој и на другите четири локалитети во земјата, кои се истражуваат, се ангажирани од 800 до 1.000 стручни лица - објави Кузман.

Оваа година на сите локалитети претежно ќе се вршат конзерваторско-реставраторски работи, за да може понатаму сите тие да бидат ставени во функција на туризмот и науката.

Во програмата за истражување на Царевите кули, покрај Владата, пари обезбеди и локалната самоуправа, преку меѓународната соработка со Петрич во Бугарија.


http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=336&ArticleID=19821

batbayan
09-03-2009, 15:35
ИМИЊАТА НА СКОПЈЕ
Кралот Волкашин и неговиот син Марко го изградиле Марков манастир


Јужно од селото Сушица, во долината на Маркова Река, се наоѓа Марковиот манастир, во чиј круг е изградена црквата посветена на св. Димитрие. Според натписот што се наоѓа над влезната врата на јужната фасада на Црквата, дознаваме дека таа била изградена од страна на кралот Волкашин, а наполно завршена и живописана од неговиот син, кралот Марко, во периодот помеѓу 1366 и 1371 година, па затоа и овој манастирски комплекс го носи името Марков манастир.
Иако некои податоци се нецелосни, тие ни овозможуваат да дознаеме дека манастирот дејствувал непрекинато и за време на турското ропство и имал развиено и богат монашки живот. Во деветнаесеттиот век сосема е извесно дека во него престојувал игуменот Кирил Пејчиновиќ, познат по својата книжевна дејност.
Во составот на манастирскиот двор се наоѓаат стари конаци и други помошни згради. Манастирскиот комплекс, со сега веќе обновените конаци, претставува пријатно место за одмор и уживање за посетителите и излетниците кои најчесто го посетуваат за втори мај. Во средината на дворот има длабок бунар кој секогаш има ладна и пивка вода. Во составот на конаците, делумно е зачувана трпезаријата што била изградена од камен во форма на еднокорабна градба.Трпезаријата датира од времето на црквата, а во 19 век пожарот ја уништил нејзината покривна конструкција. Големината на трпезаријата и конаците укажуваат на мошне развиен монашки живот во манастирот.
Црквата е sидана од камен и редови тули, од кои се изведени интересни шари, посебно на олтарната апсида. Со тули, исто така, се украсени слепите прозорци и ниши.


http://vest.com.mk/default.asp?id=164546&idg=9&idb=2618&rubrika=Skopje

batbayan
10-03-2009, 14:11
И Делчево доби свој музеј


Музејот „Пијанец“ ќе биде носител на археолошки и палеонтолошки истражувања

Иван Бојаџиски



Штип - Во Делчево од неодамна е отворен музеј во кој ќе бидат поместени археолошките и палеонтолошките пронајдоци на подрачјето на оваа општина. Музејот го доби името „Пијанец“ и веќе започна да ги пополнува своите витрини со вредни артефакти.

„Музејот ќе биде носител на археолошките и палеонтолошките истражувања во овој регион кој се покажа како подрачје исклучително богато, како од археолошки, така и од палеонтолошки аспект. Овој терен просто плаче за многу поголеми истражувања отколку што тие се правеле до овој момент. На многу локации, при вршење на разни земјоделски и градежни работи, луѓето пронаоѓаат артефакти кои говорат за животот пред илјадници години на овој терен, при што најмногу од незнаење тие артефакти се уништувале“, вели Даниела Такева, одговорна за односи со јавноста во локалната самоуправа.

Идејата на делчевската локална власт и на локалните археолози е се она што тука ќе се пронајде, да си остане „дома“, во витрините на делчевскиот музеј. Тоа, според градоначалникот Мирко Иванов, може да биде додатен и моќен импулс во туристичката понуда на општина Делчево. „Во музејот ќе вработиме стручни лица чија задача ќе биде со многу поголем ентузијазам да ги детектират, а потоа и да ги истражат бројните археолошки локалитети кои ги имаме во пијанечкиот крај. Не е само златната кочија која беше откриена пред четири години на локалитетот „Могила“, нешто со што можеме да ги привлечеме туристите. Овој наш терен е пребогат со такви вредни оставштини од минатото“, потенцира Иванов.

На подрачјето на општина Делчево досега се извршени две помали археолошки истражувања, од кои едно беше на локалитеот „Могила“ каде беше откриена златната кочија која, според археолозите, датира од третиот век пред нашата ера. Сега на таа локација треба да се доистражува бидејки науката сеуште не ја одгатнала големата енигма кој големец бил погребан во таква кочија. Кај селата Стамер и Ѕвегор со мали палеонтолошки истражувања, исто така се пронајдени вредни артефакти, но потребата од продолжување на истражните работи е многу поголема од досега извршените. Во Делчево планираат во нивниот музеј да ја вратат и златната кочија како и другите артефакти кои се наоѓат во музејот во Штип и во некои други музеи.

„Како град сакаме да ја изразиме својата благодарност на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Штип, а посебно на археологот Трајче Нацев кој многу ни помогна во структуирањето на музејот и во насоките каде да се движиме во однос на идните истражувања. Во нашиот музеј наскоро ќе бидат вработени археолог и етнолог, зашто и етнолошкото наследство кое го имаме на овој простор е од исклучително значење за етнолошката наука“, потенцира Даниела Такева.


http://utrinski.com.mk/?ItemID=C0C91E5EDAA17146900262EA48456977

batbayan
10-03-2009, 14:19
Туристите и од далеку ќе го видат Стоби (http://vecer.com.mk/?ItemID=E7E22BE8D560494C8B573A62583B80B9)


Во моментот се работи на пет главни локации, а портата Хераклеа ќе се реконструира заедно со бедемите со што ќе претставува репрезентативен влез во Стоби, кој со симнувањето на ридот целосно ќе се гледа од автопатот, објаснува археологот Блажевска


Истражувањата на археолошкиот локалитет Стоби, којшто својот најголем подем го доживеа во римско време, од пред две недели се во полн ек. Според археологот Силвана Блажевска, таму се работи забрзано и со помош на механизација.
- Во моментот се работи на пет главни локации и тоа пред портата Хераклеа, која така е наречена бидејќи е свртена кон патот кој Стоби го поврзува со локалитетот Хераклеа Линкестис кај Битола. Оваа порта ќе се реконструира заедно со бедемите, со што ќе претставува репрезентативен влез во Стоби, кој со симнувањето на ридот целосно ќе се гледа од автопатот, објаснува Блажевска.

Археолозите работат и на полукружниот плоштад спроти Епископската базилика се до северниот бедем, кој ќе се отвори и ќе се реконструира заедно со портата. Таму се очекува откривање на доцноантичка архитектура од 4 до 6 век. Се истражува и околу градбата со засводени подземни простории за која се смета дека е храм, како и на римскиот форум.
- Еден од најважните сектори на кои се работи е Театарот и тоа на половината каде што недостасуваат седишта заедно со сцената. Крајната цел ќе биде овој театар целосно да се реконструира, додава Блажевска.

Инаку, во 7 и 6 век пр.н.е. Стоби бил мала пајонска населба. Градот почнал да се формира на највисокото ритче во времето на Филип Петти, но вистинскиот подем се случил во римско време. Според општествениот статус тоа бил единствениот муниципиум во Македонија, а во ранохристијанскиот период и епископско седиште, што го потврдуваат пишаните извори и голем број откриени цркви од тоа време.


http://vecer.com.mk/?ItemID=E7E22BE8D560494C8B573A62583B80B9 (http://vecer.com.mk/?ItemID=E7E22BE8D560494C8B573A62583B80B9)

batbayan
11-03-2009, 14:47
Ќе се заштитува Симиќева кула



Музејот од Кратово изработи проект и ги почна активностите за заштита на Симиќевата кула, за која се смета дека е стара 4-5 века. Предвидено е објектот да го зачува надворешниот лик, односно ќе се работи на внатрешно фасадирање, санирање на покривот, замена на прозорците и вратите, како и поставување нова електроинсталација во внатрешноста на кулата.За градежните работи и набавката на потребните елементи, се обезбедени 808.000 денари, од кои половина милион се од Министерството за култура, а другите 308.000 денари ги донира амбасадата на Норвешка.

Симиќева кула е градена на квадратна основа, со димензии 8 на 8 метри. Ѕидовите во приземјето се дебели два метра, а ѕидот од вториот и третиот кат е дебел еден метар. Со трикатната конструкција Симиќевата кула е висока 22 метра.

- И покрај повеќевековното опстојување кулата има добра статика, но поради дотраеноста на покривот, последниве 30-ина години внатрешноста прокиснува. Долго е запуштена - изјави Драган Георгиевски, директор на Музејот во Кратово.

Симиќева кула, една од седумте зачувани средновековни градби, е посебен објект, опфатен со Законот за заштитата на културното и историското наследство. Иако сопственик на кратовските средновековни кули е Република Македонија, од 2008 година Симиќевата и Саат-кулата, за афирмација и развој на туризмот, му се доделени на Музејот од Кратово на десетгодишно користење.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B4798EAE06483145BE5972D1EFD75E73

batbayan
12-03-2009, 14:32
Изложба и предавања за грбовите


Во Музејот на Македонија, денеска (12 часот), ќе се одржи предавање на тема "Грбовите на Македонија" на магистер Јован Јоновски, кој истовремено е и хералд на Македонското хералдичко здружение. Во 13 часот, во Музејот ќе биде отворена и дел од историската поставка насловена како "Хералдиката во Македонија". Притоа ќе бидат претставени симболи и грбови на територија на Македонија во подолг историски период. Координатор на проектот, кој освен атрактивни предавања на тема хералдика, вклучува и работилници, е историчарот на уметноста и едукатор во Музејот на Македонија - Лена Ангелкоска.
Проектот е поддржан и од Министерството за култура на Република Македонија.

(Д.Т.)

http://vecer.com.mk/?ItemID=23A58E06C0383C41B10040199BDAACE9

batbayan
13-03-2009, 17:44
На Говрлево му недостигаат лабораториски анализи



Неолитскиот локалитет, каде што е откриена скулптурата Адам, се' уште е со нерешени имотноправни односи

Катерина Богоева



Неолитски локалитет Говрлево крај Скопје, кој го привлече вниманието на јавноста со откриените скулптури Адам и Големата Мајка, според раководителот на археолошките истражувања, Милош Билбија од Музејот на град Скопје, стигна до нова фаза.

За заокружување на историјата на просторот во пошироки рамки, освен започнатите ископувања планирани до длабочина на ниво на здравица, Билбија укажува дека е потребно да се направат и дополнителни анализи на откриениот семенски материјал, на почвата, на коскениот материјал од животинско потекло. Според неговите планови, идната година откриениот материјал би требало и да се презентира на изложба и да добие посебна монографија.

Годинава истражувањата со финансиска поддршка од 300 илјади денари од Министерството за култура, треба да започнат да се реализираат во септември, при што документацијата ќе се прибира по дигитален пат. Минатата есен, стратиграфските мерења со современа, софистицирана опрема, на Говрлево ги вршеше словенечки студент, кој во археолошките истражувања учествуваше во рамките на започнатата соработка со Институтот Приморска од Копар, Словенија.

„Со користење на т.н. тотална станица, денес мерењата се вршат за неколку минути, за разлика од претходно, кога документацијата за локалитетот се правеше со месеци. Досегашните сознанија говорат дека просторот што се истражува имал посебна, обредна функција во населбата. Во тоа оди во прилог и геолошката положба на просторот, но за да се добијат сите релевантни сознанија, потребно е воспоставување на соработка со институции на меѓународно ниво, каде би се правеле потребните лабораториски анализи. Ние не треба да се задоволиме само со постоењето на скулптурите Адам и Големата Мајка и другите откриени материјали, туку ни требаат и нови резултати за да извлечеме пошироки сознанија за просторот.

Според ова што до сега го знаеме, локалитетот Говрлево покажува дека во време на постоење на населбата, пред 6.000 години таа имала различни еко - географски, а со тоа и климатски карактеристики. Амбиентот бил таков, што создавал услови за човечко делување и човечко живеење на едно место што му овозможило на тогашниот човек, на свој начин и да го согледа светот“ - вели Билбија.

Локалитет Говрлево е откриен во 1982 година. Истоименото село во рамките на македонско - словенечки проект во 2003 година беше и етнолошки истражено и за него е објавена и посебна монографија. Но, сеуште не се решени имотно - правните односи со сопственикот на плацот на кој се реализираат археолошките истражувања.

Археологот Милош Билбија вели дека благодарение на разбирањето и соработката со сопственикот, истражувањата течат, но дека овој проблем кој е под ингеренции на општината Сопиште, треба што поскоро и да се реши.


http://utrinski.com.mk/?ItemID=C40A701847D2D54A87700C60F7549E94

batbayan
17-03-2009, 13:29
Реконструкција на 20 антички градби



Дваесетина репрезентативни објекти на поголемите археолошки локалитети во земјава годинава ќе бидат реконструирани, информираат од Управата за заштита на културното наследство.

Така античките порти, бањи, палати ќе го добијат изгледот што го имале во минатото.Според Паско Кузман, директор на Управата, ќе бидат реконструирани објектите кај кои има доволно податоци да бидат реизградени.

- Меѓу нив е Порта Хераклеја во Стоби. Кога ќе влегувате оттаму во античкиот град да имате чуство дека влегувате во Помпеја. Театарот може да биде целосно функционален. Има доволно материјал за реконструкција - објаснува Кузман.Предвид ќе бидат земени уште неколку објекта од античкиот град кај Градско.

Според Кузман, низ цела земја ќе бидат направени околу 20 реконструкции, главно тврдини, а една од нив е влезот на Баргала, кај Штип. Ќе бидат реизградени куќата на колекционерот и стоата (место на кое во минатото биле сместени дуќани) на Вардарски Рид кај Гевгелија. Се планира реконструкција на објектот во Хераклеја Линкестис во Битола, термата во Бања Банско, Струмичко, која е многу добро сочувана.

- Има разни начини да се конзервира и реставрира некој објект, па да се изгради. Новата градба секако ќе се разликува од старата. Така целосно може да се претстави објектот, во сите времиња и фази - вели Кузман.Во Исар-Марвинци, Валандовско, храмот на акрополата е предвиден за реконструкција, но таму се' уште треба да се истражува. На тврдината Исар кај Штип се сочувани градобраните и ќе биде лесно за реконструкција.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D05EEFB6F3C83A438527F05C092A1206

batbayan
17-03-2009, 13:30
На Цареви кули и ќе се истражува и ќе се гради


На археолошкиот локалитет Цареви кули кај Струмица, од вчера започнаа археолошките истражувања. Според директорката на Музејот во Струмица, Славица Тасева, за овој локалитет на кој истражувањата траат континуирано од 1998 година, Владата годинава преку Министерството за култура издвои три милиони денари.
- Во план е годинава целосно да биде истражена некрополата, а ќе се работи на југоисточниот и северозападниот дел од платото на тврдината. Целосно ќе се истражува и резервоарот за вода, како и праисториската населба надвор од бедемите на тврдината. Во тек се и конзерваторските истражувања, со цел да се изработи проект за конзервација и реставрација на откриените делови од архитектурата, објаснува Тасева.

Според неа, доколку средствата се искористат до крајот на јуни, ќе им бидат доделени уште три милиони денари. Инаку, во досегашните археолошки истражувања се откриени објекти и артефакти од праисторијата до средниот век.
- Во 1998 година е извршена конзервација на единствената сочувана влезна кула на тврдината. Во 2005 се започнати истражувањата на некрополата, а во 2006 за првпат на платото на тврдината се откриени делови од објектите за живеење кои поткнуваат од среден век.

Истоевремено е потврдено и дека има бедеми од античко време врз кои се изградени средновековни бедеми. Во 2007 е изграден и пат до локалитетот и доведена е струја и вода. Минатата година, пак, почнаа да се реализираат конзерваторските и реставраторските работи на бедемите, а вршени се и археолошки доистражувања, додава Тасева. Таа потенцира дека и годинава е во план реставрација, односно доградба на бедемските платна и влезните кули. Инаку, на локалитетот е откриена и средновековна црква со фрескоживопис и некропола, накит, бронзени крстови, монети и садови, како и култно светилиште на божицата Кибела со три нејзини теракотни фигури.


http://vecer.com.mk/?ItemID=163DE94D7EEC6943BAEFC9654C92FEF6

batbayan
21-03-2009, 12:44
ПРЕДЛОГ НА НАРОДЕН МУЗЕЈ ОД ВЕЛЕС


Куќата на Касапови да биде уметнички резидентен центар


Во куќата на Јордан Хаџи Константинов - Џинот, да биде отворена и поставка на основоположникот на македонската драмска уметност


Куќата на Касапови да биде уметнички резидентен центар, а во куќата на Јордан Хаџи Константинов - Џинот, покрај канцеларијата на Здружението на градови со значајна македонска архитектура, да биде отворена и поставка на основоположникот на македонската драмска уметност - Џинот.

Ова е предлог на Народниот музеј од Велес, од каде, за овие две новореновирани куќи е изготвен и проект.

"За Велес, како град кој располага со исклучително интересна конфигурација на теренот и специфична староградска архитектура, од големо значење е активирањето на механизми на национално и локално ниво кои би помогнале да се заштити постојното архитектонско наследство. Заштитата на овие две куќи, кои само минатата година ги посетиле над 2.000 гости од земјава и странство, значи многу, не само за Велес туку и за Македонија", ни рече Спасе Перовски, директор на Народниот музеј.

Во минатото, со финансиска поддршка на Светската банка, Министерството за култура и Општината, а по барање на светски имиња од архитектурата, беа обезбедени сто илјади долари за реновирање на куќата на Касапови, во круговите на архитектите позната како "Куќата што лебди", и за родната куќа на преродбеникот Јордан Хаџи Константинов - Џинот.

Покрај овие две, по старата архитектура се познати и спомен-куќите на Васил Главинов и авторот на "Бели Мугри", Рацин, како и комплексот на куќите во маалото "Варналиите". Со овие објекти стопанисува Народниот музеј од Велес.

Инаку, во Велес под заштита на Законот се ставени педесетина куќи, а на дваесетина од нив под итно им е потребно реновирање.


http://vecer.com.mk/?ItemID=9BDF5A1A87BBEC4DB1963531DECD3567

batbayan
21-03-2009, 12:45
Копии на експонати во продажба


Во Музејот на Македонија од вчера работи продавница во која заинтересираните граѓани ќе можат да набават копии од експонатите изложени во оваа установа. Според надлежнитево Музејот, нивната активност за изработка на музејски копии е започната пред 17 години. Копиите што ги нуди Музејот на Македонија во својата музејска продавница се единствени во Македонија со сертификат, кој е доказ за нивната веродостојност.
- Се изработуваат главно копии на експонати од Археолошкиот оддел и опфаќаат предмети од праисторијата до словенско-византискиот период, Копиите се во различни материјали керамика, гипс, дрво, бронза, сребро и месинг, велат во Музејот.
Продавницата ќе биде отворена од понеделник до петок од 8.30 до 15.30 часот, а за време на викендите копиите на експонатите ќе можат да се набават и во музејскта сала од 9 до 17 часот.


http://vecer.com.mk/?ItemID=33D8FBBF90A83947A3B717310CA7411B

batbayan
21-03-2009, 14:25
САМОИЛОВА ТВРДИНА
Откриена древна гробница
Пештера со гробница од хеленистички време е пронајдена под источниот бедем на Самоиловата тврдината, јавуваат охридските археолози.
- Во гробницата се најдени два костура без нивните прилози бидејќи гробницата била ограбена во периодот од 5 до 7 век. Првпат на таа локација се откриени наоди и гробови од македонско-хелинистичкиот период од 3 до 2 век пред нашата ера, и тоа со богати златни прилози - обетки со негроидни, лавји глави, ѓердани и слично - вели Паско Кузман, директорот на Управа за заштита на културното наследство.
И на локалитетот Плаошник има нови наоди, со кои, според Кузман, се потврдува континуитетот на живеењето и развојот на цивилизацијата на овие простори.
- Откривме вредни керамички садови, како и неколку епиграфски споменици во кои се споменува стариот антички град Лихнидион и старото племе Десарети - вели Кузман.
Според досега пронајдените остатоци, се смета дека тврдината првпат била изградена во времето на Филип Втори Македонски.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1654&ArticleID=110124

batbayan
23-03-2009, 15:53
Се прават проекти за заштита на аквадуктот





Иако во странските туристички карти скопскиот аквадукт се опишува како место што се распаѓа, сепак градот во последните две години активно работи на наоѓање можност за негова ревитализација. Од градската управа велат дека ќе ги дадат сите напори да се заживее историскиот објект, кој се наоѓа во близина на Визбегово и на касарната „Илинден“. Тие додаваат дека од големо значење за тоа ќе биде донацијата што треба да се добие од белгиската влада, со која ќе може да се направи целосна реконструкција на аквадуктот, како и да се отвори можност тој да се поврзе со Градскиот парк.

- Од 9 до 11 март во Скопје престојуваа експерти од Белгија, кои ги разгледуваа деталите за туристичко-рекреативниот дел од локалитетот. Проектот ќе биде реализиран во наредните две години, а особено значење ќе му се даде на аквадуктот како споменик и на содржините, кои ќе можат да ги привлечат скопјани и туристите да го посетат овој објект - објаснуваат од градската управа.

Оттаму додаваат дека овој период се договараат активностите, а дека треба да се направи акциски план според кој ќе се реализира заштитата на просторот околу аквадуктот. Надлежните информираат дека проектот е вреден 97 илјади евра.

Аквадуктот е заштитен знак на Бутел и се наоѓа на општинскиот грб и на знамето. Општинарите најавуваа дека со изградбата на булеварот Словенија ќе направат и пристапна патека и дека ќе го заживеат целиот тој дел. Но поради имотноправните проблеми се одложува средувањето на тој археолошки локалитет. Општинарите велат дека треба да се направат измени во Генералниот урбанистички план за во него да влезе целиот дел околу аквадуктот за да може да се гради пристапна патека и да се облагороди целиот тој дел.

Од Државната управа за заштита на културното наследство велат дека чекаат да се средат сите имотни проблеми и да се направи пристап до објектот за да можат да почнат со конзервација и ревитализација.

- С? додека не се реши целата процедура, ние не може да почнеме да копаме и да истражуваме. Не може да поминуваме по туѓи ниви и да го окупираме тој дел. Кога државата би била финансиски моќна, како европските земји, сигурно дека одамна би го ревитализирала и обновила аквадуктот. Сепак, имаме и други приоритети, а можностите ни се ограничени - објасни Паско Кузман, директорот на Државната управа.

Скопскиот аквадукт последен пат бил третиран по земјотресот во 1963 година, кога биле поправени три свода и два столба, кои паднале. Постојат различни претпоставки за времето кога бил изграден, некои тврдат дека е римска градба, други дека потекнува од византискиот период, но има и такви што сметаат дека датира од 16 век. Долг е околу 400 метри. Неговата цел била да го снабдува градот со вода од изворите на Скопска Црна Гора. Поради тоа од пред околу три години објектот се наоѓа и на логото на јавното претпријатие „Водовод и канализација“.


http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=348&ArticleID=20865

batbayan
24-03-2009, 13:33
Се трага по сите цивилизации


Ние не одиме во потрага по старомакедонските периоди туку одиме во потрага по сите културни слоеви, по сите цивилизации кои што во наследства ни останале на ова тло, вели Паско Кузман


Истражувањата на Самоиловата тврдина во Охрид ќе започнат наскоро, најави директорот на Управата за културно наследство Паско Кузман. Со претходните активности на овој локалитет, под источниот бедем била откриена пештера со гробница која во периодот од 5 до 6 век била ограбена, информираше Кузман.
- Внатре имаше само два костура, без нивните прилози. За првпат таму се откриени гробови од македонско-хелинистичкиот период од 3 до 2 век пред новата ера и тоа со богати златни прилози - обетки со негроидни лавји глави, ѓердани и слично, рече Кузман.

Истражувачките работи на Плаошник исто така покажале дека и тој дел е исклучително богат со археолошки наоди од сите периоди. "Ние не одиме во потрага по старо македонските периоди туку одиме во потрага по сите културни слоеви, по сите цивилизации кои што во наследства ни останале на ова тло. Последно се откриени вредни керамички садови како и неколку епиграфски споменици во кои се споменува стариот антички град Лихинидион и старото племе Десарети", вели Кузман.

Што се однесува до активностите за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник, првиот човек на Управата за заштита на спомениците уште еднаш потсети дека проектот ќе почне со реализација во 2010 година.
-За месец дена ќе заврши конкурсот за идејно решение а по четири до шест месеци ќе се подоготви главниот проект за реализација. До крајот на годината ќе се распише и тендер за реализирање на тој проект, додава Кузман. Како што тој информираше во склоп на Светиклиментовиот универзитет ќе има и библиотека, Македонски институт за хуманистички науки и Музеј каде ќе бидат изложени сите археолошки периоди преку пронајдените вредности. Исто така, таму ќе биде сместен Богословскиот факултет, а во источниот дел ќе бидат сместени манастирските конаци. Со тоа, според Кузман ќе се постигне спој помеѓу Светиклиментовото со нашето време.


http://vecer.com.mk/?ItemID=1F97B2CC91314042BE420CD472C94AF7

batbayan
24-03-2009, 21:29
Почна да се гради имитацијата на Британскиот музеј покрај Вардар


Со поставувањето на камен-темелникот во близината на Камени мост вчера почна да се гради новиот објект на кејот на реката Вардар пред зградата на Комерцијална банка, кој беше една од новопредвидените градби со последниот детален урбанистички план за Малиот ринг. Во зградата што ќе има површина од 13,5 илјади квадратни метри треба да се сместат Уставниот суд, Архивот и Археолошкиот музеј. Со нејзиниот изглед таа треба да потсетува на Британскиот музеј во Лондон.


http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=349&ArticleID=20966

batbayan
26-03-2009, 16:40
ПРОДОЛЖУВА РЕСТАВРАЦИЈАТА НА ТВРДИНАТА
На скопско Кале се гради уште еден бедем
Скопското Кале деновиве добива уште еден бедем, дел од некогашната тврдина, која годинава треба да се доистражи и реставрира. Неколку камени блокови веќе се оформени, а целиот ѕид ќе завршува до кружната кула, на страната од тврдината која гледа кон чаршијата. Во план е да се доградат уште три кули. Рокот за завршување на градежните работи е 11 месеци, од кои шест се веќе поминати. - Се работи на паднатите фуги и камења, се надоградуваат основите на југозападниот бедем, а онаму каде што блоковите се зачувани, тие се завршуваат со градобрани, односно процепи од кои се пукало. Досега бавно се работи бидејќи мора внимателно да се ставаат варовиот малтер и каменот од кој се прави ѕидот и“8211; вели Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, која ја води реставрацијата на Калето. Во подигањето на бедемот се користат камењата што останале од ископувањата на тврдината, како и друг камен. Паралелно со конзервацијата и реставрацијата на југозападниот бедем со кулите, во тек се и нови археолошки истражувања во внатрешноста на Калето. Според директорот на Управата, со тоа треба да бидат истражени сите културни слоеви и конечно да заврши ископувањето на овој локалитет. За таа цел, во тек е постапка за дислокација на ресторанот „Кале“, а ќе се преместува и дрвената театарска сцена која се користеше за изведби на драми и за концерти во летниот период. - Земјиштето на кое се наоѓа ресторанот „Кале“ е во фаза на експропријација, извршена е процена на пазарната вредност на имотот и се уште се собираат потребни документи за постапката. Сопственикот бара или да му се најде нова локација или да му се исплати парична отштета и“8211; вели Кузман. Тој додава дека веројатно и оваа сезона ќе може да се изведуваат манифестации на театарската сцена, а потоа и таа ќе се дислоцира, за да се завршат предвидените ископувања. Во план е да се работи и на таканаречениот киклопски бедем, изграден од големи камења, кој се наоѓа пред сцената. Директорот на Управата вели дека за него во тек е изработка на проект за реставрација и конзервација, бидејќи се наоѓа во многу лоша состојба, а потоа ќе се распише тендер за изведувач. - За овие активности се предвидени 76 милиони денари, но се надевам дека со ребалансот на буџетот ќе се добијат дополнителни средства. Овие зафати се скапи, но многу благодарни и“8211; смета Кузман. Работите на Калето ги изведува фирмата „Макаус“.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1658&ArticleID=110417

batbayan
27-03-2009, 16:41
Откриена пештерска гробница под Самуиловата тврдина


Во природна пештера кај источниот бедем на Самуиловата тврдина, длабока и опасна за приод, на централна платформа, која потсетува на кревет, лежат два костура, машки и женски.

На оваа импозантна слика наидоа Паско Кузман, директорот на Управата за заштита на културното наследство, и неговите соработници, кои во заштитна опрема, со шлемови со светилки за осветлување на просторот, слегоа минатата недела во пештерата, чиј приод странично е изѕидан со камени блокови.

Централната пештерска просторија, долга 8-9 метри и широка 6 метри, е искористена за гробница, во која на изградена централна платформа лежат двата костура.

- Приодот беше опасен и несигурен, но возбудата беше голема - објаснува Кузман.

Според камените блокови, со кои биле обложени страничните ѕидови на пештерата, починатите се погребени во оваа природна гробница во 4 век пред нашата ера.

- Во гробницата, која по правило би требало да биде богата, немаше други наоди, но, според откриените отвори и неколку претурени камени, претпоставуваме дека таа во 5 век од нашата ера, при големата преселба на народите, била откриена и опљачкана - вели Кузман.

Остатоците на костурите биле исклучително трошни, па, и покрај атрактивноста на оваа природна гробница, таа во сегашната состојба не би можела да се понуди за туристичка експлоатација како дополнителна содржина на неодамна реновираната Самуилова тврдина во Охрид.

- Приодот е длабок и опасен, коските трошни, но стои пештерната архитектура, а и самиот концепт на оваа природна гробница е многу интересен. Треба да се размисли како таа евентуално би можела да им се понуди на туристите - вели неуморниот Кузман.

Сево ова го раскажува патувајќи од Стоби кон Хераклеја, во редовна обиколка на археолошките локалитети, каде што со почетокот на пролетта почнаа нови истражувања.

- На Стоби работат 480 луѓе, а потребни се уште најмалку 100 за да се покрие целата површина на локалитетот - објаснува Кузман, патувајќи кон Хераклеја. Не го користи, вели, автопатот преку Прилеп.

- Патувам преку античкиот пат, некој разгранок на Виа Игнација - вели археологот, кој мудро го искористи расположението на актуелната влада да ја поддржи археолошката активност во земјава, отворајќи ги сите големи локации за истражување.

Минатата година - Скупи, Стоби, Кале, годинава Вардарски рид, пак Кале, пак Стоби, Хераклеја...

- Му го раскажав сево ова и на Тим Џуда - насмеано раскажува Кузман, кого деновиве го посетил британскиот публицист и добар познавач на состојбите на Балканот, собирајќи и археолошки податоци за новиот текст што ќе го пишува за Македонија.

- Не верувам дека истакнувањето на Александар Велики, зборувањето за статуи и именувањето на автопатот со името на античкиот војсководец ќе и донесат пријатели на Македонија во седиштето на Унијата - изјавил Џуда во интервју за Би-би-си.

Но Македонија има и други приказни, кои сега се откриваат, а Паско Кузман е еден од нивните најдобри и највозбудливи раскажувачи.


http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=352&ArticleID=21279

На Стоби работат 50 истражувачи и 500 работници





Знаете дека Стоби е еден од 4-те капитални археолошки објекти на кои ќе се работи преку целата година, вели Силвана Блажевска, раководителка на истражувањето.

- Планирано е во текот на три години Стоби целосно да се истражи, па годинава со работите почнавме уште на 23 февруари. Во моментов, на Стоби се педесетина стручни лица и околу 480 работници. Има и студенти по археологија, дипломирани археолози, колеги од Музејот на Македонија, од музеите во Велес и во Неготино, од Националниот конзерваторски центар, кои сега работат на реставрација на фреските - вели Блажевска.

Се работи, како што објаснува Блажевска, на 8 истражувачки пункта.

- Сега се ископува на запад-југозапад, за да се открие и оспособи еден од репрезентативните влезови во локалитетот, од страната на новиот автопат. Се работи и на потегот од источниот внатрешен бедем до северниот бедем - кај што излезе храм, се планира реконструкција на театарот и откривање на плоштадот кон северниот бедем.

Стоби бил град целосно заштитен со бедеми, а тие ќе бидат откриени во текот на годинашното истражување, сметаат археолозите.

- Четири кули веќе се појавуваат од надворешна страна, целиот град е опкружен со бедеми од раноримско време, освен на потегот од кај Градско, каде што бедемите се пробиени при изградба на патот - вели Блажевска.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=352&ArticleID=21280

batbayan
28-03-2009, 11:50
Музејот на Македонија отвори нова продавница



Музејот на Македонија во Старата скопска чаршија ја отвори својата нова музејска продавница во чест на првиот ден на пролетта. Во неа се продаваат копии на експонати, со чија изработка е започнато пред 17 години. Заедно со копиите, како доказ за веродостојноста, купувачите добиваат и сертификат, а досега се изработени главно копии на експонати од Археолошкиот оддел, од предмети датирани од праисторијата, до словенско-византискиот период. Изработени се во различни материјали: керамика, гипс, бронза, сребро.

Централно место во продавницата опремена со нов инвентар зазема подниот мозаик со мотив од Хераклеја, изработен од археологот Иван Микулчиќ. Во стаклени витрини се изложен копии на монети со претстави на Филип и Александар, копии на требенишки маски, на накит и др.

Како што посочува Магдалена Димитрова, која заедно со колешката Славица Симоновска е вработена во продавницата, новата локација е попривлечна за посетителите и има подобри услови за работа. Публиката, вели таа, периодично го менува интересот за одредени предмети, а во последно време најмногу вниманието и' го привлекуваат копиите од керамика на Божицата Мајка, статуетата „Менада“ изработена во бронза и др. Во овој, сега ударен простор во музејскиот двор се изложени и различни стручни и популарни публикации од областа на историјата, археологијата, етнологијата и архитектурата.


http://utrinski.com.mk/?ItemID=7E8AD1CB3C38C042848D8D3176001D2E

batbayan
02-04-2009, 13:36
ПРИЛЕПСКИ МУЗЕЈ
Истражувања во Стибера, Зрзе и во Трескавец
Археолошките локалитети Стибера, Зрзе и Трескавец годинава ќе подлежат на обемни истражувања, најавува Прилепскиот музеј, а зафатите ќе чинат повеќе од десет милиони денари.
- На Стибера почнуваме да ископуваме во мај и ќе работиме на поголем простор. Очекуваме да добиеме нови сознанија значајни за античкиот локалитет, каде што досега се откриени триесетина мермерни скулптури - вели Гордана Данаилоска-Спироска, директорка на Прилепскиот музеј. Данаилоска-Спироска додава дека на Зрзе ќе се вршат доистражувања на комплексот монашки ќелии, а на Трескавец ќе се работи на истражување на црквата и на заштита на иконописот. Музејот годинава ќе работи и на реконструкција на меморијалниот музеј „11 Октомври“.
- По многу години во меморијалниот музеј „11 Октомври“, или популарно наречениот „Участак“, ќе се врши санација, дренажа на објектот, менување на покривната конструкција и комплетно внатрешно уредување со цел да се добие вистинскиот лик на музеј, кој е сведок на настаните што се случувале на 11 октомври 1941 година - вели Спироска. Во овој објект е сместена постановка на фотографии, документи, партизанска опрема, скици и други експонати со придружни текстови, преку кои хронолошки се прикажани настаните за време на НОБ во Прилеп и во Прилепско, со посебен акцент на 11 октомври. Музејот ќе се ангажира и околу санација на Саат-кулата, на доистражување на археолошкиот локалитет Трештена Стена во Мариово и на заштита на иконописот во црквата „Св. Никола“ во селото Зрзе.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1664&ArticleID=110894

batbayan
02-04-2009, 13:38
Марков град - непознат
Црквата „Св. Андреја“, која во 1389 година ја изградил Андреаш, братот на Крали Марко, е едно од најпрепознатливите белези на Матка. Во научниот свет таа е позната како сина црква, поради доминацијата на оваа боја во фрескоживописот. „Св. Андреја“ е последната црква од византискиот период изградена на овие простори. Потоа Македонија паѓа под турско ропство, по што се забранети изградби на големи црковни објекти. На јавноста и е малку познато дека на 400 метри над црквата постојат остатоци од бедемите на средновековен град, кој го изградил Крали Марко. Поради лошиот терен и слабата промоција на ова наоѓалиште, многу од домашните посетители и од туристите не знаат дека тоа постои. До денес, од Марков град се сочувани дел од ѕидините, како и еден од ѕидовите и фрески од црквата „Св. Недела“, која се наоѓа во остатоците на утврдениот дел од градот. Во Матка, во средниот век, владеела фамилијата на Крали Марко и некои други локални владетели. И црквата „Св. Никола Шишевски“, која се наоѓа во близина на „Св. Андреја“ е изградена од еден од членовите на ова семејство, Димитар, вториот брат на Крали Марко.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=1&EditionID=1664&ArticleID=110899

batbayan
04-04-2009, 14:06
Вазни од класичниот период се појавија на Исар Марвинци



Годинава на локалитетот се истражува и римската некропола

Катерина Богоева



Археолошкиот локалитетот Исар Марвинци, поточно неговите некрополи, познати по вредни артефакти, од почетокот на март се истражуваат со голем интензитет, на површина од 5 500 илјади квадратни метри, во рамките на минатата година започнатиот капитален проект, квартално финансиран од страна на Владата.

За четири месеци се одвоени 27 милиони денари за истражувањата, а за еден месец се откриени 350 погребувања, истражени се околу 250 гроба. На овие факти укажа раководителот на истражувањата, археологот Златко Видевски од Музејот на Македонија, како илустрација за големата динамика на работа во која се вклучени 40 стручни лица и студенти, како и 500 привремено вработени физички работници, главно локално население. „Минатата година за споредба, за три месеца беа истражени 300 гроба со учество на 150 - 200 луѓе. Добиените резултати ги надополнија првичните резултати и сега можеме да ги дефинираме типовите на гробни конструкции и нивното хронолошко определување. На југозападната некропола покрај погребувањата од македонско- хеленистичкиот период, откривме и некропола од класичниот период, дури и делови од железнодопска некропола, а најинтересно од се е што успеавме да „фатиме“ и архитектура, населбинско живеење од железното време што недостасуваше“ - изјави раководителот, на прес конференцијата одржана неделава на самиот локалитет, на која учествуваа и директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, директорката на Музејот на Македонија Мари Аницин Пејовска и програмскиот директор, Перо Јосифовски . Видевски посочи дека најголемиот дел од откриените наоди што беа презентирани во адаптирана просторија во Домот на културата во Валандово, се датирани од македонско - хеленистичкиот период, од кога потекнуваат и најголемиот број досега откриени погребувања.



Како и минатата година, најбројни беа откриените, различни примероци на керамички садови, но вниманието најмногу го привлекоа наодите од класичната епоха, црвено - фигуралните, сликани вази (пелике), кои на Исар Марвинци се појавуваат по прв пат. Една од нив, со претстава и на бел грифон е сочувана во целост, а присуството на овој, но и на другите садови со добра изработка, се сметаат за вредни примероци во постепеното оформување на приказната за нивото на цивилизациски развој на кое се наоѓало некогашното население.

Во посебно одвоена стаклена витрина, во Домот на културата во центарот на градот можеа да се видат и две значајни монети: на Александар Први (5 век пр.н. ера) и монета од племето Орески (6-5 век пр.н.ера), како и примероци на откриен, убаво изработен златен накит (обетки, прстени, една дијадема). Од римската некропола беше презентиранпо и парче од надгробна плоча од 1-2 век, употребена во гробна конструкција од 4 век. Археологот Цоне Крстевски, укажа и на појавените ѕидови од архитектонски градби од 5-6 век.



Некрополите годинава според најавите ќе се истражуваат до крајот на декември, на просторот каде континуитетот на живеење траел од железното време, па до крајот на антиката. „Пред две години ова беше грда слика, видлива дури и од автопатот, вонредно богатиот локалитет беше нападнат од дивите копачи “- потенцираше Пејоска, задоволна од добиените резултати и од спроведувањето на проектот, кој произлегол од стратегијата на која заеднички работеле со Управата на заштита на културното наследство.

„Примерите со откриените материјали потврдуваат, дека доколку со оваа стратегија се започнеше во 1991 - 1992 година кога овде масовно илегално се ископуваше, досега ќе имавме големи резултати и ќе го спречевме одлевањето на материјалот. Ако знаеме дека културното наследство е темел на идентитетот, тогаш како мала држава мора да вложуваме пари во вакви проекти. Немаме друг избор. Може да претпоставиме што досега од културното наследство на локалитетот сме испуштиле“ - изјави Перо Јосифовски, кому како што рече му пречи ставањето на истражувањата во политички контекст. Одржувањето на прес - конференцијата неколку дена пред вториот круг на претседателските и локалните избори, го нарече „разбивање на монотијата во медиумите, за да нема само политика во нив, туку и култура“.



http://utrinski.com.mk/?ItemID=DBB03EBB515FBC478FDCDC82D2FD5501



НОВИ НАУЧНИ СОЗНАНИЈА ОД АРХЕОЛОШКИ ИСКОПУВАЊА НА ИСАР-МАРВИНЦИ

Горна и Долна Македонија биле обединети во антиката

За еден месец археолозите констатирале 350, а целосно истражиле 250 гроба, на вкупна површина од 5.000 квадратни метри


Жителите во градот на Исарот биле богати, високоцивилизирани и го предводеле развојот во регионот

Среќата не не следеше на археолошкиот локалитет Исар, кај валандовското село Марвинци. Само половина час не' делеше од највозбудливиот момент што може да се случи на археолошко ископување - да го фатиш мигот кога од земјата излегува фантастичен предмет, стар две и пол илјади години. Тој во својата ДНК носи скапоцени информации - како живееле нашите предци, како се облекувале, што јаделе, во што верувале. Тој единствен миг е доволен археолозите да заборават на смрзнатите прсти кога пред две недели ги изненади мартовскиот снег или неподносливата жега што ќе ги истоштува за два-три месеци. Со нашата среќа, разгледувајќи ги гробиштата од римско време, го пропуштивме мигот кога на југозападната некропола се појавија керамичките садови со прекрасно црвенофигурално сликарство. Само што отидовме на Лисичин Дол, некрополата од железно време, на ридот кај римската некропола се појави стела, надгробна плоча, која секундарно била употребена во изградба на друг гроб. Низ приказната не' води Златко Видески, археолог од Музејот на Македонија, раководител на проектот.

Искушението беше преголемо да не се вратиме кај влажната земја, во која до пола беа закопани целосно зачуваните садови со црвени фигури. Сите се радуваат. Видески со прстите го трие ѕидот на се' уште полузакопаниот сад, да ја исчисти калта за да ја види бојата. Тој вели дека овие луксузни садови биле увезувани. Тие се доказ дека луѓето што живееле во градот на Исарот во последните пет века од старата ера биле богати, високоцивилизирани и веројатно го предводеле развојот во регионот. Видески се' уште не држи во неизвесност - не открива што пронашле на ископувањата што траат само еден месец.

БОГАТИ ЛУЃЕ

На југозападната некропола археолозите годинава ги открија трагите од живеалиштата од железно време. Таа била голема и била основа врз неа да се формира населба во античко време. Со тоа го докажаа континуитетот на живеење на Исар-Марвинци од најмалку 12 века. Некрополата била користена во класичниот, македонско-хеленистичкиот, а има траги и од раноримски период. Претежно се наоѓаат гробови на кремирани покојници, иако има и гробови со скелети.

- Во гробовите секогаш наоѓаме по една монета и два-три керамички сада. Ако е машки гроб, во него има копја, ако е женски гроб, често наоѓаме накит. Ова било богато време, по смртта на Александар Велики. Луѓето луксузно живееле - вели Видески. Додека објаснува, неговите колеги откриваат токму таков гроб - целосно сочуван скелет, а во него паричка, два керамички сада, две бронзени фибули (безопасни) и прстен. Од македонско-хеленистичкиот период најмногу се откриваат правоаголни, квадратни и овални погребни јами, вкопани во меката карпа. Одејќи кон римската некропола гледаме три гроба ограбени уште во антиката. Добро е што античките дивокопачи не ги интересирало керамика. Тие ги земале металните предмети, а теракотите не ги ни кршеле. Тие останале за нас и од нив добиваме многу податоци - вели Видески.

ПРАКТИЧНИТЕ ПАЈОНИ

Римската некропола дава лепеза на погребувањата. Археолозите наоѓаат ѕидани гробници, засводени, на две води, издлабени во карпа. Раководител на тој сектор е Цоне Крстевски. Тој покажува една засводена гробница, ограбена во антиката.

- Градот имал богати жители. Пронаоѓаме многу гробови. Документираме се, и тоа што е недопрено и штетите што ги направиле дивите копачи - објаснува тој.Страхил Темов раководи со истражувањата на Лисичин Дол. На некрополата од железно време има интересни ситуации - големи керамички садови (питоси) на пола искршени, а во нив положени покојници.

- Тоа покажува дека Пајоните биле многу практични луѓе. Пронајдовме и еден етажен гроб, а таков има и на југозападната некропола. Тоа зборува за континуитетот на Пајоните и на Македонците - вели тој.Најголемата возбуда на Лисичин Дол е земјиштето под околните густи џбунови. Тоа ветува многу, бидејќи не е допрено од дивите копачи.

Локалитетот завчера го посетија Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, Мери Аницин Пејоска, директорка и Перо Јосифовски, програмски директор на Музејот на Македонија. Тие објаснија како пред година и половина го посетиле локалитетот и ги виделе илјадниците дупки што ги направиле дивите копачи. Овие ископувања се резултат на таа посета.Археолозите засега располагаат со 27 милиони денари. Работат повеќе од 40 стручњаци, и околу 500 работници. За еден месец археолозите констатирале 350, а целосно истражиле 250 гроба, на вкупна површина од 5.000 квадратни метри.

Важната монета

Монета на Александар Први, од крајот 6 век пр.н.е., сребрен обол кој се користел во секојдневниот живот е меѓу најважните предмети за Република Македонија, вели нумизматичарот Перо Јосифовски.

- Сум видел во приватни колекции, но сега ја најдовме в гроб. Не е залутана монета. Тоа покажува дека Горна и Долна Македонија во тоа време биле едно економско подрачје. Немало никаква разлика - вели Јосифовски.

Скапоцени наоди

Златна дијадема декорирана со растителни мотиви и женска глава на средината, два пара обетки со златни гулабици, чифт обетки со сфинги и наушници од сребро се меѓу порепрезентативниот накит пронајден на Исар-Марвинци годинива. Археолозите на Лисичин Дол (од железно време) ја открија и првата златна обетка. Меѓу најубавите предмети е црвенофигуралното пелике, сад со рачки кој потсетува на амфора, но има рамно дно. Садот е сосема сочуван и е од рангот експонати што се чуваат во Британскиот музеј.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A206C46CB8DA764C94F116559980444E

batbayan
08-04-2009, 21:21
Неолитска куќа поставена во Музејот на Македонија



Во археолошката поставка ќе се прикажува и филмот „Тумба Маџари“ на Воислав Санев

Катерина Богоева

Постојаната археолошка поставка на Музејот на Македонија, од вчера е надополнета со реконструирана неолитска куќа, во која е претставена млада жена, ткајачка на разбој. Во внатрешноста се изложени и оригинални керамички, праисториски садови. Реконструкцијата, според директорот на Музејот Мери Аницин Пејоска, е дел од започнатиот процес за реконципирање на начинот на презентација на музејскиот материјал, со цел истиот да и се приближи на пошироката публика преку поставување на амбиенти, користење на видео и други нагледни средства. Од денес, амбиентот меѓу две изложбени витрини со вредни артефакти, треба да биде надополнет и со емитување на филм за неолитскиот локалитет Тумба Маџари, чиј автор е археологот Воислав Санев. Мери Аницин Пејоска најави и скора презентација на поставка од железното време, со реконструкција на откриениот гроб на т.н. Пајонска свештеничка, но и преместување на археолошката поставка во новиот Археолошки музеј што започна да се гради на кејот на Вардар.

Околу 2000 посетители годишно ја посетуваат постојаната археолошка поставка, најмногу ученици од основните и средните училишта и студенти, кои во изложбените сали одржуваат и дел од наставата.

Презентираната неолитска куќа е работена по теркот на куќите што го чинат првото неолитското село „Тумба Маџари“, музејот на отворено во Скопје, каде иако најавени за март, работите на втората фаза од неговото дооформување сеуште не се започнати.

Селото е затворено за посетители од почетокот на декември минатата година, кога беше нападнато од група деца што искршија копии на десеттина садови, три амбиентално поставени кукли во реконструираните куќи, копија на скулптурата Големата Мајка и камени алатки.


http://utrinski.com.mk/?ItemID=58AB6B6041EAC549902D7EC5550C3115

batbayan
10-04-2009, 14:52
НОВИ ОТКРИТИЈА ВО БИТОЛСКО
Хераклеја живеела и во средниот век
Новите наоди откопани деновиве на археолошкиот локалитет Хераклеја во близина на Битола покажуваат дека во овој антички град имало живот и по шестиот век, тврдат археолозите што работат на овој локалитет.
Аница Ѓоргиевска, раководителката на ископувањата на Хераклеја, вели дека досега во научниот свет преовладувало мислењето дека на оваа територија постоел живот од 4 век.пр.н.е.(од времето на Филип Втори), па се до шестиот век од нашата ера. Но, керамиката со потекло од 7- 8 век, ископана при последните зафати на Хераклеја, потврдуваат дека во Битолско имало цивилизација и во средниот век.
- Се изненадивме кога видовме керамика со типични карактеристики на садовите од 7 и од 8 век. Тоа значи дека во Хераклеја немало темен период, како што досега мислеа археолозите. Очекуваме да најдеме и други објекти и предмети, кои би го зацврстиле ова мислење - вели Ѓоргиевска.
Покрај наодите од седми век, археолозите ископаа и предмети од античко време. Меѓу новите пронајдоци е мермерна глава на Изида, египетската божица на плодноста од римско време (2 век) и скулптура на војник, која, претпоставуваат истражувачите, е претстава на лице од висок општествен слој.
- Меѓу поинтересните откритија е мозаик од 4 век со геометриски фигури обоени во црно-бела боја. Постојано откопуваме и монети од македонско-хелинистичкиот период (4 век пр.н.е), како и од рановизантискиот период (6 век) - вели таа.
Хераклеја е еден од четирите археолошките локалитети на кои, според најавите од Министерство за култура, ќе се ископува се додека не се истражат до крај. На локалитетот во моментов работат повеќе од 350 луѓе: археолози, конзерватори, историчари на уметност и други соработници.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1673&ArticleID=111521


Истражената површина на Хераклеја се шири





Одбранбена кула, две мермерни скулптури, монети и неколку светилници се откриени во централното јадро на локалитетот Хераклеја Линкестис.

- Интензивните ископувања и истражувања на локалитетот Хераклеја ги даваат првите резултати. Назнаките на теренот ни потврдуваат дека сме на пат да откриеме и една луксузна градска палата со многу мозаици - потврдува раководителката на истражувањата Аница Ѓоргиевска.


http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=364&ArticleID=22327

batbayan
16-04-2009, 19:08
Откриени монети со ликот Филип Втори на Цареви кули


На познатиот локалитет Цареви кули над Струмица деновиве се откриени наоди и елементи од периодот на владеењето на Филип Втори Македонски, што предизвика изненадување дури и кај археолозите


Пронајдени се монети со ликот на Филип, потоа амфори, садови, кантароси, накит, фрагменти од сликани вазни, црнофиносувана керамика, фигури од малоазиски тип и други артефакти кои укажуваат на фактот дека Струмичката тврдина била населена кон крајот на четврти век пред нашата ера.
- Откривме прекрасен материјал од крајот на петиот и од четвртиот век, попрецизно од македонско-хеленистичкиот период, датиран со монети на Филип Втори. Исто така дефиниран и доцноантичкиот бедем на оваа тврдина при што се откриени две кули од тој период, вели археологот Зоран Рујак, раководител на овој истражувачки проект.

Сите досегашни наоди заедно со предисториската населба која беше откриена лани недвосмислено укажуваат дека на овој локалитет опстојувале разни цивилизации во еден растеглив временски период - од праисторијата до средниот век, односно во период од околу седум илјади години.


http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=23841

batbayan
16-04-2009, 19:09
Нови изданија за македонското културно наследство


- Целта ни е да го популаризираме културното наследство во Македонија. Оваа година славиме 6 децении постоење и пет децении од издавачката дејност на нашата установа, вели директорот Шехапи

Националниот конзерваторски центар вчера ги промовираше новите изданија на едицијата "Културно историско наследство во Република Македонија". Пред јавноста беше презентирана монографијата "Саат кулите во Република Македонија" на авторот Мирјана Димовска-Чоловиќ, триесет и четвртото издание на списанието "Културно наследство 2008", како и информативниот билтен на оваа установа. Заинтересираните ќе можат да ги набават и брошурите за црквата "Св Богородица" во Лешок, како и за амамот во Тетово.
- Целта ни е да го популаризираме културното наследство во Македонија. Оваа година кога славиме 6 децении постоење и пет децении од издавачката дејност на нашата установа, во подготовка е и 35 издание на "Културното наследство во Македонија". Сите овие монографии и публикации ќе бидат дистрибуирани до библиотеките на државните установи, на Архитектонскиот и Филозофскиот факултет, како и до библиотеките во Европа, вели Бехиџудин Шехапи, директор на Националниот конзерваторски центар.

Според Шехапи, годинава ќе бидат објавени три нови монографии. Првата е "Улогата на чаршијата во урбанистичката структура во градовите во Македонија", на авторот Снежана Герасимовска Матевска, втората е "Уметноста на преродбата во Струга и Струшко 1800-1912" на авторот Сашо Светковски и третата "Крушевската куќа" од Марула Николовска. На јавноста ќе и бидат достапни и популарните каталози за Мустафа пашина џамија, за црквата во Старо Нагоричане и за Камениот мост.


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=9BE06DF19C80B543B0CDBD9DB063AD7 4

batbayan
27-04-2009, 12:34
Откриени 4.300 средновековни монети на Цареви Кули



Според археологот Зоран Јурак, станува збор за една од најголемите оставини

На локалитетот Цареви Кули над Струмица, во близина на една од кулите од тврдината која служела за воени потреби, се откриени 4 300 средновековни монети, датирани од втората половина на 12 и почетокот на 13 век. Монетите се наоѓале во два керамички сада и според археологот Зоран Рујак, раководител на тековните археолошки истражувања, ја чинат една од најголемите, досега откриени средновековни остави во земјава.



„Според досегашните сознанија, станува збор за три типа на монети ковани за време на владеењето на Манојло I Комнен и последователните цареви. На едната страна ги имаат претставите на Христос или Богородица, а на другата царот сам, во придружба на друг цар, или пак заедно со Христос, кој го благословува.“ - вели Рујак.

Напоменува дека на локалитетот што го истражува од 2004 година, досега се откривани монети од различни историски периоди. Најстарата е од 350 година пр.н.ера (од времето на Филип II), a се пронаоѓани монети и од I век пр.н.ера, монети што потекнуваат од втората половина на III, па се до крајот на VI век, но и од 10 -11 век, од 12 до 15 век, како и од поновата историја, од Првата светска војна, па се' до крајот на Втората светска


http://utrinski.com.mk/?ItemID=4EECB3A4DD20F74F98CEA8B0E6707267

" Манојло I Комнен и последователните цареви. На едната страна ги имаат претставите на Христос или Богородица "
Това изречение ме уби просто :shock::boogie1qw: !

batbayan
29-04-2009, 13:07
Саркофагот на Александар ќе биде изложен во новиот археолошки музеј





Копијата на саркофагот на Александар од Истанбулскиот музеј ќе биде изложена во новиот археолошки музеј, чиј камен-темелник пред еден месец беше поставен крај Вардар, најави Паско Кузман, директор на Управата за заштита на спомениците на културата.

Ваква иднина и се предвидува на репликата, чија изработка беше договорена минатата недела во средбата во Истанбул со директорот на турската управа за заштита на спомениците на културата.

- Во нашите музеи досега сме изложувале само оригинали, па ова ќе биде првата копија што ќе и биде претставена на публиката. Да можеме би изработиле и копии на други значајни артефакти, како што е тоа практика во многу светски музејски куќи - вели Кузман, објаснувајќи дека целта на оваа иницијатива е збогатувањето на нашите музејски ареали.

Саркофагот на Александар е мермерен ковчег долг 3 метри, значаен поради извонредната претстава на битката на античкиот војсководец кај Ис, изделкана на неговите страни.

- Тоа е еден од најатрактивните артефакти во Истанбулскиот археолошки музеј, кој привлекува најмногу внимание кај многубројната публика од целиот свет, пред сè поради уметничкиот впечаток, предизвикан од врвната изработка и, секако, поради универзалниот мит за Александар - вели Кузман.

Сместен е во посебна просторија во Истанбулскиот музеј во специјално изработена стаклена витрина. Предлогот за изработка на копијата на саркофагот на Александар дошол од турска страна, откако македонската делегација при минатонеделната средба во Истанбул предложила изложба на која би биле претставени најзначајните артефакти од Истанбулскиот музеј.

- Саркофагот никогаш досега и не бил изнесуван од матичната куќа кајшто е изложен, па го прифативме турскиот предлог за изработка на негова реплика што ќе биде изложена во Македонија - вели Кузман.

Иако е општопознат како саркофагот на Александар, во него не се сместени останките на големиот антички војсководец, чија гробница, како што е познато, сè уште не е откриена. Изворно се мислело дека саркофагот е на Абдалонимус, кралот на Сидон (кој умрел во 311 пред нашата ера), а други историчари, пак, веруваат дека саркофагот е на Мазаеј, персиски благородник и владетел на Вавилон.

Но во светската литература е познат како саркофагот на Александар.

Пронајден е недалеку од Сидон (денешен Либан), во 1887 година, во кралска некропола со уште 22 саркофага, а во Турција го пренел Осман Хамди-бег. На подолгата страна од саркофагот камената резба го прикажува Александар во борба против Персијците во битката кај Ис. Некои светски археолошки имиња ја споредиле оваа мермерна претстава со мотивот на познатиот мозаик на Александар во Неапол, заклучувајќи дека иконографијата на обата произлегува од заеднички оригинал, веројатно од загубената слика на Филоксен од Еритреа.

Александар е прикажан на неговиот Букефал, носејќи лавовска кожа на главата и подготвувајќи се да фрли копје на персиската коњаница. Вториот коњаник, претставен во центарот на релјефот, се смета дека е Хефастион, близок постар пријател на Александар, а третиот коњаник најчесто се идентификува како Пердика.

На пократката страна на саркофагот е прикажан Александар на лов со Абдалонимус и Персијците, а на спротивниот краток крај е претставена битката кај Газа, кај што е прикажано убиството на Пердика.

Во Истанбулскиот музеј на посебни делови е претставена мермерната резба во нејзината изворна обоена варијанта, од која сега се зачувани само назнаки.

- Копијата ќе биде направена според тоа што денеска е зачувано, а ние би можеле, како турските колеги, настрана да изработиме скици што ќе го претстават релјефот во неговата обоена првична изведба - вели Кузман.

Можно ли е ремек-делото да се повтори и да се копира? Дали ќе се делка?

- Не, постапката сега е многу поедноставна, па репликата нема да се делка во мермер, туку ќе се изработи во т.н. калапи со силиконски гуми - вели Кузман.

Во литературата се спомнува т.н. „Стендалов синдром“, кој го доживуваат голем дел од многубројните посетители при посматрањето на ова мермерно ремек-дело на античката уметност.

Стендаловиот синдром, познат уште како фирентински синдром, е чувство на психичка слабост, забрзано срцебиење и збунетост при соочување со уметничко дело од извонредна убавина. За вакво чувство, наречено според францускиот писател Стендал, кој ја опишал својата возбуда од посетата на Фиренца во Италија, зборуваат и многу од посетителите на Истанбулскиот музеј по соочувањето со помпезниот мермерен саркофаг.


http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=380&ArticleID=23497

batbayan
29-04-2009, 14:55
ПО ПЛОДНИТЕ АРХЕОЛОШКИ ОТКРИТИЈА ВО БИТОЛСКО

Хераклејскиот војник чека реставрација
Остатоци од скулптура на војник и мермерната глава на Изида, египетската божица на плодноста од римско време (2 век) се меѓу позначајните пронајдоци што се месецов ископани на археолошкото наоѓалиште Хераклеја.
Научниците велат дека војничката скулптура е, најверојатно, претстава на лице од висок општествен слој, што потврдува дека на ова место во минатото била развиена висока цивилизација. Скулптурата на војник, по празничната пауза, се подготвува за реставрација, по што ќе се прецизира нејзиното потекло и, можеби, ќе се дефинира кого точно го претставува.
Освен скулптурите од античко време, на Хераклеја беше пронајдена и керамика од 7 и од 8 век, како и мозаик од 4 век со геометриски фигури обоени во црно-бела боја. Монети од македонско-хелинистичкиот период (4 век пр.н.е), како и од рановизантискиот период (6 век), пак, постојано се ископуваат на ова наоѓалиште.
Хераклеја е еден од четирите археолошките локалитети на кои, според најавите од Министерство за култура, ќе се работи се додека не се истражат до крај. На локалитетот во моментов работат повеќе од 350 луѓе: археолози, конзерватори, историчари на уметност и други соработници.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1690&ArticleID=112773

batbayan
06-05-2009, 20:07
ИН*СТИ*ТУ*ТОТ ВО ГЛАЗГОВ ГО ИСПРАТИ СЕРТИФИКАТОТ ЗА НЕ*О*ЛИТ*СКИ*ОТ СКЕЛЕТ ОТКРИЕН НА ГРНЧАРИЦА

Славе Македонски е стар 6740 години

Староста на овој скелет на неолитски човек потврди дека ар*хе*о*лош*ки*от локалитет Грнчарица е најстар локалитет во Југоисточна Ев*ро*па, вели директорот на Заводот и Музеј во Штип Зоран Читкушев

Сла*ве Македонски, како што археолозите го нарекоа неолитскиот ске*лет кој лани беше откриен на локалитетот Грнчарица кај селото Кру*пиш*те, е стар 6740 години. Радиокарбонатната анализа беше нап*ра*ве*на на Арехеолошкиот институт во Глазгов, Шкотска, а сертификатот вче*ра пристигнал во Заводот и Музеј во Штип.
"По овие резултати можеме да кажеме дека сега располагаме со нај*ста*ри*от археолошки експонат во Југоисточна Европа. Со тоа и ло*ка*ли*те*тот Грнчарица е најстариот во овој дел на Европа и затоа пла*ни*ра*ме од него да направиме атрактивен археолошки комплекс", вели ди*рек*то*рот на штипскиот Завод и Музеј Зоран Читкушев, кој $ се заб*ла*го*да*ру*ва на англиската амбасада во Македонија што помогнала ске*ле*тот од Националниот конзерваторски центар во Скопје каде што беше скла*ди*ран, да биде однесен во Глазгов на натамошно испитување и анализа. Спо*ред шкотските експерти, староста на експонатот најмногу можела да варира до 35 години плус или минус.
На 20 март 2008 година археолози од Велес и од Штип во месноста Грн*ча*ри*ца, кај селото Крупиште, најдоа човечка населба со гробни и дру*ги остатоци. Трајанка Јовчевска, која беше во главната група ар*хе*о*ло*зи што ја истражуваа Грнчарица, уште лани изјави дека се работи за ста*ро неолитско живеалиште затоа што најдените остатоци одговараат на тогашните живеалишта кои биле со колци и трски што вирееле пок*рај реките. Со анализите во Глазгов се остварија предвидувањата на ма*ке*дон*ски*те археолози дека најдениот скелет е од маж , погребан во ра*ни*те фази на неолитот, затоа што во тоа време умрените ги пог*ре*бу*ва*ле легнати настрана, со главата блиску до нозете, положба во која бил најден и скелетот на Славе Македонски. Т.Јовановски


http://vest.com.mk/?ItemID=112278C830C22E48924844CAD25C8B0F

batbayan
11-05-2009, 11:40
УШТЕ ЕДНО АРХЕОЛОШКО ОТКРИТИЕ


Осумдесетина сребрени венецијански монети пронајдени кај Струмица


Монетите кои датираат од крајот на 13 и почетокот на 14 век, говорат дека населението имало живи трговски врски со Венецијанската република


Осумдесетина сребрени венецијански монети, или таканаречени "матапани", кои датираат од крајот на 13 и почетокот на 14 век, се пронајдени од археолозите, кај Струмица.
Првичните сознанија говорат дека во оваа тврдина постоел интензивен живот низ вековите, и дека овдешното население имало живи трговски врски со Венецијанската република, особено по падот на Константинопол во 1204 г., и со формирањето на латински царства во византиската империја.

Пролетва струмичките археолози открија и групни наоѓалишта од околу 4.300 византиски монети од времето на династијата комнени и десетина монети со ликот на Филип Втори Македонски од четвртиот век пред нашата ера.
Освен монети на овој археолошки локалитет досега се пронајдени и низа други вредни артефакти, како и праисториска населба која сведочи за постоењето на живот на овие простори во период од околу седум милениуми.


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=651BA8D7BF36034FB424847893B089C 6

batbayan
11-05-2009, 11:44
НА ИСАР ВО ШТИП


Откриен тунелот и црквата Св. Власие


Штипските археолози на тврдината Исар го открија тунелот кој го поврзува акрополниот дел со долината на реката Брегалница.
- Уште пред дваесетина години при поставување на колекторски систем се откриени траги од овој тунел, исполнет со керамички предмети, гареж од пепел и шунд, објаснува археологот Мите Штерјов.

Археологот Зоран Николов, на тврдината Исар врши ископувања и на средновековната црква Свети Власие.
- Откриените надворешни ѕидини со должина од 50 и широчина од 30 метри говорат дека станува збор за манастирски комплекс во непосредна близина на тврдината. Според пишаните документи, констатирано е дека се работи за црквата Св. Власие, градена во првата половина на 14 век и која во 1.377 година била приложена на Хиландар од страна на ктиторот Станислав, рече Николов.

Министерството за култура минатата година на Музеј на град Штип му одобри три милиони денари за ископување, конзервација и реставрација на тврдината Исар.


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=F4A3F6A63132C34193C02C14E364A7B A

batbayan
12-05-2009, 20:37
Почна нов циклус на археолошки истражувања на Стибера





Нов циклус обемни археолошки истражувања на локалитетот Стибера почнаа вчера екипи на Заводот и музеј од Прилеп. На ископувањата на овој значаен антички локалитет, кои ќе траат речиси три месеци, ќе работи поголема екипа, под раководство на советниците-кустоси Лилјана и Костадин Кепески.

Во годинашните истражувања на локалитетот ќе се работи на поголем простор.

- Ќе се вршат ископувања во централниот дел на локалитетот и ќе се доотвори објектот со култна намена што беше откриен лани и во кој беа пронајдени значајни бази со натписи - вели Кепеска.

Се очекува и годинава да се добијат значајни сознанија, кои ќе помогнат да се доврши дефинирањето на функциите на локалитетот. Посебен акцент ќе биде ставен на наодите, бидејќи преку нив се дознава за временските рамки за одвивање на животот на овој простор во антиката до третиот век од нашата ера.

Лани при ископувањата беа откриени значајни скулптури, единствени од таков вид во земјата. Стибера е меѓу локалитетите од посебен интерес, за чие истражување Владата годинава додели околу три милиони денари.


http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=391&ArticleID=24397

batbayan
12-05-2009, 20:39
Денови на Јустинијан Први
Со научен симпозиум на тема Византиското културно -историско наследство, кој ќе се одржи во Македонскиот културен центар, денеска, од 11 часот, ќе почне културната манифестација „Денови на Јустинијан“. Во рамки на симпозиумот ќе се промовира и зборникот на трудови „Скопје меѓу античкото и модерното време“ од Јован Донев. Семинарот за источно-црковно пеење, во организација на Центарот за византолошки студии, пак, ќе се почне од 20 часот.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1699&ArticleID=113482

batbayan
14-05-2009, 13:07
Најстарото човечко влакно на светот е откриено во изметот на хиена


Најстарото пронајдено човечко влакно и припаѓало на личност која живеела пред околу 200.000 години, се вели во списанието Journal of Archeological Science.

Таму се наведува дека тим археолози од јужноафриканскиот универзитет Витвотерсранд пронашле во ископините во Глејдисвел Кејв, недалеку од Јоханесбург, фосилизиран измет од хиена кој содржел структура налик на човечки влакна.

По направените анализи со помош на електронски микроскоп било утврдено дека навистина станува збор за човечки влакна пронајдени во измет кој датира од пред 195.000 до 257.000 години.

Во тоа време во Јужна Африка истовремено живееле хомосапиенсот и хомохеиделбергенсисот (Хајделбершкиот човек), т.н. архаичен хомосапиенс.

Заклучокот на археолозите за тоа како човечката коса се нашла во изметот од хиена е дека најверојатно прачовекот бил растргнат и изеден од хиената.
Досега најстарото влакно било пронајдено на мумија стара 9.000 години, откриена во една стара чилеанска гробница.


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=730DBD88D064AE4B9B2FCA990F73594 0

batbayan
15-05-2009, 12:18
Ноќ на музеите со историско-едукативен контекст


Се ќе започне карневалски со "Карневалот Кралот на Европа" и Портали од исландски верски објекти за да се заокружи со едукативниот карактер на традицијата и историјата


Четвртата по ред "Ноќ на музеите" што традиционално се одржува по повод 18 мај, меѓународиот ден на овие институции, ќе започне в сабота навечер. На отворањето е изложбата "Карневалот цар на Европа", плод на соработка на пет музеи од Италија (два), од Франција, Бугарија и Македонија. Во духот на изложбата отворањето ќе биде проследено со џоломарски игри од учениците на ДМБУЦ "Илија Николовски Луј". Вториот дел од премиерната вечер ќе ја одбележи видео-презентацијата насловена "Портали од исламски верски објекти во Македонија - османлиски период", на која ќе бидат презентирани влезни партии од десетина џамии меѓу кои Мустафа Пашината џамија, Јени џамијата, Јахја пашината џамија и Шарената џамија. Со тоа ќе се заокружи првата ноќ која ќе трае до 1 часот по полноќ.

Во останатиот дел од програмата (18-21 мај) ќе има предавање на тема "Орнаментите и визуелниот идентитет на неолитските земји" на м-р Гоце Наумов и организирање и извлекување на награди на музејско-едукативната наградна игра "Накит од музејските и галериските збирки". Како што рече на вчерашниот прес директорката на Музејот на Македонија Мери Аницин Пејовска "целата оваа манифестација има за цел заживување и одржување на традиционалните вредности и заживување на веќе постоечките капацитети, како и акцентирање на едукативниот дел на традицијата и културата".

Што се однесува до овој последниов сегмент, претпладневните часови на 16 и 18 мај ќе бидат резервирани за презентација на резултатите од проектите на ОУ "Владо Тасевски" и ОУ "Љубен Лапе".

Во склоп на одбележувањето на денот на музеите ќе бидат и изложбите "Војводата Дедо Иљо Малешевски" во Кавадарци и "Танцот на стаклените перли" во Струмица.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=4A7549436605E94FA9C20A1C09528FA 4

batbayan
15-05-2009, 20:57
Откриена најстарата фигура на жена

Фигура стара околу 35.000 години откриена е во Германија и претставува најстар приказ на женско тело, со што се редефинира потеклото на фигуративната уметност.



Британското списание „Најчер“ пишува за пронаоѓањето на уште една „Венера“ чии шест делови се изрезбани во заби од мамут. Статуетката ископана е во септември минатата година во Хохл Фелс, 20 метри од влезот на пештерата во Германска Јура.

Составените делови откриваат женско тело со големи гради и широки колкови. Задникот и гениталиите се непропорционално големи и детално се изработени. Изразените сексуални атрибути најверојатно се приказ на плодноста.



Новата фигура од Хохле Фелс целосно ја менува нашата претстава за потеклото на уметноста во палеолитот. Пред оваа откритие, од тој период доминираа фигури на животни и луѓе-животни од древен Египет.

http://www.idividi.com.mk/Futurama/Nauka/527800/index.html

batbayan
18-05-2009, 13:36
Архитектурата од 4 до 6 век на виделина


На археолошката локација Стоби кај Градско, деновиве се откриваат фрагменти од архитектурата од 4 до 6 век. Според археологот Силвана Блажевска, на наоѓалиштето излегуваат на виделина живеалишта од доцна антика, поплочани улици, плоштади и куќи за живеење со целиот распоред, кујни, складишта и внатрешни дворови.
- Оваа архитектура ја наоѓаме на локацијата над театарот, а потекнува од периодот кога овој објект излегува од употреба. Се отвора и просторот над полукружниот плоштад наспроти Епископската базилика, па се до северниот бедем каде се открива исто така доцноантичка архитектура. Колегите го доистражуваат и римскиот форум. Таму се откриени исто така фрагменти од скулптури, но вградени во бедем. Имаме откриено и глава од скулптура, но дури за две недели ќе се знае од кој период потекнува и што претставува, вели Блажевска.

Во северозападниот дел на Стоби, пак се отркриени пет метри квадратни кули. Инаку, откритија според Блажевска има и на западната некропола. Пронајдени се и голем број керамички садови, монети од 4 до 6 век и раноримски. Се отвара и делот од патот кој од Стоби води кон Хераклеа, а се истражува и покрај градбата со засводени подземни простории, која е откриена минатата година.

Инаку Стоби во 7 и 6 век п.не.е бил мала пајонска населба. Почнал да се развива во време на Филип Петти, но највисок подем доживеал во Римско време.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=487ADCC782B82144AE4E949EF275CE6 6

batbayan
19-05-2009, 11:41
Во Битола ќе се опремува најголемиот музејски простор

Битола - Преку донаторска конференција, Заводот и музеј – Битола токму на Меѓународниот ден на музеите, 18 Мај, собира средства за опремување на најголемата музејска поставка. Идејата е на површина од над 1.300 квадратни метри да се изложат повеќе од 15 илјади од најзначајните артефакти што ги собирал музејот во изминатите пет децении. Ќе бидат изложени предмети од праисторијата, антиката, средновековието и поновиот историски период, етнолошката, историската збирка и збирката на современа уметност.

„Од минатата година започнавме со реновирање на археолошката поставка, бидејќи имавме потреба од поголем простор. Поставката да ја прошириме и во оној дел што го нарекуваме голема сала. Потребни ни се средства за опремување на салата, за осветлување, озвучување и за изработка на витрини. Секоја помош ни е добредојдена“, рече Зоран Николовски, директор на Завод и музеј Битола, на вчерашната прес-конференција.

Реализирањето на проектот ќе зависи од финансиите. Досега музејот добил околу 900 илјади денари од Министерството за култура за реновирање на археолошката поставка и за поставување на нови витрини, но тие не се ни од далеку доволни за комплетно опремување на целиот простор. Сумата која му е потреба на музејот за финализирање на проектот е околу 40 илјади евра. Помошта ја очекуваат од фирми бизнисмени, но и од обичните граѓани.

Во Битолскиот музеј веќе една година нема постојаната музејска поставка.

Досегашната се простираше на површина од 400 метри квадратни, а во неа беа поставени само мал дел од богатството што го поседува музејот. „Претходната изложба беше поставена пред цели 20 години и делуваше застарено, затоа тргнавме од идејата да направиме нешто ново и интересно кое ќе го сврти вниманието на јавноста и странските посетители. Секое од шесте депоа располага со најмалку по две и пол илјади предмети. Зборуваме за едно живеење на овие простори од 8 илјади години пред наша ера, од неолитот преку конзулска Битола, крајот на 19 век, па се до современиот период на живеење на овој град. Ќе изложиме предмети од неолитот што се единствени на овие балкански простори, а кои досега можеби само инцидентно беа изложувани“, објаснува Николовски.

Доколку успее донаторската конференција, Битолскиот музеј во наредниот период ќе работи на туристичка промоција на оваа голема историско етнолошка поставка. „Новата историско-археолошка поставка ќе биде една од туристичките атракции на градот“, вели Ирена Ружин, програмски директор на Музејот.

Со пренамена на големата сала во музејот, Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест - Битола“, го губи просторот каде што традиционално се одржуваше оваа манифестација. (А.Б.)


http://utrinski.com.mk/?ItemID=9FBD90E903D2D64394C832F2F558DAA7

batbayan
23-05-2009, 14:53
Праисториски фигури од Македонија во Подгорица
Стотината популарни фигурини со претстави на жени од праисториско време (6000-3000 години пр.н.е) од македонските археолошки наоѓалишта од понеделник ќе бидат изложени во Подгорица, Црна Гора. „Праисториските дами од Македонија“ како што е насловена постановката, има цел да покаже дека на наше тло имало богат духовен живот уште во праисторијата, велат од Музеј на Македонија, организатор на изложбата. Збирката во последниве три години беше презентирана во повеќе македонски градови, како и во Загреб, каде што предизвика голем интерес кај публиката и само за еден ден ја видоа повеќе од 9.000 посетители.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1713&ArticleID=114490

batbayan
29-05-2009, 11:33
НА СКОПСКИОТ ЛОКАЛИТЕТ ГРАДИШТЕ ЌЕ СЕ ИСТРАЖУВА И ВО ЈУНИ


Тауресиум ќе се презентира пред јавност


На археолошкиот локалитет кај скопското село Таор, родното место на големиот император Јустинијан Први, Тауресиум, кој владеел со источно римско царство од 527 до 565 година, за посетителите ќе бидат поставени табли со објаснување на неговата историја, како и на поединостите за пронајдите предмети. Според археологот Кире Ристов, кој е и раководител на истражувањата, од април кога започнаа активностите на теренот до сега, пронајдени се повеќе објекти од јавен карактер, 6 индивидуални станбени објекти, како и многу фрагменти од керамички садови и метални наоди.
-Истражувањата ќе продолжат до крајот на идниот месец, со оглед дека до тогаш имаме обезбедени средства од ресорното министерство. Целта ни е во овој период да го доведеме во состојба на јавна презентација, иако локалитетот е веќе влезен во туристичките карти на Македонија. Во тек е и решавање на имотно-правните односи бидејќи локалитетот доби јавен карактер, објаснува Ристов.

Таблите кои треба да бидат поставени од Град Скопје, ќе ги откријат пред посетителите тајните на Јустинијана Прима, град-седиште на архиепископијата на императорот .
Инаку сите откриени предмети и градби зборуваат дека во периодот на доцната антика од 5 до 10 век, населението на овие простори имало активен општествен живот. На локалитетот, пронајдени се и населби од бронзено време, од 2200 до 1800 година пр.н.е.
Инаку досега е откриен дел од бедемот кој ја обиколувал населбата, а за позначаен наод се смета и откривањето на монограмот, печат на Јустинијан Први, врз венецот од ќуп "питос".


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=8D91886C002744429A48A568A4A5942 F

batbayan
30-05-2009, 13:34
За Св. Климентовиот универзитет уште еден месец шанса


Архитектите од Македонија и странство ќе имаат уште еден месец шанса да ги дополнат и прилагодат или да понудат нови идејни решенија за возобновување на комплексот на Св. Климентовиот универзитет на Плаошник, Охрид. Според Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство и по 4 месеци колку што траеше меѓународниот конкурс, не е избран најдобриот труд. Комисијата која ги разгледуваше пристигнатите 10 проекти, според Кузман не ја доделила првата награда. Втората е доделена на единствениот автор од странство, Жосе Мариа Фереира Диас од Португалија, додека третата ја добија авторите од Скопје, Јулијана Богоевска, Катерина Карага и Милена Шундевска. Пет труда се откупени, а два обесштетени.

-Авторите за жал досега не успеаја да излезат целосно во пресрет на вакво комплексно барање, што можеби е и разбирливо бидејќи таму има многу содржини. Според проектната програма сакавме да оставиме сведоштва од сите култури кои се најдени на ова место кое е едно од најсветите за целиот словенски род и тоа во периодот од железното време до 20 век, потенцира Кузман. Тој додава дека во моментов на Плаошник завршуваат археолошките истражувања и започнува реализација на проекти за конзервација.

Инаку, според проектната програма на западниот дел требаше да се наоѓа Музејот на Св. Климентовата почва, она што произлегло од сите цивилизации со додавка Музеј на словенската писменост, потоа Св. Климентовата библиотека со најсовремени услови за работа. На овој простор е планирано да се пресели и галеријата на икони, како и објект на Македонски институт за хуманистички науки. На северниот дел треба да биде сместен и теолошкиот факултет, кој би бил преселен од Скопје, додека источно од Св. Климентовата црква би бил сместен манастирскиот комплекс. Јужната страна е отворена кон езерото, додека влезот ќе биде од североисточната страна. Сите објекти би биле со висина приземје и два ката.

Според Кузман доколку и по еден месец повторно не се добие задоволително решение, кое треба да претставува спој на новото и старото најверојатно ќе се оди на комбинирање на идејните решенија.


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=0E1B5A51EF9E744098BE9761C9C24DD 3

batbayan
03-06-2009, 22:56
Славе е најстар, зашто е анализиран



Ранонеолитските скелети вообичаено се поробусни, но не и откриениот на Грнчарица

Катерина Богоева

Неолитскиот скелет, наречен Славе Македонски, откриен на локалитетот Грнчарица во близина на штипското село Крупиште, чија старост според добиените резултати од анализата со метода на радиоактивен изотоп на јаглерод ц-14 направена на Шкотскиот универзитетот во Глазгов е утврдена на 6.745 години пред.н ера, засега е најстариот откриен скелет во земјава, бидејќи е првиот кому му е направена ваква анализа. Овој факт кој антропологот д-р Фаница Велјановска од Музејот на Македонија го смета за мошне значаен, не беше споменуван при минатомесечната презентација на добиените резултати, кога во медиумите од страна на Заводот за заштита на спомениците на културата од Штип, беше соопштена веста за утврдената старост, при што скелетот беше нарекуван најстар, не само на територијата на Македонија, туку и воопшто во Јузгозападна Европа.

„Наодот е значаен, но од него не треба да се прави сензација. Направената анализа се користи со децении, но ми се чини дека ова е прв обид да се изврши на човечки коски од Македонија. Добиените резултати не се неочекувани, но споредуваме две работи што не се за споредување. Велиме дека е најстар, но досега откриените не се на тој начин анализирани“. Споменува дека во 70-тите години на минатиот век, при истражување на локалитетот Азанбегово - Вршник се откриени 34 човечки скелети, кои според археолошки критериуми биле датирани околу 6. 100 год. пр. н.ера. Ги обработиле унгарски антрополози, но не биле испратени за Ц-14 анализа со која старосната граница може да биде повлечена подлабоко во минатото. Коските се чувале во Музејот во Штип, од каде по извесно време и исчезнале.



„Јас не се сомневам во добиените резултати на склетот, но треба трезвено да ги прифатиме. За антропологијата нема незначајни наоди, бидејќи секој скелет е запис за еден човек, а тие даваат и информации за етногенезата, во чиј синџир не треба да постојат прекини“, вели антропологот и посочува дека вредноста на неолитските скелети лежи во нивната реткост не само во Македонија, туку воопшто во светот. За ретки се сметаат и неолитските населби каде се вршеле погребувањата, а скелетите нудат одговори на прашањата дали станува збор за откриено, автохтоно население или пак истото дошло со миграции од Исток.

Вељановска го опишува скелетот како страшно слабо сочуван, со делови на череп, без карлица и долги коски, поради што не може да се одреди неговата телесна височина. И при одредувањето на машкиот пол, на скелетот стар од 45 -50 години, имала можност да користи само 5, од расположивите 30 параметри, поради што тој податок го става под „три прашалници“. Славе бил анемичен, имал артритис, еден изваден и еден заб со кариес, но значаен момент е што предните заби му биле извадени до корен, што вели таа, говори дека на тој начин придржувал некоја алатка при работа.

„Тој му припаѓал на грациозниот, медитерански тип какво што било населението на целиот Балкански простор во неолитот, но чудно е што е многу мал, со нежна градба, бидејќи ранонеолитските скелети вообичаено се поробусни. Ова сознание ги шири познавањата за неолитското население, а тука и лежи значењето на наодот, кој послужи за датирање на наоѓалиштето. Во земјава ни недостасуваат мезолитски скелети, скелети од палеолитот, а токму нивното откривање би можело да биде сензација. Рано неолитски скелети се откривани и досега на повеќе места во Балканот“. За резултатите од Глазгов таа дознала од медиумите, што отвора низа прашања за правилниот третман на антрополошката работа.

„Се чувствував навредена што не бев повикана да го видам скелетот на лице место по откривањето пред да биде подигнат. Свесни сме дека во земјава, ние антрополозите сме малубројни и дека има многу археолошки истражувања, но за вака вредни наоди треба да бидеме повикувани.Скелетот Славе треба да биде поука за да се променат нештата, а претпоставувам дека проблемот е во законското регулирање на постапката“.

Археологот Трајче Нацев од Заводот и Музеј од Штип, раководител на археолошките истражувања на трасата на регионалниот хидроситем „Злетовица“, во рамките на кои е и откриен скелетот, посочува дека археолозите од Македонија не покажале интерес да го видат наодот, кој беше изложен за јавноста на Денот на музеите. Најавува дека го подготвуваат Славе за уште една анализа во странство, бидејќи смета дека може да биде и постар, за што му говори пронајдениот движен материјал на локалитетот, условите во кои е пронајден. Очекува датирањето да биде во раниот неолит, или пак во преодниот период, меѓу мезолитот и неолитот. Смета дека овој скелет не е најстариот, туку еден меѓу најстарите скелети во Југоисточна Европа и укажува дека за правење на одредени аналогии со други наоди, досега биле заинтересирани неговите колеги од странство. „Поради недостиг на анализи во Македонија сеуште не може да се каже и која е најстарата неолитска населба во земјава“.

Археологот Трајанка Јовчевска од Музејот во Велес која и го откри скелетот и работеше на Грнчарица, деновиве по стивнувањето на бурата околу неговата старост го потенцира фактот дека најважно е што на овој локалитет, за прв пат во Македонија е потврден раниот неолит. „Во досегашните истражувања недостигаше таа најстара фаза, но сега ги имаме податоците за континуитетот во неолитот“. Не е задоволна од досегашниот, како што вели сензационалистички третман на староста на скелетот, при што е занемарено неговото вистинско значење. Укажува дека на неолитските локалитети што обично се мали и имаат по десет куќи, по правило има по едно погребување. „Раната фаза на неолитот е дојдена како готова од Мала Азија со брановидни преселби, со готова култура. Со староста на скелетот само се потврдија моите претпоставки што ги согледав од откриените материјални докази на еднослојната населба“.


http://utrinski.com.mk/?ItemID=FB25B244215EC84D84E1797A447EB95A

batbayan
08-06-2009, 16:16
Археологијата засега имуна на рецесијата

...........

ВАЖНИ НАУЧНИ ПОДАТОЦИ

Сите ископувања почнаа во почетокот на март. Иако во почетокот беше најавено дека за целосно да се истражат, за секој од четирите локалитети ќе бидат потребни 250 до 300 милиони денари, во ископувањата веројатно ќе биде вложено помалку. Тимот на Марвинци до пред еден месец располагаше со 27 милиони денари.

Кузман вели дека секојдневно археолозите пронаоѓаат прекрасен материјал. Има многу предмети, информации... Можеби не се атрактивни за јавноста, но се многу важни за науката - вели тој.

На три локалитети археолозите ќе работат подолго, а на скопското Кале ќе завршат на крајот од јули. Потоа ќе се прават ископи за да се подготви проектот за конзервација на тврдината. Кон крајот на оваа или во почетокот на идната година ќе почне конзервацијата на тоа што ќе биде истражено годинава - објаснува Кузман.

Со ископувањата на Кале раководи професор Драги Митревски, раководител на катедрата за археологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Истражувањата на Хераклеја се под раководство на археолозите Аница Георгиевска и Енгин Насух, а шеф на тимот на Стоби е директорката на новата институција, археологот Силвана Блажевска. За некрополата на Марвинци е одговорен Златко Видески, археолог од Музејот на Македонија. За само еден месец истражувања, археолозите на некрополата открија прекрасни предмети.

Стоби е капитален објект

На Стоби засега е откриен храм за кој се' уште не се знае кому бил посветен, се доистражува Римскиот театар, просторот над Епископската базилика, со што се открива целото урбано јадро на античкиот град. Продолжуваат ископувањата на Западната некропола, пред портата Хераклеја, а се доистражува и Римскиот форум, кој постојано дава нови археолошки наоди.

- Стоби е еден од капиталните истражувачки објекти чија цел е да се отворат повеќе историски локалитети за да се добијат сознанија за нашата историја. Овде се работи на осум сектори, кои во целина го откриваат целото урбано јадро на градот. Новина е откривањето на храмот, но и откритието што треба да го даде одговорот зошто градот замрел во 6 век - изјави Блажевска, викендов.

Според Кузман, Стоби и досега дал голем број артефакти што се дел од македонското национално богатство. Дел од нив се наоѓаат во музеите во соседството.

- Државата ќе се обиде да ги врати назад. Ќе почне од Народниот музеј во Белград, чии долни павилјони изобилуваат со артефакти од Стоби. На северниот сосед ќе му понудиме реципроцитет. Ако го пронајдеме споменикот на кралот Александар во бронза фрлен во Охридското Езеро од Бугарите и тој споменик, кој е значаен за српската историја, им го вратиме, ние од нашиот сосед за возврат можеме да ги побараме двете маски од Требениште - рече Кузман.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=3678D2AD5F81234F8198C407D205518C

batbayan
08-06-2009, 21:49
Во Стоби откриен храм на римско божество


Во археолошкиот локалитет Стоби, каде работите се во полн ек, е пронајден храм на едно од многуте почитувани римски божества

- Не знаеме на која божица и бил заштитник, но очекуваме и тоа да го разјасниме, изјави директорката на Националната установа „Стоби“ Силвана Блажевска.
Посебно интензивно се истражува доцниот шести век од нашата ера што е крајот на животот во Стоби, а што досега многу малку бил истражуван. - Целта ни е да откриеме зошто замрел животот во Стоби, дали тоа бил големиот земјотрес или доаѓањето на многу пљачкашки варварски и други племиња. Веќе го откривме целото урбано јадро на градот, се отвораат улици, куќи од овој период, кои се наоѓаат веднаш над епископската базилика, појаснува Блажевска.

Се работи и на реконструкција на една од трибините во римскиот амфитеатар, што е многу значајно.

- Се планира да се спушти подот на кој се наоѓа некрополата, за да се истакнат бедемите на Стоби. Тие потоа ќе бидат осветлени и би се гледале од автопатот, а тоа да биде интересна туристичка атракција. Се работи и на реконструкција на објектот Римски форум каде се истражува веќе пет години и има интерсни нови откритија. Исто така се планира и целосна реконструкција на една римска куќа, вели Блажевска.

Истражувањата во Стоби започнаа во март и ќе траат до крајот на годинава, а ќе продолжат и минимум уште во наредните две години. На локалитетот се ангажирани 600 работници и археолози од Македонија. - Се очекува наскоро како реципроцитет во Стоби да дојде на истражување една група руски археолози, најави Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.


http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=26822

batbayan
08-06-2009, 22:03
Македонскиот уникатен инструмент, топчестата окарина, датира од неолитскиот период. Изработена е од теракота и е пронајдена во 1989 г на археолошкиот локалитет Мрамор, Велес. Ова е и единствен ваков инструмент пронајден во Европа, направен од некој голем ум, од човек кој точно знаел што сака и каков звук да произведе. Окарините ги има во најразлични облици, но најкарактеристичниот облик е баш Македонскиот, кој е тркалезен, и е само со три отвори. Чудо се случи кога Даутовски повторно ги повика гласовите стари илјадници години, а звукот што излезе од неа беше вонвременски и вонпросторен, потсетуваше на светската музика на сите најстари цивилизации на човештвото. Концертната промоција на топчестата флејта е прво искуство во Македонија на еден поинаков начин да се постави еден движен археолошки наод.

batbayan
09-06-2009, 13:00
Во ограбениот храм на римската божица и руска копејка?!

Храмот кој е откриен во археолошкото наоѓалиште Стоби и за кој се претпоставува дека е посветен на едно од многуте почитувани римски божества е речиси целосно уништен и ограбен. Според раководителот на истражувањата на овој локалитет, Силвана Блажевска, храмот најверојатно бил ограбен уште во античко време, но очигледно бил "посетен" и во 19 век, со оглед дека е најдена руска копејка од 1860 година?!.
-Не знаеме точно на која божица храмот и бил заштитник, бидејќи сводот на првата просторија е уништен и во храмот нема никакви наоди. За да се извлече некаков заклучок ќе треба да се работи на аналогијата на храмовите и да се утврдат сличностите, што пак е научен труд и ќе треба да се консултуира литература, вели Блажевска.
Таа потенцира дека во Стоби, над полукружниот плоштад се открива цело урбано јадро од доцната антика. Улици, куќи со магацински простории, кујни, трпезарии и остави, а во една од нив се најдени и околу 300 монети од 6 век наша ера. Во римската некропола пак се откриени богати гробници од време на Август Октавијан до 3 век од наша ера. На делот од римскиот форум откриена е и скулптура на Афродита со делумен натпис кој укажува дека се работи за подарок на градот. На овој простор во план е реконструција на една римска куќа.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=E99F05FA541ABB41968FDD0BC50F3CF A

batbayan
11-06-2009, 21:49
НОВИ ОТКРИТИЈА ЗА СРЕДНОВЕКОВНА БИТОЛА
Под Јени-џамија се крие Самуиловата епископија
Темелите на Јени-џамија во Битола, која потекнува од 16 век, кријат средновековен епископат, кој потекнува од времето на цар Самуил, тврдат битолските археолози по најновите археолошки откритија во џамијата, која е еден од најатрактивните историски споменици во центарот на Битола.
- При ископувањата пронајдовме печати за затворање писма од единаесеттиот век, облека и медалјони, а на еден од пронајдените печати има претстава на свети Ѓорѓи. Пронајдоците се во фаза на истражување, а упатуваат дека тука било лоцирано епископско седиште од времето на Самоил или од следбениците на Јован Владислав - вели Гордана Филиповска-Лазаревска, раководителка на истражувањата.
Во претходните ископувања, со две големи сонди беше истражен источниот дел на џамијата и беа откриени темелите на раносредновековната црква „Свети Ѓорѓи“ од седмиот или осмиот век. На истото место се откриени темелите на уште три големи цркви градени во периодот од единаесеттиот до четиринаесеттиот век.
- Со новите сондирања што ги вршиме сега, треба да се утврди дали црквата била крстообразна или базилична, а сега веќе можеме да констатираме дека во основата била долга 14 метри - вели Филиповска-Лазаревска.
Со заокружувањето на ова истражување, целосно се потврдија претпоставките на покојниот битолски археолог Томе Јанакиевски дека средновековна Битола се наоѓала во сегашното централно градско подрачје, а џамијата била изградена над црква. Сега археолозите се на чекор од потврдување на претпоставките за исчезнатиот средновековен град од византискиот период, кој, се чини, бил во средиштето на денешна Битола. Исламската верска заедница низ судска постапка се обиде Јени-џамија да ја поврати како верски објект во кој ќе се вршат служби, а МПЦ и Преспанско-пелагониската епархија реагира дека токму на тоа место се наоѓаат темелите на неколку православни светилишта. По новите пронајдоци, Јени-џамија, дефинитивно, останува културно наследство заштитено со закон, а по завршувањето на истражувањата, пронајдените артефакти ќе бидат застаклени и џамијата, покрај галериската, ќе добие и археолошка функција.
Овој објект веќе шест и пол децении се користи како ликовна галерија, а од 2003 година до денес тука се пронајдени артефакти од три цркви и од две џамии. „Верувам дека тоа ќе биде еден од, можеби, најубавите музеи во нашата држава, каде што на еден прекрасен, фрапантен начин ќе се покаже раскошот на двете цивилизации - исламската и христијанската“, изјави неодамна Зоран Николовски, директорот на Завод, музеј и галерија од Битола.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1728&ArticleID=115541

batbayan
15-06-2009, 12:08
Во Тумба Маџари оживува неолитско село


Деновиве започна втората фаза од реконструкцијата на неолитското село (5,5 илјади години пр.н.е) кое е единствено од ваков вид во Македонија. Се градат копии на куќи од тоа време, ќе се постават фигури на луѓе и животни, а се реконструира и пејзажот


На археолошкиот локалитет Тумба Маџари во Скопје, деновиве започна втората фаза од реконструкцијата на неолитското село (5,5 илјади години пр.н.е) кое е единствено од ваков вид во Македонија. Според Елена Канзурова, археолог и еден од раководителите на проектот, ова село кое од отворањето минатата година стана и туристичка атракција, ќе добие повеќе куќарки со идентичен изглед, ќе бидат изработени и поставени фигури во вид на луѓе и животни од периодот на среден неолит, а ќе се реконструира и пејзажот за да се долови идентичната атмосфера. На локалитетот Тумба Маџари во тек е и анализа на археолошките пронајдоци.

-Реконструкцијата се врши според откритијата што ги имавме изминатите години, како и според коскениот материјал кој во моментот се анализира. Во тек е подигање на куќарка со поткровје каде што ќе бидат сместени леглата идентични со оние од среден неолит, а во куќарката ќе се постават и фигури на жители на тоа неолитско село, претставени преку маж, жена грнчарка и две деца во игра, како и целата покуќнина од тој период. Ќе се изгради и копија на трло, бачило, а во Музејот на Македонија во тек е и изработка на мини фарма со домашни животни. Единствениот археозоолог во Македонија Анета Ивковска во моментот врши анализа на пронајдениот животински коскен материјал, со цел да се направат и копии на птици од тоа време, додава Канзурова.

Локалитетот Тумба Маџари, поточно неолитското село до први септември ќе добие и уште една идентична копија "училиште" во која во иднина ќе се врши презентација на пронајдениот археолошки материјал, како и археолошки филмови и фотографии. Во куќарките ќе се постават и копии на пронајдената фигура големата мајка, керамички садови и печки од тоа време. За да се долови идентичната атмосфера во околината е посаден 'рж и јачмен, а во план е и изградба на мини езеро.

-Од септември ќе започнеме и со поголема кампања за информирање на јавноста, а ќе бидат вработени и чувари, додека во моментот самите археолози имаат улога на чувари и на презентери. Испечатени се каталози за неолитското село на македонски и англиски, а во тек е и печатење на албански јазик, додава Канзурова.

Проектот и истражувањата се финансиски помогнати од Министерството за култура.


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=73D6BE9E520AEC418F074ECD3A38B65 3

batbayan
15-06-2009, 12:12
Ренесанса во Хераклеја Линкестис



Археолошките истражувања ги поместија историските граници на античкиот град Хераклеја Линкестис кај Битола. Новите материјалните сведоштва покажуваат дека градот имал долг распон на живот од 4 век во старата ера, кога бил основан од македонскиот крал Филип Втори, до 9 век. Претходно се сметаше дека животот во Хераклеја згаснал три века пред формирањето на Битола, поточно во 6 век.

- Битола се формирала во 9 век. Сигурно дека Хераклеја мора да се поврзе со Битола. Народот бил ист и луѓето го одржале континуитетот на живеење. Имало причина зошто граѓаните го преместиле градот. Знаеме дека во тој период се случувале многу напади врз Хераклеја, кои го нарушувале урбаниот живот. Во тоа време се забележани напади од Авари и од други народи - објаснува археологот Аница Ѓоргиевска, која со колегата Енгин Насух, ги раководи истражувањата на локалитетот.Дека античкиот град постоел повеќе векови отколку што се претпоставуваше досега, потврдуваат вкопаните земуници пронајдени во јужниот дел на археолошкиот локалитет, рановизантиски накит и други наоди карактеристични за времето од 7 до 9 век.

НОВА БАЗИЛИКА

Годинашните археолошките откритија ја потврдуваат важноста што ја имал градот како епископско седиште. Деновиве се пронајдени темелите на најстарата базилика во Хераклеја, што според првичните процени датира од првата половина на четвртиот век. Нејзин составен дел е апсидата, која ја поврзува со голем репрезентативен објект и со мозаик на кој се претставени најрани христијански симболи.

- Ова покажува дека епископијата Хераклеја бил важен христијански центар. Покрај постоечките три базилики, две во обѕидието и една надвор, наречена Гробјанска базилика, ова е веќе четврта што ја пронајдовме - објаснува Ѓоргиевска.

Археолозите се обидуваат да откријат што претставувала репрезентативната градба пред театарот. Судејќи според големината на објектот, убавиот опус на градење, многуте експонати и вградените седишта од театарот, граѓаните веројатно ја користеле како јавен објект. Археолозите констатирале дека при градењето на некои објекти нашите предци користеле мермерни скулптури на римски императори како камен-темелници. Пронајдена е и глава на египетската божица Изида од римско време, употребена како градежен материјал во бедем. Култот кон египетските божества во овие краеви го донел Филип Петти. Тој е од генерацијата македонски кралеви по Филип Втори и Александар Трети Велики, кој ја обожувал египетската култура - велат истражувачите.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=CC719CEEEE665D4EA0E11592B07D2D56

batbayan
16-06-2009, 09:34
Заштита на спомениците во Струмица, Валандово и Гевгелија

Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј во Струмица, годинава ќе ги заштитува спомениците на културата во својата околина и во Валандовско и во Гевгелиско, јави МИА. Покрај големите систематски археолошки истражувања на Цареви кули и на други локалитети, интензивно ќе се работи конзервација и реставрација.

Според годишната програма на Министерството за култура, годинава ќе заврши изградбата на конакот во средновековниот манастирски комплекс „Свети Леонтиј“ во Водоча, а ќе биде санирана и покривната конструкција на манастирот „Света Богородица Елеуса“ во Велјуса. Предвидена е реставрација и конзервација на фрескоживописот во базиликата лоцирана под темелите на Орта џамија и на мозаичниот под во Римската терма во Бања Банско.

Ќе бидат направени систематски конзерваторски истражувања на оштетениот иконопис во црквата „Света Параскева“ во селото Трибичино и ревалоризација и конзерваторско-заштитни работи на повеќе археолошки локалитети во регионот.Заводот и музеј ќе издаде Зборник на трудови од Меѓународниот симпозиум „Вода, живот и задоволство“.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E21114E718DF5D458AA82C44B2D15641


Шест музејски проекти во Кичево

Државата ќе финансира шест проекти, кои годинава ќе бидат реализирани во Музејот на Западна Македонија во НОВ во Кичево. Дел од нив се работат во континуитет повеќе години, како археолошките ископување на кнежинскиот манастир „Св Ѓорѓија“. Другите за првпат се реализираат годинава. Меѓу нив позначајни се фотографското документирање на црквите и манастирите во Поречијата, изработката на каталог на збирката на историски предмети во Музејот, откуп на албанска носија и конзервација на историското оружје од колекцијата на Музејот.Институцијата годинава доби пари и за обновување на електричната инсталација, подовите и реновирање на санитарните јазли во објектот.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=8C44F9BFEE200C488F70FDBED62E8A91

batbayan
16-06-2009, 23:50
Откриени гробови кај Исар во Штип


Штипските археолози од Музеј на град Штип на локалитетот Исар во делот на црквата „Свети Власие“ открија три гроба кои се наоѓаат покрај апсидата на црквата



Директорот на Заводот за заштита на спомениците и Музеј на град Штип Зоран Читкушев истакна дека трите гроба ќе бидат отворени во наредните неколку дена. Тој додава дека откриени се и керамички садови, во кои се ставани прилози за покојникот, а се работи за скелети од животинско потекло.
- Откриен е и капител, кој покажува дека во овој дел на локалитетот постоел верски објект уште од римскиот период. Со истражувањата се најдени и артефакти кои покажуваат дека на овој дел имало живот и во некои поранешни временски периоди, така најдени се обетки од 11 и 12 век, артефакти од железно доба и од времето на неолитот, рече Читкушев.

Изминатиот месец при истражувањата на црквата „Свети Власие“ пронајдени се фрагмени од фрески на светци кои потекнуваат од 11 и 12 век.

Читкушев изјави дека продолжува и истражувањето на тунелот кој ги поврзува реката Брегалница со акрополот на тврдината Исар.

- Отворени се 22 метри од тунелот и се работи на подготвителни активности за отварање на вториот дел. Тунелот од ерозија е уништен и затоа истражувањата се одвиваат во екстремно тешки услови, додаде Читкушев.

http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=27310

batbayan
17-06-2009, 15:46
Откриен тајниот тунел преку кој Турците го освоиле Штип

По долга опсада, Турците забележале како под тврдината од речното корито излегуваат патки, а потоа и неколкумина бранители на градот - тогаш лесно го освоиле добро утврдениот град



Археолозите го потврдија најраскажуваното народно предание во Штип и Штипско, легендата за освојување на градот преку таен тунел под Исарот, за кој во 17 век пишувал и турскиот патописец Евлија Челебија. Истражувачите од штипскиот Завод и музеј деновиве открија 30 метри од тунелот што води од реката Брегалница до врвот на утврдениот град на Исарот, возвишение што е на 150 метри над нивото од реката.

- Ретко кога една легенда може да се докаже. Оваа, дефинитивно, се покажа точна. Тајниот тунел, кој служел за воени цели и за носење вода од Брегалница во тврдините е висок од два до 2,5 метра и широк од 1,5 до два метра. Има и проширувања, кои служат како одморалишта, како и мали вентилациски отвори. Во првите триесетина метри што ги откривме, откопавме и 32, одлично исклесани скалила, кои водат кон врвот на Исарот. Според керамиката и другите предмети што ги најдовме, тунелот најверојатно е граден во античкиот, а е користен и приспособуван и во средновековниот период - вели Ѕвонко Белдедовски, археолог во штипскиот Завод и музеј.

ЛЕГЕНДАРНИОТ ТУНЕЛ

Тунелот под Исарот одамна беше негова преокупација. Отворот на тајниот тунел во коритото на Брегалница од страната на Ново Село случајно беше откопан при поставувањето колекторска мрежа на периферијата од градот во 1986 година. Тогаш Белдедовски запиша дека има големи шанси тоа да е легендарниот тунел. Но, предупреди и дека мора да се извршат археолошки ископувања, бидејќи било можно да се работи за некоја стара рударска јама. За жал, тогаш тунелот беше затворен.

Археолошките истражувања што почнаа пред месец и половина сега потврдија дека се работи за тунелот опишан во легендата. Преку него, Османлиите го освоиле утврдениот град околу 1385 година. Члебија пишува дека голема војска на султанот Мурат Први долго, безуспешно ја држела под опсада и се обидувала да ја освои тврдината. Еден ден Турците забележале како под тврдината од речното корито излегуваат патки, а потоа и неколкумина бранители на градот. Заробените бранители ја откриле тајната на тунелот, па Турците лесно го освоиле добро утврдениот град.

ИСТРАЖУВАЊАТА ЌЕ ПРОДОЛЖАТ

Археолошките истражувања на тврдината Исар, изградена како дел од средновековниот град Штип, врз темелите на античкиот Астибо и на византискиот Стипион, почнаа лани. За нив Владата издвои три милиони денари. Лани, во првата фаза, се истражуваше највисокиот акрополен дел од цитаделата. Археолозите открија стара црква, внатрешна кула (за која дотогаш не се знаеше), две цистерни за вода, јужната одбрамбена кула и керамика од доцноантичкиот до раноосманлискиот период. Истражувачите пронајдоа и ретко оружје - железни стрели, ѓулиња и катапулти, со кои била бранета тврдината. Втората фаза од ископувањата во која се вклучени десетина стручњаци и стотина работници, почна пред 1,5 месец и ќе трае до крајот на јули. Покрај тунелот, археолозите ја открија старата црква „Свети Власие“, керамика, накит и добро сочуван мермерен капител во коринтски стил.

Заводот и музеј планира да продолжат истражувањата. Целта е да се изврши конзервација и реконструкција на тврдината, која до крајот на 2011 година треба да биде осветлена. Така Исарот, гордоста на Штип, ќе блесне над градот. Тајниот тунел, особено ако целосно биде истражен, ќе биде посебна мамка за туристите.

- Ќе продолжиме да работиме и да истражуваме. Тунелот е долг неколку стотици метри. Поради повеќевековната ерозија на земјиштето, тешко ќе биде целиот да се пробие. Но, вреди да се проба за вакво интересно и вредно откритие - истакнува Белдедовски.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=EBD7DFDD7821D6489C6E868E2C2566D8

batbayan
19-06-2009, 14:24
Претседателот Иванов меѓународно ќе го промовира локалитетот Таор


Родното место на Јустинијан Први, еден од најголемите византиски императори, ќе стане светска туристичка атракција, најави претседателот


Претседателот Ѓорге Иванов вчера на италијанскиот амбасадор во земјава Донатино Маркон му го претстави археолошкиот локалитет Таор, каде што се пронајдени докази дека познатиот византиски император Јустинијан Први бил роден во Скопско. Иванов најави дека на локалитетот ќе биде изграден и амфитеатар и најави меѓународна промоција на овој локалитет.

- Ова е родното место на византискиот император. Ова претставува можност за меѓународна промоција на Македонија. И она што во иднина би било туристичка атракција. Многумина би сакале да дојдат и да го видат местото од каде што е човекот по чие име е крстено и правото, односно по Јустинијан. За тоа зборувавме и додека бев на Правниот факултет, односно сите студенти би доаѓале тука да го видат местото од каде што потекнува креаторот на правото, кое денеска се вика римско право - изјави Иванов.

Донатино Маркон, амбасадорот на Италија, рече дека бил заинтересиран за историјата на Јустинијан и за Стариот Рим.

- Очекувам дека ќе соработуваме со претседателот Иванов. За оваа цел нашата влада донира 3 милиони евра за обнова на археолошките локалитети Стоби, Скупи и Хераклеја. Очекувам реставрација и подобрување и на овој локалитет - рече Маркон.

Киро Ристов, археолог од Музејот на градот Скопје, објасни дека станува збор за големо откритие како потврда дека Македонија е држава што има богата историја чии корења потекнуваат уште од античкиот период.

- Тука се откриени многу пронајдоци што укажуваат дека на овој локалитет постоел античкиот град Тауресиум, родното место на Јустинијан Први. Откриен е и жиг, монограм од Јустинијан Први, кој е единствен во светот и кој има непроценлива вредност - вели Ристов.

Тој објасни дека од оваа година локалитетот Таор влезе во капиталните проекти на Владата и дека истражувањата ќе продолжат сé додека има материјал. Просторот и пронајдените градби и предмети ќе бидат конзервирани, а потоа ова фантастично откритие ќе биде претставено и пред пошироката меѓународна јавност.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=619992256676&id=9&prilog=0&setIzdanie=21715

batbayan
27-06-2009, 13:20
На античкиот локалитет Стибера, во близина на Прилеп, при истражувањата е откриен нов импозантен објект со апсидална форма и епиграфски споменик. Тие фрлаат нова светлина за животот во античкиот град.

- Новата градба е во продолжение на објектот со култна намена, кој лани беше откриен. Претпоставуваме дека објектот не бил посветен само на култот на императорот, туку и на некои од божествата што биле заштитници на градот. Ова се првични претпоставки. Очекуваме до крајот на ископувањата да се добие појасна слика за што служела градбата - вели археологот Лилјана Кепеска, раководител на проектот.Епиграфски споменик „табула ансата“ што е откриен е со натпис во повеќе редови.

- Споменикот треба да се прочита. Со читањето ќе добиеме одговори на повеќе прашања - додава Кепеска.Со ископувањата се појавил нов културен слој, кој, според надлежните, давал индиции дека во античка Стибера имало градба и во 4 век.Стибера како град бил формиран во четврти - трети век пред наша ера.Опстојувал до трети век. Во досегашните истражувања откриени се повеќе мермерни скулптури, статуетки и друг движен материјал.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=EABDBCF8C119D54D8DBC25C6E1BC881E

batbayan
29-06-2009, 20:53
Уште еден век живот за Стибера Останати вести


Античкиот град Стибера постоел и во четвртиот век пред нашата ера, а не како што досега се мислело од третиот


Импозантен објект со апсидална форма и епиграфски споменик се откриени при годинашните двомесечни археолошки истражувања на античкиот локалитет Стибера, кој се наоѓа на 25 километри од Прилеп, во близината на селото Чепигово.

Откритијата фрлаат нова светлина за опстојувањето на античкиот град Стибера, вели археологот Лилјана Кепеска, раководителка на проектот.

- Градбата што ја откривме е импозантна. Има апсидална форма. Таа е продолжение на лани откриениот култен објект. Со ова првично се претпоставува дека објектот не бил посветен само на култот на императорот, туку можно е да се работи за култно место посветено на некои од божествата што биле заштитници на градот и кои биле почитувани во тоа време во Стибера. Но засега ова се само претпоставки. До крајот на ископувањата очекуваме да добиеме појасна слика за што служел објектот - вели Кепеска.

Во горниот дел од локалитетот е пронајден и епиграфски споменик.

- Се работи за табула ансата со натпис во повеќе редови. Треба да се состави и да се прочита. Со читањето ќе добиеме одговори на повеќе прашања - додава Кепеска.

Во годинашните истражувања се појавува и нов културен слој, за кој се смета дека ќе фрли нови сознанија за опстојувањето на Стибера.

- Излегува дека во античкиот град Стибера имало градба и во четвртиот век. Тоа ќе значи дека оти локалитетот егзистирал и во четвртиот век, а не како што досега се мислевме до третиот век - објаснува археологот Костадин Кепески, кораководител на проектот.

Стибера бил формиран во 4-3 век пред наша ера. Животот во него, според досегашните сознанија, се одвивал до третиот век од нашата ера. Во Стибера во изминатите години при истражувањата се откриени повеќе мермерни скулптури, статуетки и друг движен материјал, кои говорат за значењето на локалитетот како важен културен центар на овие предели.

Годинашните обемни тримесечни истражувања ќе завршат кон крајот на јули.


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=62991025565&id=16&prilog=0&setIzdanie=21724

batbayan
30-06-2009, 22:56
ЗАСТАНАА АРХЕОЛОШКИТЕ ИСТРАЖУВАЊА ВО ЗЕМЈАВА
Се затрупавме во антика
Илјадниците пронајдоци ископани во последниве четири месеци ги затрупаа локалитетите, поради што деновиве се прекинати сите археолошки истражувања во земјава.
Стоби, Хераклеја, скопско Кале, Скупи, Исар Марвинци ќе мируваат минимум две недели, а некои многу подолго, за истражувачите да имаат време да го систематизираат и документираат пронајдениот материјал. Археолозите велат дека дваесетте локалитети на кои се работи годинава изобилуваат со артефакти од различни периоди, од праисторијата до турско време, а пронајдоците се толку обемни што ги задушија истражувачките терени. Поради тоа многубројните артефакти се складираат во депоа по музеите што се во близина на локалитетите и чекаат подобри времиња за обработка. Артефактите, велат археолозите, ќе лежат во депоата се дури не се отвори простор и време за сложената постапка, која претходи на нивното изложување. Таа, меѓу другото, опфаќа: документирање на наодите, чистење, составување на фрагментите, одредување на потеклото и конзервација.
- Стручните екипи работеа 24 часа на ден, што е многу напорно. На археолозите им е потребно повеќе време за да ги документираат артефактите, кои се во огромен број - вели Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство. Обемни археолошки истражувања, како што е познато, кај нас се прават во последниве неколку години. Дотогаш ископувањата во археологијата беа инцидентни и се сведуваа на ентузијазмот на помали групи, иако најпознатите домашни локалитети се откриени во 60-тите и во 70-тите години на минатиот век. Најголем дел од нив беа истражени од шест до 10 проценти, а со идејата на Владата интензивно да се трага по артефакти за нашето античко потекло, беше решено најрепрезентативните локалитети - Стоби, Скупи, Хераклеја, Исар Марвинци и скопско Кале - да се истражат до крај. Со тоа, практично, во земјава не остана неангажиран археолог, а археологијата стана најконјунктурна гранка. До крајов на годинава, според најавите, ќе продолжат истражувањата и на Плаошник, Самуиловата тврдина, локалитетите Стибера, скопско Кале, тетовско Кале, Зрзе и други. Меѓу годинашните откритија, кои ја запреа големата археолошка акција, археолозите ја издвојуваат некрополата на локалитетот Исар Марвинци, која брои повеќе од 150 гроба од различни периоди, меѓу кои има и античките гробници, особено вреднувани во археолошките кругови поради тоа што се потврда за активниот живот на ова поднебје во хелинистичкиот и во римскиот период.
-Не можеме да постигнеме да ја систематизираме и документираме керамиката, накитот, орудијата што ги најдовме во гробовите. Има предмети од железно време, македонско-хеленистички период и од други епохи - вели Златко Видевски, раководител на ископувањата на локалитетот Исар Марвинци во близина на Валандово.

Откриени монети, пехари, гробници, живеалишта

Со последниве зафати на локалитетот Исар Марвинци, покрај бројните гробници, се откриени и сликани вази од т.н. црвенофигурален стил, кои датираат од антиката, а кои досега се откривани само на грчка почва.
Во Хераклеја, пак, се пронајдени повеќе од 2.000 археолошки предмети.
- Фрагменти од мегарски чаши-пехари од хеленистички период, на кои е претставена љубовна двојка, околу која се врежани срциња е едно од најновите и најуникатните откритија на Хераклеја. Мошне вреден е и византискиот накит со потекло од 9 век - вели Аница Георгиева, раководителка на истражувањата во Хераклеја.
На овој локалитет се пронајдени и монети, фрагменти од керамика и од мермерна пластика, копци со позлата од 6 и од 7 век, ранохристијански мозаици од 4 век, водоводна мрежа од римско време и друго.
Доцноантички куќи со потекло од 4, 5, 6 век, пак, се најсвежите откритија на Стоби, кои, велат археолозите, се уште едно сведоштво за активниот живот во првите години од христијанството кај нас.
- Работиме на чистење и на лепење на керамиката што ја најдовме во куќите. Во нив имаше и алатки, бронзени кандилца, токи, разни типови садови - вели Силвана Блажевска, археолог од Стоби.

Откриени монети, пехари, гробници, живеалишта

Со последниве зафати на локалитетот Исар Марвинци, покрај бројните гробници, се откриени и сликани вази од т.н. црвенофигурален стил, кои датираат од антиката, а кои досега се откривани само на грчка почва.
Во Хераклеја, пак, се пронајдени повеќе од 2.000 археолошки предмети.
- Фрагменти од мегарски чаши-пехари од хеленистички период, на кои е претставена љубовна двојка, околу која се врежани срциња е едно од најновите и најуникатните откритија на Хераклеја. Мошне вреден е и византискиот накит со потекло од 9 век - вели Аница Георгиева, раководителка на истражувањата во Хераклеја.
На овој локалитет се пронајдени и монети, фрагменти од керамика и од мермерна пластика, копци со позлата од 6 и од 7 век, ранохристијански мозаици од 4 век, водоводна мрежа од римско време и друго.
Доцноантички куќи со потекло од 4, 5, 6 век, пак, се најсвежите откритија на Стоби, кои, велат археолозите, се уште едно сведоштво за активниот живот во првите години од христијанството кај нас.
- Работиме на чистење и на лепење на керамиката што ја најдовме во куќите. Во нив имаше и алатки, бронзени кандилца, токи, разни типови садови - вели Силвана Блажевска, археолог од Стоби.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1744&ArticleID=116784

batbayan
01-07-2009, 19:09
Рецесијата го запре ископувањето во Хераклеја



Дел од ангажираните работници тврдат дека парите се предвреме потрошени

БИТОЛА - Светската економска криза го запре ископувањето во Хераклеја Линкестис. Истражувањето во локалитетот крај Битола, најавено како капитално и офанзивно, кое се планираше да трае до крајот на годината, сега среде работа е прекинато под изговор дека има недостиг од средства.

Во последните пет месеци Хераклеја личеше на градилиште. Според археолозите, на наоѓалиштето се ископани значајни откритија. Меѓу вредните се мозаик и ранохристијанска базилика, што ги потврдува сомневањата на археолозите дека Хераклеја живеела до 9 век од нашата ера.

Но, од минатата недела во Хераклеја е пусто. Така ќе биде и во наредните денови, велат од Заводот и музеј - Битола. Дел од ангажираните работници, кои сакаа да останат анонимни, тврдат дека ископувањата во Хераклеја нема да продолжат, бидејќи парите се предвреме потрошени.

Директорот Зоран Николовски вели дека се чека абер од Владата дали работата во Хераклеја ќе продолжи и со колкав интензитет.

„Ископувањата запреа минатата недела, а нема да се работи ниту неделава. Археолозите се на одмор. Точно е дека се најави многу интензивна работа за целата година. Но, поради рецесијата и новата ситуација со ребалансираниот буџет, директорот на Управата за културно наследство, Паско Кузман, в петок ќе има состанок со премиерот Никола Груевски. Тие тогаш ќе договорат како и со какви сили ќе се продолжи понатаму во Хераклеја“, изјави директорот Николовски.

Историското ископување на Хераклеја почна кон средината на февруари. За овој зафат беа ангажирани околу 350 луѓе, најголем дел од нив физички работници. Но,беа вклучени археолози и историчари на уметноста од други градови. Копачите работеа за дневница од 500 денари, а последниот месец дневната заработувачка им се намали на 400 денари.

„Почнавме со повеќе часа работа во почетокот на истражувањето. Но, потоа се намали времето за работа на седум часа, а со тоа и дневницата на 400 денари. Хонорарот за стручниот кадар зависеше дали се од Битола или од други заводи. Дневницата за нив беше од 800 до 1.000 денари. Дневно за хонорари и материјал се трошеа од 3.000 до 3.500 евра. Исплатата одеше преку Управата за културно наследство“, вели Николовски.

Според Паско Кузман, ископувањата во Хераклеја не запреле, туку ова било време за одмор за археолозите и за работниците. Кузман воопшто не сакаше да ги коментира забелешките на дел од работниците дека парите се предвреме потрошени. Тој вели дека со тоа не бил запознат.

„Во Хераклеја запреа ископувањата затоа што им треба малку одмор на археолозите. Кога се работи долго, треба и одмор. Тие треба стручно да ги доработат откриените предмети што ги има во голем број. Тоа е една од главните причини. Истражувањето е предвидено до крајот на годината“, објасни првиот човек на Управата за културно наследство, Паско Кузман. (А.Б.)


http://utrinski.com.mk/?ItemID=48551C67856FB94992C9BC8ABC09C81F

batbayan
01-07-2009, 19:12
На тетовско Кале најдени артефакти од османлискиот период



Подземни ходници, кујна со трпезарија, летен сарај, бунар - се само дел од објектите откриени на тетовското Кале

Гојко Ефтоски

ТЕТОВО - Три тунели, подземни ходници што ги поврзувале тунелите, кујна со трпезарија, покриен и летен сарај, двоен објект бунар - се само дел од објектите што се откриени со археолошките истражувања на тетовското Кале. Најдени се и неколку предмети, посребрена табакера со зачуван тутун, неколку монети од турскиот период, керамички фрагменти од лулиња за пушење итн. Откриени се и три гроба, од кои два биле сосема зачувани, а едниот измешан, и дадени се на експертиза на антрополози во Музејот на Македонија.

Ова се само дел од пронајдените содржини при археолошките истражувања спроведени минатата година што ни беа презентирани од Љуљиета Абази, виш кустос и носител на проектот и директорот на Музејот на тетовскиот крај, Среќко Јовановски. Се' што е откриено и пронајдено главно е од османлискиот период. Нови археолошки истражувања на Калето не се предвидени, а експертите очекуваат да откријат артефакти од многу постаро време. Пронајдените предмети се чуваат, а откриените објекти се очекува да бидат конзервирани, за што биле одобрени финансиски средства. Работата ќе ја извршува Центарот за конзервација.

Според Љуљиета Абази, најголемо изненадување било откривањето на двојниот објект, кој се наоѓаше на средишниот дел на површина од 108 хектари. Тој простор беше во вид на брдо, обраснато со повеќедецениски дрвја, трње, треви и не оддавал впечаток дека одоздола се крие таков објект. Со земја биле покриени и „занданата“, бедемите, некои од галериите и подземните ходници. Од истражуваните објекти, вели Абази, видливи биле кујната со трпезарија, покриениот сарај со помошните објекти и летниот сарај.

„Дефинирани се и трите тунели што ги градел Абдураман-паша, некаде во 1820 година. Ги откривме излезите од Калето. Едниот води до Тетово и излегува некаде кај старото медицинско училиште, вториот води кон соседното село Лавце, а третиот кон левиот брег на реката Пена. Нивното целосно истражување бара многу средства и време, а целосната обработка ќе значи голема туристичка атракција, но и значајно откритие за научниците, историчарите и археолозите“, вели Абази. Според неа, значајно откритие се и фреските, од кои некои се зачувани како делови. „Работени се со боен малтер, некаде доминира црно-сивкава боја која претставувала имитација на травертин блоковите“.

Директорот Среќко Јовановски е оптимист и смета дека истражувањата на тетовското Кале ќе продолжат во некои подобри времиња. „Во досегашните истражувања не најдовме ништо од постари времиња. Меѓутоа, тоа не значи дека нема. Ќе се потврди или негира откако се' ќе се истражи“, смета Јовановски.

Тетовското Кале е споменик на културата и под заштита на државата. Инаку, целиот простор е сопственост на Македонската православна црква.



http://utrinski.com.mk/?ItemID=DFBAF4C0A8E7224AB800BE6C9899E26C

batbayan
02-07-2009, 12:07
Само на Кале продолжуваат ископувањата



Освен на Хераклеја, археолозите не работат и на Исар Марвинци и во Стоби

Катерина Богоева

„Ние ќе продолжиме да работиме до крајот на јули како и што предвидовме, бидејќи во септември треба да почнеме и да го конзервираме откриеното“, изјави вчера, сосема кратко, раководителот на археолошките истражувања на Скопската тврдина, археологот Драги Митревски, посочувајќи дека и временските услови нема да го нарушат текот на годинешниот проект финансиран од Владата. Досега, уверува тој, (а тоа го потврдија и дел од археолозите), исплатата на предвидените дневници се одвива без никакви проблеми. Овој локалитет, заедно со Хераклеја, Исар Марвинци и Стоби, спаѓа во групата на локалитети од земјава каде до крајот на годинава работите треба да се одвиваат со голем интензитет, но во останатите три, работите на теренот запреа да се одвиваат со различни образложенија.

Археолозите вклучени во ископувањата на Исар Марвинци кои сакаат да останат анонимни, тврдат дека работите на терен се запрени без претходна најава и дека паузата ќе трае најмалку 15 дена, поради недостиг на финансиски средства. Дотогаш во Музејот на Македонија ќе работат на документирање и конзервација на дел од откриениот исклучително броен материјал. На Исар Марвинци работат 620 работници и 60 - тина стручни лица, кои според временската саатница и стручната подготовка, добиваат дневници во висина од 400 до 800 денари. Раководителот на истражувањата, археологот Златко Видески, ги демантира наведените причини за пауза, потенцирајќи дека пари за континуиран тек на работите има доволно, но дека работите на терен се запрени поради неопходната потреба од документирање на материјалот и од одмор. „Прекинавме да работиме на Исар заради документирање на откриениот материјал кој го има во голем обем. Откривавме неделно по 100 -150 гроба, но проблем на теренот беше и влагата, присутна со врнежите“.

Според директорката на националната установа Стоби, Силвана Блажевска, на истоимениот локалитет истражувањата на теренот требало да запрат на крајот на јули, односно на почетокот на август, за кога бил предвиден потребниот одмор. „Но, во изминатава недела времето не ни одеше во прилог, секојдневно врнеше па решивме паузата да ја направиме сега, за да го искористиме овој период за средување на документацијата“. Таа неможеше да прецизира до кога ќе трае започнатата пауза, напоменувајќи дека обично се работи за три, односно четири недели. Исплатата на дневниците за екипата составена од 650 лица (од кои 588 се работници, а останатите се стручен тим), тврди Блажевска, досега тече без проблем, а сумата на исплатени дневници се движи од 400 до 600 денари за работниците, односно од 600 до 800 денари за стручните лица. Истражувањата на Стоби ќе траат до крајот на годинава, а во текот на ноември и декември, повторно ќе се документира материјалот поради временските, зимски услови.

На Хераклеја ископувањата исто така се прекинати минатата недела, како што вчера информираше „Утрински весник“, цитирајќи го директорот на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј во Битола Зоран Николовски, „поради рецесијата и ребалансираниот буџет“. Воедно, беше пренесена и изјавата на директор на Управата Паско Кузман дека работите запреле поради потребниот одмор, иако Николовски посочи дека денес Кузман треба да се сретне со премиерот Груевски и да разговара за проблемот со Хераклја. Од директорот на Управата за заштита на културното наследство, вчера поради неговата зафатеност, не успеавме да добиеме изјава.

Иако споменуван во медиумите во овој контекст, локалитетот Скупи крај Скопје не спаѓа меѓу четирите годинешни, ударни локалитети за истражување. Таму работите запреа вчера, што според раководителот на истражувањата, археологот Ленче Јованова и било предвидено поради топлото време во овој дел од годината. „Започнавме со годинешните истражувања во април, три месеци работевме и не прекинавме и во врнежливото време, но тоа сепак пречи во работата. Во овој период е нормално луѓето да се презаситени од работа на терен и да им треба пауза. Кога и во претходните години сме работеле со средства од Министерството за култура, практикувавме да паузираме во јули и во август, токму поради летните жеги“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=628E6C70B40C424E8AECD62EE2D2C759

batbayan
02-07-2009, 12:08
Грчки археолози на Плаошник



Двајца познати археолози од Грција вчера ги посетија археолошките локалитети во Охрид. Тие биле гости на професорката и академик Вера Битракова-Грозданова. Неофицијално, средбата поминала во опуштена и пријателска атмосфера, бидејќи научниците од двете земји се долгодоишни колеги и соработници. Грчките археолози требало да останат неколку дена во Македонија, но поради лични обврски си заминале синоќа.Тие беа на Плаошник, Самуиловата тврдина, Горна Порта, каде што во 2002 беше пронајден богатиот гроб со златната маска.

Според археологот Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, тоа било особено интересно за нив, бидејќи двајцата научници биле дел од тимот што работел на некрополата Синдос, кај Солун. Таму, за време на археолошките ископувања во 1980 и во 1982 година, беа откриени златни маски и предмети слични на тие во гробот на Горна Порта. Кузман вчера требаше да се сретне со колегите од Грција.

- Тоа е вообичаена колегијална посета, на која водиме стручни разговори, разменуваме мислења и ги разгледуваме археолошките сознанија до кои сме дошле во текот на ископувањата. Секако дека е интересно што доаѓаат археолози од Грција, но тоа е исклучиво колегијална соработка, исто како што и јас како археолог одам во Пела. Посетата секако е можност да се разговара и за идни заеднички соработки - вели Кузман.

http://dnevnik.com.mk/?itemID=B8DDA56C4966684D8C9AA40F8DA12466&arc=1

batbayan
02-07-2009, 12:09
Реконструиран древен обред на Кокино

Археолозите пронашле минијатурна човечка нога, од коленото надолу, изработено од керамика и фигура на овца


Интересот за Кокино порасна откако американската вселенска агенција НАСА во 2005 година ја стави на листата со 15 опсерватории во светот

Вотивни фигури што нашите предци ги користеле во обреди откриле археолозите од кумановскиот Музеј, истражувајќи го праисторискиот локалитет познат и како археоастрономска опсерваторија Кокино.Пронајдоците им помогнале да го реконструираат обредот од доцнобронзеното време, од 13 до 11 век пред новата ера, објаснува археологот Јовица Станковски, раководител на истражувањата и директор на кумановскиот Музеј.

- Пронајдовме минијатурна човечка нога, од коленото надолу, со стапало, изработена од керамика. Пронајдовме и фигура на овца. Најзначајно е што успеавме да реконструираме уште еден значаен обред што досега ни беше непознат - вели Станковски.Деновиве привршуваат археолошките истражувања на праисторискиот локалитет кај кумановското село Кокино. Истражувачкиот тим годинава првпат располага со посериозен буџет - работат со еден милион денари. Министерството за култура додели 400 илјади денари за ископувањата, а Владата одвои 600 илјади денари. Никогаш не сме работеле со олку пари. Отворивме поголеми места за истражување. Разликата веднаш се забележува. Дојдовме до значајни резултати - вели Станковски.

КОНТИНУИТЕТ

Ископувањата почнаа кон крајот на мај. Поради лошото време, археолозите работеле со повремени прекини. Кога ќе заврне дожд, два дена не можеме да работиме. Чекаме да се исуши, за да продолжиме. Во меѓувреме, пак заврнало. Тоа воопшто не штети на квалитетот, но ја забавува работата - вели Станковски.

Тој вели дека со последните резултати им се потврдиле претпоставките од досегашните неколкугодишни истражувања на локалитетот. Дотогаш, вели Станковски, постојано излегувале садови од најраниот период на бронзеното време, од 20 и 19 век пр.н.е. Некои ги наоѓале дури и цели, неоштетени. Но годинава пронашле значително количество предмети од доцнобронзеното време, од 13 до 11 век пр.н.е.

- Луѓето што живееле тука, во процепите на карпите ставале садови, па ги затрупувале со земја. Тоа е најстарото почитување на Големата Мајка. Не одевме подлабоко, не размислувавме дали нивните потомци го продолжиле овој обичај. Сега наидовме на развојна фаза на обредот. Во кружни обредни структури луѓето ставале фигурики од убаво изработена керамика. Ова е втора развојна фаза на тој култ. Во Крит и Микена во истиот период луѓето правеле обредни места со кружни основи, направени од речен заоблен камен. Во нив се ставаат вотивни фигури. Тоа мало стапало е најголемо откритие зашто ни покажува дека тие обреди не само што продолжиле туку и се развиле 7-8 века подоцна - вели Станковски.

КУЛТУРНО ЖАРИШТЕ

Според него, пронајдокот е многу значаен бидејќи, според обредите, во духовен поглед воопшто не заостануваме зад големите средоземни културни жаришта. Ги имаме сите фази на развој во духовен поглед. Идејата на луѓето во тоа време била иста - вели Станковски. Во истражувањата учествувале петмина стручњаци-археолози, архитект и околу 50 работници. Со тимот работеле и студенти по археологија од катедрата при Филозофскиот факултет во Скопје. Станковски вели дека големи се шансите ископувањата да продолжат и наесен, но во помал обем.

Кокино стана интересен локалитет за истражувачите, особено за туристите, кога американската вселенска агенција НАСА во 2005 година, на листата со 15 опсерватории во светот, Кокино го рангира на четвртото место. Според НАСА, на прво место е Абу Симбел во Египет, а следуваат Стоунхенџ во Велика Британија и Ангкор Ват во Камбоџа. На Кокино со години се прават и астрономски истражувања под раководство на физичарот Ѓоре Ценев, раководител на Планетариумот во Скопје.


http://dnevnik.com.mk/?itemID=8C04FA5611C444408302206CC034F988&arc=1

batbayan
03-07-2009, 12:26
НАУЧНА СРЕДБА ВО СЛОВАЧКА
Македонски излагања за св. Кирил и Методиј
Меѓународен научен семинар од кирилометодиевска проблематика, посветен на презентацијата и афирмацијата на македонистичките аспекти на оваа истражувачка област, ќе се одржи утре во градот Нитра во Словачка.
Научната средба е во организација на Институтот за проучување на културното наследство на св. Кирил и Методиј при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра. На семинарот ќе бидат претставени трудови што се однесуваат на историјата на византиската мисија на браќата Кирил и Методиј и на научната дејност на кирилометодиевскиот институт во Нитра, за кои ќе говорат членови на институтот. Стожерните излагања ќе бидат ориентирани врз актуелните прашања во истражувањата на кирилометодиевската проблематика во Македонија, за кои ќе говори професорката Маја Јакимовска “ Тошиќ од Институтот за македонска литература во Скопје, како и на освртот врз културното наследство на св. Кирил и Методиј во Македонија, за кои ќе зборува нашиот научник Звонко Танески, кој живее во Словачка. Во рамките на научниот собир ќе се одржи мултимедијална презентација за Охрид, за македонските споменици со глаголско и со кирилско писмо, проекција на македонски филм за појавата на кирилицата, како и збирка на картички и поштенски марки со кирилометодиевска проблематика од цела Европа. Ќе биде претставена и специјална мапа создадена според документите за мисиите на солунските браќа “ патрони на словенскиот свет и на Европа, која научниците од нитрианскиот институт ја промовираа неодамна на изложбата за културното наследство на различните региони во Европскиот парламент во Брисел.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1747&ArticleID=117036

batbayan
03-07-2009, 12:28
Археолошки ископувања во Дојран
Археолошките истражувања на подот на црквата „Свети Илија“ во Стар Дојран почнаа вчера, по претпоставките на археолозите дека под црквата постои постар објект. Според најавите на директорката на Заводот и Музејот на Струмица, Славица Тасева, ќе биде извршена и реконструкција на подната супституција. Работите ги извршува стручен тим во соработка со работниците од општината Дојран, а досега се забележани и наоди од погребување во внатрешноста на црквата. Стручниот тим ќе работи и на археолошките локалитети Саат кула и Турскиот амам, попознат како Турска бања


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1746&ArticleID=116959

batbayan
05-07-2009, 11:59
Базилика од 5-тиот век откриена на Зрзе (http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=110964)


Видео:

http://www.a1.com.mk/vesti/video.asp?Video=09/zrze-04-07.wmv&VestID=110964

batbayan
09-07-2009, 11:25
Значајни наоди откриени на Хераклеја

Монети, Медевата чаша и ексагија се откриени на античкиот локалитет Хераклеја. Според археолозите Аница Ѓоргиевска и Енгин Насух. со пронајдените артефакти збирката во битолскиот музеј значително ќе се збогати.

Интензивните ископувања на археолошкиот локалитет Хераклеја упатуваат на нови податоци за градот.

Според Енгин Насух, археолог од Завод и Музеј од Битола, отворањето на јужниот бедем открива дека животот во градот не завршил во 6 век, туку траел уште неколку века.

- Со откривањето на јужниот бедем се отвораат нови податоци и откритија, кои говорат дека животот во Хераклеја не завршил во 6 век туку продолжил уште најмалку два-три века и завршил некаде кон крајот на 3 век, а за тоа говорат пронајдените остатоци за кои треба да се вршат истражувања - посочи Насух.

На едукативна обука во археолошкиот локалитет Хераклеја престојуваат група студенти по археологија од САД, Канада, Велика Британија и од Австралија, во рамките на меѓународен проект координиран од Младинскиот културен центар од Битола.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9F29272909359D43B3ECF85B8E3BE99C

batbayan
11-07-2009, 15:20
Тетовското кале ќе се конзервира Останати вести


Објектите што беа откриени при археолошките истражувања на тетовското кале на ридот Балтепе ќе бидат конзервирани и реставрирани. Крајна цел е овој објект од 18-тиот век да стане туристичка атракција


Првите луѓе на Националниот конзерваторски центар и Управата за заштита на културното наследство Бехиџудин Шехапи и Паско Кузман симболично поставија камен темелник со кој го означија почетокот на зафатите.

- Идејата е Тетово да добие еден монумент од профан карактер и туристичка атракција, која ќе ја посетуваат домашни и странски посетители - изјави Паско Кузман.

Прв објект што ќе биде зачуван е трпезаријата на калето, а согласно со можностите во иднина, ќе се конзервираат и другите објекти најдени во текот на истражувањата во 2008 година. Трпезаријата ќе се пренамени во музеј, каде што ќе се изложат откриените предмети при ископувањата или можеби во друг објект доколку локалната самоуправа понуди различен концепт за адаптација.

- Калето е комплекс со конак за гости, затвор, тунели, бунари, стражарници, бедеми со хисари, летниковец... Тоа е типичен пример на архитектура од османлискиот период - изјави Шехапи.

За конзервација на тетовското Кале се обезбедени речиси 17 милиони денари. Паралелно со конзервацијата, во иднина треба да продолжат археолошките истражувањата од кои се очекуваат нови наоди.


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71191015337&id=16&prilog=0&setIzdanie=21735

batbayan
15-07-2009, 13:36
Мариово станува магнет за дивите копачи



Државата нема национална стратегија за археолошки ископувања и нема план за истражување на Мариово

БИТОЛА - Битолскиот дел на Мариово станува магнет за дивите копачи. Државата не само што нема национална стратегија за археолошки ископувања, туку воопшто нема план за истражување на овој дел од Мариово.

Археолозите потврдиле дека постојат остатоци од антички и од средновековни градови и оти Мариовскиот регион е ризница на артефакти. Наспроти тоа, дивите копачи се најчестите непоканети гости во опустошените мариовски села. Облечени како туристи, со замаскирани метални детектори тие ги прекопуваат селата и задоволни, со полни џебови, заминуваат од Мариово, тврдат мештаните.

Вистина е дека само мал дел од надри археолозите и' паднале в раце на полицијата. Инспектори по организиран криминал во домот на битолчанец запленија осум бронзени монети од времето на кралот Аминта Трети, дедо на Александар Велики, како и од периодот на владеењето на Филип Втори. Битолчанецот го ископал ова археолошко богатство во Мариово каде што раката на овдешните археолози се' уште не допрела.

Од битолскиот Завод и музеј потврдуваат дека последните години е присутна појавата странски државјани за одреден надоместок да ангажираат македонски граѓани диво да ископуваат. И тоа на одредени локации каде што на таканаречените стари карти постојат податоци дека има културно богатство. Потоа пронајдените предмети заминуваат за странство. Сознанијата на музејот се дека токму грчки државјани се најголеми откупувачи, особено на археолошки предмети, кои го потврдуваат постоењето на античките Македонци.

Првиот човек на пелагониско-мариовската Општина Новаци, градоначалникот Лазар Котевски, бара археолозите да влезат во овој регион со плански истражувања пред дивите копачи сосема да го изораат Мариово. Котевски го гледа развојот на туризмот во Мариово преку откривање и презентирање на археолошкото богатство од овој крај. Токму затоа тој стравува дека отсуството на план за археолошко истражување ја прави нереална и нивната замисла за развој на културниот туризам во битолскиот дел на Мариово.

„Добар дел од археолошките наоѓалишта во Мариово не се испитани. Како Општина бараме да почнат тие ископувања, а не дивите копачи да располагаат со македонското културно наследство“, предупредува Котевски. Најпосетени дестинации од дивите копачи во Мариово се селата Зович, Градешница, Старавина и Будимирци.

„Нашите сознанија се дека странци, во договор со наши граѓани, го снимаат теренот и незаконски ги ископуваат деловите околу селата. Доаѓаат Грци, Бугари, но и Французи. Некои добронамерно, а за други стравуваме дека имаат прикриени намери“, нагласува Котевски.

Во тоа дека Мариово е ризница на артефакти многу пати се увериле и самите мештани. Но, Котевски вели дека Мариовци не се упатени во археологијата и често несоодветно ги третираат пронајдените предмети.

„Мештаните воопшто не се едуцирани. Доколку најдат нешто додека ги извршуваат земјоделските работи или градежните прекопувања тие тоа ќе го зафрлат или ќе го искршат. Исто како пред некоја година, кога пронајдоа вино закопано од Првата светска војна, од пред 100 години, па ги искршија шишињата“, потсетува Котевски.



Археолозите со сигурност тврдат дека Мариово лежи врз темелите на антички и средновековни градби. Каде и да се копна ќе се најдат археолошки предмети, без оглед на нивната вредност. Археологот Гордана Филиповска-Лазаревска од Завод и музеј Битола, како експерт за средновековна култура, вели дека во Мариово е особено позната средновековната населба Лениште кај селото Зович. Таму своевремено се пронајдени сребрени монети од 13 век, од времето кога трговци од Венеција тргувале низ Мариово.

„Во Мариово има значајни археолошки наоѓалишта. Тоа го потврдиле наши колеги. Затоа мештаните во разговор потврдуваат дека доаѓаат диви копачи, трагаат и веројатно ги наоѓаат, ги земаат и исчезнуваат со тие наоди. Во однос на тоа каде ги продаваат се зборува дека има голем откупен центар во Солун. Не знам дали тоа е точно, но во секој муабет има по некоја вистина. Или можеби завршуваат на некои аукции во светот“, додава Гордана Филиповска-Лазаревска, археолог во Завод и музеј Битола.

Наспроти ваквите состојби и предупредувања, надлежните од Завод и музеј Битола се категорични дека државата нема ниту пари, ниту кадри за да почне со археолошко ископување на Мариово.

Во информацијата што Завод и музеј Битола ја достави до Советот на Општината околу заштитата на културното наследство на подрачјето на Битола на некој начин признава дека дивите ископувања стануваат се' почести. Во отсуство на национална стратегија за археолошки ископувања вредните археолошки предмети илегално патуваат за странство, се вели во информацијата на Завод и музеј Битола.

„Мариово е ризница, но државата секогаш има приоритети. Од материјален аспект е невозможно целата држава да се прекопува во исто време. Нема и толку многу стручни лица за да бидат ангажирани на сите археолошки локации во државата. Ова не е јавно претпријатие каде што се копаат само канали, потребна е стручност“, вели Зоран Николовски, директор на Завод и музеј Битола.

Битолските археолози последните месеци единствено влегоа во Чебрен каде што се планира изградба на хидроцентрала. Дадоа предлози што е потребно да се дислоцира од битолскиот дел и тука завршија кусите анализи. Мариовските села и пространите терени до границата со Грција и натаму им се препуштени на дивите копачи. (А.Б.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=35143CA57281164EB021D9D9425B5AB4

batbayan
17-07-2009, 22:03
НОВИ ОТКРИТИЈА НА ТРЕШТЕНА СЦЕНА
Вучедолски белези на мариовски локалитет
Антропоморфни фигурини, садови, жртвеници, како оние од познатата вучедолска култура која во праисторијата постоела на територијата на денешна Хрватска, се откриени на локалитетот Трештена стена, близу Чаниште, во Мариово. Пронајдоците, со кои е потврден шести слој на живот на локалитетот, укажуваат дека праисториската населба постоела уште од крајот на средниот до почетокот на доцниот енеолит, односно околу 2400 години пред нашата ера. Предметите, велат археолозите, кои претежно се фигурини кои седат, фигури со крстовидна форма, некои од нив фрагментирани, а некои целосно зачувани, се единствени во земјата слични на оние од Вучедол. - Локалитетот го поврзуваме со костолачката и вучедолската праисториска култура од Хрватска. Трештена стена е единствениот локалитет во Македонија каде што се откриени материјали како наодите од овие две култури - вели Александар Миткоски, виш кустос - археолог од прилепскиот Завод и Музеј. Вучедолската култура, која постоела на просторот на денешна Хрватска во периодот од 3000 до 2200 година пр.н.е, е првата земјоделска култура во Европа. Се смета дека Вучедолците го измислиле првиот европски календар, претставен на керамичките садови од тоа време, зборувале оригинален индоевропски јазик и први во Европа масовно произведувале леени метални садови. - Трештена стена била праисториска населба со објекти за живеење, градени на препознатлив начин - со дрвена граѓа налепена со повеќе слоеви од кал, плева и растенија - велат археолозите.
Досега се истражени околу 130 квадрати од локалитетот кој се уште не е евидентиран во археолошката карта на Македонија. Инаку, во Мариово има повеќе од сто праисториски наоѓалишта кои досега не се истражени и се цел на диви копачи.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1759&ArticleID=117978

batbayan
18-07-2009, 12:12
Пајонски гроб на Плаошник

Гроб богат со пајонски бронзи пронашле археолозите деновиве на Плаошник во Охрид, вели Кузман. Покојникот имаше цела појасна гарнитура и многу македонски или пајонски бронзи. Тие се многу значајни за нас. На Плаошник има многу наоди. Таму работите воопшто не запреле. Брзаме поради изградбата на Светиклиментовиот универзитет. И таму имаме проблем со инвентаризација бидејќи има многу наоди - вели тој. Кузман вели дека е апсолутно задоволен од резултатите, како што се и сите археолози вклучени во ископувањата. На локалитетите, вели, има суперинтересни наоди. На Марвинци се пронајдени многу црно-фигурални и црвено-фигурални вази, златни предмети што се многу важни за раната антика. На Стоби излегол гроб со стотина теракоти, една Афродита - прекрасно изработена.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A780360697954A4CB9DD14008EEDB489

batbayan
20-07-2009, 00:05
Вчера откриената гробница од петтиот век пред нашата ера во близина на Охридската Горна Порта, во која била закопана млада благородничка накитена со златни и предмети од килибар, е од непроценлива вредност за Македонската историја, култура и идентитет.

Вака денес пред новинарите беше оценето најновото археолошко откритие во Охрид.

Богатата гробница е на просторот каде што се откриени 20-тина гробови од Македонско-Хеленистичкиот период, под патот кој води од Горна Порта кон црквата „Света Богородица Перивлепта“.

Во некрополата имало златна фолија со која биле покриени очите на девојката, која на устата имала златна ромбоидна плочка, кај срцето златна плочка со 16 краци, на појасот 40 сантиметарска златна лента, обетки, нараквици и други предмети од злато, килибар, сребро и бронза.


Во некрополата имало предмети од злато, килибар, сребро и бронза


„Овие два предмета коишто биле ставени на очите и на устата, всушност означуваат маскирање на покојникот. Ваква комбинација на маскирање на покојник ми се чини дека е единствена на Балканскиве простори досега“, изјави Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културно наследство на Македонија.

Археолошките пронајдоци во гробницата кои датираат од времето на Александар Први, според Кузман потврдуваат дека Охрид, тогашниот Лихнид, бил монденско место во времето на антиката.

„Уште еднаш повторувам нема златна маска, но има нешто повеќе од златна маска во научна смисла. Се разбира дека ова за нас е непроценлива вредност и богатство, посебно за археолошката наука, за за нас, за Македонија се разбира“, вели Кузман.

Пронајдените охридски златни предмети и златната маска, треба до крајот на годинава да се презентираат пред јавноста во златната соба во музејот на Робевци.


Видео:

http://a1.com.mk/vesti/video.asp?Video=09/krusevo-link-19-07.wmv&VestID=111658

batbayan
20-07-2009, 14:54
На Табановце запленети вредни артефакти


Непроценливо културно богатство е откриено саботата на граничниот премин Табановце во обид да се изнесе од државата. Над 560 монети, разни предмети и накит се пронајдени во автомобил на македонецот Д.С. (44), кој живее во Хрватска

- На излез од Македонија при селекција на возилото и детална контола на личните предмети пронајдени се археолошки предмети кои се културно наследство на Република Македонија, кои според законот се забранети за изнесување од државата. Најдени се 564 монети, накит и други предмети, изјави за медиумите Марјан Ивановски од граничниот премин Табановце.
Стручните лица од Управата за заштита на културното наследство утврдиле дека се работи за предмети од голема национална вредност.

- Според првичниот увид констатиравме дека се работи за движно културно наследство од нашите простори. Покрај монети од Римскиот период има и накит и фигури кои потекнуваат од железното доба. Вредни археолошки предмети најдени на територија на Македонија. Се работи за бесценето културно наследство, вели Звонимир Никлоловски,

Саботата на граничниот премин Богородица кај двајца грчки државјани при транзит се откриени и две икони од 12-15 век, соопшти директор на Царинската управа на Република Македонија Ванчо Каргов.


http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=29139

batbayan
24-07-2009, 12:45
Податоци за литургија откриени во црква од 6 век во Коњух



Во апсидата, како и во Филипи, откриена е база за амвон

Катерина Богоева

Црква од времето на Јустинијан I, од 6 век, откриена минатата година на локалитетот Големо Градиште - Коњух, за чија големина и значење говори и зачуваната репрезентативна камена пластика, открива нови моменти од својата историја. Во нејзината внатрешност се наоѓаат и бази од два амвона, што засега се среќаваат само во Филипи, Грција. На ова, но и на други моменти од значењето и вредноста на локалитетот, укажуваат археолозите од македонско-американскиот тим што работат на северното плато, околу кое минува Крива Река. Локалитетот се истражува од 1998 година, од кога се' до 2004 година се истражувал просторот на ридот, акрополата на градиштето каде што е констатирано постоење тврдина од истиот век. Веќе пет години се работи на долниот дел, на откривање на градот кој се смета дека бил подигнат во 5, а постоел до крајот на 6 век. Според сегашните процени, се протегал на површина од 4 до 5 хектари, а освен црквата, се откриени и станбени објекти, улици, како и различен вид мали керамички предмети, но и големи питоси што се чуваат во музејот во Кратово.

Археолозите долго време ја барале црквата, нејзината можна локација била забележана дури во 1938 година, а три години се истражувало околу неа. Раководителот на тековниот проект, археологот виш кустос Горан Санев од Музејот на Македонија, деновиве на самото место, меѓу откриените делови од црквата, со задоволство потенцира дека континуирано се открива вистински урбанизиран, доцноантички град, со многу сложен систем на улици, на патеки, со многу кривини како во своевиден лавиринт. „Мислиме дека во овој рударски крај, на тој начин градот ги заштитувал своите производи од крадци. Се претпоставува врз основа на старите историски извори дека е еден од четирите града, што во овој регион ги подигнал императорот Јустинијан I. Како можен се споменува градот Транупара, но сеуште не е пронајден никаков натпис за да може да се говори со сигурност. Другите три града не се познати, бидејќи овој североисточен крај на Македонија не е ни посебно истражуван. Тоа е проблем во нашата археологија, имаме сознанија за многу од градовите, од градиштата, за населбите, локалитетите кои се евидентирани во регистрите, но малубројни и без континуитет се истражувањата за да се извлечат повеќе податоци. За среќа, овој локалитет континуирано се истражува, а долниот дел каде работиме, бил навистина погоден за живеење, иако не се наоѓа на јужна страна како и што е вообичаено. Претпоставуваме дека целата населба засега зафаќа околу 17 хектари и ги опфаќа двете градишта, но се' уште не знаеме каде се наоѓа некрополата“.



Во откриените објекти во долниот дел од градиштето, особено во црквата се констатирани посебни градежни фази, а се претпоставува дека под неа се крие и друга, постара. Се смета дека животот во градот замрел по некој голем земјотрес.

На просторот на откриената црква, вниманието на прв поглед го привлекува добро изработената камена пластика со резба, но сеуште не се пронајдени мозаични или поплочени подови, што говори за нејзино големо оштетување. Археолозите утврдиле и дека во различни периоди, била прекопувана и од диви копачи.

“Во олтарниот дел, во близина на апсидата најдовме многу животински коски. Оние кои таму прекопувале барајќи најверојатно реликвии, оставиле вистински хаос. Додека таму луѓето нешто јаделе, мислам дека се случил или пожар или некоја друга непогода. Кровот на црквата се срушил, откако материјалот од подот бил однесен, а накрај се срушиле и ѕидовите“, посочи археологот Каролин Снајвли (професор на колеџ во Гетизбург, Пенсилванија, која го истражува локалитетот Коњух од 1998 година), покажувајќи ни ги рабовите на ѕидовите и видливите камења, а под нив и зачуваните ќерамиди. Не' информираше и дека селаните од околината отворено говорат каков материјал од локалитетот е изнесуван. „Видовме вградени два столба во балкон од една куќа во близината, а луѓето овде барале и цигли. Всушност, имавме среќа црквата да биде добро зачувана, бидејќи овде било многу пати копано во потрага по цигли, по столбови... Среќа е што се зачувани и податоци за одржување литургиите. Пронајдовме што е навистина голема реткост, една мала во олтарниот дел, и една надвор од него, две бази за амвон, мали платформи каде што свештеникот или епископот стоел додека пеел, читал или им се обраќал на луѓето. Јас таков пример досега сум сретнала само во Филипи, во Грција. Градов што го истражуваме се наоѓал во римската провинција Дарданија, а досега немавме многу податоци за црквите во неа. Во околината, се наоѓа и познатата чудна, црква, познатата во науката ротонда, која има одредени сличности со црквата која лани ја откривме, слична е и по камената пластика. Баргала е најблискиот град во околината, што датира од тој временски период“. Археолозите досега во долниот дел од градиштето откриле многу работи, ги документираат, и повторно ги затрупуваат со земја. Снајвли смета дека градот кој се открива, повторно бил обновен, во четвртината од 6 век кога на ридот била подигната тврдината. Претпоставува и дека некаде во втората половина на шестиот век, луѓето напуштиле еден негов дел бегајќи во горниот дел од градиштето. „Знаеме дека горе на ридот на крајот на шестиот или почетокот на седмиот век, се случувало нешто драматично, што го означило и крајот на живеењето на луѓето“.


Археологот Каролин Снајвли стои на една од двете бази за амвон, на кои стоеле свештениците

Михаил Стојаноски, кустос во Музејот на Македонија е еден од истражувачите на локалитетот, кој посочува на откриените градби на кои деновиве се работи, но и на цел станбен комплекс кој од под земја излегол при истражувањата што траеле од 2004 до 2006 година. „Се работи за комплекс со многу простории, што се доградувани и преградувани во повеќе фази. Овој град е многу е поразличен, не може да се споредува ниту со Стоби, ниту со било кој посилните доцно антички градови. Но, иако многу поскромен во градбата и во другите елементи, во него е откриен и водоводен систем, детектирани се и улици, станбените комплекси за живеење, црквата, административни згради... Сега за сега, парцијално го фаќаме, но потребно е подолг период и понатаму да се работи, доколку постојат финансиски средства сето тоа и да се конзервира, да се ревалоризира, до него да се направи пат и се разбира да и се презентира на јавноста“.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CF54D185AE49F941A62B57F4170C64CA

batbayan
30-07-2009, 20:18
Електронско списание со вести за македонската археологија


Управата за заштита на културното наследство во соработка со Институтот за општествени и хуманистички истражувања Евро-Балкан ќе го издава електронското списание „Македонски археолошки вести“ на веб-страниците www.mav.mk и на www.man.mk

Првиот број на списанието, кое ќе биде достапно од 2 август, содржи текстови и ексклузивни фотографии за најновто археолошко откритие од Горна Порта во Охрид, како и наоди од Исар Марвинци, Стоби и од археолошките локалитети Билазора, Хераклеја Линкестис и Скопската тврдина.
Списанието ќе има функција да ја запознае македонската и светската јавност со резултатите од археолошките истражувања кои се преземаат на територијата на Република Македонија.

- Македонскиот археолошки весник еднаш месечно ќе ги презентира, афирмира и промовира карактеристиките на позначајните наоди откриени на различни археолошки локалитети, кои хронолошки припаѓаат на историските епохи од праисторијата до доцносредновековниот период. Дел од мисијата на списанието ќе биде да ја приближи македонската археолошка наука до меѓународната стручна и поширока јавност, соопшти Управата за заштита на културното наследство.


http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=29792

batbayan
01-08-2009, 21:20
Македонски археологически вестник

http://www.mav.mk/

batbayan
04-08-2009, 11:54
Билазора била главен штит на Македонија

Античката Билазора имала одлична геостратегиска положба, поради што пет века била главен браник на пајонската и на македонската држава на север и важен административен центар

Многу години очекувавме откривање и дефинитивно потврдување на локацијата на Билазора, еден од најголемите градови во пајонско-македонското време. По двегодишни систематски археолошки истражувања, сега, конечно, со сигурност може да соопштиме дека Билазора, главниот штит на Македонија од тоа време, била овде, на локалитетот Градиште, кај село Кнежје, на четири километри од Свети Николе.

Ова на презентацијата на резултатите од двегодишните ископувања на локалитетот Градиште, го истакна раководителот на проектот, археологот Стефан Данев. Истражувањата биле со поддршка од 500.000 денари од Владата, а значителна помош даде и Американската фондација за археолошки и историски истражувања од Тексас, преку која во истражувањето во Кнежје се вклучени и триесетина археолози, студенти и професори од десетина земји, кои со голем интерес и возбуда работат на овој проект.

- Античката Билазора имала одлична геостратегиска положба, поради што пет века била главен браник на пајонската и на македонската држава на север и важен административен центар. Материјалните докази што ги откривме сведочат за една многу богата историја меѓу овие вредни ѕидови што траела од 7 до 2 век пр.н.е., односно од 167 година пр.н.е., кога градот бил разурнат, по што и на овие простори дошло време на римската империја - рече Данев. Во истражувањата на импозантниот град, за кој се претпоставува дека се протега на површина од 20 хектари, досега се откриени ѕидовите на бедемот на акрополата, одбранбени кули, влезната порта, градскиот плоштад, храм, вреден движен материјал.

На презентацијата присуствуваше и пензионираниот долгогодишен професор на катедрата за археологија на Филозофскиот факултет во Скопје, д-р Иван Микулчиќ, кој пред три децении прв ја објавил предлог-тезата за местоположбата на Билазора на локалитетот Градиште кај Свети Николе.

- Мило ми е што сега се потврдија тие претпоставки. Уште тогаш дојдов до заклучок дека ова е најголемата утврдена населба во тој период на подрачјето на некогашната Пајонија, за која грчкиот историчар Полибиј запишал дека се вика Билазора и оти тоа бил најголемиот пајонски град изграден на идеално место за одбрана на Пајонија, а подоцна и на Македонија, од упадите на Дарданите од Скопско-кумановскиот регион. Пајонците со време сосема се зближиле со Македонците, а во 217 година пр.н.е. македонскиот крал Филип Петти ја вклучил Пајонија во својата држава. Значи, Пајонците, кои долго биле самостојни, на крајот се претопиле во големата македонска држава и станале најсеверно македонско племе. Своевремено некои европски историчари претпоставуваа дека Билазора веројатно треба да се бара кај Велес, но истражувањето јасно покажа дека тоа не е точно - објаснува д-р Микулчиќ. Бидејќи се работи за големо откритие, археолозите се категорични дека истражувањата на Билазора мора да продолжат и тоа со зголемен интензитет, за што ќе бараат поголема поддршка од Владата и од Министерството за култура.

- Овој локалитет, како еден од приоритетните, се' уште не е влезен во капиталната програма на Владата. Но, верувам дека тоа ќе се случи уште во следната година, со што ќе се добијат повеќе пари за истражување. Колегите-археолози ја погодија вистинската позиција, вистинското место што возбудува и убеден сум дека овде наскоро ќе доаѓаат многу туристи за да ја видат најсеверната одбранбена точка на Македонија - изјави Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство на Македонија.

Кралевите ги крунисувале во Брегалница

Според археолозите, Пајонците своите кралеви ги крунисувале во реката Астибо, денешна Брегалница, во близина на нејзинот влез во Аксиос (Вардар). Потоа церемонијата продолжувала во Билазора.

По пропаѓањето на Билазора, на триесетина километри од неа никнал градот Астибо, денешен Штип. Реката Астибо подоцна била преименувана во Брегалница, најверојатно според тогашниот антички град - Баргала.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B74B15DFB9ECEB4DBC67CF5F9ECFA0F1

batbayan
05-08-2009, 11:02
Човечкиот род да биде ситуиран со нашите археолошки вредности


Многу археолошки новости можат да се најдат на новиот сајт промовиран од Управата за заштита на културното наследство, www.mav.mk. Станува збор за електронско списание, наречено "Македонски археолошки весник"


Во неодамна откриената гробница на благородничката од 5 век п.н.е., кај Горна Портаа, Охрид, покрај скапоцените погребни златни артефакти, се пронајдени и две златни обетки со пирамидални гранулирани висулци кај главата, четири бронзени и сребрени белегзии со змиски глави кај рацете, две бронзени спираловидни белегзии кај нозете, долг сребрен синџир со украсени завршетоци, еден украсен стаклен амфориск меѓу синџирот, една двојна сребрена омега игла, перли од килибар за ѓердан украсени со паралелни жлебови, големи аморфни килибарни предмети.

Оваа информација, и многу други археолошки новости, може да ги најдете на новиот сајт промовиран од Управата за заштита на културното наследство, www.mav.mk. На електронското списание, наречено "Македонски археолошки весник", во врска со ова големо археолошко откритие, се презентирани и голем број на откриени артефакти и преку фотографии.
- Бидејќи со своето име, сувереност и државност е единствен легитимен претставник на историската мисија на поимот Македонија, сметавме дека е потребно човечкиот род од вкупната хемисфера на планетата Земја да биде ситуиран со нашите археолошки вредности кои се резултат на сопственото опстојување и на опстојувањето на другите цивилизации од минатото на овој дел од македонската почва и кои се интегрален дел на нашето и истовремено на светското културно и историско наследство, ќе рече во текстот "Кон првиот број", археологот и главен и одговорен уредник на списанието, Паско Кузман.

Првиот број од ова месечно интернет издание носи и интересни прилози за откриениот златен накит од периодот од IV до II век п.н.е. на археолошкиот локалитет Исар Марвинци, за гробот со теракоти и статуата на Афродита во Стоби, како и кратки фото вести.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=9AFC95582AAE0040976B70441F301CB 5

batbayan
05-08-2009, 11:03
Населението во македонско-албанскиот граничен појас (XV - XVI век)


Институтот за национална историја ја објави книгата на д-р Драги Ѓорѓиев „Населението во македонско- албанскиот граничен појас (XV - XVI век)“, во која авторот ги презентира истражувањата во спомнатата територија, што се нашла во фокусот на неговиот интерес, пред се', поради нејзината комплексност и актуелност.

„Тоа е една од териториите каде што живееле измешани повеќе православни христијански етнички групи. Нивната верска компактност била разбиена со доаѓањето и со ширењето на исламот.

Одеднаш односите меѓу довчерашните соседи, роднини, современици, кои се поделиле во различни верски табори, драстично се промениле. Ваквите односи и диференцијацијата на различните етнички групи што се случиле пред повеќе од четири векови, се присутни и денес, поради што таа територија не изгубила ништо од својата актуелност.

Денес македонско-албанскиот граничен појас е вистински репер за нивото на релаксираност или заладеност во меѓуетничките односи во Македонија, поради што истражувањето на верската и на етничката структура на населението на тој простор во XV и во XVI век е актуелно и од современ аспект.

Втор момент што ја направи оваа територија прифатлива за истражување беше богатството од оригинален архивски материјал“, вели авторот, кој врз основа на објавени и необјавени опширни и сумарни османлиски пописи ја следел демографската ситуација.

Постоењето на десетина такви дефтери од 1440 и 1583 година, биле еден од главните услови Ѓорѓиев да го почне своето истражување.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9E2F3267B82BB845BD642404C1C0EC98

batbayan
06-08-2009, 22:01
ВО ВЕЛЕС


Ќе се истражуваат Латински гробишта и Кале


Во септември археолозите ќе ги продолжат минатогодишните ископувања на локалитетот Кале кај селото Згрополци. Стручњаците веруваат дека во овој локалитет, кој е од македонско-хелинистичкиот период и кој се наоѓа на десетина километри од античкиот град Стоби, ќе откријат поголем број непознатици за животот и културата на жителите кои живееле во него


Археолози од Народниот музеј од Велес и оваа година ќе ги продолжат ископувањата во античките локалитети "Латински гробишта", недалеку од селото Раштани и "Кале" во близина на селото Згрополци.

На локалитетот Латински гробишта археолозите ќе вршат ископувања на станбен објект, кој што во 2006 година, случајно беше откриен, при извршување на градежни работи на новите велешки градски гробишта.

Локалитетот, според раководителот на проектот, археологот Анита Василкова Мидоска, е од древниот антички период. Во наредните триесетина денови тројца археолози и петнаесет работници планираат да извршат целосно истражување на објектот, да ја откријат неговата намена и секако да пронајдат предмети и накит со што ќе можат да ја заокружат целината и хронологијата на овој локалитет во кој се уште се кријат многу тајни.

"При ископувањата во 2006 година откривме 21 гробница со инхуминирани покојници со ориентација запад-исток, што е ретко и што го нема во други локалитети. Во гробовите не пронајдовме никаков накит или предмети што јасно ни кажува дека локалитетот е од доцниот антички период", ни рече археологот Василкова.

По завршувањето на истражувањата на овој локалитет во текот на септември археолозите од Народниот музеј од Велес ќе ги продолжат минатогодишните ископувања во локалитетот Кале кај селото Згрополци. Стручњаците веруваат дека во овој локалитет, кој е од македонско-хелинистичкиот период и кој се наоѓа на десетина километри од античкиот град Стоби, ќе откријат поголем број непознатици за животот и културата на жителите кои живееле во него.
Средствата за продолжување на истражувањата во локалитетот Латински гробишта ги обезбеди општина Велес, додека Министерството за култура за локалитетот Кале обезбеди финансиски средства во висина од 100.000 денари.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=11DACECE3B24F746A0FADD052A04A76 3

batbayan
06-08-2009, 22:03
Монети со Филип Втори најдени на Цареви кули, Струмица

Мо*не*ти со ликот на Филип Втори, амфори, садови, кантароси, накит, фраг*мен*ти од сликани вазни, фигури од малоазиски тип се пронајдени на археолошкиот локалитет Цареви кули над Струмица, што докажува дека Струмичката тврдина била населена кон крајот на чет*вр*ти*от век пред нашата ера, пренесува агенцијата МИА.
"От*крив*ме прекрасен материјал од крајот на петтиот и од четвртиот век, поп*ре*циз*но од македонско-хеленистичкиот период, датиран со монети на Фи*лип Втори. Исто така, дефиниран е и доцноантичкиот бедем на оваа тврдина, при што се откриени и две кули од тој период", вели археологот Зоран Рујак, ра*ко*во*ди*тел на овој истражувачки проект.
Спо*ред него, сите досегашни наоди, заедно со праисториската населба, ука*жу*ва*ат дека на овој локалитет опстојувале разни цивилизации од пра*ис*то*ри*ја*та до средниот век, односно во период од околу седум илјади години.


http://vest.com.mk/?ItemID=E34E57D1D0BA7B4D8811FE6A64562A07

batbayan
06-08-2009, 22:07
ЛОКАЛНИТЕ КУЛТУРНИ ОБЈЕКТИ ЗА ПРВПАТ ДОБИЈА ЗАСЛУЖЕНО ВНИМАНИЕ


Музеи и културни центри - на лифтинг


Со програмата на Министерството за култура опфатени се сите музеи и 22 домови и центри за култура во Македонија. Во првата фаза веќе се вршат најприоритетните градежно-занаетчиски работи. Втората, пак, ќе се реализира во 2010 кога ќе се набавува и соодветна опрема за нивно функционирање


Сите музеи во Република Македонија, како и 22 културни центри во повеќе градови во државата, ќе бидат реконструирани во текот на оваа и наредната година. Во првата фаза, која веќе се реализира, се санираат најприоритетните градежно-занаетчиски работи (санација на покривот, поправки на електрична инсталација и санација на санитарни јазли), а втората фаза, според надлежните во Министерството за култура, ќе се реализира во 2010 година кога ќе се набавува и соодветна опрема за функционирање на домовите за култура. Дека на центрите им беше потребен најитен "лифтинг" укажуваше и нивната состојба на која секојдневно имаше поплаки од културните работници и раководителите на овие институции.
- Целта е да се овозможи побогат културен живот и во помалите населени места во Републиката, затоа се и издвоени поголеми средства за реконструкција и санација на културните домови, како и средства за уредување и поставување на етнолошки и археолошки поставки автентични за градовите. Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска во текот на изминатата и во текот на оваа година ги посети центрите и домовите за култура за да се констатира состојбата, вели Анита Јованоска, портпарол во Министерството за култура.

Санација е веќе започната во 12 културни центри и тоа во Кичево, Неготино, Охрид, Битола, Струмица... за што според надлежните се потребни 30.650.000 денари. Министерството за култура издвои средства и за најприоритетните градежно-занаетчиски работи во десет домови за култура во градовите: Демир Капија, Демир Хисар, Кратово, Пробиштип...

За оваа намена, пак, од државниот буџет се издвоени околу 39 милиони денари.
И уредувањето на музеите ќе се одвива по ист принцип, во фази, велат во Министерството. Веќе се започнати градежно-занаетчиски работи во седум национални музеи во Кичево, Струга, Националниот музеј и Музеј на тетовскиот крај во Тетово, во Гевгелија, Куманово, Крушево, како и во четири музеи кои претставуваат локални установи. Вкупните средства потребни за уредување на сите музеи изнесуваат 9.160.000 денари. Етнолошките и археолошките поставки ќе бидат на ред во 2010 година.
- Со уредување на сите музеи во Република Македонија ќе се овозможи и поголема едукација на младите секаде во државата, а од Министерството потврдуваат дека за првпат се издвоени толку средства за оваа намена.


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=E5CFCC03B54CA04F821E493C2C091C2 8

batbayan
06-08-2009, 22:15
Сто теракотни фигури откриени во Стоби, нови сто глинени војници во Кина Останати вести

Сајтот за археологија во 4 дена имал 500 посетители
Најсилна конкуренција за „букер“ досега
Уште едно откажување на „Охридско лето“
Поезијата на Лидија Димковска ќе се проучува во Америка
Нов закон за нова одговорност во културата

Печати | Прати ја страницата | Врати се назад

Сто и петнаесет теракотни фигурини се откриени во гробно место во Стоби речиси истовремено кога кинеските археолози во централна Кина открија нови сто глинени војници од познатата теракотна армија на царот Чин


Сто и петнаесет теракотни фигурини со претстави на божества, животни и комедијанти се откриени во гроб во Стоби за време на најновите истражувања на локалитетот. Во гробната јама (за истражувачите позната под бројот 2.226), покојникот е кремиран, а гробните дарови, меѓу кои и овие фигурини, се групирани на средината.

Меѓу фигурините археолозите издвоиле 11 различни типа фигури, од кои некои се застапени во повеќе варијанти. Најчести се претставите на Телесфор (божество на здравеењето), сам или со дете, Афродита, која седи на птица, и Ерос, кој се јавува во неколку варијанти - јавнат на бик, со Психа и со лира. Од животинските претстави најчести се фигурите на бикови (16) и на петли (2).

- Тие се различно интерпретирани - како едноставни претстави од секојдневјето и како персонификации на божества, најчесто со хтонско значење или симболика поврзана со задгробниот живот и повторното раѓање - вели Силвана Блажевска, раководителка на истражувањата на Стоби.

Во гробот се најдени и 19 фигури на коњаници, 5 комедијанти, 2 стоечки крилести фигури на пес и др.

- Теракотите се изработени во калап, а по печењето се премачкани со бела боја, врз која деталите се нанесувани со интензивна сина, црвена и жолта боја, за жал, зачувана во траги - вели Блажевска.

Гробот е едно од побогатите погребувања во Западната некропола на Стоби, откриен во близината на Порта Хераклеја, и датиран е на последната четвртина од првиот век пред Христа.

Речиси во исто време кога на Стоби е откриен гробот со 115-те фигурини, светските агенции јавија дека во Сијан, централна Кина, во најновите археолошки истражувања почнати кон средината на јуни се откриени уште стотина војници од печена глина во близината на гробницата на првиот кинески цар и основач на династијата Чин.

Меѓу новопронајдените фигури најмногу се истакнува статуата на еден великодостојник, велат кинеските археолози. Тој е најден со лице свртено кон земјата, зад четири кочии. Главата му е оштетена, но на статуата се наоѓаат траги од боја.

- Оригиналните бои се избледени во текот на изминатите 2.000 години, но еден дел од облеката навестува дека таа била боена - велат археолозите.

Новата фаза на ископувањето се одвива на најголемата од трите локации, кои се откриени во 1974 година и кои скриваат армија на војници, коњи и борни коли. На овие локации досега се откриени седум илјади војници и само неколку фигури на воени заповедници. Процена е дека локалитетот крие уште 5.000 неоткриени фигури.

Теракотната армија на првиот цар на Кина, Чин ши Хуанг, исто така е погребна опрема, датирана на 210 година пред нашата ера.


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8691013261&id=16&prilog=0&setIzdanie=21756

batbayan
06-08-2009, 22:17
Сто теракотни фигури откриени во Стоби, нови сто глинени војници во Кина


Сто и петнаесет теракотни фигурини се откриени во гробно место во Стоби речиси истовремено кога кинеските археолози во централна Кина открија нови сто глинени војници од познатата теракотна армија на царот Чин


Сто и петнаесет теракотни фигурини со претстави на божества, животни и комедијанти се откриени во гроб во Стоби за време на најновите истражувања на локалитетот. Во гробната јама (за истражувачите позната под бројот 2.226), покојникот е кремиран, а гробните дарови, меѓу кои и овие фигурини, се групирани на средината.

Меѓу фигурините археолозите издвоиле 11 различни типа фигури, од кои некои се застапени во повеќе варијанти. Најчести се претставите на Телесфор (божество на здравеењето), сам или со дете, Афродита, која седи на птица, и Ерос, кој се јавува во неколку варијанти - јавнат на бик, со Психа и со лира. Од животинските претстави најчести се фигурите на бикови (16) и на петли (2).

- Тие се различно интерпретирани - како едноставни претстави од секојдневјето и како персонификации на божества, најчесто со хтонско значење или симболика поврзана со задгробниот живот и повторното раѓање - вели Силвана Блажевска, раководителка на истражувањата на Стоби.

Во гробот се најдени и 19 фигури на коњаници, 5 комедијанти, 2 стоечки крилести фигури на пес и др.

- Теракотите се изработени во калап, а по печењето се премачкани со бела боја, врз која деталите се нанесувани со интензивна сина, црвена и жолта боја, за жал, зачувана во траги - вели Блажевска.

Гробот е едно од побогатите погребувања во Западната некропола на Стоби, откриен во близината на Порта Хераклеја, и датиран е на последната четвртина од првиот век пред Христа.

Речиси во исто време кога на Стоби е откриен гробот со 115-те фигурини, светските агенции јавија дека во Сијан, централна Кина, во најновите археолошки истражувања почнати кон средината на јуни се откриени уште стотина војници од печена глина во близината на гробницата на првиот кинески цар и основач на династијата Чин.

Меѓу новопронајдените фигури најмногу се истакнува статуата на еден великодостојник, велат кинеските археолози. Тој е најден со лице свртено кон земјата, зад четири кочии. Главата му е оштетена, но на статуата се наоѓаат траги од боја.

- Оригиналните бои се избледени во текот на изминатите 2.000 години, но еден дел од облеката навестува дека таа била боена - велат археолозите.

Новата фаза на ископувањето се одвива на најголемата од трите локации, кои се откриени во 1974 година и кои скриваат армија на војници, коњи и борни коли. На овие локации досега се откриени седум илјади војници и само неколку фигури на воени заповедници. Процена е дека локалитетот крие уште 5.000 неоткриени фигури.

Теракотната армија на првиот цар на Кина, Чин ши Хуанг, исто така е погребна опрема, датирана на 210 година пред нашата ера.


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8691013261&id=16&prilog=0&setIzdanie=21756[/QUOTE]

batbayan
10-08-2009, 11:28
ВОЕН МУЗЕЈ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА


Боздоганот на Крали Марко во музеј


Мечот и боздоганите од времето на македонските средновековни кралства на кралот Волкашин и Крали Марко, оружје, лични предмети и артефакти за најпознати активисти на Македонската револуционерна организација, оригиналното знаме на Јане Сандански - ова се дел од работите кои Министерството за одбрана планра да ги стави во репрезентативен воен музеј на две локации во центарот на главниот град кој треба да биде отворен до крајот на годинава. Според портпаролот на Министерството за одбрана, Сашко Димов, изготвениот проект предвидува воениот музеј да содржи надворешна експозиција сместена под скопската тврдина Кале и внатрешна во Музејот на Македонија веднаш спроти тврдината. Според него, Воениот музеј што го отвори претходната Влада во 2006 година оцени дека тој уште на самиот почеток бил осуден на замирање.

Во надворешната експозиција на Воениот музеј се планира да бидат изложени огромен број ексклузивни експонати, како што се ретките примероци на германски топови, ретките британски полски кујни, еден од првите изработени примероци на американскиот тенк Шерман, имровизиран ров..... Во отворениот дел е предвидено отворање и музејска продавница за сувернири. Внатрешната експозиција, во комплексот на музеите на Македонија треба да содржи оружје, опрема, облека, униформи, воени знамиња, воени карти, ордени и други воени одликувања, фотографии, документи, видеозаписи и уште многу други ексклузивни артефакти од целокупната воена историја на Македонија, артефактите за учеството на Македонците во Балканските војни 1912 - 1913 година и факсимилите од оригиналниот примерок на Букурешкиот договор 1913 година.

Како новина во музејското работење, портпаролот на МО најави он-лајн музеј, при што заинтересираните граѓани ќе ги разгледуваат збирките и експонатите на воениот музеј преку неговата веб-страница. Треба да профункционира веднаш по поставувањето на сите експонати.


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=4563B8F55A84F34C8DD0032127DAD35 B

batbayan
11-08-2009, 14:44
СЕ ПРОШИРУВА НЕОЛИТСКОТО СЕЛО ВО ГАЗИ БАБА

Две нови куќи од кал во Тумба Маџари

Според најавите од Гази Баба, куќите ќе бидат готови до крајот на септември и во нив ќе има копии од оригинални предмети, пронајдени со досегашните археолошки истражувања

Се проширува неолитското село на археолошкиот локалитет Тумба Маџари во Општина Гази Баба. Предвидено е да се изградат уште две куќи по примерот на неолитските куќи, изградени минатата година. Во изградбата се користат археолошки остатоци, пронајдени на локалитетот. Куќите ќе бидат од дрвени колци, од гранки и ќе бидат обложени со дебел слој од кал и плева. Во нив ќе има копии од оригинални предмети, пронајдени со досегашните археолошки истражувања. Во нив ќе има жени што извршуваат домашни работи, печки, садови и големи ќупови.
Ќе се изработат и мини-фарма со неколку праисториски домашни животни и мочуриште.
Од Општина Гази Баба информираат дека со доизградбата на селото уште повеќе ќе се доловат околината и секојдневјето на предците од неолитот.
"Започна реализацијата на втората фаза од археолошкиот проект Реконструкција на неолитското село Тумба Маџари. За годинава е предвидено изградба на само уште две куќи и се очекува селото да биде проширено до крајот на септември", велат од Гази Баба.
Пари за инфраструктура обезбеди Општината, додека за истражувањата и реконструкцијата Министерството за култура издвои 1 милион и 800.000 денари.

http://vest.com.mk/?ItemID=98EAAF141A68CC4A9FDF54D29630073E

batbayan
12-08-2009, 14:34
МАКЕДОНИЈА ОЧЕКУВА НАЈСОФИСТИЦИРАНА ОПРЕМА


Културното наследство ќе го заштитуваме со нуклеарни техники

Во националната хемиска лабараторија од страна на експертски стручен тим од Виена ќе бидат инсталирани инструменти, кои ќе овозможат длабинска анализа на елементарниот состав на примерокот и утврдување на неговата старост


За заштита на нашето националното културно наследство наскоро ќе се користат најсофистицвираните нуклеарни техники, што ќе биде овозможено со набавка на опрема според светските стандарди, која веќе 2010 треба да пристигне во Македонија. Националниот конзерваторски центар (НКЦ) кој е дел од регионалниот проект за употреба на нуклеарни техники за заштита на културното наследство започна со едукација на стручниот кадар од централната хемиска лабараторија при НКЦ.

-Следната година ќе биде инсталиран инструментот за рендгенска флуоросцентна анализа во хемиската лабараторија од страна на експертски стручен тим од Виена, а во 2011 треба да пристигне и инструментот за инфрацрвена спектроскопија. Со ова Македонија конечно ќе добие опрема според светските стандарди, а ќе се овозможи употреба на нуклеарни техники кои веќе се користат во познатите истражувачки центри во регионот со кои ќе воспоставиме цврста соработка, вели Бехиџудин Шехапи, директор на НКЦ.

Тој потенцира дека овој регионален проект, како и националниот проект "Нуклеарни техники во заштита на национално богатство" (2009-2011) имаат за цел да ја промовираат улогата на нуклеарните техники во испитувањето, конзервацијата и заштитата на спомениците на културата во Македонија. Крајната цел пак, е да се заштити и сочува културното наследство. Инаку, опремата чија вредност е 200.000 евра е донација на Интернационалната Агенција за атомска енергија со седиште во Виена.

Според Лидија Чуковска, раководител на секторот за непосредна заштита на културното наследство при НКЦ, главната причина за потреба од овие техники е користење на недеструктивни методи во заштитата на културното наследство.
-Досега беше потребно да се земе примерок од терен и да се донесе во лабараторија за да се испита, со што доаѓаше до оштетување, а сега и самите инструменти ќе можат да се користат на објектот каде се вршат испитувањата. Со оваа опрема ќе се врши длабинска анализа на елементарниот состав на примерокот. Во иднина ќе се овозможи и датирање, односно утврдување на староста на примерокот. Со ова се добиваат значајни резултати кои понатаму се користат при конзервација и реставрација. Инаку, националната хемиска лабараторија при НКЦ, досега не поседуваше соодветна опрема за испитување и карактеризација на спомениците на културата.

Според заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ битно е културното наследство во Македонија да се заштити според светските стандарди и конзерваторите да добијат неопходна обука. Тој потенцираше дека е воспоставена соработка со Русија, Франција, Полска со кои ќе се изврши и размена на експерти. Опремувањето на хемиската лабораторија при НКЦ пак е влезено и во програмата на Владата


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=2A8C689641BBC74486050B295B620B4 2

batbayan
13-08-2009, 15:45
Ќе се конзервира црквата "Свети Ѓорѓи" во Старо Нагоричане

Најголем дел од донацијата ќе се употреби за реставрација на црквата, бидејќи влагата ги уништила фреските

http://i89.servimg.com/u/f89/12/59/95/77/bc951710.jpg (http://www.servimg.com/image_preview.php?i=647&u=12599577)

Европската комисија донира 836.000 евра за зачувување на културното наследство во Општината Старо Нагоричане. Проектот на Општината, во кој е вклучено Министерството за култура, предвидува реставрација на црквата "Свети Ѓорѓи", на пештерата во која престојувал на Прохор Пчињски, уредување на целиот комплекс, обновување на три стари куќи во селото, во автентичен стил, и отворање на етно - музеј во зградата на старото училиште.
"Покривот на црквата подолго време протечува. Влагата делумно ги уништи фреските, кои се од непроценлива вредност. Затоа најголем дел од средствата ќе одат за таа намена", вели градоначалникот на Куманово Миодраг Јовановиќ.
Црквата "Свети Ѓорги" е карактеристична по камениот олтар, специфичната градба од две временски фази од 11 и 14 век, и фрескоживопис најраскошен од тоа време. (С.Н.)

http://vest.com.mk/?ItemID=EBC1465A466A55499D188AEA7007348B

batbayan
15-08-2009, 17:13
Ќе се реставрира црквата Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане

Видео долу на страницата:

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=43&egId=17&eventId=52007

batbayan
20-08-2009, 15:27
Истражувања за реконструкција на Римската терма во Банско



Програмата опфаќа детални археолошки и статистички истражувања

Стручните лица од Регионалниот завод за заштита на спомениците на културата и Музеј во Струмица работат на проектот за комплетна реконструкција на Римската терма во бања - Банско.

Славица Тасева, директорка на Заводот-музеј во Струмица, информира дека археолозите и оваа година вршат систематски истражувања на локалитетот, на кој активно се работи три децении. Планот за реконструкција, според Тасева, е мошне обемен.

„Програмата опфаќа детални археолошки и статистички истражувања, испитувања на носивоста на тлото, анализа на објектот и изготвување проект за негова комплетна реконструкција. Се надевам дека до крајот на годинава ќе имаме опипливи резултати кои ќе ги презентираме пред јавноста“, изјави Тасева.

Во досегашните истражувања на овој бањски комплекс, кој е уникатен на Балканот според начинот на загревање со топла вода од природен извор, се откриени 11 простории со вкупна површина од 623 квадратни метри. Откопани се и бројни артефакти, како што се мермерна статуа и бронзени статуетки на богот Меркур, делови од уникатен мозаик, предмети од керамика, како и уште еден градежен комплекс во непосредна близина на термата.

Сегашните истражувања и реконструкцијата, кои се целосно поддржани од Владата на Република Македонија односно од Управата за заштита на спомениците на културата при Министерството за култура, ќе придонесат за целосно дефинирање на лекувалиштето од доцниот римски период кое било изградено пред 16 века. (К.Р.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=26EC024EEDBFEA428B629F382A1E54F6

batbayan
21-08-2009, 16:02
Археолошки ископувања во „Пелинско градилиште“ и во „Кокино“

Екипи од кумановскиот музеј на крајот од месецов интензивно ќе работат на ископувањата на терен во месноста Пелинско Градилиште


Според археологот и директор на Музејот во Куманово, Јовица Станковски, овој локалитет е интересен комплекс, каде што веќе се пронајдени предмети од бронзено време.

- Токму поради овој податок, локалитетот се смета за особено значаен меѓу археолозите – вели Станковски.
Тој најави дека ископувања ќе се вршат и во мегалитската опсерваторија „Кокино“.

- Министерството уште од јули годинава издвои средства за истражувања на локалитетот, за кој странската и домашната јавност покажуваат значителен интерес – вели Станковски.


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=82091543454&id=16&prilog=0&setIzdanie=21769

batbayan
25-08-2009, 20:42
Монументалната скулптура поставена пред Музејот на Македонија
Скулптурата утревечер во 20 часот свечено ќе ја отвори министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска


Монументална скулптура „Пајонска свештеничка“ изработена од бронза, висока три ипол метри чиј автор е скулпторот Сретко Јовановски, е поставена во дворот на Музејот на Македонија.
Програмскиот директор на Музејот Перо Јосифовски на денешната прес-конференција истакна дека иако скулптурата е уметничка реконструкција која е авторство на Јовановски, таа се базира на оргинални артефакти.

- Бронзените артефакти на скулптурата се од еден гроб откриен на некрополата Лисичин дол во Исар Марвинци. Тоа е многу богат гроб бидејќи станува збор за култни предмети. Се направи цртеж реконструкција врз основа на наодите и по него скулторот ја изработи фигурата

Стана јасно, нагласи тој, дека тоа е божица која можеби била одговорна за култот на Сонцето бидејќи познато е оти Пајонците и сите други племиња кои спаѓаат во таа групација, имале специјален најразвиен култ кон Сонцето.

Фигурата е почната со донација од пет илјади евра која овозможила да се создадат услови да почне таа да се работи.


http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=30542

batbayan
27-08-2009, 10:17
Македонија ги отвора портите за странски археолози

Стотина археолози од Руската Федерација идната година ќе дојдат во Македонија и заедно со нашите научници ќе ги истражуваат богатите археолошки локалитети во земјава



Стотина археолози од Русија идната година ќе дојдат во Македонија. Тие заедно со нашите научници ќе ги истражуваат богатите археолошки локалитети во земјава. За возврат, конзерватори од земјава ќе се усовршуваат во руските центри за конзервација и реставрација, најавува заменик-министерот за култура, Драган Недељковиќ. Слична соработка ќе има на полето на истражувањето и на заштитата на културното наследство и со Франција.

- Македонија не произведува авиони и автомобили. Нашата земја може да ја претставиме преку културата. Дел од таа промоција е обновување и спроведување археолошки ископувања на територија на целата држава. Годинава ископуваме 20 приоритетни локалитети. Тоа е огромна работа затоа што ние, сепак, сме мала земја со ограничен буџет. Многу поголеми земји од нашата, културни велесили, не прават вакви потфати. Затоа нашите истражувања во областа на археологијата и на промоцијата на културата предизвикаа големо внимание не само во државата туку и во странство - објаснува Недељковиќ.Според него, археолошките ископувања дале огромни резултати, златна маска, златни обетки, гривни, 150 теракотни војници во Стоби и многу други. Паралелно со ископувањата се врши и реставрација на археолошките локалитети, скопското Кале, Стоби, Хераклеја Линкестис, Виничко кале, Исар-Мавринци, Исар во Штип, охридските тврдини и други.

ЦЕНТРИ ЗА КУЛТУРА

Македонија и Руската Федерација пред еден месец потпишаа програма за соработка во областа на културата. Недељковиќ објаснува дека Русите имаат сознанија за тоа што го работиме во Македонија. Тој се сретнал со министерот за култура на руската федерација и со неговиот заменик.

- На официјалните и неофицијални разговори се договоривме дел од нашите стручњаци од областа на конзерваторската дејност да одат на обука во нивните центри. Руските археолози, пак, ќе дојдат на дообука и истражувања кај нас. Русија е голема земја, но нема толкави и толку разновидни археолошки локалитети, какви што имаме ние. Тие со задоволство ја прифатија оваа понуда - објаснува заменик-министерот.

Договорено е догодина да се отвори културен центар на Руската Федерација во Скопје и македонски културно-информативен центар во Москва. Според Недељковиќ, во Министерството за култура веќе е договорено да се отворат реципроцитетни центри за култура со Србија и Украина, а во преговори сме и со Франција.

- Во рамките на подготовките за Деновите на македонската култура во Нормандија, Франција договоривме соработка. Тие се многу силни на полето на конзерваторската и на реставраторска дејност. И со нив ќе направиме размена на конзерватори и археолози - вели Недељковиќ.

МАКЕДОНИЈА ВТОР ЕГИПЕТ

Во земјава нема да доаѓаат студенти по археологија, туку дипломирани археолози.

- Да не речам дека Македонија е втор Египет, но сите археолози што значат нешто во светот сакаат да дојдат тука и да копаат на нашите археолошки локалитети бидејќи терените се богати со артефакти. Имаме непроценливо богатство под земја - вели тој.

На прашањето дали е ова обид на истражувачите од странство да им се овозможи да видат какви културни слоеви крие нашата почва, особено зашто Грција постојано го негира нашето право на дел од културно-историското наследство од периодот на раната антика, Недељковиќ одговара:

- Не би повлекувал паралели меѓу Грција и Македонија, дали е античка или не знам каква. Ние строго се држиме до културните вредности на една држава. Ние живееме во Република Македонија, културата на нашиот народ е голема и има далечно минато. Не присвојуваме нечија култура. Имаме наша култура, наши културни вредности, кои сакаме да ги презентираме пред светот. Не сакаме да се докажуваме пред светот туку да го покажеме тоа што го имаме. Ние имаме културно-историски споменици од османлискиот период. Ги заштитуваме, обновуваме и ги чуваме. Македонија била на крстопат. Била под турско, под бугарско под српско, ние не можеме да кажеме дека тоа не се случило. Факт е дека постоело на нашата територија во минатото, како што постојат споменици и артефакти и од античко време.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=5357F15E9885B84CA3B9201C4A2CBDD0

batbayan
27-08-2009, 14:13
„Св. Атанасиј“ во Варош, Прилеп Останати вести

Екипа на Заводот и музеј од Прилеп, предводена од архитектката Васка Печијареска, изработува проект за конзервација, реставрација и реконструкција на црквата „Свети Атанасиј“ во Варош.

- Годинава ќе се извршат физичко-хемиски анализи на малтери во соработка со Националниот конзерваторски центар во Скопје. По опсежните анализи на постојната состојба и архитектонската концепција на црквата, изработеното идејно решение за конзервацијата, реставрацијата и реконструкцијата, ќе треба да го одобри Управата за заштита на културното наследство во Скопје - вели Печијареска.

Идната година неопходно е да се направат геомеханички истражни работи на црквата, темелите и темелната подлога, во соработка со Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија од Скопје.

- Ќе се дефинира конструктивната консолидацијата на постоечкиот дел од црквата и конструктивната врска на постоечкиот и реконструираниот дел од објектот - вели Печијареска.

Црквата „Св. Атанасиј“ има основа на впишан крст со купола носена од четири мермерни столбови. Аналогии во однос на архитектонскиот концепт, за кој малку се знае бидејќи се останати само ѕидовите, се наоѓаат во црквите „Св. Никита“ во селото Бањани, во близината на Скопје, како и во црквата „Св. Богородица Захумска“ во местото Заум, на Охридско Езеро.

- Црквата е градена во комбинација на правилно делкан бигор и редови на тула, што е начин на ѕидање карактеристичен за 14 век. Горните партии на ѕидовите и покривната конструкција со сводовите и куполата се срушени, а дрвените надвратници и видливите дрвени греди во ѕидовите - кушаци се опожарени. Од живописот на црквата кој во целост е уништен, сочувани се само траги на јужниот ѕид - вели Печијареска.

За подигањето и живописувањето на оваа мала, но многу убава црква не се сочувани историски податоци. Изградена е во средновековниот град Варош, покрај многуте други цркви, вкупно 77 за кои се говори во многубројните легенди, сочувани и несочувани до денес. Над неа се издигнува манастирот „Св. Архангел Михаил“, а под неа се ремек-градбите од тој период, црквите „Св. Никола“ и „Св. Димитрија“.


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=82691921116&id=16&prilog=0&setIzdanie=21774

batbayan
01-09-2009, 17:43
Археолошки Истражувања Скопско Кале


http://www.skopskokale.com.mk

batbayan
11-09-2009, 15:35
Базиликата кај Зрзе е ранохристијанска

Базиликата кај прилепското село Зрзе била изградена во ранохристијанскиот период, откриле археолозите при истражувањата околу манастирскиот комплекс кај селото. Според новите откритија, базиликата датира од два периода, од 5 и 6 век и периодот од 9 до 15 век.

- Најдовме камена пластика и натпис од 5 век. Од ова време има и гробници. Новите наоди сведочат дека монашката населба, откриена лани, се базира на ранохристијански корени и се поместуваат податоците за почетоците на христијанството на овие простори - вели археологот Бранислав Ристески, раководител на истражувањата.

Годинава биле откриени уште една монашка црква од 9 до 15 век, со што е заокружен целиот монашки комплекс. Археолозите досега откриле околу 50 монашки келии, црква со значаен натпис и други движни наоди, кои се значајни од археолошки, историски и од културен аспект. (Љ.М.)

http://dnevnik.com.mk/?itemID=234C8B77A6F5D240B06406E41BC4CA5E&arc=1

batbayan
11-09-2009, 15:37
ОТКРИТИЕ НА ПРИЛЕПСКИОТ ЛОКАЛИТЕТ
Римски убавици ископани на Стибера
Две мермерни женски глави високи 31 сантиметар, а широки 23 сантиметри, кои датираат од четвртиот век, се пронајдени деновиве за време на археолошките истражувања на наоѓалиштето Стибера, Прилепско. Лилјана Кепеска, археологот што работи на локалитетот, вели дека откритието е доказ дека на Стибера имало живот во 4 век, што ги урива досегашните претпоставки во научниот свет според кои животот на овој античкиот град замрел во 3 век пред нашата ера. - Двете мермерни глави ги откривме во еден одводен канал. Се работи за претстави на млади жени од доброситуирани семејства. Ова, пак, е потврда дека Стибера бил град со богати економски можности, во кој жените имале значајно место - вели Кепеска, додавајќи дека локалитетот имал големо значење во македонско-хелинистичкиот и во римскиот период. Покрај мермерните глави, археолозите откриле и епиграфски споменици, садови од керамика, како и делови од нов објект, чијашто функција се уште не може да се препознае. При годинашните ископувања на Стибера е откриен и монументален објект со полукружна апсида од римскиот период. Археолозите велат дека објектот служел за одржување обреди во чест на императорот. Во негова близина се откриени и четири фрагменти од мермерни плочи со натписи (епиграфи), кои, пак, го потврдуваат постоењето и значењето на Стибера во рамките на Римското Царство.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1810&ArticleID=121566

batbayan
13-09-2009, 23:40
НА АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ СВ. АТАНАСИЕ КАЈ СПАНЧЕВО

Пронајдена мала Венера, стара 6.000 години

Минијатурна женска фигурина е најкарактеристичниот и најзначаен артефакт од истражувањето во август на археолошкиот локалитет Св. Атанасие кај кочанското село Спанчево, кој потекнува од енеолитот, односно стар е околу шест илјади години.
"На само 3 сантиметри нашиот предок ги доловил сите елементи на женското тело - колениците, колковите, градите. За жал, откината е главата. Според убавината, оваа женска фигура ја нарековме Венера од Спанчево од енеолитот", ни рече Илинка Атанасова, археолог во музејското одделение на библиотеката "Искра" во Кочани, презентирајќи го пронајдениот материјал.
Освен малата Венера, на Св. Атанасие на втората година по откривањето на локалитетот, во јужниот сектор е пронајдено светилиште (поставено на камен - карактеристика за енеолитот) со обредни (култни) јами што, според Атанасова, ги потврдува индициите дека локалитетот кај Спанчево е верски и бил наменет за вршење обреди на населението. Барем засега нема показатели дека таму и се живеело. (И.Ст)


http://vest.com.mk/?ItemID=39BA4419E305D147BAE10A988ACCFD09

batbayan
15-09-2009, 12:06
Пронајдени фигурини, камени алатки и коски, керамика...


Артефакти карактеристични за периодот на енеолитот, и тоа керамика со врежување и графитно сликање, фигурини, камени алатки и коски, се пронајдени на археолошкиот локалитет "Св. Атанасиј" недалеку од селото Спанчево.

Ова е резултат на сондажните истражувања започнати минатата година, кога на овој локалитет беше пронајдена фигура на машка глава од периодот на енеолитот, редок археолошки предмет во овој дел на Македонија, па и пошироко.

Според изјавата на археологот Илинка Атанасова, во изминатите триесетина дена се работеше на два сектора - северен и јужен, со цел да се определат просторните рамки на наоѓалиштето кај Спанчево.

Во северниот сектор се отворени две сонди во продолжение на минатогодишните. Во јужниот сектор е откриен еден култен објект, кој е отворен во кружна основа со дијаметар од 18 метри од кој засега е откриен надворешниот простор на неговата јужна половина. Аналогни такви објекти во најблиското опкружување се откриени во кумановскиот регион на локалитетите Пелинце и Татиќев Камен.

Годинешните истражувања на локалитетот "Св. Атанасиј" се финансиски поддржани од Министерството за култура, додека целокупната реализација на проектот е на Музејскиот оддел при Јавната општинска установа библиотека "Искра" од Кочани.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=A9A43B95775F9241A459B067DDCAB05 4

Откриени мермерни глави во Стибера



Две женски глави од мермер, садови и епиграфи пронајдоа археолозите на локалитетот Стибера кај Прилеп. Артефактите сведочат дека луѓето во античкиот град живееле во текот на целиот 4 век. Според археолозите, со тоа се поместува животот во градот, кој траел шест века.

- Во одводен канал откривме две мермерни глави на жени, високи 31, односно 23 сантиметри. Наодите потврдуваат дека Стибера бил економски моќен град, во кој жените имале значајно место - вели археологот Лилјана Кепеска.

При ископувањата е откриен поголем објект со полукружна апсида од римскиот период, поврзана со почитувањето на култот на императорот. Тој се користел во втората половина на 4 век. Најдени се четири фрагменти од мермерни плочи со натписи (епиграфи). Тие го потврдуваат значењето на Стибера во рамките на провинцијата Македонија.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=6D490E6EA3A2364F8638BB21AF9782ED

batbayan
17-09-2009, 19:35
АРХЕОЛОШКИ ИСКОПУВАЊА КАЈ СТАРО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО
Се истражува монументална гробница од македонски тип
Гробница од македонски тип, која датира од периодот по владеењето на Александар Македонски, односно од последната четвртина на четвртиот век пр.н.е, се истражува во рамки на ископувањата на локалитетот Павла Чука во Прилепско.
Гробницата, која се наоѓа меѓу селата Подмол и Бонче, е еден од најмонументалните раноантички објекти во Македонија. - Сега ископувањата се вршат на комората и на дромосот, а во следната етапа се надеваме дека целосно ќе го доистражиме овој значаен објект - вели Антонио Јакимовски, раководител на археолошките истражувања. Ископувањата на локалитетот се систематски, траат од 2007 година и се дел од проектот „Висока и Старо Бонче“, кој го води археологот Виктор Лилчиќ. Локалитетот Висока се наоѓа на височина од 1.472 метри. Лилчиќ претпоставува дека тука бил лоциран античкиот град Пелагонија, престолнината на кралството Пелагонија. Во досегашните ископувања на теренот е пронајдена керамика, накит, одбранбен ѕид, делови од воени копчи, монети од сребро и бронза од времето на Хадријан и друго.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=1&EditionID=1816&ArticleID=122063

batbayan
19-09-2009, 20:00
Oткриена македонска кралска гробница од 4.век п.н.е.


Гробницата е со дијаметар од околу 30 метри, изградена е со прстен од монолитни бетонски блокови тешки и до два тони


Во локалитетот наречен Павла Чука меѓу прилепските села Бонче и Подмол откриена е монументална македонска кралска гробница во кружна форма, од четвртиот век пред нашата ера.
Гробницата е со дијаметар од околу 30 метри, изградена е со прстен од монолитни бетонски блокови тешки и до два тони, кои, иако стари 2,5 милениуми, се неоштетени. Има отвор издлабен во карпа со засилен покриен грамос и комора, а во гробницата се пронајдени и антички гробови.

Според археолозите, оваа гробница засега е единствена на Балканот и му припаѓала на голем владетел.

Откривањето на гробницата е дело на тригодишните истражувања на професорот Виктор Лилчиќ од Институтот за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет, кој претпоставува дека се работи за пелагонската кралска династија, а за кој крал станува збор, ќе се открие од некој наод или натпис.

Директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман, кој вчера попладнето го посети комплексот, изјави дека е потребно да се изгради соодветна инфраструктура за да се стигне до праисторијата. Тој најави реставрација, конзервација и заштита на локалитетот.

- За македонската археологија ова е од исклучително значење бидејќи вакви монументални објекти се ретки и на Балканот. Ќе привлекува огромно внимание во научните археолошки кругови, рече Кузман.

Архелошките истражувања ќе продолжат и догодина со поддршка на Министерството за култура, а теренските истражувања ги водат Антонио Јакимовски од Институтот за археологија и археологот Душко Темелкоски од прилепскиот Завод и музеј.

Овој археолошки комплекс ќе биде ставен на туристичката мапа на Прилеп и на Македонија за да привлекува домашни и странски туристи.


http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=32174

batbayan
20-09-2009, 10:56
Голема гробница откриена кај Старо Бонче - Видео klik na plejer :boogie1qw: !

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=53412

batbayan
20-09-2009, 22:55
Локалитетот Римска терма во Бања Банско , Струмица

http://i89.servimg.com/u/f89/12/59/95/77/2d7vqd10.jpg (http://www.servimg.com/image_preview.php?i=692&u=12599577)

batbayan
21-09-2009, 20:21
НОВИ АРХЕОЛОШКИ НАОДИ НА ЛОКАЛИТЕТОТ РИМСКА ТЕРМА КАЈ БАЊА БАНСКО

Струмица, 11 јуни (МИА) - По откривањето на делови од уникатен мозаик кој датира од крајот на третиот или од почетокот на четвртиот век, струмичките археолози на локалитетот Римска терма кај Бања Банско, Струмичко, постојано откриваат нови наоди меѓу кои е и мермерната статуа на богот Меркур за кого се верувало дека има исцелителна моќ. Остатокот од статуата на која и недостасуваат главата и потколениците, е висока половина метар, а нејзината првобитна големина без оштетувањата изнесувала околу метар и 20 сантиметри. Вакви статуетки на Меркур, но многу помали и изработени од бронза, на овој локалитет беа откриени пред неколку години.


http://i89.servimg.com/u/f89/12/59/95/77/2v8mwy10.jpg (http://www.servimg.com/image_preview.php?i=693&u=12599577)

- Покрај мермерната статуа интересно е и откривањето на три постаменти за скулптури и керамика, како и на уште еден објект во непосредна близина на овој бањски комплекс од доцниот римски период, кој е еден од ретките сочувани споменици од ваков вид во Европа, а на чиешто истражување, реставрација и конзервација се работи повеќе од две децении. Иако е рано за дефинитивни заклучоци, сепак, претпоставуваме дека новооткриената градба е или некаков помошен објект на постојната терма, или пак сосема друга бања. Димензиите на ѕидот се 23 метри во должина и 1,5 метри во широчина со партии што укажуваат дека објектот бил засводен, вели Ване Секулов, археолог во Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј во Струмица и раководител на проектот Римска терма во Бања Банско.

Во досегашните археолошки истражувања на овој бањски комплекс, кој е уникатен на Балканот според начинот на загревање од блискиот природен минерален извор, се откриени вкупно 11 простории со корисна површина од 623 метри квадратни. Од нив најсочувани се сауната и базенот за ладна вода со полукупола над кадата. Другите простории се зачувани до почетните партии од сводните конструкции и на нивната реставрација се работи континуирано.

izvor: http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/448933/index.html

batbayan
22-09-2009, 18:58
Гробницата припаѓа на пелагониска династија

Се бараат наоди што ќе потврдат точно на кој крал му припаѓа гробницата, и каде е главниот град Пелогонија

Монументална кралска гробница од 4 век пред нашата ера, која, според археолозите, му припаѓала на голем владател е пронајдена како резултат од тригодишните археолошки истражувања на локалитетот Павлачука меѓу прилепските села Бонче и Подмол.
Влезот во гробницата е во кружна форма со дијаметар од триесетина метри, изградена е со прстен од монолитни бетонски блокови тешки и до 2 тона, кои, иако 2,5 века стари, не се оштетени.
"На трагата сме на нешто големо. Имаме еден македонски тип на гробница, таква во Македонија нема. Претпоставка е дека се работи за пелагониска кралска династија. Каде е таа, каде дејствувала, каде е главниот град Пелагонија кој се бара со векови? Се приближуваме до конечниот одговор - за кој крал се работи всушност? Одговорот ќе го даде некој среќен наод, натпис", вели професор Виктор Лилчиќ кој раководи со тимот.
Директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман најави реставрација, конзервација и заштита на локалитетот, појаснувајќи дека за македонската археологија ова е од исклучително значење.

http://vest.com.mk/?ItemID=C821BB7206A36C4F91C14596974B05F9

batbayan
27-09-2009, 19:48
Манастирскиот комлекс Зрзе бил епископско седиште

Манастирскиот комлекс Зрзе бил епископско седиште уште почетоците на појавата на христијанството на овие простори.

http://i89.servimg.com/u/f89/12/59/95/77/ibasjo10.jpg (http://www.servimg.com/image_preview.php?i=707&u=12599577)


Ова го потврдуваат најновите открија на гробот од 4 век на еден локален светител, чии мошти се уште се наоѓаат во гробот и треба допрва да се извадат од таму. Околу него се поставени неколку гробови кои според податоците се најверојатно епископски. Токму гробот бил причина тука во 5-тиот век да биде изградена и базилика.

„Инаку потврда за вакви мартириуми, како архитектура имаме често, но овде уникатното е што имаме воопшто недопрен гроб на маченик што е редок примерок, во Македонија единствен, и потоа врз неговите коски она што е суштината е изградена црквата во 5-тиот век“, изјави Бранислав Ристески, раководител на археолошките истражувања.

Потоа како континуитет на тоа во 9-тиот век се гради монашката населба во Бигорната карпа под манастирот.

„Со археолошките истражувања ако минатата година стигнавме до 9-тиот век откривајќи ја монашката населба, оваа година стигнавме до ранохристијанскиот период, сето ова самото во себе содржи една универзална димензија која што припаѓа на сите граѓани на оваа планета“, вели владика Климент, епископ Хераклејски.

Од владата ветија пари за понатамошни истражувања, целиот комплекс ќе се уреди со патеки и музеј и би станал главна дестинација на манастирскиот туризам.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114211

batbayan
27-09-2009, 23:03
ВО АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ КАЈ ЗРЗЕ ОТКРИЕНИ ЦРКВА БАЗИЛИКА ОД 5. ВЕК И ГРОБ НА МАЧЕНИК ОД 4. ВЕК

Видео долу на страниците - 2 x клик на плејер !

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=53672

http://www.sitel.com.mk/?ItemID=27B6E9A7C1B2BB4CB0E61021994867E7

batbayan
30-09-2009, 12:36
ПРОМОВИРАНИ ПРОЕКТИ ЗА ОБНОВА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО
На приоритетна листа 17 споменици и локалитети

Црквата "Св. Ѓорѓи" во Старо Нагоричане, Златковата кула во Кратово и црквата "Св. Богородица Перивлепта" во Охрид се трите проекти презентирани на Конференцијата за промоција на проекти за обнова на културното наследство - "Љубљански процес"


Црквата "Св. Ѓорѓи" во Старо Нагоричане, Златковата кула во Кратово и црквата "Св. Богородица Перивлепта" во Охрид се трите проекти кои беа презентирани на Конференцијата за промоција на проекти за обнова на културното наследство - "Љубљански процес". Според министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, настанот кој се случи вчеравечер во Скопје, всушност е промоција на активностите во рамки на проектот "Интегративен проект-план за обнова - процена на архитектонското и археолошкото наследство на Југоисточна Европа".
-Културното наследство на еден народ е дел од светското културно наследство и претставува вредност со општо цивилизациско значење, изјави Канческа- Милевска.

Инаку, Македонија исто како и другите земји вклучени во проектот, подготви Листа на приоритетни интервенции во која се вклучени 17 споменици и локалитети како репрезенти на разновидното мултикултурно наследство. Листата ги вклучува археолошките локалитети Вардарски Рид, Хераклеја Линкестис, Бања Банско, Црквиште-Мородвис, Епископската базилика и баптистериумот од Стоби. Црквите "Успение на Пресвета Богородица" во с. Велушина, "Св. Ѓорѓи" во Старо Нагоричане и "Св. Богородица Перивлепта" во Охрид, како и манастирот "Св. Никола" во с. Манастир и конаците во Лесновскиот манастир се исто така на листата. Меѓу верските објекти, вклучени се и Хусамедин-пашината џамија во Штип и Хајдар-Кади џамија во Битола. Опфатени се и споменици од профаната архитектура куќата на Рефик Сеља во Дебар, куќата на Кочо Тренчов во Велес, Златковата кула во Кратово, како и споменичните целини - селата Кичиница и Маловиште.

Евроамбасадорот Ерван Фуере, пак, посочи дека ЕУ дава голема важност на заштитата на културното наследство како круцијален елемент за зачувување на мултиетничкиот карактер на балканскиот регион.

На 6 и 7 ноември во Љубљана ќе се одржи меѓународна конференција насловена "Љубљанска конференција, обнова на нашето заедничко наследство".

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=669E40DEB737AC4E94A0C3E7610ECD8 0

batbayan
07-10-2009, 23:09
Гробницата во Бонче на портал за археологија



Монументалната кралска гробница од 4 век пред новата ера, кај прилепското село Бонче, вчера беше објавена на интернет-порталот за археологија www.archaeologica.org. На страницата секојдневно се објавуваат нови информации за тековните состојби во археологијата во светот, што ги пренесуваат медиумите.

Иако во текстот пишува дека гробницата е откриена кон крајот на минатиот месец, ова е трета година како археолозите ја ископуваат.

„Археолозите открија засведена кралска гробница од 4 век пр.н.е., блису Прилеп, Македонија“ е насловот на текстот објавен на порталот.

Археолозите велат дека според архитектонската концепција гробницата претставува единствен пример во пошироки рамки, а може да се датира по владеењето на Александар Македонски, во последната четвртина на 4 век пред нашата ера. Тие годинава ги ископуваа комората и дромосот, а во следната етапа се планира да се доистражи целиот простор на овој особено значаен објект за македонската историја. Како последна фаза се планирана конзервацијата и презентацијата на објектот пред пошироката јавност.

Со археолошките ископувања раководеше д-р Антонио Јакимовски. Систематските археолошки истражувања се изведуваат континуирано од 2007 година, а ги финансира Владата, во рамките на проектот „Висока и Старо Бонче“ под раководство на професор Виктор Лилчиќ.

http://dnevnik.com.mk/?itemID=2EBD7FC047FCEE46B33857A2E583D4C7&arc=1

batbayan
09-10-2009, 15:01
САД ќе ја штитат Перивлепта


Грант од 650 илјади американски долари додели американската амбасада во земјава за заштита на охридската црква „Св. Богородица Перивлепта“ изградена и живописана во 14 век. Примарна цел на проектот е да се зачуваат фрескоживописот и архитектурата на вредниот споменик на културата, соопшти завчеравечер американскиот амбасадор Филип Рикер.

- Делото на зографите Михајло и Евтихиј претставува едно од најголемите достигнувања на византиската културна експресија на почетокот на 14 век. На ферскоживописот треба итно да се изврши конзервација за да се сопрат оштетувањата од вода и од влага. Се радувам на интензивната соработка со луѓето од Управата за заштита на културното наследство и со Министерството за култура да го реализираме овој проект - рече амбасадорот Рикер.

**************

БИСЕРОТ НА ОХРИД

Црквата е изградена во 1295 година, близу Горна порта, во стариот дел од градот. Научниците ја вбројуваат меѓу најстарите охридски цркви и најубавите, според живописот. Кога бил откриен живописот во Перивлепта, во цела Југоисточна Европа се смениле научните ставови за уметноста од крајот на 13 и почетокот на 14 век. Фрескосликарството во Перивлепта ја претставува последната и најквалитетна фаза од византиската култура, позната како палеологовска уметност. Автори на фрескоживописот се зографите Михаил и Ефтихиј кои две децении доминирале во сликарството на овие простори. Византологот и академик Цветан Грозданов во своите книги пишува дека тоа по што се издвојува фрескосликарството во Перивлепта е динамиката и реализмот.

„Зографите Михаил и Ефтихиј ги напуштиле нормите на фрескосликарството што дотогаш биле присутни во Византија и почнале да творат давајќи им на фреските свои карактеристични особености“, пишува Грозданов.

Ктитор (донатор) на црквата бил византискиот војсководец и намесник Прогон Згур, роднина на императорот Андроник Втори Палеолог. Во османлискиот период кога црквата „Свети Пантелејмон“ на Плаошник била пренаменета во џамија, моштите на Свети Климент прво биле пренесени во црквата „Мал Свети Климент“, а потоа во Перивлепта. Оттогаш народот почнал да ја нарекува црквата „Свети Климент“. Таа станала соборен храм на Охридската архиепископија кога катедралната „Света Софија“ била пренаменета во џамија

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B4BFC797D7B58444BBA6E6EC6DE6F239

batbayan
09-10-2009, 15:07
Нови откритија за локалитетот во кумановско = КОКИНО


Истражувањата во повеќе светилишта дадоа инфoрмации, според кои конечно
можеме да зборуваме за посебна култура Кокино.

Покрај мегалитската опсерваторија Кокино која е и регионално светилиште од 2000 година пред нашата ера, беа претставени и останатите светилишта во овој регион: Враница, Вујевска карпа, Зебрњак, Јеленец, Ругинце, Џаница, Бигљан, Спас, Клепало и локалните Брешко и Стрезовце.

Треба да се нагласи дека станува збор за светилишта кои се наоѓаат на врв на планина и кои треба да се разликуваат од планинските светилишта.

Поголемиот дел од овие локалитети се наоѓаат на 500 до 1000 метри надморска височина, свртени кон југоисток.

Исто така, Кокино од јуни годинава е ставен на привремената листа на УНЕСКО и со тоа започнува процедурата за сместување на трајната листа на природни и историски богатства заштитени од УНЕСКО.


Фото сторија: Регионални светилишта => http://www.makfax.com.mk/_fotostory/listOnePhotoStory/46